Одиш кај медицински психолог, и тој ти кажува дека си „душевно растроен“, и дека твојата ментална болест „тешко може да се лекува“, затоа што - „Не се станува хомосексуалец, хомосексуалецот така се раѓа“.
Одиш кај развоен психолог и таа ти го кажува спротивното - дека „Хомосексуалноста е избор, а не судбина“. Таа признава дека „хомосексуалноста не е веќе на листата на ментални пореметувања“, ама дека сепак имаш проблеми со сексуалната ориентација. Меѓу другото, и поради „фактот“ (?!?) дека „денес се повеќе токму хомосексуалците хомосексуалноста ја наметнуваат како да е она што би требало да биде“. (Шкариќ, Олга Мурџева. „Развојна Психологија, Филозофски факултет, Скопје, 2004, стр. 215)
Излегуваш со збрка во главата, со чувство дека си наметлив и дека ти си тој кој има проблем (а не општеството) поради тоа што си отфрлан, исмеван, физички напаѓан, и што погрешно те сметаат за најчест преносител на сидата.
Одиш на интернет и го наоѓаш документот на Американската психолошка асоцијација - APA Policy Statements on Lesbian and Gay Issues - насочен кон елиминирањето на дискриминацијата кон хомосексуалците. Читаш, и се прашуваш: Кој им дал право (и лиценца) на Чадловски и на Шкариќ јавно да ги дискриминираат хомосексуалците, наместо да го прават токму спротивното - да бидат активни и јавни учесници во борбата против дискриминацијата и социјалното исклучување на хомосексуалците?
Да потсетиме, тоа се лица што треба да им пружаат професионална психолошка помош на хомосексуалците во нивната борба за остварување на правото на сексуална ориентација, на правото на лично достоинство и правото на сексуално здравје. Тоа ти е како да одиш на лекар, а тој те отфрла затоа што си болен, наместо да ти пружи лекарска помош.
Кога конечно вистинските психолози ќе излезат во јавноста и ќе се оградат од своите „колеги“ кои го срамотат името на психологијата како наука?
5 коментари:
Едно другарче сакаше да прави дипломска кај професорката Шкариќ, на тема „Посвојување деца од страна на хомосексуалци...“ ама таа културно го одбила оти не сакала да прави „грев“ пред пензија.
Мене живо ме интересира според кои критериуми се одредува кој психолози се вистински, а кои не се. Се прашувам и што е тоа што психологијата ја става во категоријата на науки и дали самата таква класификација е доволен услов да ги земеме нејзините заклучоци, односно заклучоците од оние психолози за коишто ќе утврдиме дека се „вистински“, како мерило?
Како тоа едни заклучиле дека „хомосексуалноста е избор“, а други дека „хомосексуалноста е судбина“? Кои се научните методи со коишто се послужиле и од каде толкава разлика во резултатите на проучувањето?
Ми се чини природно прашањава да сакаме да ги видиме одговорени пред да ги прифатиме овие или оние заклучоци како релевантни.
али после пак се премислила...мислам... и тоа премислување ми е сумњиво малце...
dodeka gi citav Fuko i Batler, pokraj fasciniranosta od celokupnite koncepti, postojano projavuva izvesna doza na somnez kon nivniot odnos kon psihijatrijata(posebno kaj Fuko) i nivnoto smestuvanje vo kako eden od najmoknite emanatori na vektori na mok koj isklucitelno ucestvuvaat vo regulatorniot aparatus na poolitickoto pole. koja e granicata se prasuvav?
otkako gi iscitav tekstovite na Prof. d-r Cadlovski, Novotni i Skaric, nedvosmilsenov imav edno revolucionerno otkrovenie:)))ama bas otkrovenie..apokalipsa za slobodata, za slobodata na izraz i mislenje. ilijevci i jovanci na site strani. jagninja mi bleat, glava ke mi pukne. koj e toj subverziven potencijal na psihoanalizava koga celoto breme go frla vrz individualecot, sluzejki mu dosledno na ideoloskoto i opstestvenoto.
i sto e uste povazno: ova e eklatanten primer za toa do koj stepen ideologijata i subjektivniot svetogled ja diktira vistinata koja navidum objektivniot diskurs na naukata ja diktira i masovno proizveduva i prodava.
mislam deka site treba da zastanat i da recat DOSTA I MI E MAMMA-PAPPA, DOSTA MI E OD EDIP, DOSTA MI SE SFINGI, DOSTA MI SE NARATIVI ZA KOLEKTIVNITE VINI I UNIVERZALNI MATRICI. DOSTA MI E, SAKAM DA TECAM, JAS SUM FLIKS KOJ SECE I SPOJUVA.
„...koj e toj subverziven potencijal na psihoanalizava koga celoto breme go frla vrz individualecot, sluzejki mu dosledno na ideoloskoto i opstestvenoto“?
Ај, белким ќе се јават по оваа шлаканица и психоаналитички ориентираните блогери-субверзивци :)
Објави коментар