Европскиот суд за човекови права, во случајот Стил и Морис против Обединетото кралство, во однос на кампањата на Лондонскиот Гринпис против Мекдоналдс (погледнете ја само гротескната карикатура), досуди во полза на активистите и покрај тоа што обвинувањата во кампањата биле презентирани како фактички искази, а не како вредносни судови:
„The Court (...) notes that the leaflet in question contained very serious allegations on topics of general concern, such as abusive and immoral farming and employment practices, deforestation, the exploitation of children and their parents through aggressive advertising and the sale of unhealthy food. The Court has long held that “political expression”, including expression on matters of public interest and concern, requires a high level of protection under Article 10...“
Кај нас, Менде Петковски беше осуден 4 месеци затвор (2 години условно) за клевета поради текстот Димитар Црномаров му го одзеде "фордот" и на апелацискиот судија Неџат Ајро, иако статијата поентираше со изјавата: „Во сообраќајот сите сме еднакви - од шефот на државата до најобичниот граѓанин. Затоа во Битола никој не смее да вози кола без таблички.“
Хелсиншкиот комитет во посебно соопштение укажа дека Судот донесол пресуда и покрај тоа што во написот е изнесена вистината дека: „се случул настан во кој полицијата ги превзела законските дејствија во однос на лицето Ајро Неџат во врска со прекршување на одредбите на Законот за безбедност во сообраќајот (за регистрација на возила) и во однос на него било постапено согласно чл. 366 (издадена наредба за исклучување на возилото од сообраќај, одземена сообраќајна дозвола и друга документација за возилото, поднесена пријава за сообраќаен прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка), што е утврдено и во образложението на донесената пресуда“!
Живееме ли ние во Европа?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
:-) Одговор ...
Ало, Жарко! Го избришав по грешка твојот последен маил и сега ја немам адресата. Затоа ти пишувам преку коментаров. Би сакал овој пост да го прошириш во еден поголем текст бза слободата на печатот (и говорот) и за цензурата, при што - акоп си согласен - во тој текст треба јасно и гласно да се побара ревизија на срамниот процес против покојниот Менде Петковски, мојот голем пријател. Ако прифаќаѓ да напишеш еден убав текст за НЕДЕЛНО ВРЕМЕ од едно 100 реда на оваа тема, би ти бил многу благодарен. Одговори ми на мојот маил bgeroski@vreme.com.mk
Објави коментар