Празници се множат - луѓето се делат!

1/14/2007

Како што тргнала нашава „воркохоличарска“ Влада, не би ме изненадило ако утре предложат - чисто заради ефикасност - Закон за работни денови, наместо Закон за празници (Власта со три нови празници обезбеди Бадинтерово мнозинство за законот).

Уште поарно, нека издадат едно државно календарче, за да знаат луѓето кој ден не е празник, и кога се работи.

И како сега народот да не ги сака?

Па што мислите, зошто нашиот „работен“ народ толку го сака православното христијанство?

Отворете само некое верско календарче и ќе видите дека секој ден е некаков празник - од кои на многу „не се работи“.

Ете, денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики, популарната „Василица“.

А јас неверник, „како што ме дал Господ“, дури три поста објавив на денот кога генитално го сакателе Христоса.

7 коментари:

Анонимен рече...

A dali mu voskresnal? :)

Анонимен рече...

LOL na ova pogore ahahahaha

Анонимен рече...

За тоа треба Марија да се праша... :)

Анонимен рече...

А дали некој воопшто планира да ги праша останатите „малцинства” (рамстор, бит-пазар, веро, тобако, локалните гранапи итн. итн.) кога тие ќе празнуваат?

Или ова важи за и онака неработливата државна администрација?

Или државата се грижи за својата администрација па им обезбедува повеќе денови кога ќе можат непречено да го посетат Рамстор без притоа истиот ден да зе замараат со својата напорна работа.

Анонимен рече...

Господине Трајановски, ве замолувам, се разбира, ако можете да се воздржите, да не го спомнувате Бога со навредливи појмовни алузии, зашто некои луѓе не го поимаат Бога како лепенка на летна маичка, тетовиран трајбл на бицепс, или распетие на крст од сваровски кристали.
Ваквото третирање на оваа тема ме попречува и понатаму да ги читам вашите текстови, не толку заради вашите атеистички аргументи (кои, впрочем лесно се оспоруваат, во зависност од тоа која логика некој ја прифаќа),но заради тоа што ги бодрат страстите на одомаќената малограѓанштина која ги поткопува сите основи на една пристојна комуникација(погледнете го првиот коментар само, на што личи!),а претпоставувам дека сакате таа комуникација да ја реализирате и да ја имате и со христијаните?
Иронијата е, нели, одлика на постмодерното време, и поткопува авторитети(во +,или-), но, парадоксално е и нејзина криза.

Unknown рече...

Досега не сум бришел коментари, иако сум бришел пар пати цели постови.
Инаку - ироничен бев кон суеверието, и немав намера никого да поттикнувам на богохулење.

Анонимен рече...

Vo red.Sakav da predocham nesto sto izleguva od kontrola.Pozdrav.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week