Не, Не, Не!!!

3/22/2006

Што објавува денешен „Утрински“:
„ВМРО-ДПМНЕ нема да ја признае црквата на Вранишковски, а Груевски вели "не" за легализација на проституцијата, "не" за легализација на хомосексуалните бракови, и "не" за лесните дроги и за враќање на смртната казна.“
Тоа ли се трите НЕ на ВМРО-ДПМНЕ?
У која Европа сака да не води Груевски? Во кој век живее човекот?

Со ваква НЕгативна кампања, СДСМ не треба да се плаши за својата иднина, а Македонецот за својата небиднина.

27 коментари:

Shepard рече...

истото го рече груевски кај геро у шпиц, и то ко од пушка..

нели, они се демохристијани, конзервативци..

после употреби у некоја реченица „христијански е да се..“..

Анонимен рече...

Cek da klarifikuvam prvo, NE ili ZA za smrtnata kazna?

Bash vaka so DA - NE odgovori?
Ebate politicarot. Go stavam u grupata na fizicari od denes, ne e on klesan za toa, ako odgovoril so DA ili NE.

Анонимен рече...

Така беше барано од водителот (т.е. Геро) да се одговара - сосем кратко со ДА или НЕ.
Инаку, Калина, нас одамна политиката ни е чиста физика.
Еве, денес претседателот на парламентот, кој инаку ни е сеизмолог (професија многу поблиска со физиката отколку со политиката,ама ај...по толку политички земјотреси....) даде изјава дека проблемот во нашата држава е во тоа што се поистоветуваат дипломата и знаењето т.е. се ставаат во меѓусебна зависност, а во суштина воопшто не се!! Ми стана многу симпатичен дур го слушав, штета што ќе ни бега у Америка.

Анонимен рече...

Politikata kako oro za koe ke se fati covek pretpolaga BORBA za ostanuvanje vo nejzinite krugovi - kako osnova da se ostvarat nekoi zamisli neli. Zahtevot da se otgovara so DA ili NE postoi sekade - neumeenjeto da se zaobikoli e krah vo politikata. Bez razlika koj e stavot, sekogash ke postoi onaa "drugata strana" cija podrska ke se izgubi pod odgovorot DA ili NE. Politicar koj ne go naucil toa, treba smesta da si gi sobere sam partalite. Majnd ju, za narodot toa ne cini, site sakame decidni odgovori neli, no nemanjeto zelba da se igra diplomatski e pokazatel na nemanjeto zelba da se "vodi" a vodenjeto sekogash zahteva kompromisi vo stavovi. Diplomatskiot odnos kolku i da e surov, pretpolaga pocit kon mislenjeto i stavovite na SITE. Pleskanje so DA ili NE e ignoriranje na site onie koi ne go drzat tvojot stav, sledstveno stanuvaat nekoi za cie mislenje ama bash ne TE BOLI. Jas velam DA/NE a vie ebete si majkata dur sum na vlast, nema mesto za debati i dilemi.
E pile moe (Nikolce mislam), taka politika ne se vodi, a stolce moze taka da se odrzi samo vo zemja ko nasava, kade site se politicari, koj od kogo po gol. Nego batali, ova moevo eptem pa jebena politika na visoka noga.
A za Jordance ic da ne se sekiras i da ti e zal. POcnaa trevava da mu ja sreduvaat, ko ke dojde u sred Kalorama, sade rosa sveza ke gazi, i za nishto nema da mu cue, posto ovde tesko da dozivee nekoi seizmoloski poremetuvanja.

Unknown рече...

Трите НЕ на Груевски испраќаат порака дека Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт нема да води политика на почитување и заштита на човековите права и слободи.
Тоа не е во корист на интересите на една партија која се декларира како про-европска, туку „во корист на сопствената штета“!
Не би ме зачудило ако Груевски биде сосем изолиран од ЕУ-дипломатите (како што беше изолиран Љубчо), а потпирањето само на поддршката на конзервативците од САД (кои губат на големо) е политичка кусогледост и дипломатска незрелост (како што проникливо забележува Калина).
Партиската политика на мобилизирање на негативните стереотипи за да се украде некој глас од конкурентите е катастрофална за имиџот на Македонија која е на поправен испит на наредниве избори.
Повторно се создава предизборна атмосфера - „Кој и да победи - сите ние губиме!“

Анонимен рече...

Nikako da zamirisa na demokratski vozduh,nikako da prestane da bide ovaa zemja nechija privatna sopstvenost...Koja Evropa?Pa od avion se gleda deka koj privaten sopstvenik i da ja nasledi nema da saka da ja vnese vo Evropa.

Razocharuvachki,gospodine Grujovski,nevizionerski...nedomajkinski...

Анонимен рече...

„...Трите НЕ на Груевски испраќаат порака дека Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт нема да води политика на почитување и заштита на човековите права и слободи.....“
Сета ни е наредена, уште до овие три права и слободи на македонскиот народ дојдовме!!!ЕЈ!!!!!
Македонија има многу поприоритетни прашања за решавање - невработеноста, економската стабилност, сигурноста на граѓаните, нивниот стандард, услови за подобро образование, технолошки напредок, добри меѓусоседски односи......
Со прашања за легализација на проституцијата, дрогата и хомосексуалните бракови се занимаваат државите на кои погоре наведените прашања им се веќе решени и немаат ама баш никакви проблеми, задоволени се во секој поглед па си измислуваат дополнителни задачки. Колку што знам дрогата е легализирана единствено во Холандија, во многу мал број на држави е легализирана проституцијата (и со тоа сепак не се искоренети проблемите кои оваа дејност ги носи со себе), а за можноста за стапување во брак на двајца поединци од ист пол (неам ама баш ништо против ова)од примерите во другите држави каде тоа е одобрено не гледам ама баш никаква промена ниту пак неопходност за истото.
Проблемот кај нас е во тоа што не знаеме да си направиме приоритет на потребите. Има многу посуштествени права за реализирање (правото на пристоен живот на пример). Коа ќе го достигнеме стандардот на државите во кои се реализирани посочените „проблематични права и слободи“, дури тогаш можеме да дискутираме за нивна реализација и кај нас.
Немојте да ставате акцент на маргинални теми за сметка на централните. Тоа е као да бараш оцет и сол за салата од краставички, а немаш краставички.

Unknown рече...

Пријателе, знаеш ли што е оксиморон: да се залагаш за ЕУ и истовремено, за смртна казна, против религиозните слободи и против правата на сексуалните малцинства! Барем ти тоа треба да го сфатиш, пријателе. Без закон за антидискриминација, без религиозни слободи, нема ЕУ!
А „салата без оцет и сол“, само со краставички, не е воопшто никаква салата, најмалку македонска! :)

Анонимен рече...

Интересен е постов... Јас веќе се расправав за овие политички и изборни прашања што ја допираат политикава на новиов фасцинантен ни медиум, блоговиве... Воопшто не е проблематично Оксиморон да го мавта кое било политичко знаме, ама сепак да се потруди да не го претвара медиумов во пропагандна алатка... Ама тие граници се толку суптилни, толку невидливи (особено ако играчот е вешт!), што тешко е со лесни формули&правила да се затворат вакви крупни прашања... Ал за Жарко секоја чест! Мислам дека вакво брилијатно стаање омча у џунглата и дигање у вис на јадната жртва не сме виделе уште од времето кога сиротиот Боцевски с главата надоле ни се заљуља меѓу лијаните!:)

Анонимен рече...

Oksimoron - izvini vaka, ama stavovite koi gi iznesuvash se pricinata zoshto vakvi liliputanci (mnogu go sakam zborot pred nekoj den me potseti eden drugar na nego) ni ja vodat drzavata. Koi crni prioriteti - vo odnos na ovakvite stavovi se uviduvaat pogledite na dadena individua. Covek koj e tolku limitiran vo odnos na ovie prasanje nema kapacitet da osoznava prioriteti, a ne pa da gi resava. Diskriminacija e diskriminacija, postoenjeto na ednata kako po-udomena ne ja isklucuva drugata.
Toa ne e ko da barash ocet i sol a nemas krastavicki, toa e ona naseto tipicno - dur go zeze samo gazot na komsijata mene kur me boli, posto jas imam gakji. Da mi ptostish na izraz - e zatoa pocna site da ne zezi, od site strani. Poradi prioritetite - so koj nekoj uzasno ne manipulira. Znaci se dur ne drzat vo ovaa klada, nemastija, nesigurnost, ne transparentnost, apatija, ekonomska kriza - tie ne smeat da se plasat za svoeto stolce, posto nekoj postojano ke im dava sansa da gi korigiraat prioritetite.
Evropa, ne e oksimoron, mislovna imenka treba da e toa za nasiot narod - kus, lit, otepan i uste go tepaat, prv na lista onaka priviligirano prioritetski .

Анонимен рече...

Sto se zamisluva ovoj Grujo.Za diktator treba harizma.A bidejki ja nema moze

Анонимен рече...

А бе, видела жабата дека го потковуваат коњот па ја кренала и она ногата.....
Далеку сме ние од Европа во секој поглед. А таа далечина воопшто не е оксиморонска. За жал.
Јас лично сум против легализација на дрогата и проституцијата а тоа нема ама баш никаква врска со религиозните слободи и правата на сексуалните малцинства (како што се изрази Жаре). Тие ставови ми се како родител кој има деца во пубертет и се грижи за нивната иднина, а не заради веење знаме (начека прилика Рез(име) за да се закачи, ама ако...неам намера да агностицирам со коментарите).
Лично имам позитивно мислење за Груевски, а вие мислете си што сакате за кого сакате. Глеам дека вие ретко за кој имате позитивно мислење а тоа укажува на нешто друго - незадоволство од самите себе.
Поздрав :)

Анонимен рече...

Oksimoron - dali si za ili protiv ama nema vlage veze so diskusijata (barem mojata). No nejse, "Глеам дека вие ретко за кој имате позитивно мислење а тоа укажува на нешто друго - незадоволство од самите себе."

Ne me psihoalaniliziraj, za toa plakjam doktori (c) Allen. Ili bar pofali se so vreme, da znam na cija adresa cekot da go naznacam :)

Анонимен рече...

Не замерај, Оксиморон, но јас чувствувам одредена пропагандистичка политичка жица во твоите постови и коментари, и само ради тоа се осмелив, со сите огради (се сеќаваш, напишав мала белешка на твојот блог, за Шеќеринска:)... Ја, па, обратно од тебе, имам ужасно лошо мислење за Груевски како партиски лидер (а немав толку лошо мислење кога беше министер:) Направи не еден не два, не пет - туку цела низа прилично сериозни лидерски гафови (од неговата панична и ситнопрофитерска и сосема несоодветна реакција на смртта на Трајковски, преку ужасното менаџирање на локалните избори, па се‘ до становиве - цела листа на будалаштини). А и твоето префрлање за “негативизам“ не стои: ако некој овде јасно и недвосмислено се залага за принципиелни цивилизациски и политички вредности - тоа се оние што ги афирмираат и се залагаат за начелата врз кои функционира ЕУ - а такви на постов и блогов, чинам, се повеќето... А тоа што ние во сегашниве политички опции баш и не ги препознаваме носителите на ЕУ-вредностите не мора да значи дека сме негативни... Бар даваме аргументи и бар имаме позитивна политичка агенда... Се согласуваш?

Анонимен рече...

„...А тоа што ние во сегашниве политички опции баш и не ги препознаваме носителите на ЕУ-вредностите не мора да значи дека сме негативни... Бар даваме аргументи и бар имаме позитивна политичка агенда... Се согласуваш?
....“
Еве, се согласувам :)

Анонимен рече...

Кој ли е само политичкиот субјект во Македонија кој настапил со три „ДА“ за овие теми? Ама, искрено да настапил, а не само да прави petting со овие теми.
Смачено ми е од реторика на реформи и демократизација зад која што се крие вечното статус кво и амнестирањето (па, дури и практицирањето) на најлошите репресивни практики.
АМАН!!!

Анонимен рече...

Е, ебате, машки, ја почитувам Оксиморон! Тешко е тоа да се каже, иам брилијантна репутација на псовач&шизоид (која морам со напорна работа да ја одржувам:), ал, ете, Оксиморон ме разоружа! Ебате псовките! Не?! Но, да се разбереме: не ја почитувам ради консензусот по секоја цена и глупиот мир (мада, тие се важни, понекогаш ептен важни! ал не е мој стил, јеби га:), туку ради тоа што има јасен став (бар ја така го сфатив:) : дрога&проституција не, другото да. Ја, пак (заедно со Боцевски хехе:) сум за трите да, ал што има везе! Цивилизиран разговор! То нам треба! А не псовачи! Кај и да, редно е да се одбележи моментов, Жерко молим те сликај не‘, прегрнати, мене, Боцевскога и во средина, ко дама, Оксиморон! Ај, добра ноќ и добри сништа, блогери!

Анонимен рече...

Рез(име) коа ти е роденден еден албум да ти купиме, пошто почнаа нешто да ти се множат сликањава - со геро, со боцевски, со оксиморон - ја го чекам денот со Јанкота, е тој не албум, постер бре!

Анонимен рече...

Delumno ucham i od tebe, be, Kalinche! Ti si mi blogovska muza, ebate, bar vo momentov! Ti ni kazha: nit da nit ne, pazi na site, ne gazi po prsti, ko Ovchar ponashaj se, bre! Stado sme nie, blogovsko stado, i morame da se chuvame, ne?! I da se fotografirame, pred da se zamrazime! (imashe eden glup makedonski roman pod toa ili slichno ime:) P.S. Al opasna si, nema zbor, so jatagancheto, fiu navaka fiu nataka, ushe koa te zdogleadav, se sekjavash, ko Uma Turman so toa sabjite, ebate! Mozh radi toa se potsmiruem, da ne mi otfikari prste nekoe nekoja od poborbenive nevesti?! (a ja kao Rez, razbirash:) Ajde, dobronameren pozdrav kon site chetiri strani na svetot!

Анонимен рече...

I have to go powder my nose (Mia) a.k.a. Uma :)

Unknown рече...

Рез, има шест страни на светот - забораваш угоре и удоле... :)

Анонимен рече...

Da, da, Zharko, zaboraam na mudrosta na mojot velik uchitel Vulkanski - tek dnoto kolkavo e, jebote, ne moesh ni da zamislish! Zhivoti se gubat nadole, bar nie od andergraundot chat-pat toa treba da go znaeme:) A zabraiv i na golemite alhemicharski mudrosti: ona shto bilo gore kje bide dole, i obratno! Al tebe nishto ne ti promaknue, ebate Zharkoto, gori si od Kalina! Abe, parafraziram orientalni mudrosti&gragjanski korektnosti! Sekoa civilizacija si ima mehanizmi, ebate! Al priam korekcija u mojot orientalen etos: dobroutro, charshijo, na site shest strani, ebate, komplet s's vulkani, angeli&demoni!

Анонимен рече...

јас незнам дали на друго место вака се води политичка кампања - одиш во студио и одговараш на „блиц“ прашања со ДА или НЕ.

Дебата? Немам видено во земјава - освен ако за дебата се смета кога ќе се соберат неколку (обично нестручни) истомисленици па цело време слушаш реплики како „е, баш сега и јас тоа сакав да го кажам“

Го гледав Груевски на А1. Мизерија. Личеше на бубалица кога ќе стане да одговара - ќе ти изрецитира секакви работи демонстирајќи дека ни малку не разбира што зборува.

Геровски: Ќе ја признаете ли Црквата на Вранишковски?

Груевски: Не.

Геровски: Зошто?

Груевски: Имаме своја црква.

Геровски: (задоволен од одговорот преминува на следното прашање)

Немам коментар. Поточно имам толку многу коментар што не сакам ни да почнам да го пишувам.

Анонимен рече...

Konzervativen e kon drugite,a kon sebe si?neka odgovori za bracnata sostojba i sex.opredelba.Se deklarira za demohristijanin,a ne bi priznal crkva!Apsurdni se nasive "demohristijani".

Анонимен рече...

Cool blog, interesting information... Keep it UP accounting degree accounting laws and regulations Gbm renault How+to+inprove+my+fico+score bmw film Car cover nissan zyban advantage plan health care courts medical malpractice Ets allard bmw perpignan accounting career .net certification microsoft pidgeon forge camping Home furnishings bathroom towel holders faucet depot moving and storage companies in watertown ny Stuart coat of arms Changing washer shower faucet stock trading plan Cheap domains best total prices at nextag.com Natural health food supplements uk 6 sided poker table

Анонимен рече...

Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. http://www.protonix-40mg-tablets.info Yahoo play free slot machines for free Nude saunas + mainz interior designer gatewood cd rom business cards

Анонимен рече...

Best regards from NY! Used golf cart battery florida age of my auto tires http://www.purdue-oxycontin-patent.info/volvo-2b-s40-2b-rollbar.html

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week