Откријте го натрапникот

1/27/2007

Изгледа и мојот ментално-имунолошки систем не е толку јак, штом дозволив да ме зафати вирусот „штафета“. Еве пет нешта и за мене:

1. Не сум го гледал најгледаниот филм на сите времиња, легендарниот „Титаник“.

2. Не сум го читал „Кодот на да Винчи“.

3. Сум победил на најидиотскиот квиз на сите времиња во Македонија.

4. Како мало дете, си го имам сомелено показалецот во машина за мелење месо.

5. Не сум имал секс прилично долго време.

Само еден од горенаведените искази е невистинит.

Откријте го!

Малку да го измутираме вирусот.

5 коментари:

Анонимен рече...

4.
лебати кој е најидиотскиот квиз? има 2-3 кандидати за таа титула.

Unknown рече...

Се сеќавате на квизот „Ла кокарача“? Дефинитивно најидиотски, со огромни сомбрера и Неџми како водител... :)
А како дете играв мошне добро џамлии, благодарение на затапениот показалец :)

Анонимен рече...

Ќе да е сексот натрапникот ;)

Анонимен рече...

(За жал) јас се сеќавам на Ла кокарача.

ете од кај си ми бил познат.

:)))))))

Анонимен рече...

a ima li eden kviz sho ne bil idiotski...(vchera ko mi pisha bukarski za kolumnata na frcko na relacija crvenkovski -vlada-intelektualci-kvizovi mi idese so transparent da izlezam
"daj branko da te glasam ushe sea":P

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week