Некогаш, во Струга, владееле следниве идентитетски правила.
„За да бидиш стружанец, треба да исполниш четири критериуми:
Да висиш на мостон;
Да носиш бриџ пантолони;
Да го мразиш Охрид;
Да навиваш за Караорман.“
Че да е така, или не?
Сигурно треба и на струшки да знаеш да збориш, а разликите меѓу струшки и охридски се посебно битни разлики!
А, што значи да се биде Охриѓанец?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
5 коментари:
да се немет „усул“ за туризам :)
Da se nemat usul ni za naturizam :)
збориш на струшки е зборВиш!!!
Вчера бев до Струга баш, кај една струшка легенда... За мене Струга е град каде секогаш сум се чувствувал убаво. Со него ме врзуваат неколку убави спомени, а луѓето кои ги знам од таму се многу поврзани со Охрид и воопшто не го мразат ни градот, ни охриѓани - што не мора да значи дека е точно за сите стружани, не знам.
Најубав спомен од Струга ми е од моите средношколски денови, кога се правеа супер рок журки во хотелите „Дрим“ и „Белград“, а секако и во клубот „Оаза“. Ние одевме речиси секоја вечер, и покрај тоа што ни беше скапо да полниме бензин, и покрај тоа што моравме да ги избегнуваме струшките полицајци кои беа насекаде.
Втор важен момент е што Струга е „the home of Slave Keleshon“, кој заедно со „со точка“ Костиќ се двајцата најголеми диџеи кои Македонија ги родила.
Јас пак го паметам „Пливалиште“, некаде од 1990...
И тогаш Струга беше град на журки - оти претежно таму летуваа млади, оти беше поевтино од Охрид.
Објави коментар