Неговата „проминенција“ Фрчкоски!

2/07/2007

Луѓе мои, каква иронија - пред малку чув дека на Фрчкоски му е доделена награда за „проминентен личен став“!

Да се потсетиме на еден од неговите „проминентни“ ставови:

„Имено, помалку се заморивме, драги мои од главно трите групи-типа на другарки-госпожи во политиката: невротични кучки; истоштени квази-исусовки (кои ќе ја спасувале Македонија која заслужувала подобра власт) и девојки од работните акции т.н.community girls.“ (Дневник, 14 февруари, 2006)

Фали уште СОЖМ да организира митинг на плоштад по повод наградата на Фрчкоски (доделена од страна на докажаниот „борец за човекови права“ Мето Јовановски), за се да си дојде на свое место.

Еве како членот на Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) успешно го збогатуваше кутриот македонски јазик со следниве „проминентни“ изрази:

- „глаучи“, „политичарите кои преговараат се глупи“, „дунстери“, „една дудуљава и две околчави глави во политиката“, "простаци", „политички креатури, монструмчиња – прдевчиња, групички на гадинки“, „Министер може да стане секој (секоја будала);“ „ПОЛИТИЧКИ ПИ.... ДИМОВИ“ (за политичарите);

- „синдикалците ни се морони, опозицијата им се погоди, поморонска не можеше да биде...“ (за синдикалците и опозицијата);

- „Тоа беа ‘труповии’ кои се пренемагаат и тртљаат нешто“, „шутраци“... (за економските експерти);

- „бившиот јавен обвинител Џиков, сега (и тогаш) будала“ (за бившиот јавен обвинител);

- „..."шушле" од портпарол на ДУИ“ (за портпаролката на една политичка партија);

- „прогресистичкава шуша“а колега новинар-колумнист);

- „оној мрмот од директор на ЕСМ“ (за директорот на едно јавно претпријатие)

- „...„усрани“ аналитичари“ (за политичките аналитичари)

- „Смрдле“ (за началник на Генералштабот на АРМ)

- „О дупко една“а министерот за финансии).

Предлагам на неговата „проминенција“ да му доделиме и награда за ширење на толеранција.

„Кад је бал, нек је маскенбал“!

4 коментари:

Анонимен рече...

Фрчко остава впечаток на невоспитан деликвент. Речникот му е катастрофа. Не знам каков е на факултет како професор. Досега се покажа како личност која менува став како чорапи и човек кој е „лесен за договор“. Тие што ја доделиле наградата само се деградирале себе си!
Поздрав, Кичевчанец
http://kicevo.blog.com.mk

Unknown рече...

„Тие што ја доделиле наградата само се деградирале себе си!“
Баш така.

Анонимен рече...

е јас кое не е јас секоја чест за текстчево, навистина беше вистинско време некој да му ја презентира на неговата ПРОМИНЕНЦИЈА личната му лепеза од еден недофатлив хоризонт на високоерудитивна лексика.
наместо награда за личен проминентен став, би можеле да му дадат цуцла и лигарче како трофеи за консолидација и промоција на скопската дијалектна ликсика и фразеологија. патем и само еден таков возвишен дух како ФРЧШ може да лепи толку вокали еден до друг..човек да помисли дека минал цела тантричка школа у комаја.

Анонимен рече...

Chitajte podobro, toj dobil nagrada za prominenten stav, a, ne za kulturno izrazuvanje, kvalitet na iskazot i slichno . Stavot mozhe da se iskazhe vo raszni foermi, zatoa, povtoruvam, toj dobil nagrada za stav, za shto ne mozhe da se kazhe deka Frchkoski go nema. Toj sekogash iskazhuva stav,a, stavot mozhe da se menuva, ama e-stav! Od kolku politichari ili intelektualci ste chule stav? Tie po kolumni i izjavi samo preraskazhuvaat sostojba, no NE iskazhuvaat stav

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week