И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на јавноста од главниот настан на денот: презентирањето на лошиот извештај на ЕУ од страна на Фуере во Собранието.
И малите деца знаат дека не може да стане збор за акција „изведена со врвен професионализам“ ако притоа се изгубени повеќе човечки животи.
И малите деца знаат дека не може да стане збор за професионално информирање од страна на МВР ако прво се пуштаат информации дека загинале 8 лица (според портпаролот), веднаш потоа 4 лица, додека во официјалното соопштение на МВР воопшто нема никаква информација колку лица се загинати.
Во соопштението се информира дека „Во акцијата ПЛАНИНСКА БУРА приведени се 6 лица“ без да се наведе заради кои кривични дела се приведени лицата. Во соопштението ниту се потврдуваат, ниту се демантираат информациите за 30-мина уапсени лица во Скопје, според ДУИ, поранешни припадници на ОНА.
Допрва ќе гледаме сеир за „професионалноста“ на МВР.
43 коментари:
„Они не работат нас, не ние нив“ :)
A1 прво обави „најмалку 8 загинати“, на телетекст стои „Четворица од групата се убиени“, а сега како „конечен биланс“ се информира „шестмина мртви и неколку уапсени“ (12-мина).
Пукањето траело 10 часа и имало 50-тина вооружени?!?
„Mинистерката Jанкуловска прво рече дека се убиени четири лица а шест други се приведени, но подоцна портпаролот Иво Котевски потврди за шестмина загинати и повеќемина приведени“ (BBC)
„Најмалку четворица убиени и шестмина приведени лица, припадници на „екстремистичко-криминална“ група, е официјалниот биланс на денешната полициската акција во тетовско.
Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, оценувајќи дека акцијата била успешна.“ (макфакс)
и малите деца знаат дека НВО зомбите ќе је обвинат владата а операцијата на мвр ќе ја оценат како спинување.
1. тоа значи дека лирим јакупи нацист требаше и натаму да шета наоружан до заби по селата и планините?
2. тоа значи дека зомбијата сега се чувствуваат некако ускратено од присуството на еден пацифист како рамадан шити?
3. тоа значи дека не беше време да се прати баш сега полиција по оној што уби пратеник или оној што уби затворски чувар?
4. непрецизности околу бројките, тоа ви е е сета аргументација за спинот? мислите по операцијата на американските федералци против крепоста на давидијанците веднаш се знаеа сите конечни бројки?
* дајте бе нешто за фуко и бодријар, со нив и да утнеш, немет гајле.
Anonimen prijatele, tokmu Fuko i Bodrijar se vo zaednicka akcija vo Brodec. MVR ja koristi seta strukturna mokj (vkluchitelno i brakovite od interes so mediumite) za da simulira profesionalnost i efikasnost.
Vladata ni dolzi objasnuvanje zoshto tokmu denes e izvedena akcijata, a ne pred nekolku nedeli, iako i beshe poznato kade se pobegnatite lica od Kosovo i nivnite sorabotnici.
Policiskata akcija beshe mediumski spektakl - doprva kje vidime kakvi bile realnite efekti.
Eve ushte edna potvrda deka policijata go chekala "vistinskiot" moment:
"Шарплансиските села во јавноста станаа актуелни пред десетина дена откако пет работници од ЕСМ-ЕВН тврдеа дека во реонот биле киднапирани, па ослободени од страна на вооружени лица. Полицијата досега не го истражи ова нивно тврдење. Тогаш пратеникот од ДПА Ружди Матоши кој потекнува од шарпланинскиот крај за нашето радио тврдеше дека во селата има неколку криминалци познати за државните органи кои сеуште биле недостапни за нив:
„Мислам дека сите граѓани ги знаат тие луѓе кои се, едниот се знае со име и презиме, се знае зошто тој бега од правдата. Има и два тројца други.“" (Radio Slobodna Evropa)
Познат непријателу, баш ги разлистав архивите од пред две недели. Еве ги насловите од тогаш: Изрешетана куќа во Гостиварско, Тетовец ранет во врат, Македонија троши „метадон“ колку половина Балкан...
кого - освен малите деца - ќе убедиш дека и пред две недели да се случеше акцијата, ти немаше да искористиш некоја од овие вести пак да оцениш дека ловот по Јакупи и Шити е политички спин?
Naslovite shto gi spomenuvash od pred dve nedeli direktno ne ja tangiraat vladata kako porazitelniot izveshtaj na EU.
So policiskata akcija, deneska Vladata se obide porazot da go pretvori vo pobeda.
Aj da vidime, dali kje uspee vo toa.
pozdrav
Se soglasuvam so Zarko deka tajmingot e i povekje od osmislen i pikiran (operacijata sekako moras e da se sluci i e normalna za sekoja normalna drzava, debatirame za modaliteti na istata), i deka ima mnogu nejasnotii (koj se e ubien, kako moze da se tvrdi odnapred deka civilite se maximalno zastiteni ako ne se znae koj se e zastrelan, i ako nema shteti vrz civilni objekti zosto se vrsi uvid) potoa ako odnapred se so koi treba da se potvrdi profesionalnosta i zastitata na nedolznite civili. Za mene bese interesno sto negde pri kraj na presot ministericata kaza deka "site kriminalci treba da znaat deka ke zavrsat na ist nacin" sto pa ic ne prilega na minister od zemja kandidat za EU i NATO da se obrakja vo gangsterski zargon i so takov recnik nebare se raboti za dva klana koi se sudrile. Ako se sekjavate imase i Bocevski ista takva izjava po granatiranjeto na Vladata, sto izgleda znaci deka taa go instruirala Boce da kaze taka.
сеаде, а ти како мислиш дека завршуваат криминалците - не во земјите кандидати туку земјите членки на НАТО и ЕУ - кои вооружено и организирано се судираат со полицијата? и каков стил користат таму политичките претставници на репресивните државни органи? есеистички, хармсовски?
а авторот на постот вика Пукањето траело 10 часа и имало 50-тина вооружени ( и потоа извичници, прашалници, чудења демек, аха! а што ќе речете на ова демек). и? што со ова? премалку мртви ли се за точку саати пукање, премногу ли се, колку требало да трае да се прашувавте вие... кој ви е бе курац?
Еј, а знаете што? Јас мислам дека Премиерот Никола Груевски намерно го темпираше раѓањето на неговата ќерка за да ни го одврати вниманието од извештајот од ЕУ...
Аман, доста веќе со изџвакани и стереотипни моронизми. Државата само покажа дека нема да толерира закани со оружје и дека сите што мислат да остварат свои цели како што некои остварија во 2001 година ( не мислам на етничките прашања).
Abe drugare ЖАРКО samo ne znam kako mozesh da treskash vakvi gluposti. Pa koga trebashe da se sluci akcijata, zarem trebashe da dozvolime tie grupi seushte da ne teroriziraat i toa ne samo nas, tuku i lokalnoto naselenie(za koe site znaeme deka se od albanska nacionalnost). Akcijata beshe 100% uspeshna odnosno imashe samo eden povreden policaec, dali Vie gospodine Zarko mislite deka dokolku akcijata se sluceshe pred dve nedeli ke beshe isto tolku uspeshna? Jas mislam se dodeka vakvo neshto ne osetite na svoja кожа i se dodeka ne prestanete vo se da ja meshate politikata ke prodolzite da tropate gluposti.
SE IZVINUVAM DOKOLKU VE NAVREDIV
Мене името на операцијата ужасно не ми се допаѓа, особено што тоа не е новинарско име туку официјалното име на МВР.
Ај што името е неинвентивно, веќе видено, туку и бурите што јас ги знам „Пустинска бура“ и „Бура“ се воени операции и будат негативни чувства.
сега се фативме и за името :)))))))) каква салонска лицемерност! во топлината на своите папучи, седнати пред убавите монитори, ќе мрморите за главната поента - името на операцијата. кое дно! да, можеби требаше да се вика "есенска магнолија" или "шарска плескавица" :) а асоцијациите, немој твоите да им ги натураш на сите. негативни од прва? прашај ги хрватите какви асоцијации имаат за нивните ослободителни бури и олуи.
Moze ovoj "fraerov" od anonymus sto se rasfrla so penisot naokolu da mi prati mail na sed93@hotmail.com za da mu pratam nekolku sliki od vcera?
Corr.: sead93@hotmail.com
E koga ke se udri diskusijata na konkretno, za zal, disputantite gi snemuva :-( Aj ke gi pratam slikite svedostva na neprofesionalnosta na Zarko i Darko (a moze i na Marko, vise radi rimata).
сеаде, потруди се прво да си ја комплетираш архивата со слики од претходните херојски дела на шити и јакупи. а и силвиа сеинт не ти е лоша.
I KFOR raboti za Gruevski prvo veli srusen e helikopter na MVR a potoa reterira ne e srusen helikopter na MVR
I stranskite novinski agencii rabotat za gruevski poso velat deka ubienite se "gunman" a na "rebels"
Abe ovoj Gruevski go kontrolira KFOR i ima vladini internacionalni novinski agencii!!!!!
Уште една „коспираси” теорија:
радио слободна европа:
Безбедноста и политичките случувања во прв план, па граѓаните забораваат на поскапувањата на цените
токму така дарко156. видиш како умееш да бидеш умен? “слободна европа“ ти е класичен регрутен центар за разузнавање.
Анонимна кукавица да ќе коментирам за што сакам, тоа е и убавината на општеството вакво како што е во моментов поставено, за иднина незнам.
А незнам со што тоа ти си подобар од мене, и ти позади сличен монитор и слични папучи коментираш исто како мене.
сигурно “убавината на општеството“ е и што чича глиша смее неодговорно да лупета на интернет, без трошка одговорност особено кога се работи за чувствителни прашања од национална безбедност.
многу арно (убавина) се чини, што би рекле старите, не е не на арно. (убавина)
Nisto od argumentirana rasprava, a za licni raspravii ne mi se trosi testatura. Pero fala za zborovite na mesto, Zarko cestitam uste ednas za kritickata nastroenost za bitnite raboti vo opstestvoto (vo slucaj profesionalnost na sluzbite za bezbednost) za sto kako gragjani treba da sme sekogas zainteresirani.
јас пак не мислам дека извештајот е толку поразителен...
„- Успешнот завршување на акцијата „Планинска бура“ е јасна порака до сите криминалци. Сите тие ќе зврашат на ист начин, порача министерката Јанкулоска.“
Што значи изјавата на Јанкуловска дека акцијата „Планинска бура“ била „насочена кон пронаоѓање и неутрализирање на криминално-екстремистичка група“? (www.vlada.mk).
Се согласувам со Сеад дека изјавата на министерката е непримерена. Не само тоа, туку триумфалистичката изјава ја доведува во прашање целисходноста на целокупната акција.
Имено, што било цел на полицијата -да ги упаси криминалците со „дебело досие“ или да ги екстерминира?
Од друга страна, изјавата на Шеќеринска дека не станувало збор за криминална група ми изгледаше крајно конфузна.
Во однос на тоа дали извештајот е поразителен или не, споредете ги само изјавите на Груевски:
„...ние како влада ќе дадеме се што е во наша моќ да направиме што е можно поголем прогрес во наредната година и да се обидеме да добиеме што е можно побрзо датум за преговори...“ (А1, 2006)
„Јас имам прогноза колку многу ние ќе работиме, а тоа е многу. А кога ќе ги започнеме преговорите не зависи само од нас“, додаде Груевски. (А1, 2007)
За деталите во натамошните постови.
глиша, треба да си тежок слепец па да ги браниш придобивките на овој медиум (како мене стварно да ми беше до твоите папучи) а во исто време, истите придобивки, да речеме, правото да изберам да бидам анонимен, да ги превидиш и да ме етикетираш како кукавица. држи се ти до папучите колку сакаш, јебале те папуче. само, од сите можни апсекти на проблемов (мртви, ранети, цивили, полиција, безбедност...) ти да најдеш да дрндаш дека името на операцијата ти било НЕИНВЕНТИВНО или ВЕЌЕ ВИДЕНО е целосно, комплетно дно. нормално, имаш право на тоа да бидеш дно, ама, замисли, имам и јас право да ти кажам што мислам за твојот плиткост.
Имаше фин текст во утрински - „Самите би си дале најлоши оценки“.
Извештајот сам по себе не е толку лош, напротив Македонија има добиено најдобри оценки во споредба со другите,ако прочиташ убаво. Лошите коментари не се во извештајот, туку лични изјави на Европејците - а тука има разлика. Тоа дека Груевски не реагира соодветно на „коментарите“ е точно, меѓутоа тоа не го прави извештајот толку лош како што некои го преставуваат. Второ, како баш ја темпирале акцијата? не ми е јасно, Грујо го имал извештајот во раце недела дена пред тоа, па успеал да ги засади криминалците во тетовско и да си направи се како што му одговара?!?!
Прво, за извештајот.
Едно време се тркавме со Хрватска, а денес добивме порака дека сме и зад Албанија.
Еве само еден цитат од документот „Стратегија за проширување и главни предизвици 2007-2008“:
„The Republic of Macedonia has made some progress in addressing the political criteria.
However, frequent tension and problems in achieving constructive dialogue between major
political actors undermined the effective functioning of the political institutions and led to a slowdown in reforms. The short-term priorities of the European Partnership have been
partially fulfilled.“
Значи, оценката е дека ефективното функционирање на политичките институции е поткопано, реформите се забавени, а краткорочните приоритети за Европското партнерство се само делумно исполнети.
Главната порака е дека од Македонија се очекува добро владеење (културно кажано - сегашното владеење е лошо).
Ако ова „не е толку лошо“ за Владата чија пропагандна машинерија пере мозоци дека е една од најреформските во светот, тогаш навистина не знам што е.
Второ, секако дека Владата имала информации какви ќе бидат оценките во извештајот.
Во кулоарите извесно време се шпекулираше дека ќе има извесна акција за чистење на „криминалните банди“.
Акцијата е темпирана истиот ден кога извештајот се разгледуваше во собранието.
Од акцијата МВР прави медиумски спектакл, објавувајќи дури и фотографии од настраданите и уапсените лица.
Наместо соочување со пораката - „Реформи во место“, јавноста е преокупирана со тоа дали ќе има нова војна.
Треба само да собереш 2+2.
Професионално или не, спин или реална акција и внимание, мислам дека без разлика, една ваква инивијатива е битна. Се сеќавам дека и во 2001 сите смееја при првите инциденти. А за ова ме убеди и изјавата на Ахмети- "Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера го потврди ставот на Централното Претседателство на партијата дека МВР, во акцијата против криминалните групи предводени од Лирим Јакупи-Нацист и Рамадан Шити, во тетовското село Бродец, употребило прекумерна сила.
Според Ахмети, пронајденото големо количество оружје, не е доволна причина за енергичната акција на МВР.Тој смета дека бесповлечниот топ, тешкиот митралез, рачните гранати и бомбите не се доказ дека се работело за опасна група."- во денешен Вечер. Изгледа дека за филозофот и генијалниот ретор Ахмети (кој сеуште пати од внатрешната антонимија да себиде убиец и демократ во исто време)поседувањето на ваков вид оружје не е ништо повеќе освен алатки за добро организирана свадба, или пак иницијален обред за децата, играчки во новата терористичка епоха. Епа не знам дали една ваква изјава не кажува имплицитно дека навистина има потреба од Реакција, би рекол, дури и построга.
Наравоучениа на македонската демократија и етика- Кога ќе видиш некој на улица со топ, граната и митралез, учтиво опомени го, но никако не пријавувај го во полиција.
А ја би зборел за друга тема во врска со акцијата. Ги виде ли некој убиените коњи на криминалците? Имаше два - црн и бел, убиени и оставени така крај патот. Сигурно во својот професионализам, полицијата решила да ги оневозможи превозните средства на криминалците и да ги неутрализира коњите. А што станува со правата на коњите? Зошто да се тие колатерална штета? Зошто никој не ги приведе, па да ги испита форензичарски, па да им додели ветиеринар и правен застапник? Или пак коњите пружале вооружен отпор, па морале да бидат елиминирани?Многу пропусти, навистина многу и јас не знам кај се НВО да зборат за правата на коњите во оваа земја, па да направат еден семинар за нивниот третман, па да е продружен со изложба и објавен зборник. Конечно, зошто никој не го разгледува фактот дека убиените коњи се, исто така, поврзани со извештајот на ЕУ и дека даваат лоша слика за нашето законодавство, како и за нашиот менталитет? А, богами, и оваа тема може да се разгледува како спин, зашто го одвлекува вниманието од лошата надворена политика на владата и од цинизмот на Оли Рен кој кратко ќе ви одговори: “И коњите ги убиваат, нели?„, па ти после мисли се три дена што сакал да каже со својата лаконска краткост. Многу, многу небулози, а кутрите коњи си скапуваат сега таму некаде... Ах!
Вака завршуваат криминалците во другите држави:
PALERMO, Sicily (Reuters) - Salvatore Lo Piccolo, who magistrates believe is the Sicilian Mafia's new "boss of bosses," was arrested on Monday after nearly a quarter of a century on the run, police said.
ADVERTISEMENT
Lo Piccolo, 65, was arrested with his 32-year-old son, Sandro, and two other Mafia bosses.
The four are among the top 30 most wanted Mafia suspects in Italy and were seized in a raid on a country house outside the Sicilian capital Palermo where they were holding a summit.
Police fired a few shots during the operation but no one was injured
Ете, како што и сами можете да видите, целта на акцијата е постигната.
Никој не збори за извештајот и ЕУ-интеграцијата, сите зборуваат за полициската акција.
Фуко-Кафка, никаде во постот не тврдев дека полицијата не треба да интервенира против „криминално-екстремистичките“ групи. Го доведов под прашање само тајмингот на акцијата и самофалењето дека е 100% професионална и успешна.
Ако е 100% успешна, зошто тогаш не е фатен „Нацистот“, кој се наведува како главна причина за започнување на акцијата?
Анонимна кукавицо,
http://en.wikipedia.org/wiki/Anonymous_Coward
Се ујебува муабетот, ако не пишеш некој уникатен идентификатор.
Ех, последниов „анонимен херој“ стварно ме изнасмеа.
Како беше она, со свој камен, по своја глава... ;)
А да се држевме до темата?
Еве што вика денешен „Шпиц“:
„Според информации од полицијата, криминалците се криеле три месеци во селската џамија и во неколку куќи во селото.“
Ја поздравувам успешноста и ефикасноста на полицијата со песната „Три месеци, свадба се спрема, а полицијата абер си нема...“ :)
Ова со коњите е навистина добро забележано. А како би било да се напраи и летен семинар у Охрид, да се организиат дебати во Точка, блогерите да се препукуваат меѓу себе, да се известат странските амбасади, да се повикаат интелектуалците на јавна расправа, да се отворат постдипломски студии во Евро-Балкан - и све на темата правата на коњите у Макдеонија. Не гледам зашо оваа тема е помалку релевантна од другите кои веќе се третираат на гореспомнатиот начин. Поздрав од Колега.
Жаре, со постов погоди „у сриду“ , шо би рекле Рватите. Нема да се впуштам во спин-муабети, единствено сакам да кажам дека е добро шо се случи бурата, дека треба и во иднина да си дува, ама постојано, а инаку честитки за принципиелноста и настојчивоста во одбрана на демократските принципи и борбата против догматските светоназори. Поздрав и ја имаш мојата поддршка
„Дувни ветре Развигорче...“
Ех, да дуваше постојано ветре развигорче, немаше да има потреба од никакви бури.
И кога е во прашање безбедноста важи поговорката - „подобро е да се спречи, отколку да се лечи“.
„подобро е да се спречи, отколку да се лечи“.
или блогерската верзија:
Medicus curat, Zare (Zombi) sanat. :)
За жал, еве уште индикатори за половичниот успех на акцијата, како и за тоа дека полицијата не покажува успех на план на спречување на кризата:
„Лирим Јакупи-Нацист избегал на Косово, дознава „Шпиц“ од високи безбедносни извори. Нацист се префрлил на косовска територија заедно со уште петмина припадници на групата која дејствуваше во Бродец. Изворите тврдат дека лицата избегани во Косово се уште поопасни од оние што беа уапсени и убиени во акцијата „Планинска бура“. (Шпиц, број 433, 10.11.2007)
Бог да чува од вакви интелектуалци! Жарко, по темава се изедначи со Васко Ефтов.
Може да се каже дека времето на изведување на акцијата е намерно избрано, ама дека акцијата е спин е целосно неточно. На крајот на краиштата, ама буквално секоја влада на светов ги користи ваквите моменти и за други цели. Не гледам зошто македонската влада би заостанувала зад светот.
Акцијата е многу поважна од ебаниот извештај на ЕУ ( тресела се гора, родио се миш ). Работава - што ќе кажат странците е најважно. Еве, Бернард Кушнер мисли дека треба да го смениме името. Треба ли!? Знаеш и сам Жаре ( 100% сум сигурен дека така мислиш ) дека се што доаѓа од надвор не секогаш е во најдобар интерес на Македонија. А знам дека си цврст застапник на обезбедувањето на правото на целата територија на Македонија, како што е почитувањето на суверенитетот и интегритетот на државата.
И на крај акцијата не била успешна зошто имало убиени од другата страна??? Па со толку многу оружје можел ли некој туку така да биде уапсен? Те прашувам не како интелектуалец, туку како нормален здраворазумен човек.
Очекувам и други акции набрзо - што повеќе мртви терористи, тоа подобро за Македонија! Да, така завршуваат криминалците во секоја нормална држава.
Објави коментар