23 Октомври – обединува или разединува?

10/23/2008

Еве неколку цитати на македонски јазик, што ги ветив претходно, а кои можат да фрлат дополнителна светлина – или збрка – во однос на имиџот на револуционерната организација. Цитатите сами по себе ништо не значат, истргнати се од контекст, но можат да послужат како патоказ за натамошно читање и истражување. Ако имам време, и ако постои интерес, ќе направам и дополнителна збирка цитати на истава тема, на англиски јазик.
1) „...името што во почетокот и било дадено на Организацијата: „Бугарско-македонско-одрински револуционерни комитети“. Меѓутоа, името немало никакво значење за целите на Организацијата: извојувањето полна политичка автономија на Македонија и Одринско (чл. 2 од Уставот). Целите на револуционерното движење произлегувале од потребите на македонскиот народ и на реалната процена на објективните услови.“ („Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1988, стр. 148)
2) „Заштитувајќи го територијалниот интегритет на земјата, Внатрешната организација обезбедувала Македонија да остане самостојна политичка единка во идната балканска федерација. Со ова Внатрешната организација посебно се спротиставува на политика за создавање „Целокупна Бугарија“ што недвосмислено ја спроведувале бугарските врховисти преку своите чети во Македонија во текот на целиот период на национално-ослободителните борби.“ (Христов, Александар Т., „ВМРО и македонската државност“, Култура, 1993, стр. 20)
3) „И покрај извесната конфузија во однос на датата на првата средба, најверодостојна е информацијата која укажува дека шестемина се сретнале на Челеби Бакал улица, дома кај Хаџиниколов во Солун, на 3 ноември 1893 година.“ (Пери, Данкан, „Политиката на теророт: Македонското револуционерно движење во периодот од 1893-1903, Магор, стр. 41)
Ресенскиот состанок од 1894 г. „...јасно покажал дека постоела една група инспирирани луѓе, главно образовани, чија цел била да го прошират илегалниот револуционерен круг во Македонија за да се постигне барем автономија за ова подрачје. Интересно е да се истакне дека како цел не било констатирано обединување со Бугарија, без оглед на тоа што Татарчев, многу години подоцна, го тврди спротивното.“ (Пери, Данкан, „Политиката на теророт: Македонското револуционерно движење во периодот од 1893-1903, Магор, стр. 45)
4) „Организацијата, отпрвин, работеше среде бугарското население, кое во духовен однос се раководеше од бугарската егзархија, подоцна – среде сите Бугари, без разлика дали се тие егзархисти, патријаршисти, католици или протестанти, и најпосле – среде другите народности во Македонија. Таа имаше успех меѓу македонското население и претежно меѓу бугарското.“ „Предавниците на македонското дело“, ЦК на ВМРО (Об), (Изменниците на македонското дело, Прага, 1926) Култура, Скопје, 1983, стр. 64)
5) „...јас почнав да одбирам помеѓу учителите Македонци другари за идната револуционерна организација. Изборот го правев вака: по меѓусебното запознавање, јас им го опишував егзархискиот црковен и училишен режим во Македонија и ги прашував дали го одобруваат тој режим или го осудуваат. Оние кои го одобруваа не беа за мене благонадежни а оние кои го осудуваа ги вбројував во бројката на благонадежните, на идните свои другари по основањето на револуционерната организација...“ (цитат од спомените на Иван Хаџи Николов, кај Гане Тодоровски, „Трактати за сонцељубивите“, Култура, Скопје, 1974, стр. 124.)
6) „Во барањето на средство за спротивставување на таа пропаганда [српската], дојдов до заклучокот, дека само една тајна револуционерна организација ќе може да го пресече патот на туѓите пропаганди во Македонија, и дека таа ќе обезбеди основа за запазувањето на бугарштината во Македонија, како и тоа дека таа ќе помогне дури и за стопанското засилување на нејзиното население. Ва своите размислувања за основање на револуционерна Организација јас предвидував дека ќе наидам на пречки од луѓето на Егзархијата, и од самата неа што и самата во црковно-училишното дело спроведуваше централистичка политика: таа ги назначуваше и ги отстрануваше учителите и архиерејските намесници. Поради тоа почнав да барам сомисленици меѓу учителството и граѓанството, што имаа децентралистички погледи спрема нашето црковно-училишно дело. Во тоа време такви најдов во лицето на Петар П.Арсов и Цонев, а подоцна и д-р Хр.Татарчев, школски ценет лекар. На други колеги родум од Македонија, не сметав, познавајќи ги нивните гледишта и нивните карактери.“ (Спомени - Иван Хаџи Николов, http://www.geocities.com/vmro_makedon/index.html)
7) „И така револ'уциониiо комитет беше чисто македонцка организациiа по произлез и по состаот му, но тоа беше само работа на iедна част од iедна од македонцките нацiоналности, врзана по име и ло црковно-сколиiцките работи со бугарцкиiо народ и држаа и нивните интереси. Тоiа комитет, во сашност македонцки, за надворешниiо свет и за рисiаните во Македониiа не екзархисти, беше комитет бугарцки.“ (Крсте Мисирков, „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“)
Има уште многу различни приказни и пристапи. Најубаво е секој да си прочита, колку што може, и самиот да си оформи сопствено мислење зошто го славиме 23 октомври.
Јас би поставил само едно прашање: Дали празникот 23 октомври е празник што обединува или празник што разединува?

36 коментари:

komitata рече...

е па како - обединува. Бугария и Македония ;-)
хехехе

Анонимен рече...

Досега бевме навикнати да ги славиме само комунистичките празници и сега ни е малку чудно како надвор од тој комунистички свет имало и други настани од нашата историја кои некои намерно сакаа да се заборават. Има уште многу настани од нашата историја на коишто треба да им се оддаде значение, а кои особено заради просрпската ориентираност на нашите историчари, беа маргинализирани.

shakespeare рече...

Разделува дефинитивно - се виде вчера. А, се гледа и по блоериве.... Него, имаш ли некаков увид у зборникот на Зоран Тодоровски?
Го реинкарнира Александров, рамо до рамо со Делчев, ама имал еден куп документи у зборникот.Он е као стручњак за ВМРО. Неможев да најдам ништо освен неколку интервјуа.Има ли нешто врска или е истата прикаска со Димитар Димитров?
Нашата МАНУ по се изгледа уште ги држи старите позиции на “леви“ и “десни“ револуционери. Вчера, на доделувањето Ксенте Богоев ги потврди истите стари ставови во неговиот говор, а од друга страна му ја дадоа надрадата на Зоран Тодоровски кој има сосема различен став. Не ми е јасно, ама од академијата више ништо не ме чуди.

Анонимен рече...

Со сила натурен празник-разединува.
И револтира...дефинитивно!
Празник како празник треба да се почитува и работното време на продавниците,ама кој почитува-кој не...Абер се пушти низ чаршијата дека `растоварени` биле два автобуса `инспектори` па дуќанџиите брзо-брзо ги затворија маалските продавници и немали луѓе останаа без леб!
ПоЗдрав од еден koshishtchanetz.

Анонимен рече...

Честит 23 октомври!

Се' додека не се препрочита историјата на Македонија и презапише според историските факти, не можеме да зборуваме ниту за обединување, ниту за разединување.

Анонимен рече...

Денеска гледав случајно „Бел бумбар, црн бумбар“, каде што 23 октомври добиваше најмногу гласови за „настан на денот“. Најинтересно ми беше тоа што во емисијата се јавија 4-5 млади луѓе, очебијно партиски активисти, кои ја фалеа владината политика. Спикерскиот тон, читањето на напишаните изјави, сличноста на искажаното со партиските соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ ги издаваше дека не се обични граѓани.
Многу потценувачки е да се третира јавноста небаре е имбецил кој не може да препознае партиска пропаганда. Тики, што се чудам кога „Сител“ одамна се претвори во „Грујовизија“?

Лавот рече...

Жарко, прво истурените цитати извадени од контекст, се типичен начин својствен на комуњарите кога сакале да кажат нешто што инаку не можеле да го поткрепат.
Ти, во случајов, малку поперфидно, не кажуваш, ама прашуваш (реторички).

Понатаму, прашањето е: што сакаш да кажеш, дека македонското дело било бугарско? И дека затоа не треба да се слави? Ако тоа ти е поентата, тогаш не си ништо поарен од Божидар Димитров и останатата татарска багра која редовно ти го посетува блогов. Ако не ти е, те молам појасни за неуките ко мене....

Впрочем како може празник, со кој се чевствуваат основачите на нашето дело, идолите на моите и твоите прадедовци и прабаби да разделуваат?

Кого го разделуваат? Комуњарските полтрони кои фалсификуваа, шпиунираа, удбашите или кого?

shakespeare рече...

За Лавот.
Па глеаш штом има препирања и дебати, значи разделува празников. Ги разделува простите луѓе на комуњари и бугараши.

Него Жаре заеби ова за ВМРО темиве, пцујат се по список овие помаранџестиве, а знаеш како е со нив. Остваруваат.

тигарот рече...

Исто и останатите празници разделуваат. Јас на пример никогаш не го чувствувам како празник комуњарскара измишљотина „11 октомври“. И сега што?

Исто и 8 септември разделува. Албанците од МК, Србите од МК, србоманите и југоносталгичарите не го сакаат тој празник оти ги раздели од Косово/Србија/Југославија соодветно. И сега што?

Лавот рече...

shakespeare - македонските празници сигурно не им одговараат на Грците, Бугарите, Албанците... но, тоа не значи дека не треба да ги празнуваме!

Тоа што поранешните српски (да нема забуни за мене српските се исти со бугарските и грчките окупатори) службеници со притисок и пропаганда успеале да го намалат значењето на Илинденците*, а комунистичките власти** потоа не можеле целосно да ја оспорат Илинденската епопеја (иако во почетните години по ослободувањето имало силни такви обиди, впрочем цело македонско движење да се прикаже како бугарско), но не им успеало да го направат тоа целосно, не значи дека треба и денеска да имаме дилема дали треба да го славиме празникот на Македонската револуционерна борба.

Всушност, жално е денешните Македонци од било која партија (ај да не спомнувам која не може да се ослободи од просрпското минато) да плукаат по празникот кој ги слави основачите на нивното дело!


* Се однесува на територијата на денешна Македонија во периодот 1913-1941

** Мислам на комунистичките власти кои дојдоа на чело по прогоните и ликвидациите спроведени врз македонските национални дејци.

ЧЕНТО рече...

Е, не знам која партија во моментов е нај-нај-просрпска. Чиј „гласноговорник“ е Драган Павловиќ Латас - големиот „вмровец“?!

Кој ја создаде ДПМНЕ во времето?!
- УДБА. За да може да ги контролира „македонските националисти“ во интерес на Србија и Југославија. Сега УДБАшите се „ВМРО-вци“ во ДПМНЕ.

Лавот рече...

Да, а МРО ја создадоа Турците за да можат полесно да ги контролираат македонските народни маси.

И НОБ беше германска творба патем речено.

Анонимен рече...

Освен злоупотребата на името на историската организација, сегашната ДПМНЕ нема никаква допирна точка со МРО. Да, Латас и Ѕинго денес се комити во ДПМНЕ. И после некој ќе рече тоа било ВМРО.

bezimen рече...

A vrakanjeto na Ljubco, uopste ne e slucajnost.
Na Grcite im fufka deka nema da go otfrlime predlogot Severna Makedonija, pa malce go podmackale Ljubceta, da pocne da se zalaga za Severna Makedonija.
Pametni se Grcite, si znaat. Koga Ljubce kje pocne da se zalaga za Severna Makedonija, nikoj asolen u Makedonija nema da prifati ni delce od predlogot na Nimic.
I Ljubco sit, i VMRO-ovcite na broj.

Малку бев зафатен, гледам се разврзала дискусија.
Комита, „соединението прави силата“ - само прашањето е: Кое соединение? (Кај нас под зборот „соединение“ се подразбираат и одредени хемиски супстанци :) Еден познаник обичаше да проповеда: „соедининеијата“ што не ме убиваат ме права појаки.)
И тезата за „просрпската ориентираност на нашите историчари“ ми е прилично интересна, затоа што имплицира разликување на просрпска и пробугарска историја. Дали повторно воскреснува идејата на Иван Хаџи Николов за борба против српските пропаганди?
Книгата на Зоран Тодоровски за Тодор Александров сеуште не сум ја прочитал, познати ми се само неговите колумни и интервјуа. Мојот впечаток по читањето на колумните и интервјуата е дека на Тодоровски, за голем број негови ставови, може да му се забележи истото што тој им го забележува на еднопартиските „кројачи“ на историјата. Сепак, би го одложил „судот“ додека не ги прочитам неговите научни трудови.
Извини Лаву, ама зборовите „не си ништо поарен од Божидар Димитров и останатата татарска багра која редовно ти го посетува блогов“ многу лошо сведочат за твоите читачки капацитети и степенот на политичка култура. Ако повеќе се воздржуваш од такви квалификации и навреди, твоите аргументи повеќе ќе доаѓаат до израз. Што ако она што не разделува не е самиот празник, туку начинот на кој истиот се прославува и злоупотребува од страна на ВМРО-АПМНР (Автократска Партија за Македонско Национално Разединување)? Има нешто и во тоа што го кажа Sheakspeare (Ги разделува простите луѓе на комуњари и бугараши), но и во поентата на тигарот дека и другите празници разделуваат.
Лаву, секако постои дилема дали треба да го славиме празникот на Македонската револуционерна борба на овој начин, особено кога 23 октомври се претставува од владината пропаганда како ден на сегашната ВМРО-ДПМНЕ, и се користи за разгорување на идеолошката борба против партиските противници.

Лавот рече...

Пак манипулираш со она што го кажав. Еве ќе го исцитирам истото:

„Понатаму, прашањето е: што сакаш да кажеш, дека македонското дело било бугарско? И дека затоа не треба да се слави? Ако тоа ти е поентата, тогаш не си ништо поарен од Божидар Димитров и останатата татарска багра која редовно ти го посетува блогов. Ако не ти е, те молам појасни за неуките ко мене....“

Значи, уште еднаш (гледам дека треба да изџвакам), мојот став е дека ако сакаш македонското дело да го прикажеш како бугарско, тогаш не си ништо поарен од Божидар Димитров, осведочен македономразач, како и останатите посетители од Бугарија (еве сум покоректен) кои исто така ја негираат мојата македонска историја и негираат дека дедо ми, ми е дедо.

Е, сега, на крајот прашав, ако не е така, те молам појасни ми, затоа што мојот мозочен капацитет успеа тоа да го сфати.

Христо Татарчев рече...

Ниту едно нешто од нашата историја пред 1945 колку и да сакаш не можеш да го оттргнеш од поврзаноста со Бугарија, затоа што нашето минато е неделливо и општо. Дури и Мисирков сам се определил како македонски блгарин.

Анонимен рече...

Шекспир спомна интересен момент, да го цитирам: „Него Жаре заеби ова за ВМРО темиве“. На блогов се работат само и исклучиво „ВМРО теми“, без исклучок. Иако во изминативе месец имаше и други моменти кои можеа да бидат тема на солидна анализа, блогерот се занимава само и исклучиво со една партија и се околу неа. Дури и анализите се крајно еднострани и не само тоа туку се толерираат секакви напади против „македонштината“ се со цел да се дискредитира „непријателската“ партија (пример: сите бугарски коментари на блогов на кои авторот на истиот никогаш не одговара, но затоа не пропушта да одговори на сите кои се осмелуваат да му ги разбијат тезите).
Еве на пример можеше да се пишува за крајно сомнителното присуство на отпадокот на македонската политика Љубчо Георгиевски на дебата организирана од страна на СДССМ. Па дури и Дневник (кој од скандалот со Заев се претвори во најголем бранител и гласноговорник на претседателот Црвенковски) му отстапи насловна страница на тој настан и тоа со доста критички осврт а и уредничкиот коментар е во таа насока и изненадувачки доста груб (во некоја рака, кога ќе се земат во предвид последните неколку месеци). Но за да се пишува колумна за тоа е потребно или да се плука по (најверојатно) омилената партија на блогерот или пак да се изнајде начин да се рехабилитира Георгиевски што мислам дека дури ни блогерот не би си го дозволил во моментов. Затоа терај по најлесниот пат - удри по ВМРО и не му ја мисли, така секако ќе добиеш најмногу поени, читатели, пари или што и да ти е друго намерата.

shakespeare рече...

у цитирањето на: „Него Жаре заеби ова за ВМРО темиве“, си заборавил да цитираш и “пцујат се по список овие помаранџестиве“, што е “причинска“ семантичка целина во реченицата, има објаснувачки карактер,посочува или додава на значењето на реченицата. Дајте малце респект за Конески. Па не завршило све со Мисирков да му се невиди

„На блогов се работат само и исклучиво „ВМРО теми“, без исклучок.“
Последните две колумни, „Нов пасош, нов идентитет?“ и „Митот за 11 октомври“, воопшто не се занимаваат со „ВМРО-вски теми“.
Ти препорачувам да го прочиташ мојот пост „Љубчо“, напишан пред повеќе од една година.
Едно време, блогов се претвори во место са расправии помеѓу мене и бугарските коментатори, па оттогаш претпочитам да им одговарам на македонските коментатори, иако сечие мислење е добредојдено.
Лаву, ти препорачувам да го прочиташ постот „Боите на Македонија“ кај Сатаниел, таму има интересни толкувања што се подразбирало под „Бугари“ и „Грци“ пред 1912 г.

Лавот рече...

Жарко ќе го прочитам, нема проблем, само за информација. без да бидам погрешно сфатен дека се саморекламирам, сум завршил факултет по историја, ако тоа значи нешто....

Затоа и те прашав нешто, а одговорот некаде виси и никако да се јави.....

Ἀλέξανδρος рече...

...сум завршил факултет по историја, ако тоа значи нешто...

Каде? Во Р. Македонија?
Тогаш, тоа не значи ништо, те учеле само на фалсификатите кои ни ги напишаа во 1945 и се уште ни ги пишуваат. Кај нас се учи историја со прераскажување, од типот - Што сакал да каже авторот?! :))

Лаву, супер што си завршил историја.
Еве, протолкувај ни го како историчар овој пасус од Мисирков:
„Некоi од нас, можит наивно ке забележит: „Комитетот не сакат да напраит Македониiа бугарцка; тоi сакат праина за сите македонци без разлика на вера и народност".

Како можит комитетот да докажит, оти он работит во таква смисл'а? Со iедни зборои не се докажуат. Поведеiн'ето на самиiо комитет зборуат против негоите утврдуаiн'а.

За да се дигнит револ'уциiа во полза на сите народности во Македониiа, требит комитетот да бидит образуан от предстаители на сите македонцки народности. Инак коi му iет дал прао на комитетот да работит од името на сите македонци и во полза на сите ниф? Комитетот можеше да работит и од името и во полза на iедна громадна част на македонци, т.е. од наi силната народност. Но требаше да имат цел ред докажуачки, оти работата на комитетот не iет врзана со интересите на соседните држаи и народности, а протиоречит им и iет во полза не само на господствуiуките, но и на сите друзи националности.“
Јас сум завршил философија, а ние „философите“ сме демек познати по тоа дека повеќе не бива за поставување прашања, отколку за давање одговори. Затоа, еве неколку прашања:
1) Во која смисла Мисирков го употребува терминот „македонци“?
2) Во која смисла ги употребува Мисирков термините „народност“ и „националност“?
3) Во која смисла го употребува терминот „бугарцки“ кога вели дека „Комитето не можа да докажит ни на надворешниiо свет, ни на самите македонци не екзархисти, оти он не iет бугарцки“?
Можеби ќе ти помогне следново појаснување од Mark Mazower, Salonica, City of Ghosts, 264: "To be 'Bulgarian' initially meant to support the Exarchate: it was a linguistic-religious rather than a national category".
Потрагата по одговори продолжува... :)

Лавот рече...

Жарко, би сакал да пиеме некое кафе или пиво некогаш и да подискутираме за ова. Мене ми е сосема јасно кои биле околностите, мотивите, и „што сакал поетот да каже“.

Впрочем „Бугари“ има и во Босна, Шумадија, Словенија, и тн.
(интересни написи за ова има на блогот Македонска историја
http://www.makedonskaistorija.blog.com.mk/)
„Бугари“ терминот при крајот на 19 век, означува егзархист пред се`. Така „славјанското“ население во Македонија се делело на Бугари и Грци. Се зборува за грчки села и за бугарски села и тн.

Впрочем, главните дејци во Организацијата воглавно се егзархисти, а да речеме еден Петар Поп Арсов има прилично јасна слика околу целата проблематика.

Потоа, обичните селани пред пропагандите ги употребуваат термините „рисјани“, „славјани“ или „Македонци“. Терминот „Блгари“ се користи пред Егзархијата воглавно од интелигенцијата што имала повеќе допирни точки со Бугарија, но за чиста бугарска свест кај било кој од нив не може да стане збор.

Впрочем Митрополит Гологанов тоа најубаво го објаснува (го имаш цитатот овде на блогов, го имам постирано порано)...

А, за другото, ти препорачувам да ја прочиташ:
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското револуционерно национално-ослободително движење во солунскиот вилает 1893-1903, Табернакул, Скопје 2003

Ај да не претерам, ама импозантно дело, ослободено од сите режимски фрази и погледи, имуно од бугарската пропаганда, дело во кое има илјадници податоци, од најосновни, до некои ептен тешка пикантерија.

П.С. Се уште не ми одговори на прашањето....

Ете, ќе се обидам да ти одговорам кога ќе пиеме заедно кафе.
Што би рекол Фуере, нема никакво оправдание за одбивање на дијалог, посебно на вака интересни теми :)
Сандачето ми е на јаху, jasnesumjas.
Пиши кога си слободен, од среда натаму.

академик од ману рече...

Лавот, "историчарот" напиша:
...Терминот „Блгари“ се користи пред Егзархијата воглавно од интелигенцијата што имала повеќе допирни точки со Бугарија, но за чиста бугарска свест кај било кој од нив не може да стане збор....

Ако за „чиста бугарска свест“ не можело да стане збор, тогаш за „чиста македонска свест“ не можело ни да се помисли дека такво нешто некогаш ќе се измисли.

Какви Бугари имало во Босна и Шумадија? Дај кажи некој босанец или шумадиец којшто пишувал на блгарски јазик и се самоопределувал како Блгарин?!

Јас ќе ти кажам десетици Македонци коишто се самоопределувале самите како Блгари, а својот јазик блгарски. Тоа што ти го пишуваш се пропагандите и фалсификатите произлезени од нашите „историчари“.

Веројатно нашите „историчари“ уште малку ќе напишат дека нашиот народ во 19 век имал „чиста хунзиска свест“ :))


Пасус од Мисирков:
„... тоi сакат праина за сите македонци без разлика на вера и народност".

Да, за сите Македонци, Мисирков ја иамл истата визија како и Михајлов - Македонија-Швајцарија на Балканот. Сите Македонци без разлика на вера и народност биле: блгарите, албанците, турците, грците, власите. На едно друго место Мисирков го пишува токму тоа, кога ги набројувал народите кои живеат во Македонија. Никаде не се споменуваат „етнички Македонци“, оти 1945 година уште не била дојдена :))

Анонимен рече...

Супер примери даваш нема што. Темата за пасошот е исто контра владата башка и последната тема за 23ти Октомври е класично ВМРОвска. Мислам, нема потреба да се обидуваш да се мачиш да се правдаш, се е јасно ко бистрата Охридска вода. Јасно е дека и ти си еден од оние „експерти“ кои донкихотовски се борат против зверот (во случајов Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ) но кога „другите“ ќе дојдат на власт мистериозно ги снемува или пак се претвараат во портпароли, членови на комисии или било што друго. Со ништо не си покажал дека и ти со нешто се разликуваш од таквите фаци. Добар „експерт“, „истражувач“ па и колумнист се води по правилата на непристрасност и еднакво застапување но тебе не можам да те препознаам во тоа друштво. Ќе речев дека е штета бидејќи имаш потенцијал но ти и тоа го немаш...

Анонимен рече...

Лаве... ѓубре едно фашистичко... мрш у курац...

Дисквалификациите продолжуваат. До анонимниот коментатор кој смета дека сум од оние „кога „другите“ ќе дојдат на власт мистериозно ги снемува или пак се претвараат во портпароли, членови на комисии или било што друго“.
Да потсетам што имам напишано на блогов на 26.05.2006, кога СДСМ беше на власт:
„Ладен туш од ЕУ за нашите неумерени еврооптимисти кои се надеваа на влез во ЕУ до крајот на деценијава.
„Истражувачката единица на британскиот весник „Економист“ пред три месеци предвиде дека Македонија би можела да стане членка на Унијата до 2020 година“, не потсетува А1, надоврзувајќи се на изјавата на Оли Рен кој Македонија ја стави „во исто друштво со Србија, Црна Гора и останатите земји на Балканот“.
Ќе имаат ли доблест и храброст Шеќеринска и Бучковски да признаат дека не го фативме последниот воз за ЕУ?
Имаме ли стратегија како ќе преживуваме наредниве две децении, откако по влезот на Бугарија во ЕУ ќе останеме во „куќен притвор“?“
Препорачувам и препрочитување на мојот пост „Кој е поголем душман на Македонија - ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?“

2 беерс рече...

Интересно коя пък интелигенция, имала (уж) контакти с България преди Екзархията т.е. преди 1872 г.? А имало ли въобще държава България по това време? Какви контакти и с каква България имали хора като Паисий Хилендарски или К. Пейчинович? Или Н. Рилски, Джинот, Миладиновци и т.н. и т.н.??

Биди Свој! рече...

Жарко, не се правдај на сите :)
Секој си има свое мислење и има право да го искаже на културен начин. Добро е тоа што на твојов блог владее демократија, ги оставаш сите да си го кажат своето мислење. Замисли што се случува во некои весници на пример, конкретно „Вечер“. Напишав коментар рано утрото, не го објавија, а беа објавени коментарите после мене. Во текот на денот повторно пишував коментар и така стигнав до 5 коментари. Ниту еден не беше објавен. Интересно е тоа што во статијата имаше објавено десетина коментари и тоа сите со поддршка за статијата. Ниту еден против коментар. После тоа, следниот ден пак имаше статија поврзана со претходната, и напишаа - ете мнозинството од народот мисли така.

Јас иако не се согласувам со сите твои ставови, сепак те подрржувам затоа што гледам дека си еден од малкуте коишто МИСЛАТ и не си полтронче кои погледот го насочуваат само во една насока или пак прават онака како што ќе им кажат, без ни малку да размислат со своја глава и да донесат свој заклучок.

Поздрав! И пази каде те вика "Лавот". Кај нас има навика да ги поткупат или замолчат тие коишто мислат со своја глава оти им го реметат мирот и сонот од илузии на некои олигарски кругови.

Анонимен рече...

Вечер се посебна приказна, по се изгледа Латас лично ги проверува коментарите и нема шанси нешто да се пропушти по грешка :)
А за другото, во новата тема.

Анонимен рече...

Ако така гледаме на нештата (од тој аспект на гледна точка, што би рекол Буле во Еднооки), во Македонија не постои ниту еден празник што обединува. Ниту на интраетничко, а да не збориме пак за интеретничко (национално) ниво. Така што, сето кажано во врска со 23 Октомври може да се повтори за било кој друг државен празник, дури и за Нова година. Незнам само зошто единствено за 23 Октомври се крева ваква фама?!? Или можеби сепак знам зашто...

Лавот рече...

За Татарите еден убав линк на кој ги има одговорите на нивните небулозни прашања:

http://makedonskaistorija.blog.com.mk/node/61102

Лавов рече...

На тој сајт не прочитав ама баш ништо за некакви Татари, напротив таму се зборува за Македонци како нашиот татко на нацијата Мисирков којшто напишал - Дали се нарекуваме ние блгари или македонци, ние сме еден народ различен од српскиот.

Се надевам сега ќе им се извиниш на Македонците оти ги навредуваш сите нивни предци коишто до 1945 имале блгарска национална свест. А, кој те знае што симсиле си, веројатно си некој залутан шумадиец во Македонија па затоа ги навредуваш македонските предци.

Хесапов рече...

Жарко Траяноски, не е нужно да се извиняваш на някои от участниците в дискусията, които са далече от доброто възпитание и са ограничени в мисленето си!
Имаш чудесен блог, който е интересен и полезен за македонците, а и за българите, които го посещават.
Поздрав!

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week