Тие што гледаа „Чуму“ вчера, можеа да видат 6 поканети гости, и ниту една гостинка.
Ако ја отворите страницата за коментари, можете да прочитате само еден коментар потпишан од жена, од вкупно над 30 објавени коментари.
Мислам дека уредникот на „Чуму“ под итно треба да оди на курс за родово сензибилизирање.
Вака испадна дека прашањето „Кој за што се бореше во 2001-ва?“ воопшто не ги засега жените, и дека јавноста не ја интересира каква е женската перспектива за конфликтот од 2001 год.
Да се надеваме дека Чомовски ќе има капацитет да ја согледа грешката и дека во некоја од наредните емисии ќе покани 6 гостинки на кои ќе им го постави истото прашање.
Само тогаш би имале поцелосна и поправична претстава за тоа „Кој за што се бореше во 2001-ва?“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
9 коментари:
Искрено, според мене најмногу жени се бореа за своите синови.
А не да немаше, сум зборувал со многу жен(ск)и кои охохо националистички ставови бранеле и тоа жестоко. Тоа и не им беше баш женствено - што е доказ дека војната воинствените крикови се машка работа...
е што е толку чудно што жени не се замараат со политика?
исто и кога одиш на некој форум за било која егзактна наука, ретко жена да најдеш.
Не се жените со исти интереси и способности ко мажите.
Можеби тоа е само одраз на процентот на жени во воените и полициски редови кои зедоа директно учество во тогашните воени конфликти.
П.С.
Се дури не застанеш во првите редови воопшто не е важно колку си жесток во бранењето на своите "националистички" ставови.
А тоа што и жените беа жртви на бомбардирања, бегалци, внатрешно раселени лица, мајки што загубија синови/ќерки, сестри што загубија браќа, сопруги што загубија сопрузи - тоа не е доволно за некоја жена да седне во првите медиумски редови за да зборува за конфликтот?
Што сакаш да ти кажат оние кои изгубиле некого? Мислиш им се збори за тоа, па на чуму уште?
Си ја знаат тие болката, остави ги нека си патат.
Оние кои зборуваат, како мене и тебе и тие во емисија се луѓе кои "објективно" ги гледаат работите, кои не се директно засегнати, ама им се дава простор да расудуваат и разглобуваат и го користат тоа за некакви свои потреби.
Мравка,
О, и тоа како им се збори на жени за загубите од 2001. Дури и кај Чом. Ама Чом точно знае.Он си сака проѓа у кафанче. Дај воен стратег. За госте- само фино, чисто, хигиенски, „објективно“!
Ние изгледа си сакаме така некој ХУ воен коментатор да го дрви, дур ни он, ни Чом заедно не мрднале од бифето на А1 и од кабинетот на СТРАТЕГО...
Се дур така се претставува војната, се дотогаш теренот за нова војна е - просто ОСИГУРАН! Чом во целата глупост и не гледа што прави. Он праќа порака: па тоа „ВОЈНА“ и не било нешто што болело, ништо страшно!! Какви болело!! Гледај го овој воен стратег како е „објективно“ смирен. Ич КУР НЕ му чуе! Војна да ти било ЧИСТА НАУКА!!!! Ко физика и хемија. Кого боли коагулација на белковини??
А, мравко моја, просто е.
Никогаш нема да „видиш“ една војна, ако не ги видиш жртвите од ВНАТРЕ. Историјата не е историја на генерали. Туку и на обичните војници. Знаеш какви синдроми имаат тие што пукале од ова или она убедување? А конечно, најважно, што е со цивилите? ТИЕ се месото на секоја војна.
И се додека овие жени не кажат јавно што ги болело, ТИЕ никогаш нема да ја одболуваат својата загуба!
ФАКТ!
„Остави си ги нека патат“- велиш?!
Е, јаден си ми ти стратег на болката, мравко!
Тие во меѓувреме нек си патат сами за себе, а НИЕ заедно со Весна Петрушевска во „Свет“ ќе си патиме колку неа лично ја болела липосукцијата! Овие што изгубиле деца нек си патат сами за себе. Убиј ги вторпат, мравко! Ние со Весна и Боки ќе си патиме по нивниот целулут! Него како!
Овој воен стратег на Чом СЕ ни објасни. Ние и мапа ќе си нацртаме за 2001, се од ГОРЕ ќе видиме, ЈАСНО е, ЧИСТО е, ПРОСТО е... Сума сумаре, абе ние имавме војна? Или тоа пар баби настрадале?? Ама од дебелото сало на Петрушевска нека направиме јавна дебата! Тоа е нашиот приоритет!
Додека ТИЕ жени не НИ кажат јавно што ги болело, НИЕ никогаш нема да дознаеме што значи во една војна нешто да Те БОЛИ. Така е просто.
Браво Жарко за текстот!
Се согласувам со Анти, има многу националистички крикови меѓу жени.
Ама АНТИ, има и многу ВАКВИ:
„Не-можам-бе-дете-ни-да-мислам-ни-да-ти-кажам-колку-ме-боли-нити се разбирам- од „националистички“-крикови-ја- не- може-да спијам- еве веќе шеста година- од-што-детето- на раце- ми умре- а ни 7 години- не наполни –ми ја- гранатираа-куќата.....„
И, конечно, што е важно, на чија страна од фронтот била таа жена? Наша? Нивна?
Да се сопнеше тоа дете на улица, ја рачна ќе дигнев, и ќе направев застој на сообраќај, за да го подигнам од прашина. Ама вака, ...ДЕМЕК гранатирано во војна, јебеш га, тоа е КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА? Тоа го објасни прво Рубин, после Рамсвелт, после...
Проаѓа?? Епа, не проаѓа за секого исто!
Порака до Чомовски:...
-и емотивен инвалидитет,
-и отсуство на елементарна емпатија –
Е ВОЕНО ПРОФИТЕРСТВО!
Не ја гледав емисијата.Ги прочитав коментарите на А-1. Ти Жаре убаво сакаш да ја слушнеш и женската страна.Да има некаква рамнотежа, барем во искажувањето.
Ми оставија впечаток дел од коментарите на Албанците од Европа, кои учествувале во конфликтот.
Да можев и јас тогаш да согледам некои нешта, кои денес се појасни, немаше да учествувам.Барем ке дејствував поинаку.
Ке пиев пепси, место вода.
Ete a trgnam nekoe Pepsi poveke
odma mi svetnuva.
Si ja bev zaboravil lozinkata za Ogi, ama pepsi pravi cuda. Ne za џабе е втора компанија за матење глава у свет.
Ако не се лажам, веќе е прва :)
Објави коментар