Зошто правиш горило од мене?

10/27/2008


Како се вади слон од порцеланска продавница? Прво, се отвора полека вратата од продавницата. Потоа, со омилената слоновска храна (слоновите дневно јадат од 150-400 кг растителна храна!) - се намамува слонот да излезе од продавницата, исто како што влегол. На крајот, внимателно се затвора вратата од продавницата, за да не влезе слонот повторно.
Како се вади „горило од 500 тона“ од собата? Е, тоа ќе го прашате нашиот вицепремиер Боцевски кој во интервјуто на А1 вака одговори на прашањето - Зошто Македонија не добива датум за преговори?:
„...не смееме да го изземеме од предвид прашањето коешто, како што велат Американците, понекогаш е горило од 500 тона во собата или како што велат Македонците, слон во порцеланска работилница, односно прашањето врзано со односите со нашиот јужен сосед.“
Што знаат „Американците“ што е „горило од 500 тона“?

7 коментари:

david santos рече...

Really beautiful posting! I love it! Congratulations! Have a nice week.

Анонимен рече...

Значи ти при здрав разум тврдиш дека ако СИТЕ барања од страна на ЕУ се исполнети спорот со името нема да биде проблематичен за отпочнување разговори? Вакво наивно мислење може да имаат само тие на кои што им одговара тоа, платеници и можеби ептен тешки хардкор наивчини. Јас искрено сум шокиран што ти уште од веќе далечната 2006та (а можеби и пред тоа) си се фатил за ЕУ ко слеп за стап и не пушташ па не пушташ! Навистина не знам како они успеале да те убедат дека они се единствената можна опција за која слепо ќе проповедаш за век и векови и дека не може да има посвета цел од пустото пристапување кон неа, без разлика какви се отстапки треба да правиме! Ајде да одиме со примери, еве да не одиме подалеку од нашите соседи Бугарија. Дали на нив им потече мед и млеко откако отпочнаа разговори за пристап во ЕУ? Или откако пристапија во ЕУ? Секако дека не. Иако има напредок, сепак сеуште се далеку далеку од тоа да бидат некој пример за тоа како треба да се води модерна држава. Ниту Романија не е некој подобар пример ама ај, за нив немам многу информации па нема да зборам. Но примерот со Бугарија убаво кажува дека отпочнувањето преговори не е алфа и омега на државава а со политичарите што моментално се актуелни (и од двете страни) не знам како некој може да гледа розова иднина па дури и да ги почнеме тие преговори. Ќе ни треба барем дупло подолго време отколку што им требаше на Бугарите ако не и уште толку! Наместо да се бориме против овие или против оние или како што прави авторот на блогов против самите себеси, треба да бидеме објективни и секоја ама баш секоја негативна работа да ја коментираме негативно (па макар била направена од страна на „нашите“) а секоја позитивна работа да ја наградиме ако ништо друго со едно „фала“ или „редно беше“, без дополнително омаловажување. Треба да се биде голем човек за да се направи тоа, не сум сигурен дали воопшто има такви јунаци меѓу „експертиве“.
Да се вратам на примерите, друг пример од сосема друга страна ни е Србија која иако знаеме што се и се случуваше (бомбардирања, санкции, Косов итн) они некако успеаја во последниве години да ја качат просечната плата на преку 400 евра! Без никакви разговори за ЕУ, без сеуште целосна соработка со Хаг (за што ЕУ трубеше толку многу време а сега очигледно станува се помалку и помалку битно, откако ги добија главните ѕверки) без ништо Србија успеа да им избега дури и на европеизираните Бугари! Зарем некој мисли дека нашите политичари (и од двете страни) се способни за такво нешто? Груевски? Црвенковски? Мое мислење е дека НЕ! Ни тие ни тие досега не се докажаа, сеуште на високои позиции во двете партии има доста од старите добри и проверени членови (иако ВМРО малку им бега на другите на тој план, добра чистка направија пред неколку години) и со такви луѓе нема никогаш да влеземе никаде. Затоа наместо да се бориме против самите себеси, против македонштината, треба да застанеме заедно и да се бориме против ГЛУПОСТА! Затоа Жарко ако сакаш да добиваш повеќе коментари „на нивоу“ и поздрава дискусија мораш и ти да вложиш труд и да бидеш многу многу пообјективен. Без тоа ќе ти се котат вакви анонимуси ко мене, ќе се обидуваш да удриш некоја контратежа со познаници што ќе те тапкаат по рамо но верувај дека на крајот секогаш победуваат анонимците :)))
(малце шизофреничен коментар ама нема врска, видете го времето на постување па се надевам ќе ми простите :))

Анонимен рече...

Па да, општо познат факт е дека Американците одамна ги имаат стандардизирано своите пословици според СИ системот. Така што во нив се збори саде за тони, килограми, метри, километри и тн. За разлика од клетите Европејци кои сеуште зборат за некакви фунти, унци, инчи и милји:))
Ех Ивице, Ивице...

Анонимен рече...

И што сакал да каже Боцко? Веројатно ни самиот не разбрал што кажал. Им се потрошија сите зборови со коишто го лажеа народот, па сега почнаа да тресат зелени.

Само едно појаснување. Не се сеќавам дека некаде сум тврдел вакво нешто: „спорот со името нема да биде проблематичен за отпочнување разговори“.
Во една дебата, го имам кажано следново:
„...нашата политичка реалност после 1991 година укажува дека ние практично ја започнавме нашата борба за меѓународно признавање со конфликт со соседна земја која што беше членка на ЕУ. За жал, анализата на тој конфликт кој трае цели 17-18 години, укажува дека нашите позиции во тој конфликт, нашата “борба со аргументи” не се темелеше на европски принципи и аргументи и усвојување на европска перспектива. Нашата борба се темелеше на некои сосема други принципи и “аргументи” кои што Европската унија сакаше токму да ги заборави, а тоа е национализмот кој што на моменти навистина се преобразуваше во мошне екстремни форми.“

Анонимен рече...

Не знам како можеш со таква леснотија да ги нападнеш нашите ставови како национализам?? Па како да се реагира кога некој ти ја напаѓа националната припадност?! На грција и се дозволува да каже се што сака (дури и најфашистички изјави) и тоа е во ред затоа што е земја членка на ЕУ додека ние не смееме да си го браниме своето поради страв да не бидеме жигосани како националисти и иредентисти??? Чиста лудост! Сосема случајно еден другар ми ја посочи интернет страницата на википедија каде што се обработува темава и некаде при крајот малку и затскриено се наоѓа дел во кој што се збори за правото на самоопределување (Self-determination) на грците што живеат во нивната македонија да се нарекуваат македонци (демек тоа што ние ќе сме се викале македонци го исклучувало правото и они така да се нарекуваат). И тоа се објавува како факт кој е во ред и никој не го спори. Но ако некој во нашата Македонија рече дека има право на самоопределување како сака да се нарекува и тоа што во грција има луѓе што се нарекуваат македонци не го исклучува правото и ние така да се викаме тогаш тоа е национализам. Парадокс! А нашите „експерти“ се сложуваат со тоа! Уште поголем парадокс!! Е па браво „експертчиња“!!

Анонимен рече...

А дека европа сака да ги заборави тие „принципи и аргументи“ со кои сме се служеле ние, па мислам спорот е најдобар пример колку е тоа вистина.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week