„Поддржувајќи ја, значи, во целост иницијативата, нашата авиогордост, аеродромите во Скопје и во Охрид да ги добијат имињата на двата големи Македонци, Александар Македонски и Свети Павле, со што дефинитивно ја покажуваме нашата определба цврсто да зачекориме во прегратките на придобивките на новиот милениум, јасно и гласно покажувајќи ја нашата определба кон источната традиција, имам само една забелешка, која, се надевам дека вие ќе ја прифатите сосема добронамерно – имено, ми пречи што во името на скопскиот аеродром не стои оригиналното презиме на Александар, она Македонски. Лично сметам дека како ни изгледа аеродромот многу посоодветно би било да ја има одредницата „Македонски“, отколку оваа сегашнава „Велики“, која дефинитивно може да биде сфатена како израз на недолична нескромност, особина која на Македонците, уште од времето на спомнатиот Александар, им е сосема непозната.“
А и Фрчкоски нешто во сличен тон: „име „Александар Велики“ не може да стои на ШУПА“ (До ближните духом).
Едно не ми е јасно: Зошто постојано се плачеме дека ни се смеат, кога секојдневно од себе правиме карикатура?
8 коментари:
а кога ќе се среди транспортот од аеродромот до градот, до кога патниците ќе идат пешки до авионот, до кога ќе има delays без известување и сл.?
мене тоа ми е побитно од александар петровец.
Откако аеродромот ќе се прекрсти у „Александар Велики“, патниците нема да идат пешки до авионот, туку на коњи - Букефали :)
Веројатно треба да се вика Скендербег според тебе? Мајко мила цел пост објавил како требало да има споменик за Скендербег а Александар Македонски му пречел. Е после ќе те сопира полиција епа ќе те сопира. Ај сеа бапни еден текст за позитивна шиптаризација пардон дискриминација. изрод.
Од каде ти е идејата дека Александар Македонски ми пречи?
Напротив, ја поддржувам идејата за изградба за еден велик споменик на Александар Велики но, под услов:
1) Да се изгради наместо крстот на Водно;
2) Да не личи ниту на Ричард Бартон, ниту на Колин Фарел;
3) Да е гушнат со Хефајстон; :)
Едно не ми е јасно: Зошто постојано се плачеме дека ни се смеат, кога секојдневно од себе правиме карикатура?
А кои се ние на кои им се обраќаш со прашањево?
Некад човек мора да си праша - карикатурални ти се двајцава колумнисти или оние кому ги намениле своите текстови?
Фала. :)
„А кои се ние на кои им се обраќаш со прашањево?“
На место прашање :)
Посакуваниот одговор е - граѓаните на Република Македонија.
Карикатурата е - амбицијата за величина на „македончето“.
Нек се вика летиштето Александар Македонски, фала богу. (Своевремено не еден тип клучен аргумент дека Ацо бил наш му беше тоа што се презива на „СКИ“, МакедонСКИ :-))
Ептен добра фора, се згазив од смеа.
Ќе испадне дека треба да навиваме и за Левски :)
Објави коментар