Google нема „благе везе“! (Гуглање и фалење)

3/06/2007

Еве зошто се откажувам од „гуглање“:

Кога ќе побарате под „државникот“, на прво место е Зомбификација ©: Резил на „Државникот“!.

Пребарувате за „читателот“, и на прво место е Зомбификација ©: Читателот. Ако побарате „психоаналитичарот“ - прв е постот Десетте заповеди на психоаналитичарот.

Исто и за „Химната“. Прв е постот Зомбификација ©: Химната, а дури потоа ПРИЛЕП - Химната на Прилеп.

Пробајте „Геополитички“ и пак Зомбификација ©: Геополитички прекројувања? е пред Категорија:Геополитички ривалитет - Википедија (?!?)

Ако нешто ве интересира за „растројствата“, прв погодок е Зомбификација ©: „Растројствата“ на проф. д-р Чадловски. Барате некои „битанги“ - и пак Зомбификација ©: Битанги и принцеза. Барате познати тапанари -Зомбификација ©: „Свадба без тапани“ – со „тапанари“?

Сакате да дознаете што е „креативна индустрија“? На прво место е Зомбификација ©: Блогирањето како нова (ре)креативна културна ...

Гуглате „присилба“ - Зомбификација ©: За полициската присилба е пред Уставен Суд на Република Македонија - Одлуки и Решенија и Месечен извештај за октомври 2006 на „Хелсиншкиот“.

Исто и постот „Сомнително лице е пред линковите за популарната театарска претстава.

Ако ве интересира нешто за „петокраката“ - прв е линкот Зомбификација ©: Отиде петокраката?

Истражувате нешто за „тиранијата“? Повторно постот на Зомбификација е пред Тиранија - Википедија. Слично и првите резултати од пребарувањата „самоволие“, „инквизицијата“, „Алфите“ (Зомбификација ©: Полициско самоволие: „Алфите“ ме легитимираа и ...; Зомбификација ©: Ќе ги учиме и за инквизицијата?).

Ве интересира нешто за „Империјата“? И пак е прв Зомбификација ©: Империјата ќе го возврати ударот?

Да претпоставиме дека студирате шумарство и истражувате за семинарска за „трла“. Зомбификација ©: August 2006 е пред ЗАКОН ЗА ПАСИШТАТА?!?

Навистина, што е многу многу е!

Ако барате нешто за „етничкиот идентитет“, пак Google ќе ви го понуди прво Зомбификација ©: Тиранија на етничкиот идентитет? (заедно со текстот Време - Дома).

Остај друго, Зомбификација е прв и при пребарувањата „идентитети македонци“ и „идентитети Бугари“ (Зомбификација ©: Колку Македонци има во Бугарија?)?!?

Дури и ако барате нешто за „трачот“ Зомбификација ©: Метафизика на трачот е пред femgerila - Додај нов коментар.

Што е претерано не чини!

Ако посакате да ме линчувате, повторно на „линчување“ прв е Зомбификација ©: Линчување, лаги, и слики.

Доста ви е од се и сакате да избегате на нудистичка плажа?

Џабе се трудите - ако побарате Нудистички плажи пак е прв Зомбификација со поднасловот „Будуќност је у натуризму!“

Ете зошто насловите на постовите се ептен важни.

Ете зошто Google нема „благе везе“.

3 коментари:

GoodBytes рече...

Баш така, Гугл му дава голема важност на насловот на страната. Освен тоа, ова е блог и содржините редовно се обновуваат - Гугл тоа го сака исто така.

Ај сега признај и дека си дал мито таму, а?

gersanina рече...

interesno,
ama jas ne bi rekla deka "nema veze"
:)

Unknown рече...

Види, и содржините на дневните весници секојдневно се обновуваат, ама она што забележав е дека се обично зад блогерите и форумите.
Дали Google има способност да ја предвидува иднината, или поскоро може да се каже дека ја произведува?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week