„Подвизите“ на Дамовски и „Време“

2/11/2007

Што ќе им е сексуално образование на нашите новинари-директори? Прочитајте само колку се знае за сексуалноста директорот на „Време“ Александар Дамовски во статијата Некои нови подвизи:

Се јавија и стручњаците - на децата требало да им се воведе сексуално образование. На што да ги научи? На анатомијата на женското и машкото тело, на сексуалниот чин, на заштитата од полови болести и од несакана бременост? Сето тоа е фино, но очигледно децава веќе и предобро го познаваат сексот, а нашиот проблем не се половите болести туку НЕМОРАЛОТ.

Од каде бре Дамовски толку експресно заклучи дека „децава веќе и предобро го познаваат сексот“? Од гледање порно-филмови и гледање/снимање „порно-клипови“?

Од каде бре толку „стручно“ заклучи дека „На децата не им треба сексуално образование, туку етичко“?

Да имаше случајно прилика во младоста да посетуваш сексуално образование, ќе имаше и можност да научиш дека составен дел на сексуалното образование е и сексуалната етика, а не само „анатомијата на женското и машкото тело, на сексуалниот чин, на заштитата од полови болести и од несакана бременост“.

Да имаше прилика да посетуваш сексуално образование, ќе дознаеше дека вршењето сексуални дејства на јавно место е кривично дело!

Да имаше прилика да посетуваш сексуално образование, ќе дознаеше дека кривично дело е и злоупотребата на малолетно лице „за изработување на аудиовизуелни слики или други предмети со порнографска содржина или за порнографска претстава“ (детска порнографија)!

Да имаше прилика да посетуваш сексуално образование, ќе научеше можеби и што е сексуална приватност, и дека објавувањето на сексуално експлицитни фотографии на деца на насловна страница е облик на комерцијално сексуално експлоатирање на децата.

Или, кога ги објавивте фотографиите на децата на насловната страница на „Време“, поважен ви беше тиражот, отколку правото на приватност и честа и угледот на децата?

Голем новинарски „подвиг“ направивте, нема што!

12 коментари:

Анонимен рече...

еја,
а блогове места се?
или поконкретно: јавни места се?

Unknown рече...

Јавни „места“ се, а и јавни куќи - понекогаш :)

Анонимен рече...

druže onda vednaš trgaj ona postot so pušenje kurovi:D(sexual edu što ti beše) nikogaš ne se znae... koj za... kur kje te fati : ))

Анонимен рече...

Ima mnogu lugje shto razmisluvaat vaka... ustvari poveketo shto se postari i "avtoritarni" okolu mene mislat deka e problem vo moralot a ne neobrazovanieto... kako da se "obrazuvaat" i "ubedat" vakvite, ili mozebi jas sum vo zabluda?

Unknown рече...

„druže onda vednaš trgaj ona postot so pušenje kurovi:D(sexual edu što ti beše)“
Другарице, фала на советот, ама ниту има на таа фотографија малолетни средношколки, ниту пак се случува на јавно место (во училница), ниту пак е фотографијата објавена во комерцијални цели. :)

Анонимен рече...

Па ај докажи ми дека не се малолетни,
а фотката ја видов кај тебе на блого

Етна said...

еја,
а блогове места се?
или поконкретно: јавни места се?

4:58 AM
Жарко Трајаноски said...

Јавни „места“ се,

Unknown рече...

„место“ - беше во наводници.
Блоговите не се никакви места, па ни јавни. Оттаму, објавувањето фотографии на блог се разликува од вршењето сексуални дејства на јавно место.
Може да се дискутира на тема - дали објавената фотографија е порнографија, или не е.
Јас тврдам дека не е :)
Ако сакаш да расправаме на таа тема, понуди аргументи дека е!

Анонимен рече...

mozhda bi možela a možda i ne.vo sekoj slučaj ona što sakam e: da se napieme po rakija, kao nekogaš(ili kao sekogaš),nema bolji argument! posle toa, sekako konceptot za porno mi e pojasen, a konceptot za koncept ne postoi, duri ni vo wikipedia. (se glea deka sum piela uzo, po preporaka na drugar mi Peđa, od Saraevo "puši ga Grku" od edna strana, a od druga,eden Grk... nešto drugo:D) u sekoj slučaj, na temava pojavi se u kastro na girls against boys, i so Nora planirame soodvetno na taa tema da go otvorime koncertot.

Анонимен рече...

i donesi od to palajcata:D posle tuži me za kopileft, kolku sakash:D

Анонимен рече...

„...дека вршењето сексуални дејства на јавно место е кривично дело!...“

Еј жарко ај доста со ова - ги знаеш оние законите за кои се смееме во некои затуцани американски држави (ко: забранет е секс со овца - освен ако...).

Има работи што не треба да бидат регулирани со закон.. Затоа што ќе се доведеме во ситуација секој да е престапник - а и самиот знаеш кај води тоа.

Unknown рече...

Дамјан, уште малку ќе испаднам јас крив што воопшто има такви законски одредби :)
Ако не ви се допаѓаат законските одредби, дајте иницијатива за нивна промена. Малце е наивно да се правиш како да не постојат, нели?
А зошто некои законски одредби да важат, а други не?
Селективната примена на законот е облик на дискриминација.
Не сметаш дека е дискриминација да се праќаат во затвор егзибиционисти (и јавно да се жигосуваат како „манијаци“) а да се молчи при вакви случаи?
Btw, "This is not America..." :)

Анонимен рече...

los pristap imav pa me izignoriraa site... i ja ko vcerashna naivno direktno prasav...aj ke probam vaka.

Tie deca treba da se zatvorat 20 godini u zatvor pa da ne im tekne koa ke izlezat da napraat neso takvo! Toa treba da se soseche u koren! I u vremeto na baba mi nemalo seksualno obrazovanie, pa ne praele egzibicionisticki orgii na chas. Imalo bre red i disciplina! Deneshnive deca se nadvor od kontrola! Treba da se prezemat najstrogi vospitni merki. Se slagate? Nema nikad da me razubedite!

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week