„Растројствата“ на проф. д-р Чадловски

1/31/2007


Од учебникот „Медицинска психологија“ (Просветно дело, 2004), студентите по медицина учат дека хомосексуалноста е „растројство на сексуалниот нагон“ кое се јавува како симптом на одредени душевни растројства (ментална ретардираност, шизофренија, деменции) или кај психопатски личности.

Автор на учебникот е промоторот на „електрошокот“ проф. д-р Георги Чадловски, веќе спомнат во постот Кому му треба „електрошок“?.

Истиот професор го потпишува и учебникот „Психијатрија“ (заедно со соработниците - Просветно дело, 2004), во кој хомосексуалноста се јавува во „Симптоми и синдроми кои поттекнуваат од растројствата во нагонската сфера“, во иста група со копрофагијата, канибализмот, некрофагијата, педофилијата, геронтофилијата, зоофилијата...

Во истиот учебник се групирани растројствата според МКБ-10 на Светската здравствена организација, но таму не може да се пронајде хомосексуалноста во групата „растројства на сексуалната преференција“ - каде што се сместени „фетишизам, фетишистички трансвестизам, егзибиционизам, воајеризам, педофилија, садомазохизам...“

Значи, Георги Чадловски, кој е потпишан како „директор на клиниката за психијатрија при ЈЗО Клинички центар - Скопје и шеф на Катедрата за психијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје“, самоволно ја прогласува хомосексуалноста за растројство, иако таа не е специфицирана во листата на ментални растројства на СЗО. Во оваа листа (во одделот F66) кристално јасно е укажано дека „Сексуалната ориентација самата по себе не треба да се смета како растројство“ ("Sexual orientation by itself is not to be regarded as a disorder").

И во книгата The ICD-10 Classification of Mental and Behavioural Disorders - издадена од СЗО, јасно е укажано дека „Растројствата на сексуалната преференција се јасно разграничени од растројствата на родовиот идентитет, а самата хомосексуалност не е веќе вклучена како категорија.“ („Disorders of sexual preference are clearly differentiated from disorders of gender identity, and homosexuality in itself is no longer included as a category.“ - стр. 11).

Имајќи предвид дека „насоките на Светското здружение на лекарите и Светската здравствена организација, се задолжителни за сите лекари на Македонија, и дека лекарите се должни „да ги познаваат начелата и да ги применуваат при вршењето на секојдневните работни и општо-човечки обврски“(член 112 од КОДЕКС НА МЕДИЦИНСКАТА ДЕОНТОЛОГИЈА), Медицинскиот факултет е должен да преземе соодветни мерки против проф. д-р Георги Чадловски заради прекршување на одредбите од кодексот.

Исто така, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба под итно да ги повлече споменатите учебници од употреба, за да спречи натамошни повреди на личното достоинство на хомосексуалците, како и нивното право на слободен избор на сексуална ориентација, која проф. д-р Георги Чадловски ја прогласи за душевно „растројство“.

Во „нормални“ земји, на ваквите професори и лекари кои поучуваат и лекуваат спротивно на принципите на СЗО, веднаш им даваат отказ или ги праќаат во предвремена пензија.

Да видиме дали сме нормална земја. На потег се надлежните институции.

8 коментари:

Shepard рече...

а како се лечи хомосексуалноста, пишува негде? :)

Unknown рече...

Пишува дека „Хомосексуалноста најчесто е конституционално условен(а), па затоа и тешко може да се лекува“.
Чадловски дури и го цитира психијатарот Капамаџија, кој ја претумбал Бовоар - „Не се станува хомосексуалец, хомосексуалецот така се раѓа“.
Според Чадловски, ќе му дојде нешто како природна абнормалност која „тешко може да се лекува“...
Ужас!

Анонимен рече...

Ужас фукоовски.
Шефот да си резервира кревет во својот оддел.
Замисли како изгледа кога доаѓаш со проблем, он наоѓа дека си геј и ти вика ама нажалост, неизлечиво е, мора да се ликвидираш?!

Анонимен рече...

А што, медицинскиот статус на хомосексуалноста е догма сега? Не смее да стане збор за неа?

Unknown рече...

„А што, медицинскиот статус на хомосексуалноста е догма сега?“
А каков е медицинскиот статус на хетеросексуалноста?
Е, исто таков е и медицинскиот статус на хомосексуалноста.

Анонимен рече...

А каков е медицинскиот статус на хетеросексуалноста?
Предмет на истражување и критички пристап.

Анонимен рече...

од мене кратко, само едно прашање до јас кое нити било, нити е , нити ќе биде јас- во текстот споменуваш правото на слободен избор на сексуалната ориентација, што подразбираш ти под слободен избор, а посебно каков е статусот на таквата политичка концепција во сооднос со нападите на поборниците за права на хомосексуалноста кои ваквите тези ги обвинуваат за конзервативни и тврдат дека станува збор за вроденост, која ја укинува слободата на избор??????Ај те молам помогни ми во дилемава.

Анонимен рече...

хех... знаев дека некаде на интернет сум читал за докторов чадловски... еве во денешното 24 часа (прилог за здравје во мпм весници), типов му објаснува на некој 15 годишник кој поставил збунето прашање за сексуална ориентација како тоа за сексуалните растројства треба да зборува со школскиот психијатар.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week