„Сексуално образование во школо, за да нема секс во школо!“ - веднаш поентира Гершанина давајќи со тоа одговор и на прашањето „На која возраст би требало да се почне со разговор на тема секс?!“
Но, идејата на постов е поскоро инспирирана од признанието на мајката - „Син ми има 6 години и веќе ме прашува конкретни прашања“.
Според сексолозите, на децата треба да им се даде одговор на некои прашања во врска со сексуалноста уште на 4-5 годишна возраст. Според една експертка:
Претшколските деца (4-5 години) треба да научат:
- Допирањето на сексуалните органи е нормално, и да бараат приватност кога сакаат да ги допираат нивните сексуални органи заради задоволство;
- Биолошките разлики помеѓу машките и женските и како се создаваат бебињата
- Телото на детето му припаѓа само нему/на неа, и како да кажат „не“ на непосакуваното допирање.
- Да ги научат точните изрази за сексуалните делови од телото и како да зборуваат за сите нивни телесни делови без да се чувствуваат непријатно
Претшколските деца (5-7 години) треба да научат:
- Сите суштества се размножуваат себеси и како се размножуваат растенијата и животните;
- Дека сексуалноста е вклучена во сите периоди од животниот циклус на човекот;
- Дека луѓето на најразличен начин доживуваат сексуално задоволство и дека е нормално да имаш сексуални мисли и фантазии;
- За не-стереотипните родови улоги и дека сексуалниот идентитет подразбира сексуална ориентација (лезбејска, геј, хетеросексуална, бисексуална);
- За сексуалната злоупотреба и опасноста од неа и како да се заштитат од неа.
Затоа, сексуално образование - уште во градинка!
0 коментари:
Објави коментар