„Ѓаволска“ работа?

3/30/2006


Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!?
Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...

46 коментари:

Анонимен рече...

Колку што јас, инаку мошне бледо, се сеќавам, идејата им беше висина од два метра по една година од животот на Исус Христос (33 години).
Мене лично ми е најинтересна симболиката - имаш burning cross (симбол на една од најпознатите „невладини“ организации од САД) секоја вечер над Скопје. Одлично „добредојде“ за сите припадници на различните раси во „градот на светската солидарност“ ...

Unknown рече...

Еве една информација за тоа што вика МПЦ по повод извештајот на САД, во кој крстот беше оценет како „провокација“: „Во МПЦ уште велат дека ако се сакало да се направи објективен извештај, некој требало да ги праша православните верници во Македонија дали чувствуваат "иритација" од височината на минарињата и од големината на џамиите или, пак, од звукот со кои верниците муслимани се повикуваат на молитви во текот на денот.“
А, еве што вели Јакуб Селимовски:
„При градбата на крстот на Водно се велеше дека тој ќе го штити градот и слично. Но, тој како да носи друга порака - дека Скопје е едноконфесионален град, дека некој тука е дојден и некого загрозува. Се заборава дека меѓу Муслиманите има и Македонци. Скопје е мултиконфесионален град и така треба да се негува.“
(Бранко Ѓорѓевски, Дневник, преземено од http://www.veritas.com.mk)
Еве што вика Букаро по повод анкетата на Багра во 2002 год.:
„Некој намерно се обидува да се потсмева со Милениумскиот Крст на дрзок и безобразен начин поставувајќи смешни опции веројатно создадени од некој атеист. Нека биде атеист секој има право да биде што сака меѓутоа нека го почитува христијанството и неговите верници. Милениумскиот крст го симболизира христијанството во Македонија а и 2000 години од почетокот на новата ера од раѓањето на Исус. Од кај се гледа и колку е голем тоа е многу малку битно. Навистина невкусна анкета. Тоа е само моето мислење а и се надевам на секој православен вистински христијанин.“

Анонимен рече...

Е за ова ти зборев Жаре. Ти си имаш проблем со христијаните, а не христијаните со тебе или со муслиманите. Вистинкиот христијанин со вистинскиот христијански поглед на сват е токму твојот идеал за толеранција за кој претходно зборуваше.
Замисли ти кога стварно христијаните би се однесувале така ко вас (не велам дека се овие вистински дури ни МПЦ) Бидејќи христијанството, како поглед на свет, на својата вера гледа како на вистина и сите други забегувања се заблуди, така што би требало и на христијаните да им смета се‘ атеистичко.
Секој еден споменик за паднати борци, секоја една тврдина изградена на високо која симболизира некое атеистичко учење или наука, секој испад кој за нив пропагира ставови спротивни на според нив вистината.
Но христијанинот го нема тој проблем, туку атеистите постојано имаат проблем со христијаните и со нивните симболи. Скоро во с‘ има симболи и секој симбол секогаш означува нешто, а ако земеме да си праиме филмови со бројките постојат милјон нумерологии и и одредувања на значења не секој еден број, а тоа ти спаѓа веќе во некаква езотерија и окултизам.
Значи преиспитајте се дали христијаните некого етикетираат и дискриминираат или вие цело време ги дискриминирате христијаните?

Unknown рече...

Прашуваш: "...дали христијаните некого етикетираат и дискриминираат..." - милион примери за тоа можат да се дадат, не знам само од кај да почнам. Дали од неприфаќањето и хушкањето против поинаквите православни христијани (против Вранишковски и Co.), дали од неприфаќањето и хушкањето против понаквите сексуалности (што, зарем хомосексуалците не можат да бидат „личности“ и православни христијани?), дали од неприфаќањето и хушкањето против поинаквите сфаќања за местото и улогата на жената (освен како послушна „фабрика“ за потомство). Колку само жени се враќаат понижени и дискриминирани од венчавки во црква?
Да те потсетам малку на првиот дел од паролата на Владиката Методиј Златанов: „Не прифаќам различности...“ Според него, „Она што не прави различни, односно неслични на нашата природа е гревот.“
Дали јас како атеист (кој, патем покренува иницијатива за основање на МКЦ) ги дискриминирам христијаните со тоа што поставувам прашање „Ѓаволска“ работа?, посочувајќи на височината на крстот од 66 метри?
Слободно, Би, стегни ми кривична пријава за „излагање на подбив“ на верските симболи ако мислиш дека предизвикувам верска омраза и нетрпеливост. Може да добијам од една до пет години затвор.
Меѓутоа, имај предвид дека „ѓаволот“ е христијанска идеја како и суеверијата во врска со бројот 66 или 666. Зарем христијанските идеи и суеверија се неприкосновени и секој обид за преиспитување ќе го квалификуваме како „дискриминација врз христијаните“, кутрите тие што секогаш го вртат другиот образ? Гледаме како „христијаните“ го вртат другиот образ во „крстоносните походи“ во Авганистан и Ирак последниве години, во т.н. борба против „оските на злото“...

Анонимен рече...

Не ми го врти муабетот. Јас не ги сметам за христијани тие што водат крстоносни походи. Тие за мене се срам и антипропаганда за христијанството.
Јас не мислам дека вистинското христијанство и поглед на свет како што горе нагласив има некаква врска со предрасудите на луѓето. И ти ми се чини зборуваше за тоа колку идеологиите се извитоперуваат во рацете на другите. И Комунизмот нели бил супер замислен, сон утопија, ама неговото практицирање нема благе везе со теоријата. Исто и демократијата гледаме која бламажа е, и дека нема никаква врска со владеење на народот.
Ни малку мојот коментар не се однесуваше на твоето тумачење на висината на крстот, туку на проблемот што го имате со крстот со неговото постоење. Вие имате проблем, вам ви смета и ви претставува некаква закана. Инаку колку што знам не постои во христијанството никакво суеверие во врска со бројот 66, дури и 666 е само симбол за тие што знаат. И уште помалку дека во христијанството постои какво и да е суеверие. Суеверијата и празноверијата ги измислува народот. Луѓето се оние кои расипуваат се‘.
Малку е глупо знаеш, да критикуваш нешто без да имаш доволно информации за тоа. Ти тука ми критикуваш христијанство, а мислиш на нешто сосем трето. И погоре кажав дека дури и МПЦ не е сосем доследна на својата вера. И дека постои еден вистински Христијански поглед на свет кој го практикуваат и го практикувале многу луѓе, но тие не се интересни нели?
Значи, генерализираш Жере, стереотипизираш, и полн си со предрасуди, а тоа е лошо.
Ќе ти одговорам и на тие примерите што ги кажа погоре. Ако човек сака да е Христијанин ќе ги прифати нормите и вредностите на Христијанството и нема ништо да му смета, ако не сака негов проблем, нека си тера. Христијанството ќе го смета како некој надвор од нивниот систем некој со различно мислење со кое тие не се сложуваат и по правило христијанството (барм православното) не е наметливо и е нешто што можеш да го избереш дава потполна слобода на избор. Мене многу подискриминирачко и изопачено ми е твоево размислување што имаш против нивните вредности и ставови и сакаш да ги промениш мислејќи дека ти ги имаш правилните.
Еве тие мислат дека хомосексуалноста е болест, а ти мислиш дека е болест да се мисли дека хомосексуалноста е болест. Во што се разликувате?
Ти се обидуваш да докажеш дека тие прават нешто не праведно, а тие никого не судат, туку не ги прифаќаат во своите редови тие што се за нив непогодни и не ги одобруваат правилата на игра. За се има правила. Ако сакаш да играш мораш да ги прифатиш ако не терај си шо се пикаш таму.
а тоа жените нека не се венчаваат ебете ако им е проблем тоа венчавката, никој за уво не ги зел не им облекол лицемерно девичански бел фустан и не ги истопорил пред попот со сила.

Vlado Apostolov рече...

Крстот беше провокација!

Само нека ви текне кога го изградија. Близу по војната а пред избори. Башка се одвоија и државни пари за него.

Беше провокација и како таков смета. Тоа е проблемот!

Анонимен рече...

Kо така и знамињата на англија шведска норвешка швајцарија, белгија се провокација а Христос над Рио е ултимејт фајт
а?

Анонимен рече...

И Грција, Исланд, Финска, Шкотска, Австралија, Нов Зеланд. :)

Vlado Apostolov рече...

Ова намерно не коментирате за времето кога е поставен крстот или шо?

А знамињава и не ви се некоја компарација, па Исус у Рио, па ич!

Анонимен рече...

Во времето кога е направен немаше конфронтација меѓу верски заедници па тој да биде провокација финансирана од државата.

А за која војна зборуваш ти? Меѓу кој беше таа војна? Ниту сите Македонци се Христијани, ниту пак сите Албанци се Муслимани. Глупаво е да поставуваш еквиваленција меѓу етничките и верските заедници во Македонија. И не е фер, пред се за таквите како Жарко кои ете сакаат да се претставуваат како атеисти. А да останат Македонци и покрај тоа.

А знамињата се и те каква илустрација за лицемерноста на тие кои од една страна се за слобода на говор а од друга страна за осуда на провокации.

Vlado Apostolov рече...

"А знамињата се и те каква илустрација за лицемерноста на тие кои од една страна се за слобода на говор а од друга страна за осуда на провокации."

Можеби за таквите да, ама за ситуацијата со крстот јок! Па дај молим те кога се создадени тие знамињљ, пред 100, 200 години. Така сакаш и сега да се понашаме?

"А за која војна зборуваш ти? Меѓу кој беше таа војна? Ниту сите Македонци се Христијани, ниту пак сите Албанци се Муслимани."

Е ај сеа ќе го вртиме муабетот до бескрај. Ќе се прајме будали. 99% од Албанците кај нас се муслимани и немој, молим те немој да го разводенуваш муабетот.

А изборите? А државните пари?

Unknown рече...

Е, ај да видиме кој ги извртува работите Bi.
Прво, од каде ти правото да не ги сметаш за христијани тие што водат крстоносни војни? Кој тука врши дискриминација, односно порекнување на правото некој да верува дека е христијанин, и истовремено да се бори против „оските на злото“? Се обидуваш да му го порекнеш правото на Буш да се смета за христијанин?
Второ, ти ме обвини за „дискриминација врз христијаните“, и дека имам „проблем со христијаните“ : „Значи преиспитајте се дали христијаните некого етикетираат и дискриминираат или вие цело време ги дискриминирате христијаните?“ Те потсетувам - цело време зборувавме за христијаните, а не за христијанството, затоа и го третирам како класичен пример за извртување следниов твој обид: „Малку е глупо знаеш, да критикуваш нешто без да имаш доволно информации за тоа. Ти тука ми критикуваш христијанство, а мислиш на нешто сосем трето.“
Значи, моите примери беа како дискриминираат христијани (религијата и идеологијата практично не дискриминираат, туку дискриминираат луѓето). Кога реков „дека „ѓаволот“ е христијанска идеја како и суеверијата во врска со бројот 66 или 666“, поскоро мислев „идеја на христијаните“, отколку „идеја на христијанството“. Сепак, еве ти и еден освежувачки цитат од Библијата: Revelation 13:16-18 states:
"He also forced everyone, small and great, rich and poor, free and slave, to receive a mark on his right hand or on his forehead, so that no one could buy or sell unless he had the mark, which is the name of the beast or the number of his name. This calls for wisdom. If anyone has insight, let him calculate the number of the beast, for it is man's number. His number is 666."
Трето, ми забележуваш дека генерализирам, ама да те потсетам дека никаде не тврдев дека сите христијани дискриминираат, туку ти дадов примери за некои христијани што дискриминираат. Ти се обиде нив да ги порекнеш како христијани, а не јас. Ти генерализираш кога велиш „преиспитајте се дали христијаните некого етикетираат и дискриминираат“, а не јас.
Еве ти и четврт пример за извртување: „Мене многу подискриминирачко и изопачено ми е твоево размислување што имаш против нивните вредности и ставови и сакаш да ги промениш мислејќи дека ти ги имаш правилните.“
Никаде не сум тврдел дека сакам да ги променам ставовите на христијаните, туку сакав да си ги изразам сопствените ставови кои што се разликуваат од нивните вредности и ставови. Внимателно прашав дали „христијанските идеи и суеверија се неприкосновени...“ и се обидов да посочам на некои суеверија, како прилог кон мојот блог за „зомбификација“. И тоа ли ќе го забраниме во едно демократско општество, преиспитувањето на суеверијата? Прочитај ја книгата „Изопачени животни“, па после ќе правиме муабет на тема „изопаченост“.
Петти пример за извртување: „Еве тие мислат дека хомосексуалноста е болест, а ти мислиш дека е болест да се мисли дека хомосексуалноста е болест. Во што се разликувате?“ Никаде немам тврдено дека „е болест да се мисли дека хомосексуалноста е болест“ - еве, цитирај каде сум го тврдел тоа, докажи дека не извртуваш. Меѓутоа, на сите аргументи и предрасуди дека хомосексуалноста е болест сум одговарал со противаргументи дека не е болест, и дека е избришана од сите медицински листи на заболувања и психички нарушувања.
Претпочитам аргументи, а не извртувања, посебно кога станува збор за контроверзни и чувствителни тами како што се верските симболи и суеверието.

Анонимен рече...

666 e brojot na gjavolot, a ne 66. No ako krstot e visok 66.6 metri odnosno 666 decimetri, togash vekje mozhe da se pokrenuva prashanjeto. Samo so 66 - no case.

Kruzhi po imejli i eden pauer point za Kenedi i Linkoln denovive - i shto so toa?

Celata "numerologija" e obid da se svrti vnimanieto od sushtinata na rabotite, oti sluchajni poklopuvanja na podatoci (koincidencii) se mnogu poverojatni od shto obichno mislat onie koi ne se razbiraat od matematichka verojatnost.

Shepard рече...

во скопје живеат катаљон муслимани.

ќе морам да се сложам со боцевски и двр.

прво, burning cross ми е премногу ККК.. а и дека беше провокација, на љубчовските структури, БЕШЕ..

именден ми е на велигден, крстен сум, ама не се правете насила слепи. немам ништо против верниците, воопшто. нека си веруваат. ама тоа е обележје, мене ми смета, а никој не ме прашал.

пооригинално ќе беше еден голем светкав фалус, или шо знам, да ги дадеа на сиромасите, по христијански.

ова беше продавање чалам, наметнување религија!! член 19 од уставо на мк: сите религии и верски заедници се исти пред законот, а не постои државна религија. ДА ГО ЕБАМ!

шо праиме ако се сруши?! :)

Shepard рече...

уствари да се доискажам.

ако нема државна религија, или некоја привилегирана црква, зош би имало ондак крст а не фалус на врвот на водно? ја сакам фалус, верувам во него, му се молам секој ден и слично.

и предлагам фалусот да биде светиот симбол на МКЦ :)

Shepard рече...

и јебига, извинете на блогохулење :)

Анонимен рече...

Нишо, нишо, ќе вииш ти коа ќе почне и за џамиите да се хули... ај, ај.

Shepard рече...

џамиите се закон :)))))

Анонимен рече...

Ете, го решивме и прашањето на симболот на МКЦ!
Лакан ќе биде горд на нашите фалусцинациии.
Покрај крстот на Водно, едно големо фалусоидно минаре да се изгради, ко она у Самарканд, за да не се трошат нови буџетски пари за џабе и за ИВЗ и за МКЦ.
Сите ќе бидеме задоволени!

Анонимен рече...

Iskra kade si?????????????????
Te povikuvam!

Daj im problem, i svrti gi od pravite problemi. Sto se umni, kreni eden na Vodno, jebesh ekonomija, neka se kolat oni okolu toa, a nie ke se broime pod masa. Ah bre lugje.
Bi, ne be, Arkan ne e hristijanin iako so krstot vo raka krena vo pohod, a hristijanite ne mu skoknaa da mu se sprotistavat za skvernavenje - epa i padnatite borci koi tebe te provociraat ne se ateisti ma - spored mene.

Krstot na vodno e edna beda na nacija koja propagja vo sekoj eben pogled, pa si go bara resavanjeto na problemite vo svoite istorisko-napoivi crkovni vozvisuvanja. Narod koj nemoze da se fati za nishto drugo vredno, pa svojata golemina ja naogja vo identitetskite tradicii ostavina im od dedovcite (dzamii, crkvi, znaminja i picke materine).
Hristijani, muslimani, crveni i plavi - a Borhes shto ubavo veles: Ne sakam da ucestvuvam vo nisto koe za prepoznavanje koristi barjak.

Stavi krst ili 666 i dobijash reakcija ko brendot on.net :) Pocnav da ucam i jas marketing, aj vie :) )))))

Iskra ma!

Анонимен рече...

Еден мој постар текст на оваа тема - „Пофалба на глупоста“, редовна саботна колумна во „Утрински весник“, 3 декември 2005 година (http://217.16.70.245/?pBroj=1946&stID=57726&pR=7) :

„Во моето Скопје во понеделникот меѓусебно се соочија монументалните дострели на човечка глупост, овој пат во наша локална верзија и режија - крстот на Водно и огромното албанско знаме закачено пред Стоковната куќа "Илинден". Си постојаа простум еден кон друг овие симболи на нашата плиткоумност и блескаа во полн сјај, сигнализирајќи ја победата на глупоста и поразот на граѓанството, рационалноста и индивидуалноста во Република Македонија. Кога го осветувавме крстот се собравме како овчички жизнерадосно славејќи ја "нашата" победа... им покажавме кој е газда во државава, а кој потстанар, како и каде им е местото на "оние" во наша Македонија, а кога го бесевме знамето повторно се собравме како овчички славејќи ја "нашата" победа... им покажавме дека ние сме газди и победници, дека со нас нема играчки, дека ќе нў слушаат и ќе нў почитуваат и дека ние ќе им го покажеме нивното место во наша Македонија.
Кому во Македонија му се потребни овие проблесоци на нашата национална глупост и плиткоумност? Кому му е потребно да троши време, пари, нерви и енергија на градење крстови, веење знамиња, леење бисти и споменици, организирање митинзи и пишување графити? Кому му е потребно да ги дехуманизира нашите сограѓани до ниво на обични ѕверови во глутници, настрвени на "другиот" и "поинаквиот" кој им е виновен за сите нивни лични и семејни маки и јадови, неуспеси и неспособности, нереализирани цели, амбиции, визии и стремежи, како и за пустата сиромашна живејачка?
Знам јас многу добро што значат симболите и колку емотивно нў врзуваат и нў поттикнуваат нивните пораки. Крстот го симболизира Исус Христос, неговата борба за слобода, еднаквост, космополитизам, праведност, мир и толеранција, додека, пак, албанското знаме ја симболизира борбата на албанската нација за национална и социјална правда, слобода, култура и сеопшта преродба. И крстот и националното знаме се симболи за благородни и возвишени идеали. Токму од овие причини е ниска, подла и валкана манипулацијата со карактерот на овие симболи. Нема ништо пофасцинантно од женската убавина, но нема ништо победно од женската проституција. Нема ништо поблагородно од љубовта спрема детето, но нема ништо помонструозно од педофилијата. Вулгаризацијата на крстот (токму оној на Водно) и фетишизацијата на знамето (токму она на Стоковната куќа "Илинден") ги испогани и ги обесчести овие симболи и емоциите врзани со нив и ги сведе на најпримитивни и најбедни потсетници за бесконечноста на човековата глупост.
Гледам, слушам и не можам да се изначудам на победата на глупоста. Повторно ли ќе дозволиме да влеземе во нивната игра? Македонците се вчудовидени, велат дека ја губат државата, дека Албанците нў навјасале и дека време е да се врати и да им се покаже каде им е местото, а на Албанците, пак, им се порачува дека една огромна крпа развеана во центарот на Скопје им ги решава проблемите и фрустрациите од секојдневниот живот.
Тамам си помислив дека имаме и ние нешто за гордост - сите релевантни глобални медиуми неделава јавија дека ќе сме станеле првата држава во светот што ќе им даде безжичен Интернет на сите свои граѓани на целата територија на Македонија, па дури некои отидоа до таму што заклучија и дека ќе сме станеле пример за другите земји во развој и "конкуренција што треба да ги замисли развиените земји". Токму тогаш, во таа иста седмица, некому му падна на памет да ме враќа во мракобесието на средновековието! Во тоа средновековие папата и велможите одлучија да водат некакви крстоносни војни за да си ги зголемат своите имоти и приходи, а овие перфидни цели ги скрија зад "распнатиот Исус Христос" и знамињата со Христовиот крст. Успеаја само да отворат повеќевековна рана меѓу христијанството и исламот што и денеска ги храни со фанатизам исламистичките радикали (фашистите и комунистите на 21 век). Еве, најотворено ќе кажам - никому во Македонија не му пречи албанскиот јазик, уште помалку некому му пречи албанското знаме, а најмалку, пак, пречи албанската култура во Република Македонија. Не пречи ни Рамковниот договор, а посебно не пречат мерките за правична застапеност на Албанците во сите сфери на животот во Македонија. Напротив, тоа е вистинскиот начин да се исправи неправдата што некои други генерации им ја нанеле на Албанците во Македонија, за да можат нашите генерации и генерациите на нашите потомци да започнат со изградбата на една нова модерна, демократска и граѓанска, европска и глобална, среќна и горда Македонија, лишена од сите нијанси на глупоста кои произлегуваат од равенката на македонско-албанските етнички односи.
Им порачувам на македонските граѓани, интелектуалци, новинари и аналитичари да престанат да ги сатанизираат нашите сограѓани-Албанци заради неразумноста на провокацијата со знамето за која сум апсолутно убеден дека нема ама баш никаква врска со интересите и со агендата на Албанците во Македонија, а уште помалку со изборната доверба што нашите Албанци им ја дале на актерите на оваа провокација. Наедно, пак, им порачувам и на албанските граѓани да разберат зошто оваа провокација ги раздразни и онака пречувствителните нерви на нивните македонски сограѓани. Ништо подобра не беше ни македонската провокација со крстот на Водно. И тука некој се јуначеше и перчеше и некој некому нешто покажуваше, а потоа се исчудуваше што целиот нормален свет молкум го осудуваше. Провокаторите (и од "едната" и од "другата" страна) се од иста природа, иста провиниенција и со исти цели - да ја скријат реата што се шири од нивната расипаност, коруптивност, неспособност и лицемерство зад "магичната привлечност" на националните и религиозните симболи и чувства. Бидете сигурни дека додека ние си ги копаме очит, тие се дружат и соработуваат без никаква грижа на совест, дури и кога дружбата ќе се пресели во затворската кантина во едно живописно гратче во Холандија.
Доколку некому сў уште не му е јасно што ни се случува, еве му го одговорот. Зад национализмот и емоциите, спомениците и знамињата се скриени празнините и неспособноста на главните водачи и креаторите на политиките во Македонија. Ако ги соголиме и ги лишиме од симболите, ако им кажеме дека веќе нема да ги слушаме кога зборуваат за симболи и "национални победи", тогаш ќе ни стане јасно колку се бедни, прости, празни и ниски. Оние што "се гордеат со македонскиот народ (или со албанскиот народ)", оние кои "ја величат херојската борба од 2001 година", оние кои "градат споменици на Тито" и оние кои ја реализираат "агендата што ја најавиле уште од Шипковица" се токму оние што мора уште веднаш да станат минато (длабоко и срамно минато) за Македонија и, впрочем, за целиот Балкан. Сите оние што се удираат во гради дека се "големи Македонци" или "големи Албанци", "светски државници" и "национални спасители" се челниците на криминогената корумпирана дружина што ги држи во заложништво граѓаните на Македонија во изминативе 15 години. Крстот на Водно, знамето на Стоковната куќа "Илинден" и најавениот нов споменик на Тито се коската што ни е фрлена нам - недоветните граѓани - за да си ги ископаме очите со нерационална злоба и глупост и да заборавиме кој е виновникот што нў довел до ова дереџе, а тоа се токму оние кои беа зад микрофоните кога го славевме и промовиравме крстот, знамето и споменикот.
Мудрите велат "Бог да те чува од бесот на добриот и трпеливиот", а време е "тивкото мнозинство" во Македонија конечно да проговори. На граѓаните во Македонија им требаат одговори на прашањето како ќе ни се овозможи добра работа, модерно образование, современо здравство, одговорна држава, демократско општество, ред и мир, перспектива и иднина. Овие одговори ги нема никаде - ниту на крстот на Водно, ниту на 50-метарското знаме, а најмалку, пак, ги има на идниот Титов споменик. Овие одговори ги има единствено во креативните мозоци на одговорните лидери, а во Македонија таквите и дење "со свеќа" тешко се наоѓаат.
Морам да ги потсетам своите сограѓани дека тираницидот е сосема легален чин (тираницид = убиство на тиранинот). Меѓутоа, во Македонија не ни е потребен физички тираницид, туку морален. Овие ситни мангупи кои си играат со нашата среќа мора да си го одживеат остатокот од својот живот како заборавени, презрени, омразени, маргинализирани, игнорирани и избришани индивидуи. Само така Македонија ќе ја најде својата катарза, а оваа дружина своето чистилиште од гревовите. Историјата нў учи дека ако им дозволиш на разните Хитлери, Сталини, Милошевиќи, Садами, Туѓмани, Пиночевци и Маовци да си играат со судбината на своите граѓани, последиците се катастрофални. Време е, конечно, во Македонија да ги разоткриеме игрите на "големите лидери и државници" и да им го покажеме патот кон маргините на општеството или кон нашите установи од казнено-поправен вид. На следните избори ја имаме таа шанса. Господа, играта ви е прочитана. ДОСТА Е!!! “

Анонимен рече...

Bi, duso, samo edno ke ti citiram: "Крстот е симбол на христијанството, не на христијаните и тој не е доволен да ги одреди луѓето како Христијани."
I samo ke prasam, sto gi odreduva lugjeto dali se hristijani ako ne hristijanstvoto so site svoi simboli, propovedanja, bajraci i idei? sekoja na svoj nacin interpretirana? Ako hristijanstovo ne gi odreduva hristijanite, togash shto gi odreduva? jas sum ocajno zbuneta sega, iskreno. A sto gi opredeluva ateistite Bi? Chomsky? Tito ili statuata na slobodata? Nemam namera da zboruvam za metodologii, prosti, temata mi e premnogu stura za takvo neshto - tema zasnovana na se, samo ne na metodologii, ko sekoja edna religija.

Ne gi sudam hristijanite, samo proglaseni, so hristijanstvoto odredeni ili ne. Gi sudam lugjeto, so bajraci ili bez, no nemam namera da gi osudam. Sudi gorniot neli? :)
Nemam krst. Biblijata i eden kup propratni tekstovi imam procitano uz Aristotel - ne se narekuvam ni hristijanin, ni aristotelovec, a citankite i za obete raboti ne mi zavisat od Krstot na vodno, ili fino izvajaniot lik vo gips na aristotel na masa.

Pak ke recam - da svrtevme vnimanie na planetarnite problemi, posto aj krst ko krst, ama brate pusaci ko mene zadisuvaat dur da se kacat do Vodno, a ESM im ja izgasi strujata ko bev sega vo mkd, i sto fajde jas ko hristijanin ili ne, imam od toj krst? Ti Bi? Sto ti doprinese vo zivotot? Sem eve, sutiranje na etnicka, verska, i sekoja druga osnova, dodeka ciganceto pred praven, so kriskata najdena vo kanta gubre, ocajno gi bara odblesocite na krstot na Vodno, i minaretot kaj Daut Pasin, koi nikako brate mili da go prosvetlat. ESM e kriv!
Tolku od mene. A krstot go nejkam ic, ni toj na vodno, ni onoj doma - koj patem go nemam - Borhes mi e samo vo ramka.

Анонимен рече...

Мене ме интересира кој ќе биде распнат на тој крст : Бранко, Љупчо или некој од блогерашиве?

Анонимен рече...

Хехех, и Албанија има свои загрозени Жарковци: http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=49D94E7D6D0C0F4799FE5C2949B9F93E
Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...

Анонимен рече...

edna mala digresija
(ha, a sho drugo ako ne digresija od mene;) ) : abe šo baraše onaa šarplaninčemorkata včera na promocija??????

Анонимен рече...

Оваа ТерезА ми личи на згодна женска. Има негде слика од неа?

Анонимен рече...

жарко, ај те молам погледни го следното:
http://www.milenici.com.mk/viewtopic.php?t=76&postdays=0&postorder=asc&start=0

Анонимен рече...

http://www.milenici.com.mk/
viewtopic.php?t=76&postdays=0
&postorder=asc&start=0

копи/пејст
копи/пејст
копи/пејст

плиз и фала!

Анонимен рече...

kalina... izvini shto ne gi vidov porano tvoite povici... vsushnost i ne znam dali se odnesuvaat na mene, no vo kopnezz po razmena, prepoznavanje i sl., kje si dozvolam da pomislam deka "telefonskiot povik" e za mojot broj :-)... prosto ne znam kako da se nadovrzam na ovaa vekje poodminata rasprava... neka si bide sekoj shto si saka, neli. kako shto vekej rekov na eden drug post vo eden drug komentar, identitetite se fluidni, i ponekogash gi koristime kako proteza, shtaka, zaradi nemozznosta da gi dosegneme, da se soochime so ona shto se zadskriva zad nivnata performativnost. znachi, da ne dolzzam, ona shto mene mi ja kreva kosata na glava e koga nekoj gi graduira znachenjata i vazznosta na identitetite: religiozni, opshtestveni, rodovi... ma, po gjavolite (izvini Bi oti go privikuvam nechestiviot :-)), otkade pravo nekomu na vrv planina da mi go krade horizontot so takov eden krajno neadekvaten vertikalen zafat?!!! kaj moram da gi gledam predavateline, pa ushte i krstot. ova chisto od estetski porivi. Nevkus!
a sporedbite so brazil se' ushte poneumesni. na krajot od kraishtata ta neli pravoslavci go gradea krstot (ova so "gradea krst" malku otkacheno mi se chini, oti krstot e neshto shto e "vgradeno" i ne treba da se gradi,... za da bide paradoksot na ona senishte na vodno ushte pogolem). e, pa, ako e taka, da si pripomneme deka vakviot navik e blizok do katolichkata PR strategija, a ne do pravoslavnata. kontradikcija do kontradikcija. pa ushte koga vidov na markovi kuli vo prilep ushte eden takov, mi se sloshi. toj prekrasen div pejzazz koj fino go svil vo svojata utroba manastirot sv. arhangel mihail, odednash "rasporen" so svetlechkata reklama vo forma na krst. na shto lichi toa, be! ta neli pravoslavcite se falat so svojata skromnost, tivkost, ti rekov mi reche... shto usti kje se naranea so toa parite shto gi frlija i malku potkradnaa gradejkji si spomenici... vo forma na krstovi...
znachi nishto vazzno i novo ne kazzav, nekako temava mi e izdishana otkako se podizlechiv od uplavot koga za prvpat svetna (i posle kratko vreme zgasna, od nekakov li grom li beshe ili shtogode...). ama sakav neshto vo nedostig na svoi zborovi da citiram:
"(...)Ne samo shto na horizontot na simulacijata ischezna svetot, tuku vekje ne mozze da se postavi ni samoto prashanje na negovoto postoenje. No toa e lukavstvoto na samiot svet. Vizantiskite ikonopoklonici bile lugje so prefinet vkus koi smetale deka go pretstavuvaat Boga za da ja zgolemat negovata slava, a zapravo, simulirajkji go Boga preku sliki, go prikrivale problemot na negovata egzistencija. Zad sekoja od tie sliki, Bog ischeznuva. Ne umira, tuku ischeznuva. A toa znachi deka i problemot vekje ne se postavuva. Reshen e so simulacija. Nie go pravime istoto toa so problemot na vistinata ili realnosta na ovoj svet: go reshavame so tehnichko simuliranje i umnozzuvanje sliki vo koi vekje nema shto da se vidi(...)"
Ete, taka nekako i mene mi se chini... ta ne samo po prashanje na krston, shto za moja radost gledam se' pomalku sveti... mu pregorele bateriite... ili shto li vekje beshe... sijalicite... vazzno, mu oslabela energijata...
verojatno ne ja popolniv prazninata sozdadena od ehoto na tvojot povik kalina, ama bar neshto da kazzam :-)... iako, chinam, molkot mi e se' poblizok i poblizok... mislam kako forma na jazik i govor...:-)
a, da, super ti se shepard predlozite i falusoidnite psihoanalitichko-frojdovsko-lakanovski aluzii i iluzii i metafori... :-)...

Анонимен рече...

http://www.deviantart.com/deviation/31242960/

Анонимен рече...

interesno etna, chinam deka se bliski do konceptot na shepard... nalikuvaat em na minarinja, em na nekakvi artificielni falusi...

Unknown рече...

Минарето од Самарканд!

http://content.answers.com/main/content/wp/en/thumb/c/c2/140px-Minaret.jpg

http://stuff.mit.edu/people/ctcarr/Tashkent%20Pictures/Minaret%20in%20Samarkand.jpg

Shepard рече...

само ако фалусоидниот споменик биде нешо ко минаре, да не се осмели некој „белокапец“ да излезе низ него.. па пак запалени крстови!

уф, шо неам време! како би го тоа сликовито преставил :D

Анонимен рече...

Искра, да тебе те повикував, не за друго наслутив прерогативни изливи еден куп, а под доза на еден друг твој пост реков чек да викнам, дур е време ...:)
Него Би:), околу ова лицемерието – карактеристика која ете и јас лично по некоја случајност органски не ја варам.

‘Мене не ми сметаат толку изборите на другите луѓе (христијанство, муслиманство, хомосексуалност, турбофолк, елитизам...нивно право)’

Види сега што мене ми е лицемерно - ние живееме во свет на радикални промени, од генерација во генерација ништо не е веќе исто. Целиот овој ‘мрачен’ преврат научен малку не здркува. Што ни беше убаво кога се ослонувавме на преданијата - библија, коран и чуда... ама почнаа нови работи - медицини, психологии (теби драги) работи кои се гради во гради со се предходно ‘Копернику, копернику, што ти требаше-’ велеше Мухиќ. Е сеа, нормално е да проба човек да ги вклопи едно со друго нели? Сите фини натписи на твојот блог се добар пример, обид за психолошко/медицинско осознавање и спознавање на луѓето. Е тоа го прават сите истражувачи и доктрои, за подобро на сите нас. И сеа после години истражувања, они дошле до заклучокот дека хомосексуалноста НЕ Е ИЗБОР! И лицемерно е, кога ќе налеташ на некој како Ферид, огромен поборник за правата на националностите, кој убаво вели: ‘на човека правата не му се даваат според тоа колку е висок, голем ,низок итн, па следствено ни по тоа колку е броен’ а јас би додала, богами не и по нечие нелигитимно мислење за тоа да е тој ‘болен’.
Тој истиот ФМ вели дека за него хомосексуалноста е избор, резултат на болест. Исто ко турбо фолкот нели, паралелата која ти ја правиш. Е сеа, ок си е тоа ако решиме да се водиме по едни убедувања, пример христијанството Но, да се има едно такво мислење од една страна, а од друга да се цитира Организацијата за човекови права, светски декларации да се користат за подршка на промени, во однос малциства, а во исто време во однос на едно друго прашање да се (а се’) негира една Светска здравствена организација, да се негира една цела наука, и плејада научници, не е само лицемерие, туку е игнорантност. А истата наука од друга страна да се користи во аргументи кога ни одговара. Како на пример разоткривање на ‘само почит.’

И не само што е лицемерно тоа кога се прави, туку е и навредливо. Секој си има право на свое мислење нели, но има мислења кои треба да си останат дома. И сеа, ти му ржиш на жарко, кој промовира толерантност, а има храброст да викне против крстот. Јас ќе кажам пак, има бе лимит во тие права и толеранции кога ќе се увиди дека се губи повеќе од што се добива, и правото на говор захтева да се р’жи. Со тој светлечиот знак плус, христијаните добија многу помалку, од што ние сите ко општество изгубивме. А изгубивме трпение, почит едни према други, верба едни во други баш поради моментот во кој се изгради, и добивме еден негативен набој на енергија. Да не ги споменувам гладните усти кои Искра ги спомена – значи и пари изгубивме кои не беа потрошени на доброто на секој граѓанин.
Геј парада, се сомневам дека некој од буџет ќе ја спонзорира, и што е тоа што би им наштетило на христијаните? А ќе им помогне на хомосексуалците, да се спознаат, да им се види бројот, да се здружат. Што ќе изгубат поклониците на крстот, сем можеби мирен стомак неколку саати (провоциран од нивните ‘моралности’)?

И ќе завршам со еден цитат (за Искра, и можниот молк кој го најавува) но и за сите нас. Напишан за една тотално друга тема, но аплицира на дадената од драгиот Кант: ‘Human reason so delights in constructions, that it has several times built upon a tower, and then razed it to examine the nature of the foundations. It is never too late to become wise; but if the change comes late, there is always more difficulty in starting a reform.’

Анонимен рече...

А бидејќи штотуку се вратив од галерија и сеуште сум под импресии на четката на Пол Сезан, ќе ви нафрлам и еден негов цитат (кој беше испишан на влезот од музејот), кој од некоја причина додека ве читав ми засвири во глава:
“Right now a moment is fleeting by! Capture its reality in paint! To do that we must put all else out of our minds. We must become that moment, make ourselves a sensitive recording plate, give the image of what we actually see, forgetting everything that has been seen before our time.”

Не прашувам јас за џабе, што со свои очи имаме видено, пред да донесеме заклучоци - јес да сезан зборува за француската природа - ама ко да збори за човековата, во однос на ‘гледањето.’

Unknown рече...

Фала Калина, ме инспирираше да постирам нешто за Кант и неговата „хуманост“. Да најавам само :)

Анонимен рече...

Жарко ре, по 5 денари да ми даваше за секоја инспирација до сеа на коњ ќе се клацкав :)
Нејсе, погорниот пост на Кант е извлечен од натпис за метафизиката како ‘наука’ ама ето јас манипулаторски го искористив:) - ама лежи бре како зајче успано на темата.

Анонимен рече...

a kalina te inspiriraše za kant, nikakvecu!!!!
;)

Анонимен рече...

Bi, ne mislev da te navredam shto se odnesuva do aluzijata za "gjavolite", ama, shto da pravam toa mi e omilena pcovka, a nekoi moi prijateli koi se vernici mi imaat zamereno. Velat deka ne smee tuku taka da se koristi i privikuva nechestiviot, ama shto da pravam. Gledash i tuka arshinite za tolerancija se razlichni: za nekoj javnoto izgovoruvanje na polovite organi e kako anatema, a za nekoj gjavolot, a zanekoj koj znae shto...

Se sluchuva, osobeno vo nedokvavkanite demokratii, da nastane kalabalak koga se vo igra prashanjata za tolerancijata. I teshko deka mozze da se odredat nivoata na pravednost. No, sepak, postojat nekoi nepishani (zzarko, ne mi ripkaj sega oti spomnuvam nepishani i so zakon ne propishani :-)) neshta. Gledam site hristijani bea zbuneti zoshto se iznervirale muslimanive od edno umetnichko delo, vo zzanrot karikatura-strip, koe "taka bezazleno" beshe plasirano vo danskiot vesnik. Pa toa sade umetnost beshe, nikoj nishto losho ne im misleshe na muslimanite. Pa muslimanite nemaat smisla za humor i tolerancija neli... Vo toa e problemot draga Bi, nemame chuvstvo za kontekstot na Drugiot. Ni ednite ni drugite... ni tretite ni chetvrtite... ni petite ni shestite... ushte li da teram...

Barem za mene sekogash e najvazzen poshirokiot kontekst. Za toa kalina ubavo zboruva, i analitichno obrazlozzuva vo svojot komentar od 4:51 PM, spored na zzarko merachov na vreme, koj e krajno somnitelen (bashka nema datum! i sl.) Kontekstot e toj shto gradi ili razgraduva. Kontekstot e toj koj vo eden istoriski moment ne' tera da vikame "pro", a vo drug "contra". Znachi, kontekstot i celata (post)voena klika i militantna kampanja (propratena so onie uzzasni spotovi so kristina arnaudova i so sloganite "bidi tigar", "bidi Lav", "bidi brat ljube") pod chij prevez go izgradija krstot se mojot najgolem problem. Demek, eve vi na, da vi vratime. Komu bre mu vrakjame?! Nikoj ne mozze da me uveri deka od pregolema ljubov kon boga e izgadena onaa 'rgja. I da se razbereme, nikako ne mozze da se sporeduva ednodnevna ili dvodnevna gay parada, so 2000 godini stara prikazna koja gi nosi site, ama bash site balasti na istorijata i koja se' ushte sluzzi za politichki manipulacii.

Bashka, Bi, ako gay paradata nervira nekogo dva dena, togash ova kje nervira nekogo najmalku 2 veka.
Za simbolichnite vrednosti, konsekvencite od niv i nivnata neumesan upotreba, vekje zboruvav vo mojot prethoden komentar... Stanuva zbor za manipulacija so kolektivni vrednosti i identiteti, a ne za zalozzba za osnovni prava na malcinska grupa koja saka da srushi odredeni tabua... za shto pretpostavuvam gay paradata sluzzi, megju drugoto...

Znachi nikoj kolku shto vidov pogore ne gi problematizira hristijanite i nivnoto pravo na vera. Samo stanuva zbor za nesoodvetni akti, postapki vo odreden kontekst.

Анонимен рече...

Patem, si drzzam do moeto gledishte za nevkusot koj mi go krade horizontot na planinata... ama toa si e moja, da rechema estetska frustracija :-)...

Анонимен рече...

Bre, ne mozzam da se doiskazzam :-)... a ne foliram koga go povikuvam vo sebe molkot... navistina toa e mojata potreba vo posledno vreme... ama ushte ova da i' kazzam na kalina: prekrasen e citatot od sezan i sosema vo temata... barem vo mojata tema... imam i jas eden od mone, kako odgovor, ama aj da ne go uzorpirame prostorot :-)...

Unknown рече...

Читам, нашиот градоначалник од свој џеб го финансирал заменувањето на прегорените светилки на Милениумскиот крст, со 10.000 евра. Секоја му чест!
Летоска, со другар ми Марко снимивме едно 30 отворени дупки на различни места низ Скопје, некои близу училишта, некои на тротоар, некои во паркчиња каде што трчаат деца. Најголем дел од тие дупки сеуште стојат - во некои од нив дури и дрвца почнуваат да растат.
Ми текнува една морбидна асоцијација „Симболичка размена и смрт“ (наслов на книга од Бодријар).
Со вакви градоначалници, дефинитивно ќе изгинеме по некои дупки!

Unknown рече...

Не е друга тема, и крстот е една огромна дупка, ама во нашата совест!

Анонимен рече...

Samiot naslov e diskriminacija na hristijanite i navreda za MPC. Bidejki vie ste ogromni poznavaci za toa sto e navredlivo z anekogo i sto povreduva cuvstva a i sto se covekovi prava eve da ve prasam neli moze da te tuzam Zarko za navreda ili barem da baram izvinuvanje?

Анонимен рече...

Како можете да се замарате со вакви работи не ми е јасно.

Анонимен рече...

Where did you find it? Interesting read » »

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week