Мал извадок од текстот во „Неделно Време“, Смртна казна пак? Не, благодарам!:
„Древниот законодавец ја пропишал следнава казна: Ако градителот на некоја куќа не ја изгради како што треба и куќата се сруши, тогаш градителот треба да биде усмртен. Ако пак куќата го убие синот на сопственикот, тогаш синот на сопственикот градителот треба да биде усмртен!
Не е ли правото на пропорционално возвраќање (jus talionis), всушност, политички коректен израз за правото на одмазда: „враќање мило за драго“, „око за око, заб за заб“, или „крв за крв“ (вендета)?“
Ќе дознаеме ли најпосле колку смртни казни се изречени и извршени во Македонија, врз кого и за кои дела?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
Веројатно втората реченица од цитатот треба да биде „Ако пак куќата го убие синот на сопственикот, тогаш синот на градителот треба да биде усмртен!“
(малку повеќе за Законикот на Хамураби)
Ти благодарам Развигор, станува збор за лапсус! Ќе си дозволам да го поравам, барем во блоговското издание!
Техничка дигресија - Не знам зошто не сакаше да ми пејстира пречкртан збор од Word? Знае да ми објасни некој?
Не постои ли некој централен архив во СФРЈ каде што се нотирале извршените смртни казни?
Spored razlicni izvori, (za ova imase i tekst, mislam, vo Dnevnik) vo godinite megju 1950 i 1990 vo Makedonija od okolu 1000 lugje sto bile osudeni vo ime na samostojna Makedonija, 200 bile osudeni na smrt ili na 15 godisna robija.
Ако сакаш некој збор да го прецрташ, стави го помеѓу вакви тагови во ХТМЛ-кодот. Вака: <s>ова е прецртано</s>.
Инаку, да не оди оф топик постов... со оглед на тоа што Законикот на Хамураби е од 18 век п.н.е., веројатно претходел на кодификацијата на библиските (еврејски, старозаветни) закони или правила на однесување... меѓу кои и „око за око“?
Фала Развигор.
Јасна, јас пробував да најдам некаква статистика за смртна казна, колку казни се изречени, а колку се извршени, на кого, и кога, ама безуспешно.
Објави коментар