Пролет

3/13/2007


Некогаш е доволен еден миг, една случајна средба, една разменета насмевка - да ти го разубави денот.
Имаше многу луѓе на кејот денеска. Некои пешачеа, некои џогираа, некои возеа тротинет, некои колички со деца, некои пак, како мене, јуреа на точаци.
Сите, помалку или повеќе, уживавме во мирисите на пролетта.
Но, какво ли е чувството да се јава на неоседлан коњ по пролетно разбудениот кеј? Ете, за тоа сведочи оваа фотографија.
„Сликај“ – ми рече коњаникот, кога со скепса го извадив фото-апаратот.
Сликав. Среќата е заразна, понекогаш.

Неколку минути подоцна, посакав да сум во село и да јавам на магаре по штотуку окосена ливада.

5 коментари:

Анонимен рече...

Да си ја прошета човекот невестата :)

Анонимен рече...

...Па од коњ на магаре се слегувало ли...:D:D

Unknown рече...

кој на што научил :)

Opal рече...

Жаре,
Радоста е заразна.
Прекрасна фотографија, која верувам, веке ти е превземена.
Магаренцето?
Треба да си мајстор да се одржиш, кога ке фати галоп.
Паѓањето е ебено.

Unknown рече...

Опал, кој не паднал не знае.
Не за џабе велат - магарешки инат. Ако се заинати магарето има да паѓаш, па мајка Јана да ти е :)
Инаку, убаво е да научиш да паѓаш уште ко дете.
Кој не научил да паѓа, не научил ни да станува.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week