Образовни и медиумски „срамотилаци“

2/27/2007

Благодарение на една колумна (Допирање на дното), дојдов до следново „СООПШЕНИЕ“ на Министерството за образование и наука:

Министерство за образование и наука е загрижена заради девијантните феномени кои се појавуваат во последно време во училиштата низ земјата, феномени судруват не само со училишната дисциплина, туку и со етичките вредности и норми воопшто. Апелираме до сите институции, преседатели на општините, директори на училиштата кои имаат директи надлежности врз училиштата, да се подигне нивото на дисциплината на училиштата. Министерство за образование и наука ќе ги превземе сите мерки за елиминирањето на овој феномен, кој завзема алармантни димензии. Државниот просветен испекторат ќе ги превземе сите потребни мерки и овие сугестии ќе ги проследни до надлежните органи. Длабоко сме убедени дека за елиминирање на овој феномен имаме потреба за целосна подршка на институциите, наставниците, одборите на училиштата и посебно на родителите, и на истите им апелираме за соработка.“

Иако колумната е објавена во саботата, „Соопшението“ уште стои - никој не го трга, ниту ги поправа грешките.

Што се однесува до емисијата „Чуму“, чувствувам потреба да кажам дека ја одбив поканата за гостување откако уредништвото немаше слух за моите укажувања дека јавното прикажување на клиповите е кривично дело.

Ама тоа ќе се одразело на гледаноста - ми укажа асистентката на „Чуму“.

Ако ви е толку до гледаноста (не издржав да не возвратам), зошто не се соблечете неколку новинарки во текот на преносот и јавно не му го испушите на вашиот уредник?

Се насмеа, и рече дека сум во право. Ама клиповите сепак ги пуштија.

12 коментари:

Анонимен рече...

Не си го подвлекол и следново „и на истите им апелираме“ - треба да биде „до истите апелираме“ (кога веќе решиле да го употребат тој збор), оти апел е повик, де ;)
Зарем ова навистина е официјално соопштение од МОН?!
Инаку, убаво си и кажал на асистентката во Чуму :)

Анонимен рече...

Веројатно ова е соопштението

http://www.mon.gov.mk/Novosti/20070210.htm

овде забелешката на оксиморон колку што гледам исправена е.

Ама сепак суштината е иста, Жаре, прав си :) и арно си направил со Чуму.

Unknown рече...

Колку што гледам јас, на линкот што самиот го даваш, грешката сеуште не е исправена: „...и посебно на родителите, и на истите им апелираме за соработка.“
Самошто видов на „Канал 5“ дека има нов клип-скандал со средношколки од Битола.
Џабе портпаролката на МОН Дрита апелираше во врска со „феноменот“ - спикерот претходно најави дека делови од новиот актуелен клип со „малолетнички егзибиционизам“ ќе пуштат во наредниот „Дневник“.
Во вестите од 17.00 беа пуштани само фотографии.
Ме чуди зошто не реагира никој. Ниту Советот за радиодифузија, ниту полицијата, ниту Народниот правобранител не преземаат никакви чекори за заштита на правата на децата.

Анонимен рече...

Сите беа за срамота на таа емисија, особено директорите, а водителот а-ла фудбалски коментатор што кажува кај кој е топката кога вика некој за збор... изгледаше како само Шелева да знае што зборува...

Анонимен рече...

А бре луѓе, толку ли не сфаќате дека средношколците од ЈБТ си вежбале нови методи на extra-curricula activities: oral history! :)

GoodBytes рече...

Трабало сепак да отидеш и да ја искористиш популарноста на емисијата за пепел да ги направиш. Да им направеше некој скандал таму, кажувајќи дека го кршат тој и тој член од законот и повикувајќи ги тие и тие институции да постапат по повод емитувањето на клипот. Исто така, да го кажеше и тоа што го пиша овде, дека си им посочил дека ќе извршат кривично дело и дека те откачиле со образложение дека клипот го пуштаат за поголема гледаност, што значи свесно ги повредуваат правата на децата, за да заработат повеќе пари.

Медиумиве се за жив резил, не ми се верува: гледаноста ќе им се намалела. Добро си и рекол на кравата.

Анонимен рече...

Имаш право Жаре, јас го видов овој дел
„Апелираме до сите институции”

како и да е, проблемов оди подлабоко и подлабоко, за греота.

Unknown рече...

GoodBytes, те молам без сексизми. :)
Плус тоа, проблемот не беше толку до новинарката, колку до нејзиниот уредник.
Патем, оралниот секс-клип скандал ме поттикна и на мала родово-чувствителна анализа:
Што ако медиумската реакција (обидот за јавен линч) е испровоцирана и од симболичкиот упад во темелите на патријархатот?
Според фалоцентричките патријархални претпоставки, фалусот е нешто што би требало да се обожава, а не нешто што е предмет на јавно подигрување или исмевање од страна на жените.
Дали обидот за јавен линч е мотивиран од желба да се понижи девојката која јавно го понижи фалусот на момчето?

Анонимен рече...

би било фино да видиме еден Чуму - Shortbus :)

Анонимен рече...

ova samo vo Makedonija e mozno ...

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=19819&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

I online go stavile. C C C C C

Анонимен рече...

А Чуму тогаш го фатив на крај и не знаев дека ги давале клиповите. Па тоа е страшно, а јас мислев дека доволно идиотски беше тоа муабетот што го правеа. Таму, само една типка беше океј, но се изгуби во хало ефектот на дебилоќа што го предизвикуваа останатите, со особено нагласени емисии од страна на водителот.

Unknown рече...

"а јас мислев дека доволно идиотски беше тоа муабетот што го правеа"
Секогаш може и поидиотски, нели :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week