„Демократска Република Македонија“?

11/05/2007

Многу пати досега сум пишувал за „спорот“ во врска со името. Еве еден избор:

„На 8 април ќе се навршат 14 години откако нашата држава беше примена во ОН, со следниов документ на Генералното собрание. Во документот се наведува дека за сите цели во ОН на нашата држава провизорно ќе се реферира како на "the former Yugoslav Republic of Macedonia" - „во очекување на решавање на разликата [спорот] што произлезе во однос на името на државата".“ (FYROM-изацијата продолжува!)

„...можен ли е воопшто компромис за „спорот околу името“ кој не е истовремено и наша компромитација?“ (Во име на Македонија: компромис или компромитација?)

„Врз основа на што е изведен заклучокот дека продолжувањето на разговорите е согласно нашите „национални и државни интереси“?“ (Во име на Македонија: „национални и државни интереси“)

„Ако ние инсистираме на „Република Македонија“, а Грците ни предложат „Македонска Република“, дали тогаш можеме да постигнеме компромис - „Македонска Република Македонија“?“ (Во име на Македонија - Македонска Република Македонија?)

„Што е финтата, Б.Ц. не знае дека „акронимот“ FYROM/БЈРМ е грчко масло, а дека во ОН сме примени како „the former Yugoslav Republic of Macedonia“?“ (Зарем и Б.Ц. (бившиот црвен) за FYROM?)

„Велиш: "Времето е на наша страна, под услов да не попуштаме." - Мислам дека е ова една голема заблуда, која веќе 14 години предизвикува меѓународна и домашна „ФИРОМ-изација“ на Македонија, која ја продлабочува кризата на нашиот национален/државен идентитет (прашање е дали и воопшто го имаме).“ (GoodBytes vs. Jasnesumjas: за името и Македонија)

„Грција нема никакво право на монопол над името „Македонија“, исто како што и „Европската Унија“ нема никакво право на монопол над името „Европа“.“ (...) Изразувањето подготвеност за билатерално решавање на „спорот“ да биде проследено со широкоградо прифаќање на „финиот“ предлог од „финиот“ господин Нимиц, но врз основа на „финиот“ принцип на реципроцитет: Ако „Нова Македонија“, тогаш и „Нова Грција“! Ако ние „Новомакедонци“, тогаш и тие „Новогрци“! (...) Ако првиот предлог не биде прифатен, тогаш протестно напуштање на т.н. „спор“ поради ригидност на другата страна и поради очебијни симптоми на пристрасност кај „олеснувачите“ (...) „...основните човекови права, како што се правото на државјанство, и правото на идентитет на личноста, засегнати со т.н. „спор“, не можат да бидат предмет на преговарање и компромис, туку може да бидат само предмет на признавање, почитување и заштитување.“ (...) „Протестното напуштање на т.н. „спор“ да биде проследено со уставни измени во кои „Република Македонија“ ќе добие уште една додавка – како „Европска Република Македонија“, „Југоисточно-Европска Република Македонија“, или „Вардарска Република Македонија“ (додавката би се однесувала на „Република“, а не на „Македонија“, па не би имала никаков ефект врз државјанството и идентитетот).“ (Во име на Македонија (1): ем „тешкото“, ем „сиртаки“?)

„Досега името на нашата држава сме го менувале неколку пати
1. Од „Демократска Федерална Македонија“ во „Народна Република Македонија“ - 1946.
2. Од „Народна Република Македонија“ во „Социјалистичка Република Македонија“ - 1963.
3. Од „Социјалистичка Република Македонија“ во „Република Македонија“ - 1991.
4. Наместо „Republic of Macedonia“ нашите политичари дозволија да бидеме примени во ООН како "the former Yugoslav Republic of Macedonia" - 1993.“ (Името не го менуваме?)

„Што мислите за идејата сами да си го смениме името во Европска Република Македонија? Така националноста на новите државјани би можела да стане Европски Македонци (скратено – Евро-Македонци), а нивната етничка припадност би си останала како и до сега - Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци итн.“ (Пак за името: Европска Република Македонија?)

„Република Македонија (Republic of Macedonia) прифаќа промена на уставното име во Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia) ако и само ако Република Грција (Hellenic Republic) го промени уставното име во Република Нова Грција (New Hellenic Republic), и Република Бугарија (Republic of Bulgaria) го промени уставното име во Република Нова Бугарија (Republic of New Bulgaria).“ (Нешто сосема ново!)

„Не ми е само јасно како медиумите подлегнуваат на олку проѕирни лаги, дозволувајќи на нивните страници да се печати грчка пропаганда - дека не признале како ФИРОМ, а не како “The former Yugoslav Republic of Macedonia”.“ (Профилот на ФИРОМ-џијата)

„И тезата на Милошоски за „привремено име“, и фуснотата каде што наводно сме примени во ОН со „привремено име“ се погрешни! Имајќи го предвид досега кажаното, мошне логично е да се постави прашањето зошто нашите политички претставници (Глигоров, Црвенковски, Милошоски) упорно го користат изразот „привремено име“, кој не одговара на нашите интереси во парадоксалниот „спор“? Дотолку ли не можат, не знаат, или пак не сакаат да прават разлика помеѓу „име“ и „референца“?“ („Привремено име“ за привремена држава?)

„...авторот на писмото зборува за „меѓународно име на РМ“, користејќи неофицијална кратенка која како и кратенката „FYROM“ воопшто не се сретнува во никаква меѓународна комуникација. (...) зошто луѓето не сфаќаат дека акронимот „FYROM“ е грчка итрина за да се покрие употребата на „Македонија“, исто како во кратенката РМ?“ (Референци и акроними)

„Кој е крив сега - Советот на Европа што ја именува државава со дескрипцијата под која е примена, или пак МИА која употребува акроним кој е чисто грчка измислица? Берете памет луѓе, оти како што тргнала работава, сами ќе си се прекрстиме во FYROM.“ (Сами си се „Фиром-изираме")

„Во текстот пишува - „Поранешна Југословенска Република Македонија“, за разлика од насловот - ФИРОМ за НАТО! Од каде испадна „ФИРОМ“? Толку ли станаа неписмени новинарите и колумнистите, или пак треба да бараме друга причина за здружената анти-кампања на ФИРОМ-џиите? Или пак, можеби, дури сега ги чувствуваме последиците од лошата кампања „Don't you F.Y.R.O.M me“, каде што на пропагандните картички F.Y.R.O.M го пишуваше со големи читливи букви, а „SAY Macedonia“ со мали, сосем нечитливи букви?“ (Де-македонизација)

Во моментов, мислам дека е најдобро да ги прекинеме сите преговори околу Уставното име, и уште еднаш, за последен пат, самите да си го промениме името на државата. Мојот предлог е „Демократска Република Македонија“ (резерва - „Европска Република Македонија“).

Ем ќе ги заебеме Грците, ем промената на Уставот може да се искористи за вистинско демократизирање на Македонија каде што сеуште „народот“ се поима исклучиво како „етнос“.

10 коментари:

Анонимен рече...

te poddrzavam 100%, ako ima nekakva poenta od toa..

samo ne veruvam deka postoi partija sto ima hrabrost da go predlozi toa- odma ke gi lincuvaat i izbrisat i sl.

Анонимен рече...

PS: Grcite ne prifakjaat poveke zborovi tuku edno ime taka shto ne bi mozelo da se raschleni, i toa na pr. ne bi prifatile Slavomakedonija, posto pak ke si ostane Makedonija, tuku pre bi prifatile Makedonoslavija i slicno. Shto so toa?

Unknown рече...

Затоа и предлагам да ги баталиме преговорите со Грците, затоа што меѓународното име на една суверена држава не може да биде тема на „билатерален спор“, особено во случај кога не постои друга држава со истото име: „Република Македонија“, ниту пак постои каква и да е друга политичка единица што се нарекува „Република Македонија“.

Анонимен рече...

Дали името Македонија е дел од нашиот идентитет, единствениот наш идентитет, најбитниот идентитет, непроменливиот идентитет, научениот идентитет или тоа е само ID-ентитет? Што мислите?

или може и како ова

Choose an identity

Google/Blogger

Other

Anonymous

Анонимен рече...

A moze pa koga ke se zagreat pregovorite okolu imeto i ke se svede samo na inaet "koj prv ke popusti", brzo da trampame promena na ime za Egejska Makedonija, i tek togas da gi zaebeme :o)

Of lele, ke si potrae ova uste 15tina godini.

(note: Stavot "Ne ni trebaat NATO i EU!" e samodestruktiven i nekako mrzliv... normalno deka ni trebaat, inace otidovme u k. so se ime i) sve.

Анонимен рече...

Јас сепак би размислила и за Северна или Вардарска Македонија. Мене многу ми се допаѓа можната импликација на овие имиња - дека постојат и други делови од Македонија кои не се моментално во состав на државата. Впточем тоа е и најблиску до вистината.

Unknown рече...

Географски гледано, поскоро сме Северо-западна, отколку Северна Македонија.
Името „Вардарска Македонија“ пак може да имплицира „територијални претензии“, имајќи предвид дека Вардар се влева кај Солун.
Дел од проблемот е и тоа што двете страни во конфликтот застапуваат идентичен слоган „Има само една вистина, има само една Македонија“ :)

Анонимен рече...

ајде бе ти со србо-комунистичко име Жарко ќе даваш предлози да се промени името на Македонија.

шетња бескичмењачу !!!

Unknown рече...

Многу трагикомично. Заканувач без име ме навредува затоа што сум давал „предлози да се промени името на Македонија“.
Пријателе, претпоставувам сакаш да остане нашето сегашно меѓународно именување со „Поранешна Југословенска...“ оти тоа не е „србо-комунистичко“.
Уште две работи:
Како се вика „жар“ на македонски?
Од кога вистинските Македонци викаат „шетња“ и „бескичмењак“? :)

Жарко, па зошто ни избриша коментарите? Или не можеш да одговориш на прашањето?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week