Зошто некои луѓе се навредуваат кога ги нарекуваат „овци“? Дали овците би се навредиле ако ги наречат „луѓе“?
Еве што вели А1 за случајот „гранатирано бачило“:
„На пазарот најскапата овца е 100 евра. Но, на Џемаили локалниот ветеринар проценил дека една негова вреди 700. Министерството ги исплатило, правобранителството ги одобрило.“
Шлагот е на крајот од написот:
„...преживеаните резервисти кај Карпалак едвај добија по 3.500 евра.“
Дневник е попрецизен со бројките: „Сопственикот на бачилото Хиснифарис Џемаили барал од државата надомест за 929 убиени овци, 31 коњ и четири ждребиња, уништено сирење и млеко, во вкупна вредност од 26.472.742 денари. (...) Основниот суд 1 пресуди на оштетениот да му се исплатат 25.177.868 денари отштета, плус за судските трошоци и камата од денот кога е поднесена тужбата. Вкупната сума која му е исплатена на тужителот е 44.464.584 денари или речиси 730.000 евра. “
Денешно „Време“ тврди дека „Волци ги изеле овците вредни 720.000 евра“ повикувајќи се на „судски извори“!
Медиумско наравоучение: Во предизборие, резервистите не се на цена. На цена се овците!
Бучко, а да го поставиш Шепард за советник?
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
7 коментари:
Нормално дека се - што повеќе истрижиш тоа по полна капа.
Одавна велам јас дека Шепард далеку напред гледа.
Јас да сум на место на тој офчарот што ги земал парите ќе им изградам споменик на паднатите офци, коњи и ждребенца. Ама не обичен споменик, него монументален и ќе го поканам Премиерот да ја симне црвената наметка и да го открите споменикот.
Само на тој начин сите офци во оваа земја конечно ќе си го добијат заслуженото место.
А офците спаѓаат во стока!!! или не?
Нека заврши само факултет „Вуна“ ... Јас ќе го земам како соработник веднаш во својот кабинет ... Не се шегувам ...
Стварно не знам зошто луѓето се жестат кога ги споредуваат со животни?
На час по психологија на факултет, на прашањето кое е најинтелигентно животно, без многу размислување одговорив - човекот!
Професорката изнервирана реагираше - „Човекот не е животно, човекот е Animal symbolicum! :)
Chestitki za komentarot na anonimot:) Brilijantno! Kratko a efektno! Ko shto treba! Ko eden den kje praime izbori na najdobri postovi il komentari, anonimot bi vlegol vo najtesna konkurencija za komentar na nedelata, mesecot, votevr... Ushte ednash chestitki, pa i za skromnosta, ebate, nevidlovosta!
A za spamerot Bocevski shto da se kazhe?! Namesto ovde da vlozhi oficijalna protesna nota shto mu go zakachaat epten epten shefot - i toa, pazi, jebote, ezopovski, perfidno, podmolno, so ovci nekoi, jezivo netransparentno i neizrecheno na dragiot ni birokratski novogovor shto Bocevski edinstveno go razbira:) - toj go vrbue Vuna nash, een od guruata i prorocite na MKC, da prebega u to odvratnata rubikova kocka kraj Vardar, duvloto i rugloto na celiot proklet kriminal&mufljuzaj vo Makedonija?! Spamiraj, Bocevski, spamiraj! Ova e sloboden blog, ebate!
na bocevski vekje i kabinet mu e garantiran, samo vuna da zavrsi -- ah be boce boce
во името офчарово да се збори не..
офците, томас мор пријатели, томас мор..
ај идам да упукам некој(а) офца..
:)
Објави коментар