„Монолог ил рецитацију“, танго или „тешкото“?

2/11/2007

Еве што вика BBC: „Европскиот комесар за проширување Оли Рен упати силна порака до македонската влада да почне дијалог со сите политички партии, нагласувајќи го тоа како клучен политички критериум за приближување на земјата кон Европската унија.“

Значи, Оли Рен тврди дека немаме политички дијалог:„Конфронтациите меѓу власта и опозициијата мора да се преточат во дијалог, а опструкциите во позитивен критицизам“. (ебате „критицизмот“ и догматизмот)

Боцевски тврди дека имаме политички дијалог: „Затоа е јасно дека во Македонија е постигнат консензусот („нултата точка“) и дека постои политички дијалог, а овој политички дијалог е канализиран низ институциите на системот.“

Тито Петковски го убедиле дека не е така:

„Некои дури сметаат дека немаме способен политички потенцијал подготвен да одговори на очекувањата и на високите европски стандарди што Македонија треба да ги исполни според извештајот на Европската комисија. За нив е незамисливо да не постои комуникација меѓу претседателот на државата и премиерот или, пак, во овој момент кога ни е потребна најголема кохезија на политичките ставови околу приоритетните прашања, некоја политичка партија во знак на протест да го напушти парламентот.“ (Кога идејата станува ерес)

Не треба човек да е видовит за да согледа дека привидниот политички консензус „НАТО+ЕУ“ функционира само во принцип, но не и во практиката („низ институциите на системот“).

Во услови кога на Владата и се потребни (според тоа како Петковски ги рецитира „видните европарламентарци“) „поголема поддршка од политичките партии, од невладиниот сектор и од експертската јавност, како претпоставки за подинамични реформи“ - таа не направи ништо посебно во таа насока.

Наместо широк политички консензус, и мобилизација на целокупниот кадровски потенцијал (ЕУ-интеграцијата претпоставува знаење, а не ароганција), Груевски прво не ги послуша добронамерните совети за широка владина коалиција (со ДПА+ДУИ/ПДП) како претпоставка за политичка стабилност во пресрет на разрешувањето на косовското прашање.

Потоа го прекина дијалогот со институцијата Претседател на Републиката (со бојкотот на неговиот говор во Собранието, непризнавањето на резултатите од претседателските избори, и дубиозните иницијативи за уставни измени). Една од колатералните штети се непотполнетите амбасадорски места, клучни за неопходната дипломатска офанзива.

Со упадот во институцијата „Комитет за односи меѓу заедниците“ и со дерогирањето на „Бадентеровото мнозинство“, Владата предизвика бојкот на Собранието од страна на политичката партија која освои многу повеќе гласови од владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата честопати наметнуваше теми кои немаат никаква врска со ЕУ-интеграцијата, а кои предизвикуваа раскол во парламентот и јавноста - законот за празниците, воведувањето веронаука, Милениумскиот крст... Така ли се гради консензус?

Со „донацијата“ на Владата за Милениумскиот крст Груевски практично привилегираше едно здружение на граѓани над сите останати, демонстрирајќи со тоа дека повеќе го интересира „благословот на МПЦ“ отколку поддршката од невладиниот сектор за ЕУ-интеграција.

Не велам дека немаше и добри потези, за кои пишував и на овој блог.

Но, ако „за танго се потребни двајца“, за играње оро се потребни многу повеќе од двајца.

0 коментари:

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week