Се појави и првиот број од магазинот „HELLO“, на Центарот за граѓански и човекови права. (Има кратка информација и на сајтот на МАССО) Неколку цитати:
„...бидете внимателни кога ги проценувате другите луѓе. Ако Вие ја дефинирате вашата сексуалност според сексуалните искуства, за нeкој друг е можеби клучна емоционалната поврзаност, или привлечноста, или фантазијата.
Не заборавајте, нема само една вистина и само еден начин да се биде геј.“
(„Кој знае што е хомосексуалец?“, HELLO, 1, стр. 21)
"Кон крајот на 2005 година во Машхад, Иран, беа погубени двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години. Пред да бидат погубени, тие поминаа 14 месеци во затвор и примија по 228 удари со бич. Причина за погубувањето беше тоа што двете деца беа фатени при вршење на хомосексуален акт! (...) Доколку не сте знаеле од 1979 година кога верските фанатици насилно ја презеоа власта во Иран, до денес се погубени 4.000 мажи и жени, обвинети за хомосексуализам.“
(„СТОП за смртната казна за хомосексуалци!“, HELLO, 1, стр. 21)
Има и статија за ХомО - шведски Омбудсман за заштита против сексуалната дискриминација!
Ете, дочекавме геј-магазин. А ќе дочекаме ли и геј-парада во Скопје?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
13 коментари:
ke docekate ;)
ama i ke pocekate , sakav da recam :)
Се плашам само чекан да не не удри по глава! :)
Ne ja razbiram porakata na gej paradite . Koja e nivnata poraka?
Nemam nishto protiv ,ama koja e porakata?
Една од пораките е дека постојат и не-хетеросексуалци (пред да се појават нивните здруженија, нивните претставници на телевизија, многу луѓе не веруваа во нивното постоење во Македонија, колку и да звучи тоа блесаво). Во случаи кога се толку малку видливи во општеството, напикани во некои ќошиња како резултат на рационалните и ирационалните стравови од насилство и дискриминација, геј-парадата е една од можните стратегии како како да се збијат сопствените редови, и како јавно да се испрати пораката дека „личното е политичко!“
Pa onie shto imaat strav od toa javno da se deklariraat deka se homoseksualci i koga bi se oddrzala gej-paradata pak nema da se pojavat.
Jas licno povekje veruvam vo institucionalno reshavanje na rabotite,preku zdruzenija ,preku
baranja
isto i magazinot e dobra rabota
Mislam deka gej-parada bi bila kontraproduktivna.
Osven ako ne se desi da se pojavat "braniteli na heteroseksualnosta" koi bi pretepale nekolku ucesnici vo paradata ,pa toa posle bi se iskoristilo
nashiroko deka
"ete ,nie velevme deka sme diskriminirani i ete go dokazot"
Ne veruvam tolku vo parada ,radi parada ko nekoi retki zivotni izlozeni vo kafez
Zashto ne se oddrzi nekoj turnir vo kosharka ili fudbal:))))
Не мора да биде парада, нека бидат и демонстрации или протести!
И тоа е практикување на дел од правата, како и учеството на спортски манифестации.
Досега протестираше секој на улица, па речиси никој не беше истепан. Со парадата, на некој начин, се тестира толерантноста на општеството.
геј парадата би била потврда за безрбетништвото на македончето, не за толеранција.
btw, во време кога 40 (ако не и повеќе) проценти од населението е на работ на сиромаштијата, а во догледна иднина состојбата нема да се подобри, да бидеме среќни ако не се влоши, во државава се решаваат проблеми преку геј-паради и закони за забрана за пушење.
а зошто невработените не излезат на улица, ќе ми каже ли некој?
Како што една мака не се споредува со друга, така и една дискриминација не се мери со друга.
нормално, ни на крај памет не ми беше да ги споредувам невработените со хомосексуалците!
сакав да кажам дека во оваква реалност во македонија, отворање на геј списанија и правење на геј парада е зомбификација par exellance.
Abe mene ova zborot parada mi pagja u oci. Odma me potsekja na onoa tipceto od YMCA pesnata. Protest e edno, a paradite koi pocnaa po svetot neshto sosem drugo - pocna da nalikuva na samo-diskriminacija, i segregacija - nesto protiv koe se borat neli - sto cesto e kontra-produktivno, barem ovde.
Enjoyed a lot!
» » »
Very cool design! Useful information. Go on! » » »
Објави коментар