Боцевски јава на Фукујама, загрижен за македонските војници и отсуството на јавна дебата, а окупираните Ирачани и Аганистанци (многумина од нив жртви на „friendly fire“ и „колатерална штета“) ич не ги спомнува.
Анти апелира да признаеме дека сме окупатори, и да си се вратиме дома.
Просто се наежив од хипокризијата во текстот на Фукујама: од фразите „беневолентна хегемонија“, од „неоконзервативистичкото верување во универзалноста на човековите права“, од „периодични превентивни одбранбени војни“ против терористичките закани кон САД.
Сепак, Фукујама признава дека и по инвазијата на Ирак таму (и во Авганистан) се води војна, не затоа земјата е нападната и окупирана од САД, туку што затоа што Ирак станал „магнет, тренинг игралиште и оперативна база за џихадистичките теористи, со изобилство американски мети за отстрел“. Фукујама не само што признава дека се водат „контра-востанички“ војни, туку инсистира на победа со триумфалистичкиот жаргон на Буш: „We are fighting hot counterinsurgency wars in Afghanistan and Iraq and against the international jihadist movement, wars in which we need to prevail.“
Уште неколку прашања кои заслужуваат одговор:
1) Дали Собранието донело одлука за наше приклучување во војната во Ирак? (според чл. 68 од Уставот) Ако не донело, тогаш нашата надворешна политика негира дека во Ирак се води војна.
2) Против кои оски на злото се бориме во т.н. „антитерористичката коалиција“?
3) За какви „мировни операции“ станува збор (неодобрени од ООН), кога дури и идеолозите на нашите сојузници признаваат дека се водат војни на туѓа територија?
4) Од кога терористите почнавме да ги делиме на „исламски“, „џихадистички“ (Фукујама) и останатите?
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
11 коментари:
Си го гледал филмот Минхен?
Не, ги игнорирам филмовите од режисерот на „Спасувањето на војникот Рајан“.
Zarko, malku si utnal okolu Fukuyama spored mene. Toa deka Fukuyama ne priznava deka Irak e denes Irak poradi okupacijata - nemora da se bide bukvalist, toa se podrazbira vo SAD - i sekoj koj ja elaborira situacijata na terenot nemora da potencira vo sekoe pisanie deka toa e poradi okupacijata.Fukuyama e eden od nekolkute (Sullivan, Krugman itd) mediumski moknici koi javno si ja priznaa greskata vo inicijalnata podrska za invazija, i toa e za pocit. Drugo 20et e sto Fukuyama e diskreditiran kako validen politicki mislitel odavna. Retko koj ovde go zema ozbilno. Bar moe mislenje. Naseto mesanje -- toa bara referat, a jas resiv tie da gi izostavam vo svoite komentari :)
Pozdrav
Вистина е дека Фукујама се залага за „нови идеи“, откако неоконзервативизмот е разобличен како „присилна промена на режими, унилатерализам, и Американска хегемонија“.
Но, рационална дебата не се води со селективно памтење, да не речам потиснување на болниот факт дека Ирак е окупирана територија. Во текстот на Фукујама Ирак е претставен како поле каде што жртви се американските војници (како мети за отстрел на „џихадистичките“ терористи), а не окупираните Ирачани.
Тоа е тотално изместување на перцепцијата. Фукујама го интересира дали „крвта и богатството“ што САД ги потрошиле на тој проект можат да се оправдаат, а ич не му чуе за „колатералните штети“. Како ќе го објасниш тоа дека медиумите спомнуваат само колку американски војници загинале досега, а не и колку Ирачани?
Am normalno Zarko, koja zemja ne si stiti svoi interesi? Aj malku politika - kako da zboruvash za zrtvite vo irak a utre da idesh pred kongres i da barash uste 50 bilioni dolari da ti odobrat? Kako da zapalish raja ako ne so potrebata za svoite? Kontra udar vrz sopstvenata politika e toa. Poslednite istrazuvanja pokazuvaat deka odobrenosta za postapkite na Bush e svedena na 30%od narodot, mozesh da zamislish shto ke se sluci ako gi pokaze kovcezite? Mnogu se zboruva vo SAD za sranjata na terenot veruvaj - a Fukuyama e diskreditiran bash za toa, kaj nego sekogash cvetaat ruzi i on za se ima resenie, pismeno. A ako zboruvame za povlekuvanje od Irak - toa poleto za amerikanski zrtvi podobro nemoze da bide, samo taa pretstava ke gi natera da se povlecat. Normalno deka go interesira dali sredstvata moze da se opravdaat. Koga SAD se vpusti vo Irak i pobara bilioni dolari, SAD veti pred svoite danocnici deka ke donese podobar Irak. Prasanje e dali od denesna perspektiva moze site tie sredstva da se opravdaat. Za mene toa e normalno prasanje. Posto ako ne se opravdani (sto ne se) togash ke se zboruva i vekje se zboruva za stetite koi se se, samo ne kolateralni.
A lugjeto ne sakaat da se zamaraat so neshto koe direktno ne gi zasega, sakaat mirno da spijat navecer i toa ne se samo amerikancite. Kovcezite od nikade ne se pokazuvaat.
Pederski e (da mi izvinish na zbor) ama toa e politikata.
Баш читав на А1, пак „киднапирани“ четворица наши државјани што работеле во Авганистан (четворицата Авганистанци биле ослободени).
(Сетете се само како е обработено киднапирањето на „Мис Стон“ во нашата литература и кинематографија и ќе ви стане појасно за што правиме муабет.)
Значи, прашањето што бараме со „мировни мисии“ во Авганистан и Ирак повторно ќе се актуелизира, само затоа што сме сега и ние засегнати.
„11 септември“ се случи затоа што граѓаните на САД не беа засегнати за тоа што прават нивните војници надвор, се додека не си доаѓаат дома во ковчези и со разноразни „синдроми“.
Ќе чекаме и нас да не опамети некој „11 септември“?
Ме потсети на еден Хантингтоновски „јасновидец“ - Роберт Каплан - кој уште пред дузина години предвидуваше дека Македонија ќе биде "ground zero" на судирот на цивилизации, скраја да е!
Abe - Huntington, Fukuyama, Kaplan!!! posebno Kaplan be!-kaj gi naogjate tie bestselleri. Ziti se! Septemvri 11 dojde od premnogu vnimanie na pisanijata na takvite, a cickovcite so urlaa vistini, prasina fakjaa i seuste fakjaat.
9/11 ne dojde od ignorantnosta na narodot, dojde od arogantnosta i bezkurpuloznosta na politicarite. Ne bese akademijata tolku ignorantna, od 70tite navamu se brui za sto taa politika moze da donese, ama koj da procita i svati i uste se brui, i dzabe se brui. Kaplan e najprodavan - mislam izvini vaka ama ALO. Kako se pereshe mozok vo nekolku prodolzenija e toa. Celiot toj "zagovor" na kulturi Zarko e samo sredstvo za plasenje masi i naogjanje izgovor za politicki manipulacii (ova shto se pravi) a ne obratno. Huntington odma se istavi vo knizari koga se sluci 9/11 (iako pred toa bese zakopan vo istorija od akademskiot svet) i stana Sidney Sheldon na politickata nauka - "eve dragi citajte, ne nadvasaja 'fundamentalistite' od sredniot istok (ma site na kup) koi nemaat razbiranje i prifakjanje za nasata kultura, i ko shto mozete da vidite nie nemozeme nisto sem da ideme da gi sredime so nekolku bombi." E Huntington i Kaplan se opravduvanje za ovaa kampanja. Kaplan kaj nas moze da se iskoristi i se koristi za uste pogolemo zapaluvanje na etnicko netrpenie. Nie vo osnova nemozeme da se podneseme so muslimanskiot svet - abe ajde - I toa Kaplan ke ni go kaze od udomenoto mu dupe vo SAD i posle ke gleda seir podpomognat so mirovni misii, a nie ke go citame i klimame so glava. A toj majtap si igra i pari pravi na nas so negovite inventivni zagovori. E od citanje na takvi ni dojde ova deredze. Zalno.
Калина, џабе се жестиш, во многу малку нешта не се согласуваме :)
„Црната тројка“ спомнати автори со нивните „само-остварливи пророштва“ не се дел од мојата омилена теоретска литература. Загрижувачки е фактот што сеуште упорно се цитираат во нашиов политички контекст, и токму затоа го пердашев Фукујама во постов.
Сепак, останува фактот дека нашите војници испратени во „мировни мисии“ се всушност учесници во војни кои се водат на окупирани територии. Отсуството на јавна дебата, молчењето на пратениците при изгласувањето на одлуките, нашата незасегнатост од бројните жртви во Ирак - сето тоа се симптоми на „окупација на разумот“!
Жарко, не ти се жештев тебе, само на твојот блог се погоди. Се жештев на сите кои последните 5-6 години се фатиле за светата тројка (уствари не е Каплан во тројката а е и поголемо од тројка) како за светиња, и само тоа се чита, и не што се чита, мора да се чита, ама само тоа се цитира.
И така ми дојде ...да викнам, може ќе чујат оние кои ги читаат ко библија.
п.с. Ај Хантингтон и ФУкујама до некаде, ама Каплан и Теорија се ко Еским и бекини, не ни помислив дека може да ти е омилена теорија, може да ти е само изборна фикција :)
поздрав
Ete za sto se zestam. Idi vidi sto e preneseno za nasite citacki masi denes vo utrinski.
A Friedman, a Krugman, a Berger, a Smith - oni ne postojat, Fukuyama, so ostanal u sekjavanje pred 5 godini ko nekoj slucajno go fatil na vesti i sega izgleda im e vo google search. ete kolku ne ne biva, nisto aktuelno da se prenese, nikoj aktuelen lik na zapad da se prenese, se vosocni kukli od minatoto. A ne ni sakam da go citam tekstot, bog znae kako e preveden.
Да, бе, ме претрка за пар секунди. И јас пред две минути го видов, и сакав да ти укажам.
Е, па, што друго ни останува освен да почнеме да ги промовираме актуелните теоретичари! Уште вечер ќе почнам!
Објави коментар