Ел Масри сведочеше во Стразбур: „Ел Масри призна дека македонската полиција се однесувала добро кон него, а адвокатот Гњидиќ ги запозна европратениците дека успеале преку интернет да го најдат хотелот каде бил задржан од македонската полиција и препознал еден од вработените.“
Тој не пропушти да ја спомене нашата гостопримливост (за која напишав и посебна колумна).
Хјуман Рајтс Воч има специфична препорака до секретарот на Советот на Европа:
„We suggest that you ask the Macedonian authorities specifically to provide information about the Khalid el Masri case, referenced above—in particular, information about the cooperation of Macedonian intelligence services in handing over el Masri to the U.S. personnel who transported him to a secret prison in Afghanistan.“
Еве што вика еден анонимен дипломат во „Дневник“:
„На сите им е јасно дека Македонија на САД и на нејзините агенти не можела да им даде негативен одговор кога најверојатно побарале услуга од македонските колеги во борбата против тероризмот.“ Република Македонија доби прилика за поправен испит на кој мора да одговори на дополнителното писмо од секретарот на Советот на Европа, со рок до 7 април. Првиот пат добивме кец по транспарентност!
До кога ќе се браниме со молк и игноранција?!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
Ел Масри сведочел дека во хотелската соба во Македонија „бил понижуван, фотографиран без облека, и тепан“ - така објави сега А1 на вестите од 19.00 (контрадикторно со денешната вест од www.a1.com.mk - „Македонските власти се однесуваа коректно со мене додека бев во Македонија“), а слично објави и Сител на вестите во 18.00. Ако најдете транскрипт од сведочењето на Ел Масри, пријавете, ве молам!
Што е по професија типот?
Еве што пишува за Ел Масри во тужбата до Џорџ Тенет (тогашниот директор на ЦИА) за лишување од слобода во отсуство на правен процес, и тортура и нечовечки третман:
"He attended high school for three years before leaving to become a carpenter. He has since been employed as a truck driver and a car salesman, but has been
unemployed since the conclusion of the events described below. Mr. El-Masri is married and
has five young children."
Браво за Каталејн Бејтенвех од Холандија:
„- Се чини дека ние вечерва се обидуваме да ја утврдиме вината на Ел Масри. Но тоа не е наша цел. Без оглед на неговото минато, не постои оправдување за тортура.“ (според „Дневник“)
Е, тоа ти е аргумент!
Дури и Калид Ел Масри да бил бараниот терорист Калид Ал Масри, не би постоело никакво оправдување за тортурата и нечовечкиот третман што ги преживеал!
Looking for information and found it at this great site... Civic blue floor mats first hiking photos of ferrari Free trip finder lexus is 100
Best regards from NY! Game machine slot video Binghamton used wheel chair Isuzu workshop manual downloads roulette computer cheating 1969 cadillac deville convertible model cars Delivered phentermine on line
Објави коментар