Bi прашува во еден коментар: „За тоа со хомосексуалците, мислев на она хомофоб кој е многу модерен израз, зар не е тоа израз кој означува дијагноза, зар со тоа не се покажува дека тој всушност е болен?“
„Зборот „хомофобија“ значи „страв од хомосексуалност и хомосексуалци“ или страв да не се стане хомосексуалец. (...) Во пошироката употреба, изразот е проширен да ги опфаќа и другите чувства како презир, аверзија, несогласување, неодобрување, омаловажување, или дискриминација против хомосексуалците, нивниот животен стил, нивното сексуално поведение, или култура...“ (повеќе во Википедија)
Значи, хомофоб(ија) не означува дијагноза, зборот го употребувам во смисла на „културно обезвреднување на хомосексуалноста“ (Ненси Фрејзер).
Владиката Методиј шири хомофобија затоа што не ги признава хомосексуалците за личности, и затоа што културно ја обезвреднува хомосексуалноста. Но, тоа не значи дека тој е „болен“. Хомофобијата е форма на културно обезвреднување на поинаквата, нехетеросексуална љубов. Но, зарем хомосексуалците, како и христијаните, не се залагаат исто така за ЉУБОВ?
Љубов си е Љубов?
3/31/2006„Ѓаволска“ работа?
3/30/2006Граѓанска контрола врз полицијата?
3/29/2006Пријатно сум изненаден. Еднаш напишав коментар под една колумна во „Време“ за мошне акутен проблем (контролата врз полицијата), и авторот (поранешен амбасадор во Советот на Европа) посветува нова колумна со која ми реплицира:
"Понекогаш доволен е коментар на една од вашите колумни да ве натера да подразмислите и да ги преиспитате вашите ставови и, пред се, вашето познавање на материјата за која сте се нафатиле да пишувате. Така, во контекст на контролата над влезот, претресот и заплената од страна на полицијата запишав дека поради нарушување на едно од круцијалните права на човекот – приватноста, постои малку изразена волја да се дозволи активност на полицијата која ги нарушува овие права на граѓаните без независна судска контрола. Што е точно. Во коментарот на Интернет, читателот запишал дека сум „заборавил“ дека не се „само судовите задолжени за контрола на полицијата, туку и народниот правобранител и Собранието, како контролор на извршната власт, а според етичкиот кодекс на полицијата, припадниците на полицијата се одговорни за своите постапки пред граѓаните на Република Македонија“.
Само како одговор на коментарот на читателот дека не сум „заборавил“ кој се ја контролира полицијата во државава..." (повеќе)
Некои проблеми се идентификувани - недостаток на граѓанска контрола врз полицијата предвидена во Кодексот, и неефикасност на „контролните механизми над полициското постапување во државава“ (Собранието и Народниот правобранител). Она што недостига е конкретизирање на препораката за создавање на граѓански механизми за контрола над полицијата: „формирање на граѓански контролни совети во разгледувањето на жалби против злоупотребите на полициската функција и повредите на правата на граѓаните“.
Ете ми тема за еден од наредните постови.
во 18:30 5 коментари
Гласачката (не)одговорност!
3/28/2006Извадок од колумната на Ким Мехмети во „Време“ - „Сенката на Буда“:
"Којзнае, можеби големиот страв што го чувствуваме од „сенката“ на водачите што заминаа само потврдува оти на сите нас што политички израснавме во времињата кога тие застанаа на чело на етничките колони, на некој начин ни годи да се затскриваме под нивните сенки. Оти само така може да ја продолжиме себеизмамата дека во ништо не сме погрешиле и за се ни биле виновни лошите челници."
Навистина, дали Слободан Милошевиќ е виновен ама баш за се што им се случуваше на Србите?
Кој ни е нас крив што и денес имаме водачи на „етнички колони“?
До кога ќе се себеизмамуваме дека во ништо не грешиме, покажувајќи со прстот кон бившите или сегашните водачи што сами сме ги избрале?
во 15:26 4 коментари
Заборавот на проблемите!
(До Коља and Co. Unlimited)
Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија, Европските идентификациски модели итн. - сето тоа го изеде „темницата на јазикот“.
Ич не им чуе на нашите блогореични коментатори за идентитетот наш национален (неговото присуство ил отсуство), ич не им чуе за аргументирана критичка расправа, ним им е побитен персоналниот идентитет на „Ерос“.
Наместо да се држи до поставените теми, Коља го обвинува Жарко за "паролаштво и револуционерна демагогија наместо малку попродлабочен поглед на работите". И тоа ли е аргумент пријателе? Сите горенаведени проблеми ги редуцираш на некакви имиња - „Љубчо, Доста, Бранко, Грујо...“ Нели ни е доста веќе од имиња, дај да поставиме некое проблемче и да го решиме. Ти не кажа ни зборче за поставените проблеми. Се што кажа беше "out of focus"!
Но, зошто не можеме ни да поставиме проблемче и да се фокусираме на него? Затоа што, пријателе - кога некои ќе се обидат конструктивно да дефинираат некој проблем, и да го стават на јавна расправа, веднаш се јавуваат некои познавачи на пропагандните техники на Bi, кои го дефокусираат аудиториумот од поставениот проблем. Затоа нашите проблемчиња се множат, множат, и множат, прераснуваат во огромни проблеми, и други почнуваат да доаѓаат да ни ги решаваат затоа што никој од нас не ги решава (а и опасно се закануваме да станеме дел од нивните проблеми).
Погледни само како „поентираш“ во последниот блогореичен напад:
„Ако реално, значи, ме инсистира моќта во општествово, зарем “литератортурата“ не е добра метода за довлечкување до скутот на моќта?! Кој во земјава е рационален а кој е ирационален?! И кој го одредува тоа?! Ти, со целата површна нво-активистичко-блогерска напаленост?!“
Одговорот на прашањето кој е рационален а кој е ирационален е мошне едноставен во прагматичните општества кон кои се стремиме. Рационалноста се мери со способноста да се решаваат проблемите. Ирационалноста се асоцира со неможноста да се препознаат проблемите, неспособноста да се дефинираат, непознавањето на методологија за решавање на проблемите, немањето капацитети за аргументирано критичко мислење фокусирано на „problem solving“.
Негувањето на критичко мислење фокусирано на „problem solving“ го гледам како главна мана на оној дел од блогерската заедница кој блогосферата не ја гледа само како забава, туку и како критички форум кој може да придонесе за идентификување и решавање на егзистенцијалните проблеми кои не притискаат секојдневно.
Затоа, нестрпливо го чекаме твојот конструктивен придонес, пријателе! Не само во твоите сериозни новинарски колумни, туку и на новиот фронт на општествената совест - на блоговите!
Блогетер
3/27/2006Сопственикот на овој блог нема ни куќа, ни стан, ни кола, ни возачка дозвола. Има само точак со дупната гума и компјутер за сурфање и блогирање. Нема ниту еден ден работен стаж. Не е член на ниедна политичка партија. За да ги плати сметките и данокот за АДСЛ работи кај ќе стигне. Смртно е сериозен кога пишува постови и коментари, тоа е една од ретките работи што го исполнува и одржува во овој забеган капиталистички хаос. Затоа внимавајте пред да му згазнете на жуљ!
Поради тоа што нема никаква друга позначајна сопственост освен блогов, се осмелува да се нарече „блогетер“. Блогира со надеж дека еден ден мноштвото блогетери ќе се обединат и ќе го променат светот заедно со „субалтерните“ чиј глас не допира ни до блоговите. Не верува во насилна револуција и „диктатура на блогетеријатот“, туку во постепено менување на дефиниторните и стратегиските правила на политичката игра во самиот тек на играњето.
Оние што не сакаат да играат, ќе бидат изиграни.
Let's play together! За да ја смениме играта.
Има ли истрага за случајот „Ел-Масри“?
3/26/2006Земјите членки на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) имаат обврска да не вршат тортура, но и должност да спречат тортура. Значи, согласно ЕКЧП, Република Македонија има обврска да обезбеди ефикасна, успешна и непристрасна истрага во однос на било која суштинска информација што дава сомнеж дека била извршена тортура или нечовечки или деградирачки третман на нејзината територија.
Еве што е наведено во тужбата на Калед Ел-Масри до Џорџ Тенет, за тоа што му се случувало на македонска територија пред да биде качен во авионот:
„..he was beaten severely from all sides with fists and what felt like a thick stick. His clothes were sliced from his body with scissors or a knife, leaving him in his underwear. He was told to remove his underwear and he refused. He was beaten again, and his underwear was forcibly removed. He heard the sound of pictures being taken. He was thrown to the floor. His hands were pulled back and a boot was placed on his back. He then felt a firm object being forced into his anus.“
Покрената ли е истрага во Република Македонија по тврдењето за тортура, нечовечки или деградирачки третман од страна на Ел-Масри кое наводно се случило на наша територија? Според „Утрински“, нема истрага: -„"Истрага нема да има, бидејќи случајот е чист", вели шефот на кабинетот на министерот Михајловски, Горан Павловски.“
Ако сеуште не е покрената истрага, тогаш е очебијно дека нашата држава го има прекршено чл. 3 од ЕКЧП затоа што го игнорира тврдењето за тортура на Ел-Масри. Пеналите за отсуство на ефикасна, успешна и непристрасна истрага за случајот „Ел-Масри“ ќе ги плаќаме сите ние.
во 19:37 3 коментари
МВР и човековите права!
Колку нашиот заштитник на човековите права - МВР се одбира од човекови права може да се види од нивната страница Потпишани конвенции за човекови права:
„...Република Македонија пристапува кон:
-Универзитетска декларација за правата на човекот, донесена на 10.12.1948 година; (...)
- Конвенцијата за приватна продажба на лицата без државјанство, донесена на 28.09.1954 година, објавена во »С.л.л. – МД« бр.8/59-64; “
Според која „Универзитетска декларација за правата на човекот“ ќе не штитите господине Џанго, и каква е таа „приватна продажба на лица без државјанство“?
Ем ми се смее, ем ми се плаче. Што попрво?
во 17:34 3 коментари
Границите на слободата
„Слободата на изразувањето е во жариштето на бурните дебати и во блогосферата: Дали бришењето на коментарите од авторите на блоговите претставува уредувачка политика или цензура? Кој е одговорен за објавените коментари на блоговите - авторот на блогот или коментаторите? Прашањето е мошне актуелно и горливо, со оглед на тоа што анонимноста на коментаторите им дава можност за отворени атаци врз достоинството, честа и угледот на авторот на блогот (и други лица) , за изнесување семејни пригоди, за поттикнување омраза, за повреда на пресумцијата на невиност на трети лица, за откривање заштитени сведоци, за ширење детска порнографија, итн.“ (извадок од текстот во „Неделно време“)
во 13:28 8 коментари
Мојот список со блогови
-
„Ју Ту“ (U2), Ед Ширан и Тарас Тополиа објавија песна посветена на украинските бранители - [image: Кадар од спотот на „Ју ту“ - „Вечно твој/а“] Ирската рок-група „Ју Ту“ (U2) и украинскиот режисер Иља Михајлус објавија краток документарен фил...Пред 6 месеци
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 1 година
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 7 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 15 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 17 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
11 Октомври – „Денот на народното востание“ го славевме како еден од трите државни празници на Република Македонија, покрај Денот на републи...
-
Tyler Brûlé, колумнистот на престижните Financial Times (каде што милува да се рекламира нашата влада), смета дека рекламирањето на национал...
-
„Жарко, те молам да ми објасниш како се признава еден народ од друга држава?“ („ Жарко, моля те обясни ми как се признава един народ от друг...
-
Од еден од моите коментатори го добив следниов мејл: „Жарко, еве ти материјал за пост за цензура. Се состои од два избришани коментари кај А...
-
Група организирани насилници го попречија правото на слобода на изразување на Граѓаните за Европска Македонија во Струга. Бевме изложени на ...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Еве неколку цитати на македонски јазик, што ги ветив претходно, а кои можат да фрлат дополнителна светлина – или збрка – во однос на имиџот ...

Popular Posts this month

Popular Posts this week