Bi прашува во еден коментар: „За тоа со хомосексуалците, мислев на она хомофоб кој е многу модерен израз, зар не е тоа израз кој означува дијагноза, зар со тоа не се покажува дека тој всушност е болен?“
„Зборот „хомофобија“ значи „страв од хомосексуалност и хомосексуалци“ или страв да не се стане хомосексуалец. (...) Во пошироката употреба, изразот е проширен да ги опфаќа и другите чувства како презир, аверзија, несогласување, неодобрување, омаловажување, или дискриминација против хомосексуалците, нивниот животен стил, нивното сексуално поведение, или култура...“ (повеќе во Википедија)
Значи, хомофоб(ија) не означува дијагноза, зборот го употребувам во смисла на „културно обезвреднување на хомосексуалноста“ (Ненси Фрејзер).
Владиката Методиј шири хомофобија затоа што не ги признава хомосексуалците за личности, и затоа што културно ја обезвреднува хомосексуалноста. Но, тоа не значи дека тој е „болен“. Хомофобијата е форма на културно обезвреднување на поинаквата, нехетеросексуална љубов. Но, зарем хомосексуалците, како и христијаните, не се залагаат исто така за ЉУБОВ?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
33 коментари:
:)
:)))))
сеа кај мене се јави страв дал да коментирам со ник или со алтер ник.. нели, оној страв од општествена екскомуникација па натака :)
но, што е тук е.
прав си бе.
ех, краток коментар, а толку образложување за истиот :)
Фала, го поправив линкот.
Попофил не сум сигурно, ама не сум ни попофоб, во потесната смисла - ниту имам страв од попови, ниту пак се плашам дека ќе станам поп.
(У МКЦ нема да има „по-пување“ и попови, евентуално ќе има пропа-ганди и понти-фарси :)
Го почитувам изборот на монасите и свештениците, дури и се обидов да им помогнам на некои кои беа дискриминирани и малтретирани поради нивниот избор.
Кога не се согласувам со нив, не се жестам и пенам, туку давам аргументи и против-примери...
Ги гледавте случајно поповите на „Сузе“ на А1?
Ги фатив само на крај, кога католикот викаше „Сето тоа е деформација... Се работи за злочин... Секоја држава што донесува такви закони е злочиначка држава...“ (за законот за регистрирани партнерства)
Е, со вакви попови на ТВ, не одиме накај ЕУ, туку накај среден век, накај инквизиција...
А уредувачката политика на А1?
„Постои ли алтернација за Адам и Ева?“ - дебатна емисија во која се промовира критичко мислење со попови кои цитираат библија и шират омраза кон луѓе?
„Љубов си е љубов“ вика тој од МПЦ, ама не било баш така... не важело за сите луѓе тоа, а БИ?
Или и овие, како и претходните, ќе ги прогласиш за не-христијани?
Јас само едно прашање имам, колку од луѓето во саканата ни, кои имаат цврсто изградени ставови по прашањето, воопшто познаваат луѓе со таква сексуалност? Но не, не Кочо и другите малку храбри од ТВ, да ги познаваат, туку да пиеле кафе со нив, да јаделе ручеци, да дискутирале на теми, еве ко ние овде, да биле другари и блиски со нив, да делеле човечки проблеми, мака и радости заедно, да работеле заедно, да мењале чорапи, седеле поред камин со чаша вино заедно?! Мојата претпоставка е скоро никој, - а сите од прв до последен се убедени дека тоа е болест и дека тие луѓе се болни! Од книги! Страшно.
Не од книги - од Попове било! Ајде бе, уште ко ќе ми текне на тој поглаварот на СПЦ на времето, на Косово ко повикуваше народ у рат во име на Православната црква - за хомосексуалците што викале. И секогаш на таа финта ќе се вадиме, не се они христијани, е добро бе кој е христијанин? Тие што живеат ко христијани? Епа грото од тие (бар јас што ги знам) што се водат по тие принципи ко не мрази, не суди, не коли, не тепај, не лажи не кради, не мрази луѓе по ниедна основа..бла бла бла, шири љубов и воли бљижњега -- не се сметаат себе си за христијани. А и еден куп такви луѓе се и педери (јадам со нив, уз камин седам, шетам, рикам ко ми се рика пред нив, ме тешат, ме гушкаат, ме советуваат и обратно - а вијш по библијата они не се прифатени, чак што више бољжљикави то децата (ам и ја да не сум пошто си играм со нив, а не ми личат на болнички). нејсе, ако поповето не се христијани, ако јанко не е, ако овие моралните јас што ги знам не се, тогаш кој е бе Христијанин?
Калина, да беше од книги, кај ќе ни беше крајот. Пред сè е од усни преданија...
„Д-р Лора Шлесингер е водителка на радио која им дава совети на слушателите. Неодамна, таа рече дека за неа, како ортодоксна еврејка којашто се придржува за Библијата, хомосексуалноста е одвратна, според Левит 18:22, и не може да биде прифатена во ниту една околност. Следува отворено писмо до д-р Лора...“
Развигор, знаеш шшто е проблемот - е овакви ко г-гица Лора, кои од кога знам за интернет ги повтарате ко навиени. Секаде каде што ќе се отвори темата тоа па тоа. И од спротивната страна, да ми простиш едни те исти аргументи, да им скисне на христијаните од нив. Некако не се доволно убедливи изгледа.
Еве Жарко Салив(А)н го споменува погоре, хомосексуалец, ем ХИВ позитивен - болничок? Еве му се гледа по блогот, не ќе да му е арно. Сега ко ке се симнам подолу накај аутобуска да фаќам рејз, ќе поминам низ еден парк, каде што вака саботно гарант е опрчен на сред трева со лап-топ у рака, (краде вајерлес) седи и блогира тој моронот од Харвард, Оксфорд и Нешнл Ривју. МОжда се во право бе, нешто болничко е таму со сите брилијатни идеи кои го направија една од најугледните новинарски фигури овде и во светот. Сите тие негови кампањи во допринос на деца без родители, одбрана на гладните и босите во африка, правата на жените, угледноста на медиумите, излив персонален против срањата во Ирак, и целото негова активистичка потреба во името на другите (преку еден блог) гарант е од тоа - болничката му хомосексуалната глава. Башка секој месец крв да ти мењаат, можеш да замислиш кое оболување е. Да се преиспитаме ние и на некое друго ниво - он ем болен ем блогетер, ем активист? шо знаеш, да не сме клозетет сите ние без да сме обавестени?
За оние кои се заинтересирани за дебата по проблемот, а не рекла казала, еве еден вин нов репорт од истражување: http://adoptioninstitute.org/policy/2006_Expanding_Resources_for_Children.php
Заклучоците ин бриф:
A report just released by the Evan B. Donaldson Adoption Institute, a prominent adoption policy group, makes the following findings:
**Against a backdrop of increasing public acceptance, social science research concludes that children reared by gay and lesbian parents fare comparably to those of children raised by heterosexuals on a range of measures of social and psychological adjustment.
** The children of gays and lesbians adjust positively and their families function well. The limited research on gay/lesbian adoption points in the same direction.
**Though few states have laws or policies explicitly barring homosexuals from adopting, some individual agencies and workers outside those states discriminate against gay and lesbian applicants based on their own biases or on mistaken beliefs that such prohibitions exist.
**Laws and policies that preclude adoption by gay or lesbian parents disadvantage the tens of thousands of children mired in the foster care system who need permanent, loving homes.
Ајде среќна, полна љубов сабота.
http://www.volokh.com/
archives/archive_2006_03_26-2006_04_01.
shtml#1143650176
А бе некоја друга слика да ставевте ебаго, не се овие на мода. Од кога интернетот излезе се истата ја лепите насекаде!!!
Ke mu objasnis na zarko so razbral gresno ili ke go ostavish vo nebulozi? a i site nas?
Навистина Bi, не се ли хомофобични „аргументите“ кои се обидуваат културно да ја обезвреднат хомосексуалноста асоцирајќи ја со педофилија, инцест, зоофилија, фашизам, расизам, дефетизам, нихилизам, макијавелизам, канибализам, фетишизам, садизам... - како што тоа суптилно го прави почитуваниот Владика Методиј?
Културно обезвредување? Е од кога хомосексуалноста е култура?
Да си кажам јас, како што е редот. Ме нервираат луѓе коишто се дефетисти и неконструктивни. Затоа и така реагирав на некој друг пост од овој блог. Пцовките се, исто така, предмет на јазична манипулација т.е. говорен акт којшто мора да има некаков финалитет. Мило ми е што имаше.
Поздрав до Bi до којашто сакам да упатам еден дел од моево размислување : не “попувај“!!! Лошо е да си играш на поп.
И провери ги ресурсите, како што ти кажа Калина. Користење на терминот “хомофобија“ во контекст на хомосексуалност е повеќе од невалидно, во контекстот, бидејќи како термин, истиот е извлечен од вреќата на движењето на ксенофобите при крајот на 80тите години. Научи латински и после оди види кој е радикалот а која е наставката за да ја сфатиш “клепеницата“ на овој збор. Ηomo hominum lupus est. => ти збори фразава?
Хомосексуалците, во коишто се вбројувам и јас, се категорија луѓе коишто се спремни да ја свртат секоја река во нивната нива. Секој термин, во нивните проблеми, си наоѓа свое место па колку и да е тоа извитоперено. Во твојов случај, опасно е да се користат ним полезни аргументи за да тебе ти помогнат во размислувањето и во експлицитноста на твојата аргументација. Ќе се удавиш во чаша вода!
Од друга страна, драга Bi, прочитај ги ти твоите факти, твоите теории и најди соодветно објаснување за да ми кажеш зошто јас, пичлеме од 23 години, живеам со машко додека моите предци се сите свештеници (дедо, татко и брат). По некоја логика на нештата, би требало семката на крушата да даде некоја друга круша. Кај мене дала бабура!
Мутација на свест душо - тоа ти треба. И еден добар лозов стап да ни го прошара газот за да почнеме да истражуваме : рецитиравме додека Тито беше жив ама ми се чини дека е доста!!!
хомосексуалната „љубов“ и христијанската љубов немаат никаква допирна точка и тоа го знае секој кој има елементарно познавање на христијанството.
бидејќи неможе во коментари да се развие дискусија ќе бидам минималист: неможе човек да биде хомосексуалец и христијанин во исто време. неможе да биде дури ни евреин (верник) и хомосексуалец во исто време*. за муслиманите мислам дека важи истото.
треба да се тргне од фактот дека хомосексуализмот е противприродна појава - самото устројство на органите на човекот не е „компатибилно“ со хомосексуализмот. за да биде природно треба да имаме некакви хермафродитски органи, а очигледно е дека немаме.
* точно е дека постојат движења коишто тврдат поинаку, а се нарекуваат христијански (или еврејски) движења, но тука се работи само за номенклатура, „маркетингшки трик“.
и воопшто не е точно дека хомосексуалците исто како и христијаните се залагаат за љубов.
хомосексуалците се залагаат само за тоа своите противприродни нагони да ги промовираат како нешто нормално.
како доказ за ова што го зборувам - еве се појави хомосексуалец и остави линк кон себе си - Жарко, отвори го и види: каде ти гледаш љубов?
Koj toa ostavil link?
Koj toa ti promovira tebe nesto drag Nikola? Ti koga se e**es so zena ti, na sred plostad go prajs toa? ;)
Кој има моќ да определува што е природно, а што противприродно? Ако добро паметам, „христијаните“ егзекутираа и за мастурбација до пред неколку века, оти и тоа беше противприродно, исто како и прељубата и „грешните мисли“ (сексуалните фантазии. Дај, прочитајте тоа книгите, видете колку вештерки сте спалиле, колку „дркаџии“ сте погубиле како содомити, колку „неверници“ сте анихилирале „во името божје“, па после ќе правиме муабет за љубов.
анонимус, првпат слушам дека православната црква некого спалувала. баш ме интересира кога, кого и колкумина има спалено. каде можам да прочитам?
моќ да одредува што е природно, а што не е има самата природа, прочитај го коментарот повнимателно.
a промоторите за коишто прашуваш се тие коишто се залагаат за геј паради.
btw, хомосексуалецов што коментира изгледа не го краси некаква интелигенција.
Bi, abe kalina ko nekoj manijak na Zarko proba tri temi u edna da mu stai - na sto ti odgovarase jebote?!?! - aj da probame toa dijapazonot na razmisli da go prosirime za nijansa nadvor od ova grdata mu crna pozadina i beli bukvi. Ama ne ide, evo i nikolce se pojavi - Inkvizicija!!! dabome! neam nishto protiv lugjeto vo kolicka i jas, ama na sekoe kose im velat deka se bolni i ne gi sibat dva posto. ZImi logikata bre.
Budala, Kant ke go citira - Nikakvecu! da draga Etna.
Ajde pozdrav, se citame za nekoj den
Ako prirodata ima mok da odreduva sto e prirodno, togas prirodno e da ima homoseksualci, oti prirodata taka odredila.
Ama ima nekoi drugi sto ja negiraat prirodata, i sto propisuvaat sto e prirodno sto ne. Mnogu pati toa bile hristijanite, i pravoslavnite i drugite. Bog sakal da ima homoseksualci, sto mu mozete?
Ne mor BI-bi-bi-ri-ri! Ne se drkaj - jas sporedba napraiv cisto da gi dolovam vasite klizaci - od psihologii kako argument, na hristijanstvo, od izbor do bolest, od bolest do paternalizam, od jas mislam a imam pravo da mislam, do ama vie ne! ostajte me da disam - paternalizam do faking inkvizicija - neam jas problem so razlicni mislenja i veruvanja, imam samo problem koga istite se menuvaat zavisno od promenlivite "nebulozi" na kalina i teatarskite sceni - nekoj zborese za performans jebote - ultimaten vrv se dozivuva. Kant go citiram ko nekoj nedouskan moron, koj zaboravil deka razvojot nemoze da se nametne, a posle nekoj ne veruva u evolucija - abe aj! Daj be resete se, fatete se za eden stav i drzete se do nego bre, moze za promena? Moze stap moj koj go nemam. Kontekst, koj crn kontekst bre, ovde nema kont ne kontekst.
Ja li ma BI da te ucam - edna od osnovite na Hristijanstvoto koja bese ma, uci go slepiot, otvori mu gi ocite na onoj shto ne gleda? Ili ne?! Koj crn paternalizam bre! Ajde togash za nishto da ne diskutirame, zatoa shto nekoj moze da se navredi, povredi , otrue ebate, da mu se zeme pravoto da misli onaka kako sto saka. Da mu se zeme pravoto bre, CU ko shto velese drugar mi od crna gora! E ne ide bre taka. Napad vrz tebe? Ubavo si znaes, nikako! neli?! Zimi mentalitetot, od start na izvor se kliza u diskusija bre lugje.
Ali aj...
Koj onakvo jas znam, sedam na aerodrom, fakjam vajerles na 10 km i bladam za raboti koi ne gi razbiram umesto da disam! Epa odam da disam, redno vreme e!
"Не мислам дека дискриминација е кога некој за некој друг мисли дека е болен..."
Искрено, Bi, дали би се почувствувала дискриминирана ако некој ти тврди (повикувајќи се на некоја света книга или традиционални вредности) дека си болна, ненормална, извитоперена, перверзна, психички пореметена, дека не си личност, дека не си човек (како што прави Кант) итн. -само затоа што љубиш некого од сопствениот пол?
Bi, како да губиш „чувство за осеќај“, а не само чувство за логика, кога велиш:
„Како што некој смета дека хомосексуалноста е неправилна, не би требало ли и хомосексуалците да сметаат дека хетеросексуалноста е неправилна. И што тогаш? Тие ќе дискриминираат.“
Многу е симптоматично - по секоја цена сакаш да ги оправдаш оние што сметаат дека „хомосексуалноста е неправилна“, припишувајќи им на сите хомосексуалци нешто што мнозинството од нив не го тврдат.
Дај цитирај некој хомосексуалец што тврди такво нешто, ти се молам (освен луцидните инверзии на Џон Вотерс во Female Trouble, такво нешто не сум сретнал). Секако, и оние што ќе тврдат такво нешто можат да се обвинат за дискриминација, затоа што би го повредиле правото на достоинство на хетеросексуалците, со тврдењето дека се болни, ненормални и сл.
Ме импресионираат значи луѓе како николче нап коишто си дозволуваат психопрофил од пет напишани фрази да ти склепат. То му доџе као “Блогот на Жарко е аутоматски IQ симулатор“. А бе никола, кој интелигентен човек го употребува зборот интелигенција ебате? Или од друже Тито ти е останато?
Нејсе, што знаеш што е бе ти љубов? Водиш ти некогаш љубов? Мислам, ти останува време да водиш љубов или го мааш онака кликајќи линкови оставени од хомосексуалци?
И уште нешто, БИ!!! Ме разочара сеа... Оти ма Би така ме разочаруеш ти? Кај тргна мори у четврта брзина да кажеш дека ти се бориш за правата на дискриминираните “ПА ДУРИ И ЗА ПРАВАТА НА ЖИВОТНИТЕ“. Лелеееееееее, урда матеница го сторивте бре ова вие ало! Ојте вратите се на Барката на Ное и прочитајте тоа Библијата саглам со толковна New King James concordance, по могучност на енглески (оти немаме ние акредитиран преведувач од еврејски и од арамејски) па после тумачете си ја - покредибилни нема да бидете.
И уште непто за Николче. Знаеш бе ти што е промоција? Промоција е кога мајка ти си ги спростира гаќите на жица за да и ги гледаат комшиите. Ебате промоцијата бре. Каде скуден јазик имаме, луѓево се уште поскудни и се поскудни и поскудни во вокабуларот. Вујаклија у гроб се превртуе од такви како вас бре!!!
Ух!
пред некој ден му тврдев на Жарко дека е доста зобификаторски да се одржи геј парада во Скопје, ама го сменив мислењето. Едвај чекам да излезат педерите на улица.
Е па драг никола, педерите нема да си ги рекламираат гаќите според примерот на оние коишто ја сушат тангата на жица.
Excellent, love it! » » »
Што се однесува до инцестот, неодамна гледав многу добар документарец на Дискавери во кој беа опфатени повеќе аспекти на овој вид љубов. Како што не може да се стрпа хомосексуалноста во ист кош со наркоманија, педофилија, расизам итн... така не може да се зборува и за сите видови инцести подеднакво. Имаше пример во кој поради болната љубов на таткото кон ќерката истиот беше принуден да се отсели во друг град (се разбира дека претходно си добил заслужена правна казна), но и пример во кој братот и сестрата, веќе возрасни, живееја заедно и имаа три сосем нормални деца. Значи и таму не е црно-бело и покрај тоа што медицината вели дека постои голем ризик децата да се родат со проблеми. Ама во што не постои ризик?
Нихилизмот не мора секогаш да се набљудува како нешто негативно. На моменти може да биде и добро човек да биде нихилист, ако сака да ги релативизира работите и да не се нервира премногу. Т.е. да не сфаќа ништо здраво за готово. А за фетишизмот и садизмот - ако не се претерани и тие можат да бидат интересни. Мене на пример ми е пријатно додека водам љубов партнерот да ме грепка по грбот. Но таа болка да биде разумна, нели :)
До Пичкин Дим - под култура може да се подразбере и фекалија. Тоа е општ збор. Се зависи ти што подразбираш под него. Начинот на кој некои ЛГБТ луѓе се облекуваат исто може да се смета за култура.
- Но, често се случува, човек да постане хомосексуалец (на руски мажеложник), зашто во текот на целото негово детство бил подложен на злоставување, на “љубовната “ грижа на мајката или на некоја друга жена, која ја заменувала мајка му и како резултат, во тој човек се појавува страв, одвратност и ужас кон се што е женско. Ниту некој ме подложил на злоставување, на “љубовната“ грижа на мајка ми или на некоја друга жена, ниту имам одвратност и ужас кон се што е женско. Која смејурија. Па јас ги обожавам девојките. Толку се убави и прекрасни суштества. Јас дури и водам љубов со нив. Да, не напоменав дека јас сум бисексуалец, само целта ми беше овде да зборувам за хомосексуалниот дел во мене, бидејќи тој беше засегнат. Никој не ме нападна за хетеросексуалниот.
- Во сите текстови на Премин за хомосексуалноста, оваа појава се споредува со педофилија, зоофилија, наркоманија, убијци... Едно нешто само. Нереализираните луѓе (вклучително и нереализираните хомосексуалци) паѓаат во депресија, па стануваат зависници од апчиња и/или дроги. Кога немаат финансии почнуваат да крадат, а кога ќе загубат чувство за реалноста некои од нив се способни и да убијат за пари.
- Не можев да најдам еден текст во кој свештеникот ги повикува хомосексуалците дека се повикани од Господ да носат еден „крст“, еден тежок товар, и тоа до крајот на животот, па за да бидат „чисти“ кога ќе умрат им пропагира да се воздржат од какви било хомосексуални односи. Ако он како монах решил да пати до крајот на својот живот, нека не им наметнува ставови на другите колкави маки да преживуваат. Се запрашал ли некогаш што ако нема задгробен живот? Или се ќе се сведе на тоа дека на ниту еден умрен воопшто му е гајле за тоа што си го промашил животот, затоа што и онака е мртов. Нема свест. А мене свесноста, па и интуицијата (која веројатно потекнува од несвесноста), ми говорат оти го имам само овој живот. И не сакам на стари години да се чувствувам ужасно промашено.
- Конечно, Бог може да биде тотално различен од она што го пропагира Библијата.
Инаку, луѓето во количка се болни, ама не умоболни.
До Никола - хомосексуалноста е отстапка на природата, со самото тоа и природна. Го знаеш она „Исклучокот го потврдува правилото“? Инаку има и хетеросексуалци што своите жени ги фукаат во гз, па никој не вика дека тоа е нешто противприродно, односно дека органите не им се устроени. А што е со оралниот секс? И устата е сексуален орган? И не се повикувај на репродуктивноста (ова веќе по стопати е кажано, дај да не го повторуваме), затоа што така оние хетеро парови што немаат деца би биле исто ненормални. А како што тврдиш дека моќ да одредува што е природно, а што не е има самата природа, тогаш сите хомосексуалци до сега би изумреле. А тие постојат откако постои и човекот. И тебе не те краси некаква интелигенција, очигледно. Тоа што велиш „пред некој ден му тврдев на Жарко дека е доста зомбификаторски да се одржи геј парада во Скопје, ама го сменив мислењето. Едвај чекам да излезат педерите на улица.“ се надевам не значи оти ќе ги убиваш кога ќе го сторат тоа, со намера да ги претвориш во зомбија.
ПС: Се е дискриминација кога ќе се почне тема за љубов, а ќе се претвори во омраза.
Објави коментар