Феминизам за „плавуши“

3/08/2007


Жените не се раѓаат како „плавуши“, жените стануваат „плавуши“.

Зборот „русокоса“ не е политички коректен израз за „плавуша“.

Поделбата на природни и вештачки „плавуши“ е вештачка поделба, како и поделбата помеѓу природни и вештачки жени.

Ако личниот идентитет се стекнуваше само преку бојата на косата, тогаш сите ќелави мажи ќе останеа без идентитет.

Не кажуваат вицови за тебе затоа што си „плавуша“, туку затоа што си жена.

Вицовите за „плавуши“ не ги смислуваат „црнките во долгите и осамени ноќи“, туку патријархално воспитаните мажи со комплекс на повисока вредност.

Најчесто, вицовите за плавуши се израз на сексизам (дискриминација кон жените предизвикана од расистички и родови стереотипи и предрасуди за нивната природна инфериорност) и на скриена мизогинија (омраза кон жените).

Секој неправичен третман врз основа на бојата на косата е дискриминација врз основа на изглед.

Вицовите за „плавуши“ промовираат патријархален систем на вредности, на кој се темели родовата нееднаквост, и кој произведува насилство врз жените.

Ако некој каже виц во твое присуство со кој ќе го повреди твоето достоинство, можеш да поднесеш кривична пријава против него за навреда (врз основа на чл. 173 од Кривичниот законик).

5 коментари:

Анонимен рече...

fala za ova info. navistina.

Анонимен рече...

Јас вчера гледав реклама на ТВ во која брунети рекламираат шампон за брунети со неумесно исмевање (поттенцирање) на сите стереотипи за „плавуши.“ КОлку брунетите не измислуваат „муабети, вицеви и навреди за плавушите“ дојди во мое женско друштво да увидиш.Оваа политичката коректност ќе не донесе во ситуација во која како јадните американци, више нема да знаеме што е хумор :(

Unknown рече...

Ако хуморот го подразбираш само како навреда, тогаш во право си.

Анонимен рече...

vicovite sto se zarko?

Unknown рече...

Вицовите се хумористичен жанр, но не е секој хумор навредлив пријателе, иако на балканот владее таквиот хумор :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week