Тажен ден за демократијата во Струга

2/19/2009



Група организирани насилници го попречија правото на слобода на изразување на Граѓаните за Европска Македонија во Струга.
Бевме изложени на закани, навреди, загрозување на сигурноста, превртување на столици, туркање на микрофонот, закани кон граѓаните кои присуствуваа на трибината. На крајот имаше и закани за превртување на еден од автомобилите.

Мојот личен впечаток е дека стануваше збор за организирана група силеџии која имаше за цел по секоја цена да го спречи организирањето на трибината. Кога започнаа провокациите, им предложив на провокаторите да го кажат своето мислење на микрофон, веднаш по почетокот на трибината. Но, очигледно тие си имаа друга цел. Друга директива.


video

Еден индикатор дека стануваше збор за организиран инцидент, е тоа што имаше луѓе кои очигледно беа задолжени настанот да не се снима и фотографира.

На крајот од видеото може да се забележи реакција на еден од насилниците, во моментот кога забележува дека се снима. За жал, не е снимен моментот кога му го туркаат микрофонот на Героски, откако објавува дека не постојат услови за одржување на трибината.

Еве го и заедничкото официјално соопштение:

Почитувани,

Вчера, во 17 часот, во Домот на културата во Струга, беше закажана трибина на нашата инцијатива Граѓани за европска Македонија. Дојдовме во Струга со добра волја и со искрена намера со стружани да поразговараме за европските перспективи на Македонија. Не пречекаа стотина граѓани од овој град, но и граѓани на Дебар и Охрид, кои дојдоа да учествуваат на трибината.
За жал, група од дваеесеттина присутни, дојдени со очигледна намера да го спречат нашиот дијалог со стружани и да предизвикаат инцидент, почнаа да се однесуваат насилно, брутално навредувајќи не и заканувајќи ни се дека од Струга жива глава нема да извлечеме. Да биде уште пострашно, инцидентот се закануваше да премине во вербална, а бездруго и физичка пресметка меѓу присутните. За атмосферата во која требаше да почне оваа трибина живо сведочат и видео-снимките што нашиот снимател успеа да ги сними, соочен со остри закани и притисоци.
Увидувајќи дека настанот може да прерасне во сериозен инцидент, каков што не му е потребен на градот каде што меѓуетничките тензии еруптираа во изминатите недели, решивме да ја откажеме трибината и да им се извиниме на добронамерните учесници. Во однесувањето на хулиганите лесно препознавме сценарио подготвено во партиско-полициски штабови нашата трибина да се престори во уште една кавга и крвав пир меѓу Стружани.
За инцидентот веднаш го известивме градоначалникот на Струга, господинот Размиз Мерко. Во разговорот со него, изразивме длабоко разочарување што вакво нешто воопшто може да се случи во Струга, градот кој со децении беше домаќин на поети и на добронамерни луѓе. Господинот Мерко не извести дека градските власти добро ги знаат луѓето кои смислено се обидуваат да внесат немир. Ако навистина е така, очекуваме локалната власт и централната власт заеднички да ги пронајдат налогодавците и организаторите на овој инцидент, кој ја срамоти Струга.
Исто така, сакаме да нагласиме дека со вакви монтировки и нецивилизрано однесување, организирани од недобронамерни луѓе и мотивирани од политикантски причини, не се создава демократски амбиент пред претстојните избори, кои за Македонија се клучен тест за демократијата и за нејзиниот напредок кон Европа.

Жарко Трајаноски
Никола Гелевски
Мерсел Биљали
Бранко Героски
Роберто Беличанец
Владимир Милчин

20 коментари:

Анонимен рече...

тажно. Слушај го како „урла“ на крај. Камо обезбедување Жарко? Немаат овие Општински сали стражари? Обезбедување, што год слично да спречат насилници - сепак е ова настан на кој се собира народ, кој мора да биде заштитен? Чив микрофон турка тој?! Неговиот сигурно не. Значи уништува и нечив имот.
Можеби треба да размислите да присуствувате на трибини каде што ќе има обезбедување. Ваква багра и беда секаде, а тек кај нас.
Жал ми е што сте се соочиле со ова. Се надевам ќе одговараат.

ribaro рече...

Обезбедување нешто, полиција... или слабо? Го плашат народот, а не знаат дека контра ефект се добива со тоа. Страшно!
Ќе осетите на наредната трибина, колку повеќе луѓе ќе има. Нервозни се, тоа е интересно? И покрај сите пулови, пак се нервозни.
Во Прилеп ќе идите ли?

к рече...

Редно време е да се донесе закон за идентификација - иако знам дека не го симпатишеш идентификувањето, сепак во некои ситуации е потребно.
Овде кај мене, не можам да влезам во ниту една државна институција, приватна сала, театар, и што год слично без да покажам идентификација. Дури и во бизнис згради, ако не си еден од вработените кој има код кој му дозволува пристап, на врата мора да покажеш идентификација и да се потпишеш: и кога ќе влезеш и кога ќе излезеш. На сам почеток не ми беше јасно зошто и одвратно ми беше, ко големиот брат да те следи постојано - Но, еве зошто.
Ако кој било од овие насилници покажам лична карта (а најверојатно ќе одбиел, ако имал ваква намера), сигурно немало да се впушти во својот насилнички подвиг - ако од ништо друго од страв.
Кај нас секој може да влезе секаде, и со се. Можеле и пиштол да внесат (не дај боже). Затоа е потребно обезбедување во сите институции во кои се собира повеќе народ - за да штити од пореметени.
Жал ми е за настанот. Ама не очајувајте. Непимесна, насилничка бедотија насекаде, ама нема шанси против здравиот разум!
Овие луѓе во принцип се за жалење. МОра да е тажно да се биде во нивната кожа.

Serdar Von Makedon рече...

Каква необразованост, некултура, неинтелект!

ПРОСТАЦИ! Кокошкари неписмени, ко Гоце, Јане, Питу, Ченто и сличните наши не-преговарачи, кај се смеело да се покажи самосвесност, самопочитување и единство, како тоа „за пушка“ се фаќаат, па САМО ПРЕГОВОРИ СЕ СПАСОТ, иначе ПРОПАДНАВМЕ!

Каков бесрамен чин! Некој се осмелил на непријателите на Македонија да им каже недвосмислено јасно дека нема тука повеќе терен за имплантирање на кукавички јајца завиткани во „ЕУ и Нјато“ целофанче.

Еве, предлагам вие „преговарачите“ да ни дадете личен цивилизиран пример:

- Убаво наведната глава, газето фино истртено наназад за поедноставна пенетрација и во ред пред бугарска амбасада, преговарајте да ви дадат Бугарски Паспорти за што побрзо да стигнете во Европа.

kihu рече...
Авторот го отстрани коментаров.
kihupotru рече...

интелектот на македонскиот народ целосно е на пониско ниво од она просечното. ако нема вакви инциденти, ќе има два саати дробење на празни муабетi кои исто така нема да помрднат ништо во системот, туку ќе бидат јавни исповеди на пропаднати "интелектуалци", што пак беше пример во струмица. идејата за организирање на јавни трибини во кои народот јасно ќе се изјасни се напредна форма на демократско општество што не е својствено за нашата. за прогрес е потребна сериозна едукација на возрасните со медиумска програма од едукативно информативен карактер, па после време соочување со резултатот. вака производот во нашата држава уште не ставен на пазар е веќе со поминат рок. убаво би било кога би имало конструктивни опсервации, што вие на моменти ги понудувате, но во принцип целата идеја е многу посложена во самата структура, не во дегустаторире. орото е такво, а свадби ќе има уште многу, а над македонија сонцето е многу убаво, нема многу високи згради, па може да го гледаме од изгрев до залез.
во секој случај бидете прeтпазливи, во македонија уште нема црвени теписи, а таму каде што ги има се изгнасени дека луѓето одат со нечисти кондури.
Жаре, пазете се!...оваа иницијатива веќе ви преминува во нешто друго.

Анонимен рече...

Batka kako sto ti rekov pred izvesno vreme -si go baravte i si go dobivte na krajot- it vas about time,preteravte so toa vase jadenje go.na po lugjeto,sve cista manipulacija,dobro sto ne izedovte kotek koj go zasluzivte 100%.....demokratijata ne znaci da sekoja gluperda (kako vie sorosoidite) moze da kaze sto saka javno .........eden sovet od mene,koga blogiras i pisuvas nesto,treba podobro da go analiziras nestoto,ne gledaat site lugje niz istata tvoja prizma,ima i drugi aspekti na resavanje na nestata, da ne kritikuvas samo bez vrska tuku i da predlozis i nekoe resenie........ete si imal i svoi istomislenici koi za sreka ve ima minimalno,za sreka.........pazi kako ke pomines vo Prilep,batka......ali ti nemas gajle ti si golem "borec" za evropska Makedonija,ovie drugive se gola voda,nepismeni,neli.............eeeeeeee kakvi li idioti krepi ovaa zemja.

Анонимен рече...

da. nepismeni, priprosti... a za gola voda ne znam bas, bidejki ve ima mnogu:)tamu e vasata sila

Се извинувам, ама еден од коментарите ќе морам да избришам.
Доста ми е од закани за погубување, за палење, ставање во карантини, и што уште не,
Слободата на изразување подразбира одговорност.
За жал, сеуште не сме дораснати да почитуваме различно мислење, што е предуслов за демократски дијалог.

Анонимен рече...

Zare batka, navistina te sozaluvam,neznam sto ti pisuvale drugite no sepak teba da dojdes do soznanie deka ti ne si centarot na svetot,deka navistina go pretera,dobar bloger si batka vo tehnicka smisla ali ideoloski si katastrofa..........pa pobogu boze daj pogledni koj sestmina ste,site koj od koj, na celo so gerovski,dali mozes da ja zamislis masava da razmisluva kako vas predavnicite,pa nema sansi covece daj otkacete se od tie tropanja da ne dobiete nesto sto navistina ste zasluziloe...............pa vie ne ste normalni.

Анонимен рече...

Inace da e do mene na vakvite kako vas bi vi eb.l mamata,veruvaj mi,vakvite kako vas sestminata.....Solunskive atentatori bi gi strelale so apetit.Egeec.....go pisuva ova mame li vi vase prokleto.

Serdar Von Makedon рече...

Па сте го чуле гласот на народот бе!

Кој суд ги прогласи за насилници тие шо ве избркаа?

не гледам да ве тепа некој на видеото, а не дека не сте заслужиле...

еве предлагам Соросоидиве на трибините прво да им ги објаснат правата на Македонците кои се кршени во континииум до ден денешен.

На пример, правото на самоопределување...

еве, да се подсетите и вие, „европјаните“
----------------
THE GENERAL ASSEMBLY proclaims THIS UNIVERSAL DECLARATION OF HUMAN RIGHTS as a common standard of achievement for all peoples and all nations...


Article 1.

* All human beings are born free and equal in dignity and rights.They are endowed with reason and conscience and should act towards one another in a spirit of brotherhood.
Article 2.

* Everyone is entitled to all the rights and freedoms set forth in this Declaration, without distinction of any kind, such as race, colour, sex, language, religion, political or other opinion, national or social origin, property, birth or other status. Furthermore, no distinction shall be made on the basis of the political, jurisdictional or international status of the country or territory to which a person belongs, whether it be independent, trust, non-self-governing or under any other limitation of sovereignty.

Article 3.

* Everyone has the right to life, liberty and security of person.

Article 4.

* No one shall be held in slavery or servitude; slavery and the slave trade shall be prohibited in all their forms.

Article 5.

* No one shall be subjected to torture or to cruel, inhuman or degrading treatment or punishment.

Article 6.

* Everyone has the right to recognition everywhere as a person before the law.

Article 13.

* (1) Everyone has the right to freedom of movement and residence within the borders of each state.
* (2) Everyone has the right to leave any country, including his own, and to return to his country.

Article 15.

* (1) [b] Everyone has the right to a nationality. [/b]
* (2) [b] No one shall be arbitrarily deprived of his nationality nor denied the right to change his nationality. [/b]
------------------------

Среда рече...

Кој ќе не одбрани од секакви продадени души што си земаат за право да ни објаснуваат работи, да организираат трибини кои никој не ги барал, самонаречени експерти...

Анонимен рече...

Господи Боже - изроди! Среда, а кој не' брани од недозреани досади како тебе? КОј па сака ти да ни објаснуваш што било и да кажуваш што да прават другите? Имате вие повеќе од 10 години, или навистина има толку неписмена багра во државата и по интернет просторот?

Анонимен рече...

Агресивните ‘фаланги‘ кои ве пречекале и во Струга и во Кичево се продолжена рака и одличје на недемократски, деспотски и авторитарни режими. Ова не било само срам за демократијата во Струга, туку и срам за демократијата во Македонија! Само храбро и напред!

Struzanec рече...

Мрзам „соросоиди“ и останати платеници од одредени политички партии кои наводно нудат решенија. Ама мрзам и добиток кој нема поим што е демократија, а исто така е подбуцнат од одредени (читај ВМРО) партии. Ако овој добиток не сака да ја „пие“ водата која требаше да се пушти во Струга, тогаш не мора да биде таму!

K. рече...

Лесно е да ги етикетираш граѓаните, обиди се да ги разбереш. Милчин е еден од најзаслужните за менување на етничкиот карактер и албанизацијата на Струга.
А очигледно Милчин ужива во улогата на жртва при реализирањето на бранковите сценарија. Колку да се потсетиме:
http://217.16.70.245/?pBroj=1616&stID=24887&pR=3
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=229&ArticleID=14191

Поддршка рече...

Само продолжете храбро, има многу луѓе кои се согласуваат со вас, но не смеат јавно да го искажат тоа затоа што живееме како во црните времиња на 1948 година.

Тие кои се занесуваат по антиката не ни слушнале за историја освен што прочитале на некој форум што напишал некој циркузант како Александар Донски, но што да правиме кога Македонија е водечка земја по необразуваност на Балканот. Затоа и на трибините поставуваат несврзани прашања, немаат основни познавања, но мора да урлаат за да ги заработат парите што им ги платил наредбодавачот. Но, не се виновни и тие, самите знаете колкава невработеност имаме, и во една таква ситуација лесно се манипулира со тие со празен стомак, има луѓе кои и за 500 денари не ќе урлаат, туку и атомска бомба ќе фрлат. Кога стомакот им свири за јадење, умот не моќе свесно да работи. Тие и самите не се свесни во каква ментална ситуација се наоѓаат, за сожалување се. Затоа Грујо не сака Европа, оти нема да може кого да манипулира после и да ја злоупотербува евтината работна и урлачка сила за лични потреби и за богатење на мал круг на луѓе.

Урлачите не се ни свесни дека додека урлаат за 500 денари, нивниот наредбодавач само вечерата го чини 5000 денари и ужива во станови и куќи додека тие урлаат и мизеруваат. Но, пак ќе речам, не се виновни тие, кога си гладен не мислиш трезвено.

Вашите трибини се во полза и за нив, иако тие не се свесни за тоа, но ќе разберат еден ден.

Целосна поддршка за сето она што го правите, сите ќе се бориме за демократија и слобода на говорот како и за подобар живот.

Благодарам за поддршката.
Исто, му благодарам и на „германскиот“ Македонец - Serdar Von Makedon - затоа што ја цитираше Универзалната декларација за човекови права на англиски јазик.
Интересен феномен - човекот верува во концептот на „заслужено тепање“ на луѓе што сакале да го кажат своето мислење на трибина, а истовремено ми го цитира не само членот во кој пишува дека „Секој има право на ...слобода и сигурност на личноста“, туку и членот кој вели дека секој има право на слобода на движење во рамките на границите на својата земја.
А за правото на националност многу пати сум пишувал, и ќе пишувам. Треба само да не читаш селективно.

Анонимен рече...

Сакаш да ти ја преведам Декларацијата на Македонски?

Ама ке требит во секое село да ја прочиташ, слободно по своја воља, се разбира :)

да ја преведвам, Жаре?

си гледам сигурно то Грчките пропагандни филмови од типот 300

има таму еден умен дел, вељит бирај ги мудро зборовите...

и не, не алудирам на наставката „или можат да бидам твои последни“

ама дека секој треба и ЌЕ ги сноси последиците за она што го рекол - така е и така ќе биди.

А многу лесно си прајте, демократиа, право ова, право она

хехе

ко грчиња сте

п.с.

пак тој „германскиот“ е, ама не ми текнува пасворд

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week