„Фајтерската“ колумна на Букарски „Notes of a dirty old men“ (уште), започнува со цитат на Буковски а завршува со следниов цитат на Боцевски: „Колумните се преполни со одлично избрани цитати... тоа што недостасува е СТАВ.“
Прекрасен прилог на Букарски кон колумнистичката цитатотоксичност!
До кога бе „фајтери“ со цитати?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
21 коментари:
Грешиш Жаре. Само ајде, ти си знаеш. Ја мислам дека ко оваа колумна на Букарски, немало до сега. Меѓу тие два цитата имаш многу јак став и споменување на „забранетите имиња“, нешто што никој го нема направено. Сите бе, кои и ти и другите ги споменувавт(м)е на твојот блог, сите ги има опфатено, со директна критика, доза на храброст на завидно ниво.
Камо ја во „дувлото“ бар едно име да кажев..
А шо не ја коментираш Одата на Рушка? Е тоа Жаре, за тоа треба да се фатиме!
Бидете кул, прашањето беше само реторичко. Свесен сум каде живеам.
И не подлегнувајте лесно на провокации. Укажав само на една мала парадоксалност.
Btw, уживав во колумната на Букарски, посебно во забелешката за Андоновски. Сепак, иако Букарски се залага за храбро и аргументирано делкање, во колумната преовладуваат лични впечатоци и забелешки, наместо издржани аргументи.
Некои забелешки се сосем на место - на пример, дека е убаво да стои потсетување на крајот на текстот во некои колумни оти станува збор за партиска пропаганда.
Мислам дека Букарски само ја начна темата за злоупотребата на жанрот „колумна“, и тоа не го направи толку лошо на толку мал простор.
Сепак, индикативно е отсуството на критика кон колумнистите на „Неделно време“ - освен Слободан Чашуле никој друг тука не е ни спомнат - нит Героски, нит Чом, нит Отец Методиј, нит Јанко - „Јади Бурек“, нит пак Ружица Пејовиќ. Е, како тоа ќе се протолкува во контекстот во кој е објавено?
Исто така, индикативно е неспоменувањето на Коља и Кирчо Арсовски - кои во еден претходен пост на Букарски беа обсервирани на мошне интересен начин.
Можда Букарски свесно пука со цитат на Боцевски кон Коља, кој одговара на „личниот опис“ на колумнист-интелектуалец што го дава Боцевски? Или си праам бајрам со умот?
А мож е и сосема инцидентен тој цитат. Нејсе. Да не глумам портпарол.
За мене инаку најскандолозна до сега е оваа неелоквентна провокаторска фашизоидна песМичка на Рушка, за што ќе реагирам подоцна, да ми спадне ручекот.
Мислам, ај, Рушка не е толку филозофско-политолошко-социолошка колумнистка, мож си тера некој свој филм и е релативно популарна во тоа што го прави, али ова е краен стадиум на простотилук.
Колумната на Букаро пак, налет сите замерки, е баш замав, дечкото свесно пука на Венко иако допрва ќе го има ко свој професор, пука на Марјанович и Фрчко што се осветољубиви ко смукови некои, мислам, за респект е самиот мудлак на Алекс.
Кога го спомна феноменот „Фрчко“, еве мал прилог кон „крвничкото“ досие што го најавува Букаро во колумната.
Една напомена - немам ништо лично против г-динот Фрчковски, туку против неконзистентноста на нашиот државен претставник во ECRI.
Имено, ECRI - согласно концептот на човекови права - промовира „општество во кое различието и разликите се почитувани а достоинството на индивидуата е славено и промовирано“. Исто така, во едукативниот материјал „Сите различни, сите еднакви“, издаден од Советот на Европа (Секретаријатот на ЕCRI), се потенцира дека „Знаењето не е доволно, мора да се трудиме да бидеме конзистентни во нашите ставови и акции.“
Фрчковски паѓа токму на план на конзистентност:
Личноста именувана од страна на Владата на Република Македонија како сегашен член на ECRI, со своите акции како колумнист не промовира општество во кое разновидноста и разликите се почитувани, ниту пак може да се каже дека промовира општество во кое „достоинството на индивидуата е славено и промовирано“ (една од вредностите што ги промовира ECRI). Напротив, колумнистичкиот стил на сегашен член на ECRI се одликува токму со непочитување на достоинството на индивидуите кои искажуваат различно мислење. Треба да се наведат само неколку примери за навреди и лична нетрпеливост од перото на сегашниот член на ECRI:
1) за политичарите: „глаучи“, „политичарите кои преговараат се глупи“, „дунстери“, „една дудуљава и две околчави глави во политиката“, "простаци", „политички креатури, монструмчиња – прдевчиња, групички на гадинки“, „Министер може да стане секој (секоја будала);“ „ПОЛИТИЧКИ ПИ.... ДИМОВИ“,...
2) за синдикалците и опозицијата: „синдикалците ни се морони, опозицијата им се погоди, поморонска не можеше да биде...“
3) за економските експерти: „Тоа беа ‘труповии’ кои се пренемагаат и тртљаат нешто“, „шутраци“...
4) за бившиот јавен обвинител: „бившиот јавен обвинител Џиков, сега (и тогаш) будала“
5) за портпаролката на една политичка партија: „..."шушле" од портпарол на ДУИ“
6) за колега новинар-колумнист: „прогресистичкава шуша“
7) за директорот на едно јавно претпријатие: „оној мрмот од директор на ЕСМ“
8) за политичките аналитичари: „...„усрани“ аналитичари“
9) за началник на Генералштабот на АРМ – „Смрдле“
10) За министерот за финансии – „О дупко една“
Наместо да промовира човекови права (за што зема и буџетски пари како универзитетски професор) професорот Фрчковски ги користи колумните како поле за лечење на личните фрустрации.
А ние си гледаме сеир и „се прпелкаме од смеа кога чкрта турбофолкерски рецитали...“
Блазе си ни!
добро бе жаре. јас во рамките на моите можности, пишав за тоа. немав толкав простор да ги изнесам овие аргументи кои ти ги наброја, иако на сите ни е познато со каков речник се служи во своите колумни.
сега бато жаре, ти ко демократ, пардон магистер по демократија, изготви извештај и дали сам, или заедно со некоја невладина организација, излези на прес-конференција, изнеси ја сета аргументација, раздели го извештајот на новинарите, достави ги до други странски невладини и сл. сакаш викни ме на прес ќе ти дојдам, сакаш да ти поможам нешто друго нема грешка.
мислам, жаре, доста се јуначиш на блогот. фрчко не ти го чита, марјановиќ уште помалку. биди сигурен. а уште помалку не оние кои може да реагираат.
жаре збораш “ние гледаме сеир“ кој тоа жаре? биди поконкретен? да не алудираш на Најческа ХК, ЗНМ, Владата, ЦИА или пак можеби Коља, кој патем цело време ти е во умот, и виде индирекно обвинување до него во цитатот на Боцевски. (воедно, не мислев на Коља, да те демантирам, ама иди, мувата на капата)
со др. зборови доста ни кажуваш на блогов кој си го читаме ние дестина души се на се, шо треба да се стори. стори и ти нешто.
Нема да коментирам заради „конфликт на интереси“ ... Бреј, бреј, бреј, што ѕвезда ме направи Букаро ...
Букарски, веќе го таргетирав Фрчковски во мојата колумна во Дневник, „Чекајќи го 8 март“:
„Тука не станува збор само за сексистички инцидент од страна на нашиот поранешен министер, уставотворец, и актуелен професор по човекови права. Станува збор за сексистички испад од страна на нашиот државен претставник во Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) која, меѓу другото, се бори и за искоренување на сексизмот како "една од најраширените форми на нетолеранција" (покрај расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот, хомофобијата...). Наместо да се бори против сексизмот кај нас, како наш претставник во ЕКРИ, господинот Љубомир Д. Фрчкоски отворено шири сексизам во медиумите.
(http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2991&stID=73652)
Не знам, можеби и тоа е една од причините зошто престанаа да ми објавуваат текстови во „Дневник“.
(Еднаш кога ми објавија колумна во „Време“ под колумната на Ферид Мухиќ, извори од редакцијата ми кажаа дека мојот несуден ментор лично им се јавил да се жали зошто објавиле текст под неговиот. Бљак!)
Исто така, на тркалезната маса „Имаме ли платформа за родова еднаквост?“ (во Холидеј Ин, на која имаше и владини претставници) повторно јавно го покренав прашањето за сексизмите во медиумите (цитирајќи го испадот на Фрчко) со отворено прашање до претставничките на „женските“ невладини организации зошто не реагираат на такви испади.
За жал, освен твојата реакција, не видов некој друг јавно да реагира на испадите на Фрчковски.
Убаво што не си мислел на Коља, зашто една од работите што лично му ги забележуваше е токму гњавењето со цитати. Ете, барем една работа расчистивме.
Инаку, Букарски, надменоста во твојот настап не може да го покрие отсуството на аргументи во твоите колумни кај повнимателните читатели. Навистина, од колумна во колумна се подобруваш, ама има уште многу што да учиш пријателче. На пример, не изреагира на ниеден мој конкретен против-аргумент, туку веднаш премина во ad hominem напад! Ај тука да прекинам, оти Коља ќе ме кара ако го изгубам педагошкиот усет. :)
Сепак, индикативно е отсуството на критика кон колумнистите на „Неделно време“ - освен Слободан Чашуле никој друг тука не е ни спомнат - нит Героски, нит Чом, нит Отец Методиј, нит Јанко - „Јади Бурек“, нит пак Ружица Пејовиќ. Е, како тоа ќе се протолкува во контекстот во кој е објавено?
Не ги поштедив нив дека се колеги ако алудираш на тоа, туку најмногу заради тоа што за нив немам сигурни факти дека припаѓаат на одредена политичка опција, припаѓаат во смисол имаат членска книшка.
Се разбира, сите тие нив ги сместуваат во разно-разни политички табори, но се е на ниво на шпекулација нели? Или, ете доколку ти си поинформиран, кажи ми дали уредникот ми Геро, има членска на некоја партија, па верувај та и него нема да го поштедам во некоја следна колумна.
Затоа Жаре, немајќи сигурни информации одев на сигурно, споменувајќи ги веќе “обележаните“, Лилјана, Ѓорчев, Милошовски и да не набројувам понатаму.
Исто така, индикативно е неспоменувањето на Коља и Кирчо Арсовски - кои во еден претходен пост на Букарски беа обсервирани на мошне интересен начин.
Хехе. Само реторички ќе те запрашам, мислиш дека и Коља и Арсовски, треба да ги вброиме во друштвото на “старите колумнистички расипници?“ заедно со Андоновски, Марјановиќ и Фрчко?
Ете, тоа се Жаре одговорите на твојата аргументација.
Ако на нешто мислиш дека не сум ти одговорил тоа значи дека или се сложувам со тебе или пак дека веќе еднаш сум ти одговорил. :)
Mnogu slabosti ima tekstot na Bukarski, al aj da go butame (ko Venkota shto go butaat cel zhivot, prav e rasta-hevimetalecot!), chisto na mladost, hehe... No, od dve raboti mladiot junosha treba da se pazi (i okej e Zh shto mu obrnuva vnimanie, a i K obrnuvashe, al koj slusha:-): politichka instrumentalizacija (da, da, mnogu selektiven mu e to spisokot tulumbistichki!), i vtora rabota, argumentacija&izbor na meti (za toa i K vreskashe, dur ne go izbrkaa to neosvestenite klinci hehe:-) Vo farsa poleka ni preminuva mediumskiot prostor vo koj ispilen pilishtirec, edvaj pismen, im drzhi lekcii (em stil em temi em politika!) na celiot tulumbarski establishment! Ne zabranuem, ne velam deka nekoi od tulumbite ne zasluzhuvaat shampiti u faca - ali deka zagrizhuvachka simptomatologija postoi, fakat! Radi toa i zboram deka maliot e malku nedorasnat i dusha dal za politichki instrumentalizacii, ko i mnogumina negovi drugarchinja po blogchinjava... Al nema veze, nek se chelichat! Ionaka se' odi u kurac, pa i Bukarski ne e na odmet!
Коља какиш а? Те сфаќам, ти удира на его малце, хеј, па мангупчево битолско Букарски еј, пилиштарец вака така, собрал мадиња да пиши нешто шо ете јас никогаш не сум се осудил да го напишам а важам за енфант терибл.
Коља јас и не се сеќавам да си се конфротирал со некоја интелектуална фаца. Признај ама. Си перкал некој од вмровските марионети (Пауновски, Арнаудов, Михајловски) дел од екипата на ТВ Сител (Латас и компанија) и во два наврати се спука со Владе Милчин (Во “Маргина“) и со Венко Андоновски (на двапати во “Утрински“) и тоа зошто (не рипај мене така ми се чини?) зошто слабо те искеширале...добро, да не доаѓа дека сум малициозен еднашка го поперка и Т. Костовски во колумната шо не сакаше да ти ја објави, ама којзнае после во “Светла точка“ Трифун онака те зеде “па, Коља ти си млад човек“, а, бе политички иструментализации секакви ми паѓаат на ум и мене исто. Можеби има и некои други фајтови, на улица кај тебе на пр., на баскет :))) ама јас ете не сум разбрал. :))))
Мислам, Коља, сепак те сфаќам, ти си издавач со претприемачки дух шо би рекол .аНТИ, ти требаат пари за да издаваш книги. :)
Иначе целосно се согласувам со последната твоја констатација... се отиде у курац во оваа држава а некои колумнисти замисли бе да ги којам, се уште го цитираат Карлс Маркс ко извор на спасот...:))))
Букарски, ај не го спомнувај залудно нашиот профет Карл Маркс, да не си го одлежиш ко Јован за разгорување верска нетрпеливост. :)
Кога веќе се пукаме со цитати, еве ти и еден од идеологот на САД Фукујама, за да се свестиш малку колку денес е релевантен Маркс дури и за „антикомунистите“:„"The End of History," in other words, presented a kind of Marxist argument for the existence of a long-term process of social evolution, but one that terminates in liberal democracy rather than communism.“
И дај помалку акцент на мангуплакот и „мадињата“ а повеќе на контрааргументите. Велиш: „Хехе. Само реторички ќе те запрашам, мислиш дека и Коља и Арсовски, треба да ги вброиме во друштвото на “старите колумнистички расипници?“ заедно со Андоновски, Марјановиќ и Фрчко?“
Пријателче, да те потсетам само што му напиша во својот коментар на Коља кога го „тапшав“ малку по рамо на овој блог:
„Твојот став тешко дека може да произлезе на површина од толкава набиената цитатност. па чоек треба да застанува на секое цитатче, секоја мудра мисла, quote се да толкува? па да продолжи со читање и така по ред. Карневали.
Луѓето кои ги цитираш се паметни изгледа, ама шо ако сакам да контрирам? Сакам со тебе, не со нив. А вака доаѓа дека претерано се задскриваш зад туѓа авторитетност.“
И после, ми велиш сум си ја имал мувата на капата кога искрено се запрашав дали цитатот на Боцевски алудира на Коља.
Неконзистентен си пријателче - го пердашиш Коља на блогови, а го поштедуваш во твојата колумна. За Героски да не праиме муабет. Зошто твојот уредник не е во друштвото на „старите колумнистички расипници“? Самиот си даваш основ луѓето да се сомневаат во „инструментализација“ - пријателче.
Продолжи остро, буричкај во жабокречинава, ама без селективна меморија!
Геро е колумнист? Тоа е уредничка реч бе бато Жаре, ама ко за уредник (сега-засега) немам замерка.
Претходните мои обвинувања на негова сметка беа дека е цензор.
Досега објавив 7-8 колумни и апсолутно не ми направи никаков проблем во однос на политичко/филозофската мисла.
Добро, имаше мало препирање за колумната “Издржи па награди“ во која се спопукуваше “Роман на годината“, меѓутоа конфликтот беше дали да стои “кој ве ебе“ (јас) или “кој ве шиша“ (предлог на геро), сепак се постигна компромис (единствениот!) и се напиша “кој ве ...“. Од позиција на демократ кој се залага за политичка, па и етичка коректност верувам дека и ти ќе се согласиш дека компромисот бил неопходен.
Туку, а да пробаше Жаре да пишиш нешто против цензурата на Катерина Блажевска на пр.?
Еве, викаш праќаш колумни не те објавува, дал Фрчко нарачал, дал дека маваш петиции до Бранко (кој си ја поштова Катето) немаме појма.
П.С. Немам ништо против стариот Маркс, но после 150 години испаѓа дека џабе сме ги плаќале и ги плаќаме сите политиколози, идеолози и сл. кога не смислија подобра алтернатива.
П.П.С. И шо ме сскаш Коља да го тепам во весник а?
Не глеаш тука нешто ќе го зашлакам и после ќе се затера со триста реферати. Епа, не сакам така Жаре, пристрасен сум во однос на Коља. :(
У право сум што не ве читам,
не знаете една дебата да истерате без да забегате во дигресии и его трипови! И небитни детали што нервираат, а што оддалечуваат од темата. А кога би земале да реплицирате на нив би го одвлекле целото внимание и простор. Е тоа го правите. Исти сте како Венко! Само он тоа намерно го прави зашто нема нити аргументи нити култура. Најбитно за секој критички став е да разграничи битно од небитно, и да користи аргументација согласно приоритетот на темите. На сите вам тоа ви фали, во овие распојасани реакции. Жарко во своите колумни е совршен во овој пристап, ама е сув, нема ништо заводливо во текстот. Ама, нејсе, не ми беше ова муабетот, навистина ме изнервиравте! Битно е што сите тие, видете ја денешната колумна на Фрчко, не водат сметка за јавно изречениот збор. Фрчко вика дека тој не се ни сеќава на половина од зборовите што Жарко му ги брои. Така и сите останати. Стигматизации, говор на омраза, плукање, плукање, без никаква одговорност. Така Љубе Бошковски пукаше на вежби, рафално, и не му беше гајле што луѓето паѓаат погодени од тие куршуми. Е тоа е битното. Меѓу Фрчко и Љубе нема некоја разлика, друг е контекстот. И останатите што се предмет на вашата дискусија. За жал, ист таков е пристапот и на -растахевиметалецот-стигматизацијата, ама ајде, подобро е во вакви случаи човек да одмолчи, отколку да арчи енергија на аргументација.. ќе не одвлече од главната тема.
Bukarski, stvarno ne zasluzhuvash seriozen chovek da se bavi so tebe, no ova radi drugite, kje razberete... Sinokja gledav na RTS debata, megju drugite eden naci klinec (znaete, balkanska varijanta na skin heds, pravoslavec, mrzi nesrpsko itn) i edna fina zhena so bogata zhivotna biografija i so celo em akademsko em NVO portfolio... I klinecov i' vika na zhenava: shto ma ti si napraila za Srbija?! Ja bar neshto sum naprail, sum istepal vamu-tamu itn... E, toa e Bukarski, notornata budala. So kogo si se tepal... I pak, Bukarski, nishto ne si sfatil od ona shto se rasprava na postov, a i od ona jas shto go rekov... Ti si biten samo ko simptom na propagjanjeto na mediumite vo Mk - samo tolku! Inaku, vezhbaj, pljuvaj, vo ring, arena, perchi se, predizvikuvaj krupni faci, sobiraj skalpovi, celiot svet e vo toj film - arena i spektakl! Neam nishto protiv... Al te dijagnosticiram ko simptom, na koe deredze sme (e, da, na toa sme, shto da se pravi...) koa polupismeni i rechisi sosema neinformirani/needucirani tipchinja im drzhat lekcii na "teshkite faci" (od koi eden dobar del isto se goli i bosi, taka shto cirkus iame, rusvaj i pichvajs!). A na arhitektite na nashiov uzhas takvi ko tebe im se ko kec na desetka! Cirkusi praime! Aj, pitbulchevo da go s'sneme vamu, aj sea malku tamu, da se zabavlja narod... Argumentacija - nema. Rekol Bukaro deka losh im bil stilot na to kolumnistite, citati, zaebancii... Porazitelno e, Bukarski, povtoruvam, shto nekoj tebe, jadniot, te stavil da arbitrirash shto e in shto e aut vo tulumbarskiot svet... Nema seriozni istrazhuvanja, nema knigi, nema seriozni urednici, nishto, zholtilo, cirkus i veseljaci ko tebe, glupo i nesrekjno dete... Iljaditi pat ti kazhuvam: argumentacijata e bitna! Informiranosta! Inovativnosta&kreativnosta! Fakjanjeto razlichni perspektivi! Fakjanjeto na podlabokite motivaciski sloevi! Kompleksnosta! Ponakviot nachin na gledanje! I dobro, koa za seto toa evidentno si sosema nesposoben - bar humor da ponudish, vo cirkus sme, nali?! Bar toa da go dadesh! Nego - suvo, mucavo, bedno, polupismeno, so rechenici muljavi, shto nemaat zdiv, polukukavichki, so gotovi, predvidlivi i povrshni etiketi na dete koe nema izraz&stil, zashto e mlado, zbuneto, eden jazik na blogche, eden tamu, a vo glavata haos... Ochajno, Bukarski, a najochajno e shto ne primash prijatelski soveti i shto duri ne se ni trudish da razberesh bar eden sloj na rabotite zad onoj glupavo fajterskiot... I napomnuem ushte ednash, na kraj: so tebe, ovde, se bavam ko so simptom, ko so tipologija na bolesta...
Me zaintrigira temava, ama Zharko, te molam smeni ja crnata pozadina i belite bukvi. Dioptrijava mi ja zgolemi na -5. Kje mi plakjash operacija kaj Fjodorov vo Moskva.
Koj e onoj koj nekogash pomisli deka Bukaro ima talent ili deka ima nadez vo nego da si plukne sam sebi u faca.
Detevo aj sto nema stil i ne go biva, tuku ima inteligencija ednakva na ropak operiran od mozocno vospalenie. Se sovetuva covek ne zivotinka koja so glava vo zid uporno so negovata "ukost"
Bukarski e samo slika na makedonskite priliki i dobro e sto za toa se iskoristuva, mozebi nekoj konecno ke go razbere toa i ke pocne da gi sutira ligusite
Со оглед на тоа што професорот Мухиќ лично демантираше дека реагирал по повод објавувањето на друг текст под неговата колумна, чувствувам потреба јавно да му се извинам за тоа што неговото име беше споменато во таков контекст.
Памет блогери - не верувајте во се што ќе ви кажат новинарите, па дури и ако се уредници во некој весник!
А тоа за колумната на Фрчковски - што да кажам, сапунската серија продолжува. Денеска и тој беше на трибината за слободно изразување организирана од Исламската младеж, ама нешто не чувме издржана одбрана на слободата на изразување во контекст на провокацијата - карикатури.
Ким Мехмети дури и луцидно забележа дека тој и Фрчко ќе останеле без работа како колумнисти ако почне да се цензурира навредливиот хумор - согласно начелата на Коранот (ако добро го разбрав).
Сто луѓе на тркалезната маса, а само пар жени... ниту една не беше поканета збор да каже!
Афирмативната акција на Фрчкоски за што поголемо учество на жените во политичкиот и јавниот живот очигледно дава резултати...
Ја прекардашивте момци. Од обична забелешка за колумна направивте поле за меѓусебно препукување на народите :-) Сметам дека забелешката за неаргументираност на колумната на букаро не стои на најздрави нозе, оти во толкав мал простор нема место за таков тип на аргументација. Сепак важно е дека колумнистот изразува став, а тоа што ставот е контра „господарите на колумните“ од македонскиот медиумски естаблишмент е друга приказна. Може тоа да ни се допаѓа или не, но никако не смее да се прикрива несогласувањето со тезите на авторот со неаргументираност. Мислам дека е почесно да се изрази несогласување. Патем, секоја чест за храброста на букаро. Ретки се таквите.
APPEAL TO THE GOVERNMENT AND THE PRESIDENT OF SERBIA *
In the case of establishment of the Tribunal for war crimes in the former Yugoslavia, it was apparent that a precedent has been made when resolutions of the United Nations Security Council (808. and 827.) in 1993 established a new provisional organ with the broad judicial competences. These acts were based on the UN Security Council Resolution 777(1992) and the UN General Assembly Resolution 47/1(1992), and on the assumption that former state (Yugoslavia) as a UN member ceased to exist. In our view, since UN Security Council does not have necessary judicial or legislative legal-setting (norm-creating) functions and powers, and since UN Security Council Resolution 777(1992) and the UN General Assembly Resolution 47/1 (1992) can not alter the basic rights of a member state (FRY), UN Security Council Resolutions 808/1993 and 827/1993 establishing the Tribunal (as an organ of the UN Security Council) represent an ultra vires act of the United Nations. It is apparent that UN organ, such as UN Security Council, can not confer more powers to the other organ (Tribunal for war crimes), than those it has itself, provided by UN Charter. For these reasons, we appeal to the Government of Serbia and the President of Serbia to request that the following Draft Resolution be placed at the next Session of the UN General Assembly:
DRAFT RESOLUTION
The General Assembly,
Considering the Article 2 of the Charter of the United Nations,
Considering the functions and powers in the Chapter VII of the Charter of the United Nations,
Considering the General Convention on the Privileges and Immunities of the United Nations of 1946, and, in particular, the legal character of Article 1 and Article 8 (30),
Taking note that a difference in the legal interpretation of the Charter of the United Nations has arisen between the Serbia and the United Nations over the legality of the establishment of the Tribunal for war crimes in the former Yugoslavia,
Considering the Article 96 of the Charter of the United Nations,
For the purposes to determine whether by the delivered United Nations Security Council Resolutions 808 (1993) and 827(1993), United Nations Security Council has made an ultra vires act(s) in execution of functions and powers not expressly provided for in the United Nations Charter,
And for the purpose to determine further course of action,
Decides to submit the following legal question to the International Court of Justice:
Are the resolutions of the United Nations Security Council 808 (1993) and 827 (1993) legally in accordance with the Article 2 of the Charter of the United Nations and provisions of Chapter VII of the Charter of the United Nations?
* Made by the joint team headed by dr. Igor Janev, Senior Researcher at the Institute for Political Studies (Institut za političke studije), Belgrade, Serbia, web posted: 22. 10. 2007.
APPEAL TO THE GOVERNMENT AND THE PRESIDENT OF SERBIA *
In the case of establishment of the Tribunal for war crimes in the former Yugoslavia, it was apparent that a precedent has been made when resolutions of the United Nations Security Council (808. and 827.) in 1993 established a new provisional organ with the broad judicial competences. These acts were based on the UN Security Council Resolution 777(1992) and the UN General Assembly Resolution 47/1(1992), and on the assumption that former state (Yugoslavia) as a UN member ceased to exist. In our view, since UN Security Council does not have necessary judicial or legislative legal-setting (norm-creating) functions and powers, and since UN Security Council Resolution 777(1992) and the UN General Assembly Resolution 47/1 (1992) can not alter the basic rights of a member state (FRY), UN Security Council Resolutions 808/1993 and 827/1993 establishing the Tribunal (as an organ of the UN Security Council) represent an ultra vires act of the United Nations. It is apparent that UN organ, such as UN Security Council, can not confer more powers to the other organ (Tribunal for war crimes), than those it has itself, provided by UN Charter. For these reasons, we appeal to the Government of Serbia and the President of Serbia to request that the following Draft Resolution be placed at the next Session of the UN General Assembly:
DRAFT RESOLUTION
The General Assembly,
Considering the Article 2 of the Charter of the United Nations,
Considering the functions and powers in the Chapter VII of the Charter of the United Nations,
Considering the General Convention on the Privileges and Immunities of the United Nations of 1946, and, in particular, the legal character of Article 1 and Article 8 (30),
Taking note that a difference in the legal interpretation of the Charter of the United Nations has arisen between the Serbia and the United Nations over the legality of the establishment of the Tribunal for war crimes in the former Yugoslavia,
Considering the Article 96 of the Charter of the United Nations,
For the purposes to determine whether by the delivered United Nations Security Council Resolutions 808 (1993) and 827(1993), United Nations Security Council has made an ultra vires act(s) in execution of functions and powers not expressly provided for in the United Nations Charter,
And for the purpose to determine further course of action,
Decides to submit the following legal question to the International Court of Justice:
Are the resolutions of the United Nations Security Council 808 (1993) and 827 (1993) legally in accordance with the Article 2 of the Charter of the United Nations and provisions of Chapter VII of the Charter of the United Nations?
* Made by the joint team headed by dr. Igor Janev, Senior Researcher at the Institute for Political Studies (Institut za političke studije), Belgrade, Serbia, web posted: 22. 10. 2007.
Објави коментар