Де-македонизација

2/07/2007


Со статијата ФИРОМ за НАТО, и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“, наместо дескрипцијата под која сме примени во ОН и НАТО:

„Грција нема да стави вето за влегувањето на Македонија во НАТО и ќе се согласи за евентуалното започнување на преговори меѓу Скопје и Брисел, но под услов земјата во сите документи да се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија.“

Во текстот пишува - „Поранешна Југословенска Република Македонија“, за разлика од насловот - ФИРОМ за НАТО! Од каде испадна „ФИРОМ“? Толку ли станаа неписмени новинарите и колумнистите, или пак треба да бараме друга причина за здружената анти-кампања на ФИРОМ-џиите?

Или пак, можеби, дури сега ги чувствуваме последиците од лошата кампања „Don't you F.Y.R.O.M me“, каде што на пропагандните картички F.Y.R.O.M го пишуваше со големи читливи букви, а „SAY Macedonia“ со мали, сосем нечитливи букви?

2 коментари:

дамјан рече...

Жарко, еднаш имавме дискусија за ова со Mozilla организацијата тука.

Па ме интересира дали имаш некој совет како во иднина да се постапува во ваквите случаи.

Ја видов дискусијата, мошне интересна е.
Но, за жал, Дамјан, моите совети тешко би можеле да се од некаква помош. Еве зошто.
Некои политичари, претставници на нашата држава, без било каква расправа во парламентот или во јавноста, на 8 април 1993 год. самоволно се согласиле на следново:
1. Дека имаме некаков политички спор со Грција околу уставното име на нашата држава.
2. Да не бидеме примени во ООН со нашето уставно име, туку привремено да ни се обраќаат со „the Former Yugoslav Republic of Macedonia“ се до решението на тој спор.
Практично, се до решението на тој спор, било кој може да ни се обраќа со „the Former Yugoslav Republic of Macedonia“, бидејќи нашите политичари се согласиле на такво нешто.
Како некаков аргумент, може да послужи страницата на ОН „Country at a Glance“ (http://cyberschoolbus.un.org/
infonation/index.asp).
На оваа страница, во полето „Select a Country“ стои кратенката „Macedonia“ (на буквата М), иако кога ќе кликнеш во текстот стои погрешното „The Former Yugoslavian Republic of Macedonia“?!?
Сепак, на други страници, во полето „Select a Country“ стои кратенката „Macedonia, The FYR of" (на буквата М).
Инаку, во официјалниот список на земји членки сме на буквата T, како The former Yugoslav Republic of Macedonia (8 April 1993), помеѓу Thailand (16 December 1946) и Timor-Leste (27 September 2002).

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week