Валкање на НОБ

10/22/2008

(Повод; Колумната „Митот за 11 Октомври“, 15 октомври)

Во колумната на господинот Жарко Трајаноски меѓу другото се полемизира и со некои прашања од нашата неповторлива и славна НОБ. Никој од нас не ни помислил дека авторот на спомнатата колумна ќе настапи со такви небулози со кои обилува неговата колумна. Тука ќе ја спомнеме само неговата основна дилема: „Навистина, дали воопшто било кренато народното востание од комунистите во 1941 или за успешното народно востание може да стане збор дури во 1943?“ Од формулацијата произлегуваат повеќе прашања, ама еве само неколку:

1. Дали дилемата му е затоа што комунистите биле множество во првите партизански одреди? Сега е модерно да се плука по комунистите. Зар комунистите не биле дел од народот кога заложувајќи ги своите животи ја остварувале нивната историска задача како организатори и предводници во народното востание? Зар тие не биле дел од народот? Зар тие тогаш не го афирмирале македонскиот патриотизам?

2. Ако почетокот на востанието не беше во 1941 година, дали воопшто можеше да стане збор „за успешно народно востание во 1943“? Земено во целина може да се тврди дека почетокот на 11 октомври 1941 година имаше одлучувачко значење за разгорот во 1943 година. Белким е познато дека секој настан во општествениот развој има свој почеток што се остварува со „породилни маки“, свој зенит и свој краен резултат! Впрочем, зошто се вели дека Првиот Илинден бил народно востание, иако оружените борби биле само во неколку општини на западниот дел на Македонија? Ами, Карпошовото востание, Кресенското /Македонското/ востание?

3. Срамно е што акциите на сите партизански одреди од 1941 и 1942 се минизираат како „герилски акции“, а денот на народното востание се квалификува како неуспех и само како „ден на вооружен отпор против фашизмот“. Што претставува ликвидација на Првиот кумановски партизански одред токму на денот кога почна востанието, разгромот на Првиот битолски партизански одред во 1942 година, масакрот на македонските родољупци во Дабница, бесилките, стрелањата, масовните судски процеси и полните затвори низ цела Македонија во 1941 и 1942 година?

4. „Помалата репресивност на бугарскиот режим во споредба со југословенскиот“ е само валкана измислица. Напротив, бугарскиот окупаторски режим беше окрутна сурова фашистичка машина, посебно подготвена и комплетно пренесена во Македонија од Царството, за разлика од другите југословенски подрачја во кои државниот организам беше сосема разрушен. Бугарската војска и полиција во Македонија често сардисуваше цели градови и села, „чешлаше“ цели планини барајќи партизани и ги претепуваше луѓето. Исто така и констатацијата за „кога пристигна Темпо“ значи минимизирање на дотогашниот напор и жртви и придонес кон активноста на бугарската полициска кујна која за цело време ги набедуваше партизаните со „србокомунисти“.

За дебатата во Центарот „Точка“ на тема „Зошто востанието го кренаа комунистите“ првпат дознавме од колумната. И тие малку митови што ги има македонскиот народ речиси сите се за негови порази и маки. Му остана само митот за 11 Октомври како единствена негова победничка епопеја. Затоа таа не смее да се валка. Меѓутоа, ако авторот сам си напишал пофалба за тоа што во споменатата дебата се обидел да ја стави „под сомнение светлата догма за 11 Октомври“ тоа нека му служи на чест!

Клуб на борци од НОБ - Скопје

(Се надевам дека борците од НОБ нема да ми се налутат што го објавувам нивното писмо на мојот блог. Намерата е да се чујат и нивните аргументи во блогосферата.)

10 коментари:

Анонимен рече...

Нека уживаат старците со боречките пензии кои ги добиваат и тоа НЕЗАСЛУЖНО и нека не јадат многу ***** Само со потпис на двајца сведоци дека едикојси бил борец, се добиваа боречки права и пензии. Вистинските борци се тие кои загинале по планините, а не тие кои се бореле под „Јорган Планина“ и денес ми се прават борци, па уште ја фалсификуваат историјата и сакаат да им веруваме на лагите.

Во целост се согласувам со тоа што Жарко го напишал во постот со наслов „Митот за 11 Октомври“.

Мојата намера со колумната „Митот за 11 Октомври“ не беше ниту да плукам по комунистите, ниту пак да плукам по борците. Аргументите ги искажував со сета почит кон отпорот против фашизмот.
Не оспорував дека биле предводници на отпорот против фашизмот, ниту пак оспорував дека го афирмирале македонскиот патриотизам.
Се обидов само да ја доведам под прашање официјалната догма дека имало народно востание во 1941 и 1942 г.

Анонимен рече...

Тие што со леснотија се откажуваат од уставното име се истите што сега плукаат по историјата и луѓето што ја правеле историјата. Сега е лесно да се декларираш како борец? Па што? Тоа воопшто не го намалува постигнувањето на вистинските борци, на тие што оставиле добар дел од животот по планините и кои трпеле огромни загуби а воедно и нивните семејства. Со ваква леснотија да се плука врз нивните гробови е навистина срамота. Па дали ти анонимусу имаш некој постар член од фамилијата кој бил жив во тој период? Дали тој се фатил за пушка да се бори за татковината или седел на страна и чекал се да помине па да си се пријави за пензија? Можеби тоа го кажуваш од лично искуство? Во секој случај, тие што лажираат пензии сигурно не се тие што пишуваат вакви соопштенија и одат по трибини и слично така да тој аргумент воопшто не држи. На страна тоа што очигледно целосно погрешно си ја разбрал колумната па фактички сам себе се негираш.
А и ти господине Zharko изгледа немаш некој постар член од фамилијата кој би можел да ти разјасни некои работи. Па стварно е срамота што уште се фаќаш за техникалии, за работа која е апсолутно тотално небитна! Но ако целта ти е да се истакнеш како фраерчиште на кое му дошла ултрагенијалната идеја дека востанието не почнало на тој датум во таа година... да знаеш дека целосно ти успеа! Фраер си бе Жаре, ти симнувам капа. Најјак си!

Хесапов рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Хесапов рече...

А имало ли е фашизъм изобщо? Когато искат да нападнат някого комунистите, обикновенно го норичат "фашист". Истината е, че тук цялата борба е била по поръка на Коминтерна. В случая с Македония и България, борбата е била на местните комунисти срещу буржоазната българска държава, по заповед от Москва. Българската войска и полиция е воювала срещу македонските партизани по същия начин, така както и срещу българските.
В интерес на истината тези, които са правили "въстания" и в двете държави са били много малко и почти никой не ги е знаел.
По-късно започват да се създават митове с цел обслужване на политическите интереси на управляващите.
...тази ваша болест ние я преживяхме преди 15-20 години...трудно и бавно става раздялата с лъжите!

Тиквешко Востание рече...

Празникот 11 октомври е измислен празник во времето на СФРЈ за ширење антибугарски пропаганди. Во Македонија сакаат да претстават дека тоа била војна на Македонците против Бугарите. Тоа е далеку од вистината и од здравата логика.

Хесапов е во право.

И во Македонија и во Бугарија комунистите војувале против буржоазната бугарска власт. Таа власт во Бугарија испоубила многу повеќе комунисти и на многу посуров начин отколку во Македонија. Тоа е борба на една идеологија против друга.

Се прашувам кога во Македонија ќе започнеме да го празнуваме 19 јуни, кога во 1913 година „пукнала првата пушка“ во Кавадарци и се дигнало востание против српскиот окупатор. Тоа востание е познато (поточно непознато) како Тиквешко востание. Причини за востанието била српската асимилација и српскиот терор врз македонското население. Биле затворани, измачувани, убивани и силувани стотици млади, стари и деца кои не сакале да се посрбат. Водачи на востанието биле десетина познати војводи од Кавадаречко кои учествувале и во Илинденското востание. При задушувањето на востанието Србите извршиле уште поголеми ѕверства. Живи деца биле горени по фурните.

Нели Тиквешкото востание заслужува да биде празнувано како празник и ден на востанието против српскиот терор?!

До анонимниот коментатор кој ме нарекува Zharko:
ако е „тотално небитна“ техникалија, не знам зошто толку прашина се дигна околу моето оспорување на догмата дека имало народно востание во 1941.
Навистина сум почестен со одговорот на Клубот на борци од НОБ - Скопје, но споредбата на „востанието“ од 1941 со востанието од 1903 е - најблаго речено - погрешна аналогија.
Какво е тоа народно востание во 1941 кога се до пролетта и летото 1943 г., членовите на Главниот штаб биле илегалци во Скопје?
Еве што констатира Цветко Узуновски, во првиот том на „Скопје во НОВ 1941-1945“:
„Стратегиска грешка беше што политичкото и военото раководство на Народноослободителната војна и Револуцијата во Македонија не се премести од Скопје на терен во Западна Македонија и таму да ги префрли и партизанските одреди и да создаде база и слободни територии уште 1941 или пролетта 1942 година.(...) Сето тоа ќе овозможеше побрз и помасовен развој на Народноослободителното востание.“
Значи, ниту главниот штаб бил на терен, ниту имало создадено база и слободни територии во 1941-1942, според исказот на Узуновски.

Анонимен рече...

И повторно реакција на нашите луѓе а ни збор одговор на бугарите. Ова веќе не е ни симптоматично, ова веќе е очигледно. Очигледно е чија страна ти е поблиска и зошто толку инсистираш на копање по македонската историја. Е па господине северномакедонецу Zharko, нека ти служи на чест.

11 Октомври и „партизаните“ рече...

Кои и колку партизани имаше во Македонија и какво „востание“ имало на 11 октомври?!

Силни партизански движења биле создадени во Србија, Црна Гора, Босна, но и покрај напорите на Комунистичката Партија на Југославија (КПЈ) да создаде партизанско движење во Македонија, напорите биле безуспешни. За тоа сведочи и рефератот на Светозар Вукмановиќ - Темпо испратен до ЦК на КПЈ на 8 август 1945 година. Во него Темпо пишува: „Во почетокот на март 1943 г. пристигнав во Македонија каде што ја затекнав следната ситуација: Партиските организации во организационен однос беа речиси во целосно разделување... а, тоа пред се се должи на бугарското народносно сознание на мнозинството од населенито во Македонија коешто не ги поднесува антибугарските пропаганди и не дозволува да се крене рака против Бугарија“.

Во еден документ од архивите на Тито стои напишано: „Македонскиот Покраиснки Комитет откажува врска со нас (КПЈ) и се сврзува со Комунистичката Партија на Бугарија (КПБ)“. КПЈ нема успех во Македонија, па затоа Тито подготвува нова стратегија - испраќање на кадри од Србија и Црна Гора во Македонија. Прв го испраќа инспекторот на ЦК на КПЈ Добривое Радосавлевиќ, а во февруари 1943 г. стигнува и Светозар Вукмановиќ - Темпо, како делегат на ЦК на КПЈ. И двајцата согледуваат дека е невозможно да се организира вооружена борба на месното население против бугарската власт. Затоа, Темпо решава да замине во Тетово, коешто е под окупација на Италија, и на 19 март 1943 г. успева да издејствува набрзина заседание каде се избира ново раководство на македонските комунисти, а на чело на новооформениот ЦК го поставуваат Лазар Колишевски којшто дури и не бил присутен на заседанието. Меѓу присутните се и: Мара Нацева, Цветко Узунов, Кузман Јосифовски, Страхил Гигов и Бане Андреев. Со тоа Тито си создава свои послушни слуги во Македонија коишто после 1945 година илјадници Македонци ќе протераат, убијат, испратат на Голи Оток.

Согледувајќи дека не можат да создадат поддршка кај месното население во Македонија, КПЈ решава да донесе борци од Србија. Темпо во едно свое известие пишува: „Во текот на 1942 г. имало само шест партизански одреди со по 10-15 борци и сите тие биле разбиени, освен Битолскиот којшто сам на своја глава преминал на албанска територија и така успеал да се запази“. Мнозинството од партизаните во Македонија се странци, главно Срби, Црногорци како и Власи и по некој србоман од Македонија.

За тоа сведочи и Михајло Апостолски којшто во 1945 г. се оправдува за неуспесите со зборовите: „Што да правам бре... кога излеговме во шумата само јас бев од Македонија, а другите беа Срби у Цинцари“.

Какво „востание“ беше тоа од 11 октомври?!
Не можејќи да најдат доволно антибугарски настроени приврзаници во Македонија, па дури и меѓу комунистите, Тито испраќа свои луѓе од Шумадија меѓу кои и Лазар Колишевски. Тој е еден од верните српски воспитаници кој е одгледан во српско сиропиталиште како сирак и завршува средно образование во Крагуевац, во срцето на Шумадија. На 8 октомври 1942 година, тој пристига во Прилеп со специјална задача дадена од Тито - да организирала каква и да е провокација против бугарската власт. Тоа „востание“ Колишевски го спроведува со помош на други српски воспитаници од Македонија. Но, дали е тоа некакво востание?! - Секако дека не. Тоа е еднатерористичка акција при што е исечен еден електричен кабел и е пукано во стражарот пред седиштето на полицискиот участок во Прилеп.

Ете, тоа е „големото востание“ коешто го славиме како празник. Главниот извршител на овој терористички чин е Душко Наумовски. Но, кој е тој?! - Уште во турско време неговото семејство се преселило во Србија, и тој е роден и израснат во Крагуевац во српски дух.

Се до 1944 г. партизанско движење во делот од Македонија којшто бил под Царска Бугарија речиси и немало. Мали партизански групи дејствувале само во западниот дел од Македонија, главно во Дебрца, којшто бил под италијанска, т.е. балистичка (албанска) окупација.

11 Окт... рече...

Исправка, грешка при пишување :)
Значи, не е 1942, туку 1941 година, во делот:
„На 8 октомври 1942 година, тој пристига во Прилеп со специјална задача дадена од Тито...“

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week