Внимателно, претпазливо, на штрек!

1/15/2007




Откако еднаш за малку ќе настрадав поминувајќи на зелено преку пешачкиот премин кај „Путник“, ми текна да соберам докази кои, се надевам, ќе придонесат за враќањето на безбедноста на овој мошне опасен премин.

На неколкуте фотографии (во период од 15-20 минути) се снимени автомобили кои безгрижно поминуваат додека е отворено зелено светло за пешаци. Она што е најинтересно, во близина на пешачкиот премин си стои сообраќаен полицаец, ама не гледа во вистинската насока.

Полицаецот беше навистина љубезен кога ми пријде од љубопитност за да види зошто му ја фотографирам раскрсницата. Откако му укажав на проблемот дека човек може да загине, оти шибаат коли и откако ќе се запали зелено за пешаци, рече дека е поради тоа што нема пауза меѓу палењето на црвено кај автомобилите и палењето зелено.

Ме копкаше, па го прашав полицаецот дали може да се употребат фотографиите како доказ за да се казнат возачите кои, според мојата логика, сигурно поминале на црвено, штом за пешаци е запалено зелено. Рече дека судовите не признавале фотографии како докази, што апсолутно не е точно.

Ми остана дилемата: дали се виновни само возачите или пак и семафорот е тотално заебан?

Како и да е, внимавајте кога поминувате на зелено.

2 коментари:

Анонимен рече...

Паметно би било на тоа место да се ископа еден подземен премин за пешаци, ко прво пошто нема логика на секои 10 метри да има семафор, ко второ ем безбедно ќе се преминува без чекање господата со коли да стигнат до кај што тргнале, ем ќе се искористи простор за уште по некое дуќанче као секс шоп или што знам што...

Unknown рече...

Ако ме прашуваш мене, уште попаметно би било на таа улица воопшто да не поминуваат никакви возила, туку да стане пешачка зона.
Ама за такво нешто треба комплет да се среди сообраќајот во Скопје, да се изградат големи катни гаражи, и да се направи централен ринг во кој воопшто нема да поминуваат никакви возила (на потегот Градска болница-Студентски дом-Рамстор-Камени мост).
Во спротивно, за неколку години ќе почнеме да паѓаме иструени од издувни гасови.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week