Во еден претходен пост, Анти веќе пишуваше за кривичните дела навреда и клевета во контекст на блогосферата. Она што мене ме фрапира, се казните за „излагање на подбив“!
На пример, „Тој што друг јавно ќе го изложи на подбив по пат на информатички систем поради неговата припадност кон определена заедница, етничка или расна група или верска определеност, ќе се казни со парична казна или со казна затвор до една година.“ (чл. 172 ст. 3 од КЗ). Берете памет блогери!
Многу повисоки се казните за изложување на подбив (со намера за исмејување) на Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна или на македонскиот народ и припадници на заедниците - затвор од три месеци до три години! Затвор до три години можете да добиете ако излагате на подбив и некоја странска држава или меѓународна организација.
Сепак, највисоки се казните за „излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи кое разгорува „национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост“ - можете да добиете казна од една до пет години, или дури десет (ако дошло до безредија или насилство).
Како што гледате, хуморот е опасен за државата! Хорхе од „Името на Ружата“ имаше право! Симболите се побитни од живите луѓе!
Ај да го укинеме стрипот на Ружица, да забраниме сатирични и саркастични стихотворби, секаков вид карикатури, и други уметнички дела во кои се излагаат на подбив симболи, знамиња, грбови, химни... Сите филмови на Вуди Ален во бункер - особено оној кога вперува крст кон разулавената дојка.
Стегнете им пријава и на Марко и Жарко, затоа што ги пуштаат Вуди Ален и Џон Вотерс. Земете стапови, димни бомби, молотови коктели, и право пред „Точка“!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
11 коментари:
А бе, нуму сеа вака.....уште хуморот ни остана као средство за одбрана,де!
Наострете го сарказмот, светнете ја сатирата, намачкајте го лицето со нијанси иронија и во борба против сериоизната несериозност на живите мртовци во политиката кои ни го отстапуваат својот ковчег во замена за нивниот споменик(ние под земја а тие над нас, види мајката...)!!!
Па нека биде и кривично дело - ако веќе е одредена разликата помеѓу кривичното и правичното....(?)
Ma koj gi ebe! Nek me apsat! Samo chekam! Bar posle nema da imate dilemi koj kje vi bide sledniot pretsedatel, hehehe! U Vardar, be, so takvi predlagachi na zakoni! Po krst da ronat, ebate! (ete, gi provociram na versko podjebavanje, mamicata nivna:) Aj zdrao!
U polusvesno stanje..
...Nek bide, (be!- ne e do tebe zarko, nego do sistemov...), nek bide i tri godini tamnica, ja realno edvaj ja cekam... (da gi vidam slavnite KARCERI na Idrizovo, kaj sto se mocaa edni na drugi u 2 m2 deset dusi, uste gi rabotite istite slavni strategii , dragi nositeli na zakono'??)... bar da go izvidam u moevo istorisko vreme od poblisku,... ne e malce, ej, svetot od vnatre, kaj sto ne ti e cel svet robija, nego ti si u centarot na robijata,
... ne e fintata ruzica so stripot, nit se filmovite so Divajn, nego ete,
... svesni sme ili ne, humorot nie na civilizacisko nivo go sjebavme, dragi moi, uste od resnesansata navaka,.. koga gi pokopaa poslednite izdanci (fidanki mi idese da kazam, ama posle, u nedostatok na humor, nejkjev da bidam proglasena za buljas), izdancite, znaci, na sustinski humor (i gi podjebavaa i posle niv... vo tekot na poveke plodni vekovi evropska renesansa na sitno gi podjebavaa i site so malce usul za humor... kako na pr. onoj coldface Harms, ama toa se sitni, isklucoci)... pa sto sega koj humor ima da voskresnuvame vo 21 vek??
...koga se' stana smrtno seriozno, i nisto vekje ne e smesno, vo najmala raka e cinicno, sto nikako ne e i nema da bide (isto so) humor...
... se' stana ili teska patetika (da hrani masi) ili teska parapatetika (kaj sto se' boli)...
... krivicnite zakoni u MK, gi ferma li nekoj??...
... na pr. test proba za nuke bomb, ...ako ja sega go opcujam drzavniko', eve go pcujam, ke mi zatropa mac_fbi sega na vrata??
...tesko deka.. oni ni na pofatirani vrati ne znaat da tropnat koga treba
..sepak, fino sto go stavi"humorot e veke zabranet" ne samo kaj nas, (nie i toa go prepisavme od ustavot na kosovo??) - sega e toj sjeban na mnogu poglobalno nivo,...a nie moze fino lepo da legneme u nasite ozbilni posteli i da performirame smeenje so automatot sto se smee po sitkomi?
...humor? da ne se lazeme...
Zarko, for the sake of... koga stana se' segledanje... moze li bar komentarive da se gledaat ko sto bea (i ja ti cestitam, eve na redizajnot), ama polesno mi bese da gi sledam (da gi pratev ke kazev :))), komentarive ko sto si bea, na original,... belo (belo ne e boja, bez boja e, prisustvo na svetlina, cel spektar, umor ovde se zali...)
Чисто хипотетички, дали во случај на прекршување на КЗ преку изјава во коментар, при што е невозможно да се открие или докаже идентитетот на коментаторот, блогерот (сопственикот на блогот) би го „изел стапот“?
Во крајна линија, еден блогер ја има моќта како крајна инстанца да одредува тоа што ќе стои или не на неговиот блог (вклучително и коментарите поставени од други лица, меѓу кои и анонимни).
PS
Зошто прекина излегувањето на фото-стрипот на Марко и Жарко во Форум плус?
Sekoja tema na blogerajstvoto da se svrtela :) nego svinja e zensko! toa mi e otkritieto na denot, a drugoto mi e isto za nea (Ako Zarko ne saka da si menuva dezajn) svinja se so treba da naprais e da klinknesh na POst a comment i ke te odnese kaj shto se cita na bela pozadina :)
Прашањето на Развигор е сосем на место. Имено, кој е одговорен за коментарите „објавени“ на блогот: Блогерот или оној што ги напишал коментарите?
Некои блогери настојуваат да се заштитат ставајќи забелешка дека коментарите не ги изразуваат нивните мненија.
Некои фирми излегоа со договори за партиципација на блоговите со читателите (http://www.naplesnews.com/blogs/agreement/)
Интересно е прашањето како ќе реагираат судовите врз основа на тужби за клевета и навреда до блогерите за анонимни коментари објавени на нивните постови!
Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну... :)
Нејсе, овде прашањето беше за „излагањето на подбив“. Дали секое подбивање е навредливо?
Ми се бендиса забелешката за перформирањето смеење со автоматот што се смее по ситкоми.
Ме потсети на бизарната сцена од Natural Born Killers кога Мики се запознава со Мелори.
Што ти е успешен рецепт за зомбификација: Џејми Оливер, вести, вечерна доза ситком-смеење, па „Очајни домаќинки“ за мирен сон.
Капитализмот има чудна смисла за хумор.
Си направив цел пост кај мене, дури и искоментирав, и блогерајот реши да паѓа од линија а калина пак забораи да праи копи пејст пред да мавне сабмит и ојде се, ни бек ни форвард ништо не ја спаси - морав да се истужам. Она за кое сакав да кажам збор два беше оваа тема, филувана со уште еден добар текст на истата кој сабајлето го читав. За правото на подбив и потсмевање - од Robert Dworkin професор по право од NYU: http://www.nybooks.com/articles/18811
Како што и мислев, станува збор за Ronald Dworkin, авторот на Taking Rights Seriously.
Ок се неговите крајни заклучоци дека „религијата мора да ги следи принципите на демократијата, а не обратно“ и дека религиските убедувања не смееме да ги третираме како адути во однос на слободата што ја овозможува демократијата.
Ама дали од тие заклучоци следува дека британскиот и американскиот (САД) печат постапил исправно што се самоцензурирал?
Веќе имав настап на оваа тема на трибината за Слободата на изразување (организирана од исламската верска заедница), па не ќе е лошо да напишам едно поопширно текстче.
Pa sto znam - mojot stav go kazav tuka http://kalina.blog.com.mk/node/4290
vo koj ne se slozuvam so Dworkin - ama nekako mi ima jaki argumenti i me zamisli - zatoa go spodeliv.
Ostanatata analiza na soodnosot prava i podbiv eptem me bendisa mene licno. Ova mi e ko za banerce "So in a democracy no one, however powerful or impotent, can have a right not to be insulted or offended."
Објави коментар