tag:blogger.com,1999:blog-21440967.post6816006537664837242..comments2023-11-02T13:21:56.205+01:00Comments on Зомбификација ©: После лустрација - рехабилитација?Anonymoushttp://www.blogger.com/profile/15632666816308875370noreply@blogger.comBlogger5125tag:blogger.com,1999:blog-21440967.post-67587028844071133812007-05-07T10:03:00.000+02:002007-05-07T10:03:00.000+02:00„Дневник“, пак, денес известува дека најавениот за...„Дневник“, пак, денес известува дека најавениот закон ќе биде поопфатен:
"Прогонуваните и затворани поради идеите за самобитноста на македонскиот народ, домобрани, четници и балисти, кои не се на листата на ОН како воени злосторници од Втората светска војна, ќе може да бараат обновување на судските постапки за да докажат дека биле осудени во монтирани судски процеси. Тоа ќе може да се побара кога ќе биде донесен законот за рехабилитација на тие што биле репресирани или настрадале од комунистичкиот режим.

- Законот за рехабилитација ќе биде обнова на правдата. Ќе може да се обноват судските постапки за политички мотивирани и монтирани процеси од кои масовно настрадаа луѓе од крајот на 1944 година до 1991 година. Многумина се осудени без вина, факти, па и без вистинска судска постапка бидејќи во правосудните органи имало неквалификувани. Има многумина репресирани и затворани со административни решенија без судска одлука -вели пратеникот Стојан Андов, предлагач на законот."Anonymoushttps://www.blogger.com/profile/15632666816308875370noreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-21440967.post-4169463870676741072007-05-04T18:33:00.000+02:002007-05-04T18:33:00.000+02:00"Закон за рехабилитација на прогонуваните и затвор..."Закон за рехабилитација на прогонуваните и затворани лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства - вака гласи работниот наслов на текстот што пратеникот Стојан Андов ќе го достави на разгледување во Собранието." - пренесува денешен „Шпиц“.
Да знаев дека само „про-македонците“ ќе бидат рехабилитирани, веднаш ќе го прогласев предлогот на Андов за дискриминаторски.
„Шпиц“ ја пренесува следнава моја изјава: „- Без фокусирање на жртвите, чии права биле прекршени во претходниот систем, тешко би можело да стане збор за транзициска правда. Застапниците на рехабилитацијата треба да имаат предвид дека на повеќето жртви човековите права им биле прекршени не со судски постапки туку со административни мерки и преку социјално исклучување и стигматизација.“
Уште еднаш нагласувам, оваа моја изјава се однесуваше на сите жртви на прекршување на човековите права, а не само на „прогонуваните и затворани лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства“.Anonymoushttps://www.blogger.com/profile/15632666816308875370noreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-21440967.post-11451948569156545762007-05-04T13:38:00.000+02:002007-05-04T13:38:00.000+02:00my point exactly.кругот е малечок, а во него вака-...my point exactly.
кругот е малечок, а во него вака-така, ама баш сите ќе се најдат...Anonymousnoreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-21440967.post-47191022680211813862007-05-04T00:40:00.000+02:002007-05-04T00:40:00.000+02:00Отвораш интересни дилеми. Некои веќе планирав да г...Отвораш интересни дилеми. Некои веќе планирав да ги чепнам во следните постови на тема лустрација. Овој беше повеќе за „рехабилитација“.
Инаку, што се однесува до третото прашање - ако се однесува на лицата кои биле судени за повреда на националната чест, од страна на посебниот суд на АСНОМ - и тоа е мошне интересно прашање, за кое поподробно ќе пишам во посебен пост на тема: „Како се лустрирало во 1945“ :)
Практично, ние сега треба да правиме рехабилитација и за жртвите на процесот на лустрација по Втората светска војна!
Кој знае, за некое време можда ќе треба да се рехабилитираат и идните жртви на сегашниот закон за лустрација, ако се спроведува според зацртаното.Anonymoushttps://www.blogger.com/profile/15632666816308875370noreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-21440967.post-67279470732773513622007-05-03T21:32:00.000+02:002007-05-03T21:32:00.000+02:00уф, широки се темиве, али две-три работички вака б...уф, широки се темиве, али две-три работички вака блиц ми паѓаат во очи:
-како да се врзе лустрацијава со уставното право на секој граѓанин да врши јавни функции, како и со уставното право на судска заштита во случај на прекршување на слободите и правата (чл.23 и 50). ок , јес да го направија дополнителен услов, али идејата е таа.
- зошто законот да важи ретроактивно(од АСНОМ навака),при што де факто лицето за кое ќе се утврди дека било соработник ќе се “казни“ со ускратување на уставното право на обавување јавна функција, а истиот закон не важи ретроактивно во делот на казнените одредби (или бар така личи)- поентава ми е: што со оние лица кои прикривале податоци и уништувале досијеа и палеле цели картотеки (шпекулата е дека тоа се случувало 91 ва)пред донесувањето на законов?
- за другата страна од медалот лустрација- рехабилитацијата: што со лицата кои биле стигматизирани, судени, мачени и ликвидирани(ова е најчестиот случај) под обвинение за соработка со окупаторите?Најчесто во првите повоени години и од страна на преките судови, а некогаш и без суд.
нота бене: новиот број на Crossroads-публикација на МНР за надворешна политика, и особено, текстот на Андов од истата.Хит ми е!Anonymousnoreply@blogger.com