Словенска антитеза

10/08/2008


Што има ново во Македонија? Дал’ спорот со Грција се реши? Ил’ почнавме преговори со ЕУ? Нит’ спорот со Грција се реши. Нит’ почнавме преговори со ЕУ. Место идентитет „европски“, си градиме идентитет антички. Ем антички, ем библиски, уште малку и препотопски.

***

Инспирациите за пишување доаѓаат кога најмалку очекуваш. Си гледам синоќа „грујовизија“, кога одеднаш ме заплисна веста за епохалното откритие: „Македонците се музикален народ, доказ за тоа е свирчето што е пронајдено при ископувањето на археолошкиот локалитет Кале“. Ех, каква ли загуба за нашиот идентитет ќе беше ненавременото откривање на фамозното свирче од бронзеното време? Без свирчето од пред 33 века, џабе ќе ни беа сите аргументи дека сме музикален народ. А само ден претходно, народот докажа дека е музикален. Без употреба на свирче, го исвирка политичарот со најголем рејтинг кога се обиде да одржи говор на хуманитарен концерт посветен на македонската музичка легенда. А каква ли само шанса испушти премиерот да ја одбрани честа на нашиот музикален идентитет? Какви ли само овации ќе доживееше ако, наместо ливчето, го извадеше препотопското свирче и ја засвиреше омилената „Народе македонски... не знаеш кој си што си, други тебе знаат“?

Пред десетина дена, „грујовизија“ објави уште еден несоборлив доказ дека другите повеќе знаат кои сме и што сме од самите нас. Како ударна вест ги обнароди епохалните откритија на еден профитабилен швајцарски институт, според кои „најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло“. Најпосле, белосветските трагачи по автентичниот македонски ген можат да здивнат. Не мора веќе да трошат галони бензин до Пакистан за да му докажуваат на светот кои сме и што сме. Ете, со швајцарска прецизност е утврдено дека нашето потекло е дури 30 отсто античко-македонско, а само 15 отсто словенско, за разлика од потеклото на жителите на Грција, кое е само 5 отсто античко-македонско, а дури 20 отсто словенско! Резултатите ја поткрепуваат и тезата за „петтата колона“ во нашите редови - дури 15 отсто од нас имаат елинско потекло, исто колку словенско! Според швајцарските генетичари, повеќе има смисла да се зборува за „Славоелини“, отколку за „Славомакедонци“.

Има тука уште неколку куриозитети. На второ место на генетската листа со дури 20 отсто е нашето германско потекло - што дава основа за претолкување на војната против германските фашисти како „братоубиствена војна“. Логично е да се претпостави дека резултатите од генетскиот попис ќе бидат меѓународно оспорени затоа што утврдуваат само 10 отсто илирско потекло. По најновите идентитетски освестувања, прашање на време е кога ќе се појават потомците на Феникијците (5 отсто) и Хуните (5 отсто), а богами и на Хунзите! - барајќи признавање во Преамбулата на Уставот. Најпосле, зар е можно „петте века под турско“ да не оставиле никакви генетски последици?

Сепак, најголемиот идентитетски шок го преживеав лани, кога во Битола ја посетив музејската изложба „Македонски неолит“ (период од 10.000 години до 3.000 години пред нашата ера). Верувале или не, ама таму беше изложен нашиот клучен аргумент за одбрана на името: „Именката Македонија, атрибутот македонски е во секојдневна употреба во младото камено време...“. Ако не сте знаеле, колонизацијата на Европа започнала од „Македонскиот полуостров (кој бил преименуван во „Балкански полуостров“ дури во 1804 година)“. Една од незаборавните пораки на битолската изложба „Македонски неолит“ (поддржана од Министерството за култура) се' уште ми одѕвонува во ушите: „Македонија е основоположник на европската цивилизација“!

Се разбира, ова не се официјални тези на премиерот, кој на манифестацијата Година на македонскиот јазик во Рим порача дека „...во Европа ќе влеземе како Македонци и никако поинаку!“. Минаа месеци, а се' уште лебдат во воздух две неодговорени прашања. Прво, зошто бранителот на нашиот идентитет ја усвои себе-колонизаторската формула „Европа = ЕУ“? Географски му припаѓаме на европскиот континент, членки сме на Советот на Европа и имаме право да негуваме европски идентитет, независно дали сме или не сме членка на ЕУ. Одамна мина времето на патриотската песна „Телеграма дојде од Европа“.

Второ, остана да лебди прашањето што подразбира премиерот под „Македонци“ и под „нашиот идентитет“? По кампањата „Ти си Македонија“, која финишираше со спотот со Александар Македонски, стана појасно кој „наш идентитет“ сака да го одбрани премиерот. Е сега, ако е вистинит слоганот „Народ без јазик и писмо - нема“ (кампања „Моја кирилица“), тогаш античките Македонци престанале да постојат во моментот кога се откажале од својот мајчин јазик (14 века пред кирилицата) и кога го усвоиле атичкиот дијалект што станал „коине“. Парадоксално, ама нашите потомци на Александар (грчки: заштитник на луѓе) и Филип (грчки: љубител на коњи) треба веднаш да се запишат на курсеви по старогрчки јазик.

Накусо, ништо ново во Македонија. Се' по старо, и постаро и постаро... Политичкото бегство во минатото е пат по кој упорно чекорат политичарите што немаат решение на проблемите што не' мачат во сегашноста.

16 коментари:

Shumen рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Анонимен рече...

Честитки дечко.

Shumen рече...

Силно и јасно!!! Пак и од мене честитки!!! Нема што да се каже!!!

Анонимен рече...

Ziv primer si batka da koga covek se poveke tone vo svoite g...a,stanuva se pozloben.A jas da ti kazam nesto koj te e.e i tie tvoi istomislenici,da go poglednes rejtingot povtorno,bidejki verovatno vo tvoite oci e nesto sto se granici so ludilo,he,he,he.Mozes ti batka da sviras kurcu kolku sakas i za Fenikejcite,Hunite(da ti kazam iskreno dosta mi licis na niv) pa i Hunzite pa i za Petko i za Stanko,pak ke ti povtoram pogledaj go r e j t i n g o t - pa pocni da veruvas i vo Hunite,Hunzite,Fenikejcite i t.n. zasto prosto ke isceznete od politickata scena,ebave belja ebave.Sto se odnesuva do tvoeto poznavanje na grckiot jazik ti preporacuvam da odis na veb str. na MINA - da procitas del od pisuvanjeto na Johan Gustav Droysen,creator of Greece`s Fake History,veruvam ke ti bide od korist za da ne se glupiras vo tvojot sopstven blog i treskas gluposti,inaku sporot so Grcija tvojata Brankica ke go resi za edna minuta znaes i samiot kako,nAli.Rejtingot ke ve ubie,jebiga.

iacovibus рече...

Уште еден (32-) битен момент во откривањето и битката за нашиот идентитет.

Пред некој ден у една какофонична дискусија ми беше понуден најсилниот доказ за нашето античко потекло: имено, сите статуи на богови и божици од античкиот период се бели - а Грците се (you're guessing) црни. Значи, штом статуите прикажуваат бели луѓе, јасно е дека тие се Македонци. А не црни Грчишта!

Се’ уште не можам да се соземам од откровението.

Sasko рече...

'дава основа за претолкување на војната против германските фашисти како „братоубиствена војна“' - abe na voa ke se smeam do kraj na godina, a bogami i ponatake! :-)
A i za iacovibus edno golemo blagodaram, negovata ispoved za otkrivanjeto na krucijalniot argument ke me smee bar do Prvi Maj! :-)
Ke zavrsam so parafraza na eden tragicen lik od 'Lepa sela lepo gore':
Ali r e j t i n g, jebiga!

Анонимен рече...

Do Sasko - batka,jako dobro kazano.Nemaat sto da napisat nesto pametno,pa se glupiraat - ova vi go pisuva egeecot,pogorniot anonimec - a ti Zarko blogopisuvac,da citas malku poveke istorija......ne,ne zgresiv prodolzi vaka,barem ke mi go razubavuvas denot.

iacovibus, ти изгледа не си ги читал генетските истражувања кои докажуваат дека Грците потекнуваат од субсахарска Африка, и дека поише имаат заедничко со Етиопјаните, отколку со нас.
Патем, треба уште една ревизија, и тоа под итно:
„Нека разберат, генетските браќа Германци, античко-македонско име, нема да загине“ :)

Sasko рече...

Abe anonimen, ja bash na protiv mislev deka kazaa nesto pametno, a pokraj toa i urnebesno smesno! Sea si se cudam kako bev tolku pogresno razbran?!? Ali eve davam cesen Titov pionerski zbor (jebiga, prva politicka ljubav zaborava nema) deka ova mi e posleden blogeraski komentar, ne sakam i jas da seam nedorazbiranja vo celava kakofonija (mislam voopsto, ne na odlicniov blog). :-))
I samo se nadevam deka nema da gledam naokolu tragicni bledi senki na klisheiziranite likovi od veke spomenatiot film na Srdjan Dragojevic, moite ocekuvanja odsekogas bile mali, mnogu mali.

Анонимен рече...

Pretpostavuvam deka se slozuvas deka ne postoi nitu eden narod vo Evropa koj se naogja vo situacija kako nasata, da se bori za dokazuvanje na svojata posebnost.
Originalni sme, isto kako i nasiot problem. Za kakva togas Evropeizacija da razgovarame. Drugite Evropski narodi (duri i onie koi nemaat svoja drzava) nemaat problemi od ovakov karakter.
Ubavo bi bilo da se zaclenime, da koristime nivnit fondovi, da patuvame bez pasosi... Toa nikoj ne go osporuva.
Za da ni bide seto toa dostapno, nie samo treba da prifatime deka sme Srbi, odnosno Bugari. Deka ne sme Grci e poveke od evidentno.
E, ova e za nas "deja vu":
Pred 100 - 150 godini, na nasite prapra dedovci im e nudeno da gi skoluvaat svoite deca BESPLATNO vo Belgrad, Sofija i Atina, se sto treba da napravat e iskreno da priznaat deka se cuvstvuvaat kako Bugari t.e. Srbi t.e. Grci.
Razocaruvacki e sto i den deneska kusogledosta ne sme ja nadminale i ne go gledame embrionot na delbite i zloto.
Starite vikaat - im zinal gazot za pari, a nemaat muda da 'rmbaat.

Sasko рече...

Hajle Selasie za grcki car!!! :-)))
Ups, Wikipedia me opomenuva deka Hajle e veke odamna vo vecnite lovista (ili kako veke se vika Rastafari ekvivalentot), pa eve posto Grcirte se pederi, neli, ja predlagam Princezata Zenebework.

Sasko рече...

I da go izvlecam klucniot zaklucok od genetskite istrazuvanja - sudbonosnata greska se slucuva koga maliot Otto Friedrich Ludwig od Bavaria, neprosvetlen vo tajnite na genetskata etno-geografija, namesto vo Skopje (ili vo kraen slucaj Bitola) zavrsuva vo Atina!
Kade bevta togas, o kleti shvajcarcinja, vie robovi na bankarskata tajna, dali vkusot na Grckata feta ja porobi posvetenosta na vistinata, pa go ostavivte drazesniot mal Oto vo zabluda?!? No gospod e golem, ne zaborava, ke si patite sega doveka, nadvor od Unijata!

Анонимен рече...

Ајде честито ново име, северномакедонецу Жарко! Најпосле се изборивме за тоа што 500 години го посакуваме! Европо чекај не, доаѓаме со молневито темпо! Веќе нема да сонувам за мед и млеко, ќе живеам во нив!

Анонимен рече...

Те нема нешто денеска. Да не го славиш 11ти Октомври, денот на народното востание на Република Северна Македонија? Денот на кој започнува борбата за ослободување од фашизмот на северномакедонскиот народ? „Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност.“. Секако и ова ќе треба да го смениме, така? Не смееме да дозволиме вакви реликвии од минатото како сидро да не кочат кон незапирливиот пат кон Медот и Млекото (читај НАТО и ЕУ).
Сатирата на страна, во моментот кога „експертите“ ни се најмногу потребни и кога најмногу се очекува да искочат со изјава нив нешто ги снема. Изгледа не работат преку викенди?

Денеска бев на трибината за 11 Октомври, оддржана во „Точка“.
Таму можеше да ги чуеш моите „диверзантско-терористички“ ставови за 11 Октомври.
Ќе напишам поопстоен пост за тоа, оти бајаги интересен материјал се насобра.

Shumen рече...

G-dine Trajanovski so netrpenie go ocekuvame postot za 11.10, se nadevam na standardnata vistinoljubivost i kriticnost, a 11.10 e vistinski predizvik vo taa nasoka!
Pozdrav

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week