Сексуално образование? Или хомофобија и нацизам?

3/07/2007

Еве што пишува еден универзитетски професор, доктор по медицински науки:

„Сексот, за да се случи или додека се случи, треба во основа да ги задоволи неодминливите предуслови: здрави физички личности; здрави ментални личности; личности од спротивен пол; личности кои меѓу себе се привлекуваат физички и духовно; личности кои по сопствена волја и убедување го прифаќаат чинот на меѓусебно давање и примање; личности кои во сексуалниот чин умеат да го доживеат врвот на задоволството и од него да ги црпат вредностите на меѓусебно почитување.“ (МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: Време е за сексолошки образован и воспитан човек)

Сите потцртани „неодминливи предуслови“ се спротивни на идејата за сексуално здравје како основно човеково право.

1. здрави физички личности.

Што значи тоа? Луѓето со посебни потреби не можат/не смеат да имаат секс?

2. здрави ментални личности

Луѓето кои имаат дијагноза „ментално растројство“ не можат/не смеат да имаат секс? Ваквата еугеничка „философија“ спроведувана од нацистите и од Шведска (принудна стерилизација на „ментално болните“/„девијантните“ луѓе) е едно од најшокантните прекршувања на човековите права во минатиот век.

3. личности од спротивен пол

Во кој милениум живееш човеку? Поради вакви експлицитни акти на хомофобија би требало да ти биде одземена лиценцата за универзитетски професор и доктор по медицински науки.

4. личности кои меѓу себе се привлекуваат физички и духовно

Што, зарем луѓето кои се привлекуваат само физички не можат/не смеат да имаат секс?

5. личности кои во сексуалниот чин умеат да го доживеат врвот на задоволството.

Што значи ова? „Неодминлив предуслов“ за да ти се случи секс е да умееш да доживееш оргазам? Дали на сите што не умеат да доживеат оргазам (врв на задоволството) треба да им забраниме да имаат секс?

Очигледно, треба да испратиме некои од нашите професори/доктори по медицина на усовршување во некоја современа западна градинка. Таму многу повеќе ќе научат за сексуалноста и за сексуалното образование отколку на нивните докторски студии по медицина.

3 коментари:

Agata рече...

после подолго време... еве... читав нешто на една бугарска веб страна за хомосексуализмот и неговиот третман воправославниот дискурс, па ете некако ова кај тебе што го прочитав ми се надоврза на размислата. ги поздравувавм твоите коментари и корективи и проблематизирања на темава... за поопсежно другпат... :-)

Agata рече...

знаеш која искра нели? :-)

Unknown рече...

Повели, секогаш кога си расположена Искра :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week