„...апсолутна толеранција може да доведе до толеранција на идеи кои промовираат нетолеранција, што понатаму може да ја уништи толеранцијата.“ - Моника Маковеј, Министерка за правда на Романија
„Неограничената толеранција мора да води кон исчезнување на толеранцијата. Ако ја прошириме неограничената толеранција дури и на оние кои не се толерантни, ако не сме подготвени да го браниме толерантното оппштество против атакот на нетолерантните, тогаш толерантните ќе бидат уништени, и толеранцијата заедно со нив. (...) Затоа, треба да го застапуваме, од името на толеранцијата, правото да не се толерираат нетолерантните.“ - Промоторот на „Отвореното општество“ Карл Попер, кој смета дека поттикнувањето на нетолеранција треба да се криминализира.
Според мене, тоа ти е како од името на правото на живот, да се залагаш за смртна казна!
Одбивањето да се толерира нетолерантната личност, е токму давање пример за нетолеранција. Толерирањето на нетолерантната личност не промовира нетолеранција, туку дава пример за толеранција!
Ете, затоа се воздржувам од бришење на некои коментари.
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
8 коментари:
Долниот цитат од Шавиро беше и кај блогот на Би:) Сакав да ти го ставам и кај тој постот за ЕУ политичарката со блог, ама толку постираш деновиве, Жарко, што не се стига:) Полудуеш и ти, ко Анти, во еден период?!
“Навистина верувам во слободата на говорот како во универзална вредност. Навистина верувам дека мораме да го поддржиме правото за слобода на говор дури и за расистите, дури и за луѓето кои даваат провокативни изјави со намера да предизвикаат насилство и незгоди. (Говорот е, се разбира, самиот по себе дејствување и секогаш ќе биде потребно некаде да се стави границата, но јас сум за продолжување на работите колку што е можно, во смисла на што помало регулирање и лимитирање на говорниот чин.) Она што не го сакам е двојниот критериум според кој некои говори на омраза (како оној на данските карикатури) се повредни од други (како оној на Ирвинг, кој во книга го порекнува холокаустот). Секој кој ќе каже “колку и јас да сум за правото мислењето отворено да се искажува, не смее да се допушти негирање на Холокаустот криејќи се зад претераната слобода на изразување“ би морал да заземе слично енергично стојалиште и спрема данскиот весник Jyllands-Posten. А секој оној којшто (како мене) ќе го брани правото на тој весник да го објават своето бесрамно ѓубре, на сличен начин би требал да го брани правото на Давид Ирвинг да го објави своето бесрамно ѓубре. Како што Волтер Елис некни рече “Тестот за слободата на говорот секогаш лежи во она што е најтешко да се брани. Навистина би било убаво кога мушици налик на овие нас другите не би не‘ терале на толку напорна работа. Steven Shaviro
Уште во постот „А слободата на изразување?“, ставив линк до Human Rights Watch, каде што може да се најде и следново:
"As Human Rights Watch stated in 1995, we believe that all such laws [laws banning Holocaust denial], regardless of the religions or minorities they seek to protect, disproportionately restrict the protected right to freedom of expression. We are mindful that there are different perspectives on what is permissible and prohibited speech, but we base our position on a strong commitment to freedom of expression as a core principle of human rights and our conviction that objectionable speech is best met with contrary speech, not censorship."
Како што и сам можеш да видиш, погледите на модерниот теоретичар што го цитираш (кој ги чита Маркс, Кант, Ниче, Лакан итн., но не и Human Rights Watch!) каскаат цела деценија зад погледите на активистите зад човекови права.
So seta pocit Zarko ,
ama shto koga toj netolerantniot kje ti se kaci na glava ,kje te predizvika da mu vozvratish?
Dali tvojata tolerancija e bezgranicna?
Ради тоа си ти тука, пријателе, да ме/не‘ просветлуеш! Јас, искрено, не обичвам извештаи и организации, ал тоа е моја глупост, моја тесноградост:) Кој би рекол дека Хјуман Рајтс предводат во интелектуална смисла?! Еве, одма се посомневав! Треба да се провери работава! Не ми се веруе дека некоја значајна фацка, од паметните:), веќ не дала авис дека е ин да дозволуеш и некоректен говор за холокауст! Да проверуем?! Не бе! Ти верувам, Жарко! Верувам во активизмот, ебате! Што друго ни преостанува?!
Ако некој ти се качи на глава, тоа значи дека твојата глава дозволила некој да и се качи.
Знам, треба трпение, и тука сме најслаби. За ден-два ќе следува цел текст за тоа дали се може да се толерира.
mnogu te poshtuem znaci!!! ova bez i malku ironija, nego najseriozno- i poshto veruvam deka na secija sueta i treba malku voda i sonce s vremena na vreme - eve da znaesh deka smetam deka tvojata ima polno pravo da se hrani od redovnite (pa makar i anonimni:) posetiteli na ovoj blog!
so rizik da navlezam vo meta-eksplikacii, no sepak...
kako ne bi se dozvolilo nekoj da ti se kaci na glava? so uste poveke tolerancija? navistina li smetash deka Drugiot (onoj/onaa/onie so koi si vo interakcija) koga ke uvidi deka ti si super-ultra-toleranten, ke se smiri/pokae/podrazmisli i sledstveno, ke komunicirate vo sloga, sozivot itn? Mene toa mi lici na zacaran krug, za koj nekako ne veruvam deka trpenieto e spasonosnata formula. Namerno vaka poednostavuvam pod limitot na objasnuvanja sto se zasnovaat na citati od avtori i izvadoci od megunarodni akti, zatoa sto pomegju ostanatoto (koga veke ja dopirate i temata aktivnosta na nevladinite na ova pole), mislam deka toa e i eden od nedostatocite na takvite i slicni proekti- premnogu se baziraat na legal explanations- a taka ne se vlijae vrz mentalitetot na krajnite korisnici od istiot,nego samo vrz pravnicite :)
..osven se razbira dokolku mini debatava ne e limitirana samo na pravoto na slobodno izrazuvanje iliti govor vo kontekst na blogosferava- pa duri i vo toj slucaj nekako mi promaknuva linkot megu NE dozvoluvanjeto nekoj da ti se kaci na glava(=da bide samiot netoleranten) i beskrajnata tolerancija.
Kako i da e so netrpenie go cekam sledniot post!
Off-topic prasanje- dali ima sansi vo bliska idnina da se stavat onlajn urnebesnite filmski recenzii od forum- posto nesto na nivniot sajt ne mi gi dava bas site.
steta sto izumre taa rubrika- ma kakov roger ebert covece!!!!shiete!
"Одбивањето да се толерира нетолерантната личност, е токму давање пример за нетолеранција. Толерирањето на нетолерантната личност не промовира нетолеранција, туку дава пример за толеранција!"
Ok...zadrzi se' vo tekstot koj go planirash najvekje na prashanjeto kako so tolerantni sredstva da sprecime nekoj netoleranten da ni se kaci na glava!
"Твојата нетолеранција ја видов кон ставовите кои ја сматаат хомосексуалноста за болест. И таа етикета „хомофоб“ е еден израз на нетолеранција. Нетолеранција кон туѓо мислење, кон туѓо восприемање на нештата."
Мислам дека имаш интересно сфаќање за толеранцијата, Би, како да сакаш да ја редуцираш на несогласување. Поентата на толеранцијата е токму во тоа да не го цензурираш, да не вадиш пиштол, или да го отераш у п.м. она со кое не се согласуваш.
Досега не сум избришал никакви коментари, и секој што мисли дека хомосексуалноста е болест, може слободно да си ги искаже своите ставови на овој блог. Сите хомофобични ставови ќе бидат пресретнати со контрааргументи, па ако треба и со психолошки анализи на нивното „несвесно“ - ете, ќе го следам твојот пример.
Инаку, едно време ич не го сакав зборот „толеранција“, убеден дека зад тој збор се крие само културен снобизам со комплекс на повисока вредност. После некое време го прифатив, со надеж дека може да означува и „почитување на разликите“! Оттаму, го почитувам правото секој да си ги каже своите ставови, задржувајќи го правото жестоко да ги нападнам со сите расположливи аргументи оние ставови за кои сметам дека систематски го повредуваат достоинството на некоја група луѓе само затоа што се поинакви.
Ако моите жестоки напади ги сметаш за нетолеранција, тогаш имаш навистина многу „високо“ мислење за толеранцијата :)
Објави коментар