Како граѓани, имаме право да практикуваме демократија.
Иако уште веднаш ги собравме првите сто потписи за граѓанската иницијатива за распишување референдум „за или против изградба на црква, џамија и други верски објекти на плоштадот Македонија“, вчера продолживме со собирањето потписи на градскиот плоштад. Бујрум, можете да ја дадете својата поддршка, независно дали сте од општина Центар (каде што ќе се распише референдумот), или од некоја друга скопска општина (потписи за поддршка), на следниве пунктови:
-
Плоштад Македонија, секој работен ден од 18 до 21 часот
-
Културен центар Точка, секој работен ден и в сабота од 10 до 17 часот
-
Кај фонтаната во Градски парк, в сабота и в недела, 16 и 17 август, од 10 до 14 часот.
Еве и една моја изјава, дадена за А1: „Мислам дека плоштадот треба да биде јавно место, достапно на сите. Ако биде црква, или џамија или било кој друг објект, којшто нема да биде достапен на сите, тоа нема да биде плоштад Слобода“, вели Жарко Трајановски, од невладината „Граѓани за европска Македонија“. (Политичко-верските препукувања како основа за меѓуетнички тензии?)