Еве што потсетува Никола Гелевски во колумната „Олимпијадата и националниот идентитет“, објавена во 2004 год.:
„Да бидам малку посериозен; еве кои се најбитните обележја на националниот идентитет, според експертот за тоа прашање, Ентони Смит:
1. историска територија, односно татковина;
2. заеднички митови и историски сеќавања;
3. заедничка масовна, јавна култура;
4. заеднички законски права и должности на сите припадници на нацијата;
5. заедничка економија, со територијална мобилност на припадниците на нацијата.
Ете работа за ентузијастите кои ќе создаваат македонска нација!“
Надоврзувајќи се на Смит, Гелевски сугерира дека македонска нација треба допрва да се создава! Навистина, имаме ли ние политичка платформа за транзиција од етно-национализам кон граѓански национализам, со кои би ги стекнале сите пет обележја за национален идентитет? Можеме ли да се вклучиме во дебатата за Европскиот идентитет и постоечките национални идентитети доколку „националниот идентитет“ го сфаќаме исклучиво етно-националистички? Можеме ли да изградиме демократска држава и да влеземе во ЕУ ако продолжиме да го интерпретираме „народот“ исклучиво како „етнос“, а не и како „демос“?
Реакцијата на Вуна ме поттикна да извадам од „нафталин“ еден коментар, и со некои измени и дополнувања да го вметнам во овој пост, како прилог кон некоја идна платформа за градење на граѓанско-национален идентитет:
Националното чувство подразбира граѓанска национална свест, која ние ја немаме тука во нашава држава. Еден од нашите проблеми е токму во тоа што имаме само етничка свест, а не и граѓанска национална свест. Кај нас националното се поистоветува со етничкото, наместо со припадноста кон политичката заедница - со државјанството или „граѓанското содружништво“. За жал, кај нас нема услови кога ќе кажам „Македонец“, со тоа да ја изразам припадноста кон политичката, а не кон етничката заедница. Нешто тука не чини, и треба да go промениме.
Треба да создадеме услови за да можеме да си го изразиме и граѓанско-националното чувство, без притоа некој да се чувствува етнички навреден или дискриминиран. Немам ништо против етничкиот идентитет, ама го претпочитам националниот идентитет. Немам ништо против толерантниот етно-национализам, ама го претпочитам инклузивниот граѓански национализам.
Има многу што се удираат во гради како „Македонци“, а размислуваат за „шиткање“ територии заради етничка хомогенизација. Националниот патриотизам подразбира наклонетост кон државата и политичката заедница (емпатија кон со-граѓанинот), а не само наклонетост кон етничката заедница на која можеш но и не мора да припаѓаш (и емпатија само кон сонародникот - во етничка смисла).
Случајно сум етнички Македонец, и имам право да не бидам дискриминиран поради тоа. Исто така сум и национален Македонец (ако не ми пукне филм па да станувам Канаѓанец или Новозеланѓанец) и исто така имам право да не бидам дискриминиран поради тоа.
Дали со тоа што го претпочитам граѓанско-националното во однос на етничкото (како и повеќето други модерни Европејци) ризикувам да бидам прогласен за „национален предавник“?
Со граѓански национализам против етнонационализмот?!
3/24/2006во 04:58
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2006
(466)
-
▼
март
(57)
- Љубов си е Љубов?
- „Ѓаволска“ работа?
- Граѓанска контрола врз полицијата?
- Гласачката (не)одговорност!
- Заборавот на проблемите!
- Блогетер
- Има ли истрага за случајот „Ел-Масри“?
- МВР и човековите права!
- Границите на слободата
- Македонски сексуални поговорки!
- Жените - неспособни за политика?
- Криза на лидерството во Македонија
- Ех, Скопје!
- Bлоговесникот
- Соучесници во злосторот!
- Со граѓански национализам против етнонационализмот?!
- Парадоксот на толеранцијата!
- Филмски цитати (2)
- Фрчкоски и „Квислинзите“
- Како се „калеше“ претседателот!
- Не, Не, Не!!!
- Филмски цитати
- Блог-политичари
- Уште еден бисер на „експертот“!
- Расизмот и блогерајот
- Пак „милијардата“?
- Актуелни филмски автори!
- Цитат на неделата!
- Законот на Хамураби
- Слободата на печатот!
- Паника во МПЦ!
- Харизматично лидерство
- Прво магазин па геј-парада?
- ЛУЗЕР vs. КОДОШ!
- Овци и луѓе
- Хуморот е веќе забранет!
- Призракот на хомосексуалноста
- Филмофили, чујте и почујте!
- Ел Масри нè срами!
- „Државнику“, кај си, ш'о се стори?
- Враќање на смртната казна?
- Крик против непристапноста!
- „Секси“ авто-гол
- Окупација на разумот
- Уредувачка политика или цензура?
- Прашања кои заслужуваат одговор
- Мало појаснување
- Уште еден „Автогол“
- Нетолеранција и игноранција
- 8-ми март
- А слободата на изразување?
- Зошто сум ЗА политичка коректност!
- Автогол
- „Емоционални филмови“
- Зависници или корисници?
- Приоритетите на Македонија
- Како се разгорува омраза?
-
▼
март
(57)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Прочитајте што вели Милчо Манчевски: „Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската ака...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

13 коментари:
Мал извадок и од мојата колумна „Соочи се со националноста!“, за конфликтот помеѓу меѓународното право на националност и уставното право на изразување на националната припадност (објавена во Дневник, 14 јануари 2006):
"Конфликтот за кој зборуваме се состои токму во тоа што секој граѓанин (државјанин) на Република Македонија има право на македонска националност, независно од неговото етничко потекло! Секој граѓанин на Република Македонија има право да се нарекува Македонец, а притоа да не ја означува својата етничка припадност. Тоа право е гарантирано со Европската конвенција за националност - државјанство, што влезе во сила на 1.10.2003 год. Како земја што сме ја ратификувале оваа конвенција, практично сме се обврзале да го употребуваме терминот "државјанство" како синоним за "националност"! Од друга страна, меѓународно признаеното право на националност не може да оствари соживот со уставното право на слободно изразување на националната припадност интерпретирано исклучиво во етничка смисла."
Ми се допаѓа ова што го велиш Жаре, и потополно се сложувам.
Мене додека го читав ова низ глава ми шеташе идеата кој досега (глумел) работел на оваа трансформација кај нас??
И ми истекна дека тоа го прават само (квази) НВО преку проекти на на ЕАР и на нив слични.
А тие проекти и порано а и сега толку многу ме нервираат тоа едно чудо.
Се ми се чини дека тие уште повеќе го поттикнуваат етносот меѓу нас а не демосот, бидејќи во основа на проектот ја имаат поделеноста на етнички групи.
Не знам, можеби грешам, ама мене http://www.togetherforyouth.com.mk/ и на него сличните проекти кои во минатото ги имаше повеќе ич не ми се допаѓаат
Да беше само ЕАР. Да не зборувам за Сорос, УСАИД и слично ...
Ќе испечатиме летки, ќе смислиме маички, некој ПР и повторно, демек, градиме „братство-единство“, а всушност проблемите си се тука и чекаме на времето да ги реши.
Погледни ја само флоскулата „полицијата го тепа својот народ“. Тоа веројатно значи полицијата ги тепа Македонците, а треба да ги тепа другите ...
И ред други примери
А кога ваква иницијатива ќе потекне од некој етнички албанец??? Или тие, за разлика од вас, не планираат да исчезнат како етнос?
Жаре, по уставните измени од 2001 год. тоа ќе оди уште потешко. Со тие измени е укинат либерално-демократскиот карактер на нашата република (којшто барем постоеше де јуре). Со воведувањето на терминот заедница како посредник помеѓу поединецот и општеството нашиот Устав доби комунитаристички елементи. Тоа што во западните земји во последните 30 години се пласира во теорија кај нас стана дел од правниот поредок.Ние сме експеримент.Исто така концептот на либерална-демократија е заменет со некоја чудна консоцијална(консензуална)демократија за која не ги исполнуваме ни основните услови.
Дур вие „го дрвите“, градоначалникот на Чаир Изет Меџити вели: „Општина Чаир е чисто етничка средина и моја заложба е улиците да добијат имиња на личности од албанската историја“
така пишува во денешен Вест: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=114299&idg=6&idb=1725&rubrika=Skopje
Промашувањето кај нас е во основните поими: народ, нација, националност, заедница...
Се е тоа етнички-монополизирано и редуцирано. Постои имплицитен консензус кај етничките Македонци и етничките Албанци дека нема не-етнички Македонец! Тоа го нарекувам „тиранија на етничкиот идентитет“.
Толку сме етнички утепани што немаме ни државен/национален ТВ-дневник. Зошто да нема државен дневник во кој ќе има прилози на различни мајчини јазици (со превод на македонски јазик) Зошто децата да немаат можност да учат други јазици преку дневникот?
Значи, станува збор за системски промашувања кои поттикнуваат етнонационализми и етноцентризми.
Можеш ли да бидеш граѓанин а да не бидеш припадник на етничка заедница? Има многу случаи каде што воопшто не можеш, а онаму каде што можеш веднаш стануваш маргинализиран/а „друг/а“.
Ете, тоа ти е системска дискриминација кон граѓаните и сите оние кои не сакаат да бидат редуцирани и злоупотребени како етнички идентитети.
Што да се прави? Па, прво да го разбиеме табуто и искрено да си признаеме дека имаме сериозни проблеми со националниот идентитет, и дека тоа е поврзано и со спорот со името, и со недостатокот од национални симболи. Има, многу, многу, работа. Ако не почне да се работи на тоа, за некое време ќе има нови експерименти - дал кантонизација, дал федерализација, дал отцепување.
ја сем јованчо донев немам слушнато некој од играчиве да спомне ваков муабет.. дур не почнат они малце поагресивно околу тие идеи, маф ни е све..
инаку да, катаљон посто се слагам, и тоа шо се радувам, колку толку у омладинава (врснициве мои) се начекува некаква поддршка..
Стварно сме у чудна ситуација, нема што. Као експеримент, лабораториски пејзаж на една можна иднина во која би биле имплементирани консоцијалните модуси, Хабермасовските перспективи на граѓанскиот национализам и т.н.
Изгледа како една ваква Македонија да е своевиден флајт-симулатор за новата Европа (можеби токму Заливска - во Деридаовска смисла).
Во контекст на ова, она е што збунувачко во целава работа не е недостатокот на концепција или пак на симболи на граѓанскиот национализам кои би ја трансцендирале етноцентричноста, туку токму тоа чувство на пораз кое редефинирањето на националноста го носи со себе, чувството на заморче во лавиринтите на една експериментална политика.
Европа, сеуште доминантно етноцентрична, со парадигмата на 18-тиот век на чело, продава "муда за бубрези" со ортопедските теории низ кои го моделира третиот, четвртиот, петтиот свет.... не по свој изглед, туку како лунапарковски фантазам во кој ја инвестира целата своја психичка енергија "цензорирана" од Капиталот на старите дами....
Ех, Шизо, чувството на пораз произлегува токму од немоќта било што сами да (ре)дефинираме, па и националноста и идентитетот.
И понатаму ќе бидеме „заморче во лавиринтите на една експериментална политика“ се додека некои wanna be „Ману-јаци“ и партиски идеолози се занесуваат дека можеме „катахрестички“ да манипулираме со концептите на либералната демократија!
Пред да лелекаме, да си се запрашаме: Имаме ли државна платформа и стратегија за развој за која е постигнат мулти-партиски консензус? Работи ли некој на тоа? Креира ли некој некакви политики?
На моменти се прашувам, не ќе ли беше поарно да станевме протекторат ко Косово. Со вакви лидери, идеолози и креатори на политики ни претстои ептен светла иднина. Има да гинеме ко ноќни пеперуги на запалена улична сијалица!
Грчкиот збор етнос на старославјански е јазици или јазичници,што значи непросветлен,непросветен,несоборен,варварски и тн.,а грчкиот збор лаос на старославјански е људи што значи народ Божји кој во римската империја, вклучително и Византија, имаше статус римски граѓанин.
Ова е кажано како подршка на тезата која прилично оригинално ја пласира Жарко,иако има доза на наивност.
Сепак, сосема е јасно дека македончето во денешно време нема ниту етнос и затоа копнее по било каков идентитет. А тезата на Жарко прави огромен скок во свеста кон универзална категорија која пак нема ништо заедничко со свеста на македончето.
Best regards from NY! » » »
Објави коментар