„Славна“ годишнина

2/26/2007

Во услови на медиумска „еуфорија“ - 10 години од „славните“ студентски демонстрации, да потсетиме на уште една „славна“ годишнина:
„Десет години по нашето ратификување на европската Конвенција за човекови права, се уште го чекаме денот кога некој судија ќе се осмели да ја примени Конвенцијата во практика.“ (
интервју: Суад Мисини, извршен директор на Истражувачкиот центар за граѓанско општество: Неодговорноста и неказнивоста се главни причини за трагичните состојби во судството).
И после, некои сеуште ќе продолжат да се чудат зошто ЕУ не сака да почне преговори за членство со нас.
Се прашувам, уште колку години ќе им требаат на „победниците“ на изборите за да сфатат дека успешна демократска приказна не подразбира функционирање само на извршната, туку и на судската и законодавната власт?

8 коментари:

Анонимен рече...

имам минимум три дилеми у вези интервјуво на почитуваниот господин:
1. од каденакаде излегоа девеесте илјади евра само за ланските пресуди? ја јес математика да имав двојка, али сепак таа лекција (собирање) ја пројдов...или само прочитал од извештајот на Хелсиншки?
2. од каде потпишаната А.Д. влече заклучок дека Јашар е банален случај? ох муко...
3. од каде податокот дека 77.000 евра за Јанева е една од најголемите суми во врска со должина на постапка пред Европскиот суд?

Имам и други прашања - се разбира дека не ги поставувам до тебе
Жарко - повеќе општо на глас размишљам...

А дека судството е тапа и тоа е веќе ламентирано зилион пати, е. Аргументацијава за таа теза ми е малку климава.

Unknown рече...

Убаво е што размислуваш на глас.
За жал, кај нас, повеќето судии сеуште размислуваат во себе, а некои и не размислуваат (со своја глава).
На пример, во првата пресуда на Пауновски пишуваше дека сторил „интелектуално кривично дело“, а во една од пресудите на Вранишковски судијата размислувал вака:
„Исто така не е прифатена и одбраната на бранителот на обвинетиот дека секој може во својот стан да прави што сака. Тоа е точно, но не може да прави што сака кога тоа сакање и правење е насочено против најсветото за православните верници, кога се повредуваат верските чувства на граѓаните или кога се ствара омраза или раздор и нетрпеливост како што е случајот со обвинетиот.“
Судијата продолжува со „бисерите“ - испаѓа дека е надлежен да одлучува и за црковни прашања:
„Овој бранител во својата одбрана се осврна и на нацрт Нишката спогодба дека таа наводно била ново размислување на новата генерација владици во нашата МПЦ. Таа Нишка спогодба од нашата МПЦ не е прифатена и затоа останала само во нацрт, а за ново размислување на новата генерација владици, не може да одлучува највисокиот орган на Црковната
организација.“
Каша-попара!
Уште едно потсетување:
Во Република Македонија не постои судско тело кое што ја оценува согласноста на законите и другите прописи со ратификуваните конвенции за човекови права.
(Нашиот Уставен суд се прогласува за ненадлежен во случај на такви иницијативи, па затоа кај нас е можно да се донесуваат закони и прописи кои се во директна колизија со ратификуваните конвенции за човекови права.)
Единствено УСУД, и тоа само во однос на неколкуте права за кои е надлежен, ги има досега земано предвид одредбите од ЕКЧП при одлучувањето.
Ако ти се познати други случаи на непосредна примена на ЕКЧП, со радост би ги погледнал.

Анонимен рече...

денес обавив една дебатица на оваа тема.
прв проблем е што никако не можат да се одвојат ратификуваните конвенции за човекови права од сите други конвенции општо- значи ако се цени согласност се цени и за ЕКЧП и за(карикирам) горниот лимит на тежина на едно европско говедо (има и такви прописи:). све е тоа меѓународен акт ратификуван.
е сеа, ради чл.118 од Уставот, тие се мааалку побитни од законите (бидејќи закон не може да ги менува). НО, тоа не значи дека Уставниот суд може де јуре да ја цени согласноста на законите со конвенциите.Што би било тоа- уставност или законитост? И под која нивна надлежност би потпаднало?
Обидов еден лупинг по основ на последната надлежност на УСУД- одлучува и по други прашања утврдени со Уставот. НО, ми ја оборија :) пошто ценење на согласност на закони визави конвенции експлицитно нигде не е утврдено во Уставот.
Има момент Собрание,евентуално нивната кутра комисија за уставни прашања (или законодавно правна). Никој со три чисти не би чукнал на таа врата.
Крајниот заклучок е дека во моментов нема инстанца која би постапувала доколку извршната власт (која де факто го врши усогласувањето на сите нови закони со сите related меѓународни договори) баш реши со пропис да иде во колизија со истата таа конвенција (или, како што најчесто и бива, од превид заборави).
Екстра специфика кај ЕКЧП е што е директно применлива - по мое, и по чл. 118, ЕКЧП се применува независно и приоритетно од глупиот евентуален закон кој и е спротивен.
Во превод: ако сакаш да го обориш членот од Закон за полиција за лишување од слобода, по основ колизија со Конвенцијата, ќе треба да чекаш индивидуален случај, кој ќе го оживее тој член, па сите инстанци во МКД ќе ги пројде, па ќе стигне до Стразбур. И евентуално тогаш Европскиот суд би ценел и дали со самото слово на тој закон СИТЕ се потенцијални жртви, и тогаш истиот да мора по нивна пресуда да се укине(ова е филигранска реткост како пресуда).
Индивидуални случаи во МКД јасно е дека одат пред редовен суд. Прашањава од битно значење, првенствено за правната држава општо, сеуште ФОРМАЛНО не можат да се разрешат. Уставните судии користат ЕКЧП и нејзина пракса, али само во домен на оние права што ги штитат по 110 став 3.
А дека на темиве се шират дезинформации и се лупа сешто - што јес, јес.

Анонимен рече...

zdravo zarko, zdravo nena,

okolu dilemite na nena:
1. nema potreba da se gleda vo bilo cij izvestaj... osven na presudite na Sudot vo Strazbur i... matematikata e tuka. za zal, otprilika tolku evra se, koga se sesoberat trosocite po site osnovi po koi presuduva Sudot...
2. potpisanata AD e aleksandar damovski, i se soglasuvam deka mozebi formulacijata e nesrekno iskazana, no toj verojatno mislel na toa sto na bezvezen nacin mkd zagubila spor, odnosno na bezvezen nacin go kreirala slucajot... daleku od toa deka jasar uzival vo celata prikazna...
3. pa i toj podatok e od presedetnoto pravo na sudot. konecno, prasajte ja i sudijkata caca ako ve mrzi da kopate...

inaku, nie 10 godini nanazad rabotime na taa problematika i objauvame relevantna literatura na makedonski jazik. osobeno, pokraj drugite izdanija, mozam da vi ja spomnam "vlijanieto na evropskata konvencija za covekovi prava vrz nacionalnoto pravo i praktika + predmeti pred evropskiot sud za covekovi prava protiv RM (1998-2001)" - dolg naslov, ama nejse - koja ja objavivme vo 2001 god. da spomnam deka za eden mesec od pecat izleguva nova kniga koja ke gi opfati odlukite na sudot vo periodot 2002-2006, sekako, koi se odnesuvaat na RM.

sto se odnesuva do USUD, tova e tova, kako sto i samite si znaete... eve i toa da spomnam deka pred par meseci ja objavivme "konstitucionalist", zbirka na odluki na USUD doneseni po inicijativi na Stamen Filipov, stamen chichica koj nema popametna rabota vo zivotot pa go bombardira usud so inicijativi i ima... rather good success.

ako ve zanima nesto od publikaciive, pa... slobodno!

inalu, celava prikazna so nasata rabota okolu sudstvoto, kako na publicisticko taka i na prakticno nivo, megju drugoto, pokazuva edna izvonredna otpornost na sudsko-obvinitelsko-pravobranitelskata fela da se stavat vo rangot na onie koi ke napravat RM da stane/bide edna dostojna i gorda (na sebe) drzava... i iako seto toa moze da zvuci kako lamentiranje, nie se obiduvavme site ovie godini nesto da napravime iako, vistina, ambiciite ni bea pogolemi od realnite moznosti...

sepak, ako nekoj ima nekoja revolucionerno dobra ideja kako da se sredi ovoj segment, neka kaze? so zadovolstvo bi razmislile, ocenile, razmenile, sorabotuvale... sprovele.

seuste se nadevame deka site moznosti ne se iscrpeni a za veternicite, vo nekoja druga prilika..!

suad

Анонимен рече...

Почитуван г-дине Мисини,
Да не ја злоупотребувам љубезноста на сопственикот на блогов, кратка ќе бидам.
На истата страна сме на барикадите. Она во кое не сме на исто е што јас нема да се согласам со слабата аргументација на корифеите на граѓанското општество, скоро па исто така слаба како кутрите образложенија на јадните пресуди по македонските судови.
Исто така, со фактите нема шала. А тие викаат 18.700 евра пресудени на штета на МКД, доделени по апсолутно сите основи, во апсолутно сите пресуди кои се однесуваат на Македонија, со апсолутно сите трошоци, а заклучно со 2 март, петокот. Се разбира, не се сеуште сите исплатени, но тоа се формални правила.Ќе бидат.
Тука не спаѓа Јанева и нејзините 77.000 евра пријателска спогодба. Нема потреба да ја прашуваме ценетата М.Цаца- само италијанските пресуди за разумен рок разгледајте ги. Исто, распрашајте се за судијата во случајот на Јанева.
Пресудите не може да се исплаќаат од буџетите на судовите (или која било институција која прекршила Конвенција). Конвенцијата ја потпишува државата. Државата е обврзана со чл. 1 од Конвенцијата. Има тука повеќе образлагање, но главно е дека секако кај државата е вината (сите институции се нејзини). И оттука, таа плаќа.
Јас се согласувам дека вашата улога во продорот на Конвенцијата во МКД е голема и неспорна- сосе обуките , публикациите и јавните истапи. И во тоа апсолутно ве поддржувам. Се согласувам и со вашите тези за “фелата“. Таа е заспана, застарена, сврзана и отпорна (во основа).
Но, за јавниот збор секој има одговорност. Најмалку ќе се најдам еве јас :)да го проверам или оспорам. Скоро па исто како Стамен и Уставниот суд.
Затоа, разберете дека малкумина се ваши опоненти (од оние кои разбираат и се за човековите права) во принцип. Но, во детаљи, можда. И тоа е убавото.
Респект за се она што правите.

Анонимен рече...

draga nena,

nemam somnez deka mozat da postojat sekakvi, formalni i drugi, precki za toa instituciite da gi plakjaat otstetite...i tie mi se sekako poznati.

jas bev eden od prvite, ako ne i prviot, koj zboruvase za stranec obvinitel - i toa jas predlagav konkreten covek: Baltazar Garzon. iako i togas mi bea jasni site precki koi postojat za realiziranje na edna takva ideja... pokraj nacionalnata gordost, sekako!

dvete idei se sveduvaat na isto: nie imame kancer i nemame lek. barem ne sega i tuka. i pokraj toa sto i dvete idei mozat od formalen aspekt da se otfrlat, ke priznaes deka, ako nisto povekje, se otvori golema debata i deka se insistirase na toa deka imame fundamentalni problemi za koi nemame resenie...za da se iznajde nekoe! ama vistinsko, ne formalno, kako do sega...

se nadevam deka nekoja nova krv, nekoja nova mladina, nekoja nova... ke iznajde resenie. i nie ke bideme podgotveni da rabotime i ponatamu. ako mislis deka imas resenie, spodeli go so nas. ako ne na ova mesto, togas poveli na suadmissini@yahoo.com ili csrconline@yahoo.com

za evrata...pa da ne prodolzuvame? ti velis volku, drugi kazuvaat onolku, sepak objektivno moze da se utvrdi kolku e tocno. i utvrdeno e. no konecno mislam deka toa i ne e najvazno, kolku sto e vazna sustinata na gubenjeto na predmetite vo strazbur, i posledicite koi od toa (ne) proizleguvaat. i tuka e tenkoto...

vo sekoj slucaj mnogu ti blagodaram za postovite, bidejki, ako ne si zabelezala, na ovie temi skoro i da nema diskusija..?

p.s. sto podrazbiras pod "korifei na gragjanskoto opstestvo"?

Unknown рече...

Суад, како што забележуваш „na ovie temi skoro i da nema diskusija...“.
Зошто не би организирале една тркалезна маса, на пример, на која што ќе поканиме и новинари?
Инаку, баш се радувам на публикациите. Што мислите за идејата да се видиме тројцата на кафе и да сториме нешто конкретно во врска со јавното актуелизирање на детектираните проблеми?
(Патем, Суад, прочитај го мојот пост “Стамен е стамен!“. На човекот дефинитивно треба да му се додели животна награда!)

Анонимен рече...

ok zarko, jas sum "za"... slobodno praite dogovor so nena i mozeme da se vidime i da se dogovorime da napravime nesto... moze da se najdat nacini da se izvede nesto za sto i ne bi morale da barame pari levo-desno, a sepak toa da bide izdrzano i mediumski pokrieno.

fakt e deka novinarite ponekogas, od brzanje ili druga pricina, necelosno prenesuvaat info, koncepti i izjavi, no sepak mislam deka na edna takva sredba bi mozele i da snimaat (namesto da zemaat izjavi po telefon pa posle se cudime "sto sme izjavile") i verno da prenesat... no ne samo toa: mozat da ja drzat tenzijata za da slepcine konecno napravat nesto...

znaci javuj, sednuvame zaedno i pravime!

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week