1) Затоа што не сакам да ме нарекуваат „Славомакедонец“, „Македонче“ „каур“, „балканец“... и секогаш ме вади од такт кога ќе слушнам „Шиптар“, „Циган“, „Бугар“, „Цинцар“... - со наци-акцент a la Анте Поповски;
2) Затоа што ми е преку глава да слушам дека сите жени се „курви“, „ороспии“ или „кучки“ (како „жената треба да се млати и да се „чука““), или дека сите мажи се свињи;
3) Затоа што ми се темни од навредливи изрази и говор на омраза во нашите медиуми и графити кои повикуваат на линч и гасни комори;
4) Затоа што се надевам дека пцовките не се единствениот наш адут во „културниот натпревар меѓу народите“;
5) Затоа што колку и да сакате да ги омекнувате зборовите „педер“, „сељак“, „проститутка“, „наркоман“, тие ќе бидат сфатени како навреда од најголемиот број не-хетеросексуалци, луѓе кои не се родени во град, сексуални работнички, и корисници на дроги;
6) Затоа што во земја во која цути расизмот, ксенофобијата и религиозната нетолеранција, нема ништо полицемерно од легитимирањето на навредливиот и омаловажувачки говор како „слобода на изразувањето“;
7) Затоа што правото на слободата на говорот не може да се толкува како апсолутно, и над правото на човековото достоинство кое мора да се почитува и заштитува.
(Инспириран од Хипи крикот на Вуна)
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Пред да почнете да ме пердашите како поборник на „поганата филозофија на лицемерство“, за (авто)цензура, за беден формализам, или за конверзативизам (не е куректорска грешка), прочитајте во која смисла единствено го прифаќам изразот политичка коректност: „избегнување на форми на изразување или акција што исклучува, маргинализира, или навредува извесни расни или културни групи“ - Canadian Oxford Dictionary).
Вунарски, напред!
OK де, не се лутам воопшто, до некаде се сложувам. Зрело е за дебата. Вуна ми е име, Блогвински презиме :)
Cool blog, interesting information... Keep it UP Ionamin meridia 2wire parental control key code Will java harm my computer autism experience with ritalin Vardenafil sale Abaraxane patent green card insurance sweden not digesting yellow side of allegra sofa couch bed outlook express 6 antispam convertible Kohler purist mirrored medicine cabinet More about effexor Buy generic propecia cheap hotel allegra zurich Allegra resort cozumel mexico allegra internet zeitung best price for allegra
Објави коментар