Го чита ли некој Уставот на Република Македонија? - „Кој устав?“

3/31/2007


(блог-колумна)

„Република Македонија уставно е дефинирана како мултиетничка држава на еднакви граѓани...“ – вели Азис Положани, пратеник од ДУИ и поранешен министер во владата на Република Македонија. (Зошто влада со двојно мнозинство?
)
Го отворам
Уставот на Република Македонија и упорно „барам, баарам, ама неема“ – никаде нема „мултиетничка“ држава!
Во чл. 1 пишува дека „Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.“ И толку. Во другите членови нема ни трага од зборот „мултиетничка“.
Навистина, кој устав го читал г-нот Азис Положани? Почна да ме фаќа параноја дека министрите и политичарите си имаат некој посебен устав, кој е сосема различен од уставот објавен на страницата на собранието.
Чекај, си велам, дај да видам што устав е објавен на страницата на владата, оти г-нот Азис Положани беше министер, па можеби во уставот на владата пишува дека „Република Македонија е мултиетничка држава на еднакви граѓани...“. Ја отворам владината страница, и што да видам, во тамошниот
„Устав-Рамковен“ (без амандмани!) стварно си пишува дека „Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот“. А нели, државава ни е република, а републиката е „јавна работа/ствар“ (рес-публика)? Логично, нели?
Што е крив г-нот Азис Положани затоа што верува дека „Република Македонија уставно е дефинирана како мултиетничка држава на еднакви граѓани...“ кога
„Уставот-Рамковен“ на владата навистина дава основа за такво верување?
Одеднаш, почна да ме мава посилна параноја. Ако собранието си има еден устав, а владата си има друг (поточно
„Устав-Рамковен“), тогаш нашиот претседател сигурно си има трет устав – логично заклучив, и нестрпливо кликнав на страницата на нашиот претседател (пардон – „пресидент“). Но, џабе кликав на линкот на владината страница, кога „е-кохабитацијата“ не функционираше – претседателот не беше достапен. (Ако сеуште ве интересира како претседателот си направи своја верзија на Уставот, кликнете на Пофалби за Претседателот!).
Ајде, си реков, можеби уставот објавен во
Службен весник на Република Македонија ќе разјасни која од овие верзии е вистинската? Кога, верувале или не, и оваа институија си има своја верзија – „УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ I, II, III, IV, V, VI, VII, VIII, IX, X, XI, XII, XIII, XIV, XV, XVI, XVII, XVIII, XIX, XX, XXI, XXII, XXIII, XXIV, XXV, XXVI, XXVII, XXVIII, XXIX и XXX“ (и тука амандманите не се на крајот на уставот, туку после секој изменет член).
На крај, спасоносна идеја ми мина низ главата. Чекај, трк да видам според кој устав пресудува Уставниот суд – дали според уставот на собранието, според уставот на владата, според оној на претседателот, на службениот весник или, можеби, и нашиот „УСУД“ си има свој сопствен устав?
Набрзина кликнав на „
Устав на Р.Македонија“ и чекав едно 10 минути додека се вчитуваше. Мора да е стилски ефект, ми мина низ главата. Па, и самите знаете како е кај нас: дали некој воопшто би ја почитувал институцијата кај која не се чека барем 10 минути?
Гледам, читам, и не ми се верува. И УСУД си има своја верзија на уставот! Уставот на УСУД започнува со „I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ“ наспроти уставот на собранието кој започнува со преамбулата (ако не го сметаме бројот, датумот, местото, и Стојан Андов). Скролам до крајот да видам дали има амандмани – има!
Точката два од Амандман IV вели „Со точката 1 на овој амандман се заменува Преамбулата на Уставот од Република Македонија“, ама уставот на УСУД нема преамбула, така што амандманот автоматски станува бесмислен. Може ли да се замени нешто што го нема?
Ако му го поставите ова прашање на уставниот суд тој најверојатно ќе се прогласи за ненадлежен. Навистина, што е тука виновен уставниот суд, кога во уставот на УСУД никаде не пишува дека тој е надлежен да одлучува за прашања од типот „Може ли да се замени нешто што го нема?“. Па немојте, ви се молам, ценетите уставни судии не се метафизичари, туку мошне угледни и софистицирани правници.
Дури и ако ги прашате кој устав е оригинален „Устав на Република Македонија“ тие пак ќе ви кажат дека не се надлежни да одлучуваат по тоа прашање. И тоа со право, оти во уставот на УСУД никаде не пишува дека уставниот суд одлучува по прашањата дали уставот на собранието е во согласност со
„Уставот-Рамковен“ на владата, и дали уставот на претседателот е во согласност со уставот на службениот весник.
И така, секоја институција си има своја верзија на устав на Република Македонија, и никој не е надлежен да одлучува чиј устав е во согласност со оригиналниот „Устав на Република Македонија“.
Почнав во себе да размислувам: „Може ли
Зомбификација да стане некаква е-институција ако нема свој сопствен устав! Џабе Зомбификација има регистрирано три пати поголем број на пристапи од УСУД, кога си е без-уставна! Ако немаш устав, не си никој и ништо!“
Затоа решив: распишувам конкурс за уставотворна комисија, па повелете блогерки и блогери, ако сте заинтересирани за членови или предлагачи, давајте сугестии за „Уставот на Република Македонија“, кој заеднички ќе го донесеме и изгласаме.

Еве, на пример, ко за почеток: зошто Република Македонија уставно да не ја дефинираме како „мулти-идентитетска држава на еднакви блогери и блогерки“?

10 коментари:

Анонимен рече...

standing ovations!!!!

I3 рече...

Алал да ти е пријателе, да имавме повеќе вакви како тебе...
Апропо предлогот: Мажот стои, а жената го обвиткала со нозете околу половината и ја зафрлила малку главата наназад - е тоа ти е У став, според нас, не според Камасутра, за жал.

Unknown рече...

Предлогот за „У-став“ е на место, ама прво треба една „сексуална револуција“ да направиме.
Баш ме интересира, дали откако ќе се воведе веронаука, повторно ќе дојде во мода „мисионерската поза“ :)

I3 рече...

Не, туку ќе биде укината, како производ на „ѓаволскиот“ католицизам :)
И, нормално ќе треба да се измисли некоја нова, „калуѓерска“ или „попска“ поза.

Анонимен рече...

Капа доле, мајсторе.

А слики може да се стават во Устав или само текст мора?

Анонимен рече...

Друже, алал да ти е.. :) немам коментар, имам само плуканица, ај ќе рипнам до страните што си ги линкал, и да се испразнам..

Зашто да правиш блогерски устав, кога може сите да си имаме устав.. :))) и ќе бидиме Уставотворна држава.. Ајмо работни визи, исселенички визи.. :) сега е погодно време за тој бизнис..

Анонимен рече...

Не знам каква правдина истеруваш? Зарем не сфаќаш дека албанците се обидуваат да покажат што е можно поочигледно дека го кршат Уставот и законите на Република Македонија? И дека ликуваат секогаш кога ќе видат дека некој го видел тоа. Целта им е да не омаловажат како етнички македонци, да ни покажат дека сме само обични гниди и не газат каде стигнат.

Unknown рече...

„Зарем не сфаќаш дека албанците се обидуваат да покажат што е можно поочигледно дека го кршат Уставот и законите на Република Македонија?“
Колку што ми е познато, не се Албанци ниту претседателот на Република Македонија, ниту претседателот на Владата, ниту претседателот на Собранието, ниту претседателот на Уставниот суд, а сепак секоја од овие институции си има своја (ди)верзија на уставот.
П.С. зборот „Албанци“ не се пишува со мала буква :)

Анонимен рече...

А кој кажа дека некој тука истерува правдина, ова е вид резил :) и малку се тепа сеир, тешко дека кај нас преку блог ќе се промени нешто..А и извини, за Албанците... по дифолт кажуваш дека сакаат да не разрушат? Ами и Бугарите сакаат, и Србите сакаат, и Грците сакаат, а ние? ние само си придаваме на значење дека некој сака да не земе :)) На кого му треба НАЈГОЛЕМАТА ШУПКА НА СВЕТОВ.. Невер Мајнд.. Како што гледаш, ние сами не си се сакаме.. секој си тера како што газот ќе му прдне.. Зомби, праиме ли устав или не? :)

Unknown рече...

А бе не знам што попрво, дали устав или у-став? :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week