Граѓански манифест за Европска Македонија изгледа ги заболе т.н. „Македоноиди“ штом почнаа да фрлаат дрвја и камења жигосувајќи не како „Соросоиди“. (Парадоксот да е поголем, најголемите етнички „Македоноиди“ се потпишуваат како Павловиќ и Томиќ!)
Сите потписници на манифестот сме прогласени за носители на опасен вирус, заушки, и за грчки платеници. Се најавуваат и заканувачки акции за наше ставање во „карантин“.
Сме добиле дури и цели 100 црни бумбари на Грујовизија (има ли подобар комплимент од тоа)?
Зошто нашата граѓанска иницијатива – критичко дебатирање на тема „Европска Македонија“ – е дочекана на нож? Кому му пречи „Европска Македонија“? Кому му пречиме како граѓански Македонци и Европејци?
Некои велат, не било сега време за граѓански иницијативи и критички дебати. Не им е проблем тоа што „над-партиските“ кандидати предвреме ја започнаа изборната кампања со лични дисквалификации. Проблем сме им ние, група граѓани што навреме си почнавме граѓанска иницијатива за промоција на европски вредности и политики. Иницијатива која ќе мирува за време на предизборната кампања.
Да не должам, би ги прашал нешто Латас и сите квази-патриотски анонимуси кои се гадат од идејата за Европска Македонија:
Дали и претседателскиот кандидат номиниран од ВМРО-ДПМНЕ е носител на „заушки“ затоа што неколку години бил член на извршен одбор на фондацијата „Отворено општество“? Дали и тој треба да се стави во „карантин“ затоа што се залага(л) за граѓански, демократски и европски вредности?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
13 коментари:
Какво друштво е ова. Познатата тајфа која се јавува само во периодите кога е ВМРО на власт, пред тоа и после тоа хибернира.
Жарко, кажи ми како тоа ти се разликуваш од Латас кога и ти целосно ја игнорираш „другата страна“ дури и кога таа се обидува да води аргументативен дијалог со тебе? Игнорирањето на конструктивната критика е типично за сите Латасоиди!
Пардон: Игнорирањето на било чие мислење освен тоа на Латасоидите!
Мојот блог го започнав во 2006, кога беше на власт СДСМ. Прочитај ги моите постови против тогашната власт.
Пред тоа, од 2002-2005 ги пишував извештаите на Хелсиншкиот комитет, кои ВМРО-ДПМНЕ ги преземаше и ги објавуваше како платени огласи против СДСМ. Дали тоа значи дека сум бил дел од „фабриката“ на ВМРО-ДПМНЕ?
Еве, цитирам и делови од мојот пост „Кој е поголем душман на Македонија - ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?“:
„ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со заеднички сили да ја уништуваат Република Македонија.
Иако многу добро знаеја дека последнава година е најбитна за иднината на Македонија [2007], тие продолжија со бесмислениот партиски конфликт, наместо да ги насочат сите сили на клучните реформски процеси.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се најголемата несреќа за Република Македонија, затоа што обете партии се во секој миг спремни да го жртвуваат општото добро - иднината и сегашноста на Република Македонија - само за „да му цркне козата на комшијата“.
И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се виновни за случајот ОКТА, за грабежот наречен приватизација, за блокирањето на Собранието и за застојот на реформите.“
Сеуште стојам зад погоренапишаното, со име и презиме, драг анонимусу, кој немаш храброст ни да се потпишеш зад сопственото мислење :)
Povtorno prodolzuvas so ista pesna batka.....kako vlasta e protiv eve da ja nareceme po tvoe Evropska Makedonija( ne e los primer za novo ime,samo dali tvoite Grci ke se slozat).........pa covece bozji,zarem ima nekoj normalen sto e protiv site tie ambicii...EU,NATO...ti rekov mi rece i taka natamu i taka natamu batka,pa normalno e deka nema,no mora da ima edno golemo NO i edno uste pogolemo NE.....po sekoja cena,pa imas valjda nekoe dostoinstvo covecko vo sebe i da ne dozvolis nekoj,pa i bilo koj da te obezlicuva.......valjda imas ili kako sto citam ti si edna obicna bezlicna masa .....i nisto drugo.........i uste nesto decko ....demokratija.......neznaci da mu dozvolis na nekoj idiot da pisuva sto ke mu tekne,neli?....veruvam i ti ne bi go dozvolil toa,valjda ne si do tolku glup...ili si.Ova ti e od eden egeec.........kolku da ne se s`kldiduvas,koj sum sto sum.
Колку што се сеќавам таа 2006та година имавме избори така да перидото на владеење на СДСМ беше доста кус. Дури може да се прашаме зошто токму во тој момент се отвара блог со оваа тематика а зошто не доста предходно во текот на владеењето на СДСМ. А од примерот што го даваш не се гледа никаков пример дека си пишувал против тогашната власт, туку само бланко генерализирање против двете (сите?) партии. На страна што ова е втор пат да го даваш тој ист текст како пример дека си непристрасен, односно дека си плукал по се живо и диво (што се случило за да се промени тоа и плукањето да стане еднострано???).
И примерот со Хелсиншкиот комитет не кажува многу за тебе, се знае како функционира тој комитет и што му е намената. И да не заборавиме дека и твојот најомилен политички лик во последно време, Боцевски, чие знаме го вееше до пред само неколку години, зошто да не можеш и ти да го промениш мислењето? Та не си нешто покус од него :)
И за крај, јас не сум јавна личност и моето име нема да ти значи ништо. А како што гледам ти си ја оставил опцијата да се коментира анонимно така да немаш право да се жалиш на тоа.
Kaj споменатите господа Томиќ и Павловиќ се работи за Modus operandi, па дури и Modus vivendi, така што тоа не е никакво изненадување, напротив. Шокантно ќе беше да замолкнеа.
И фашистички изблици од типот карантин, логор, ... (прогресијата според внатрешната логика завршува со гасни комори) за страното канцерогено ткиво во здравото тело на народот се прилично очекувани, и на тоа море да се реагира оштро, како што и правиш. По се изгледа капитализмот самиот ги произведува ваквите 'патолошки' изблици, ама тоа е сосема друга тема.
Зошто владата има 'параноична' потреба да ја контролира јавната сфера - контурите на одговорот го зацртуваат многумина т.н. предавници, меѓу нив и ти.
Вртењето кон 'антиквизацијата' на ДПМНЕ (и Иванов следствено) според мене само ја покажува циничната 'суштина' на современата политика - се е употребливо се додека не остава во контрола и на власт.
А вие само продолжете со одличната работа, и не се вознемирувајте премногу, ќе мора уште многу ниски удари да истрпите, таква е природата на јавното делување.
http://tinyurl.com/aqvsrq
Здраво Жарко, еве, ти го препраќам мојот одговор на еден коментар што ми го упати будна правда на мојот блог. Мислам дека ќе биде интересе придонес во дебатата:
Ти беше краток, ама на твојот блог си троа подолг, па еве, јас малку ќе се распишам…
Ако не знаеш дека Курдите се горд народ и имаат и национален идентитет и своја култура, имаш сериозна, многу сериозна дупка во образованието. Не е страшно, сите учиме, учам и јас.
Но, ме радува дека јас и ти изгледа се согласуваме во една битна работа, Велиш,ако немаш држава, немаш ништо. За нас, Македонците, тоа е една голема и важна вистина. Ние сме млада нација (во смисла на модерните европски нации) и нашата млада држава е гаранција на нашата самобитност.
Затоа, треба сериозно да се погрижиме да си ја сочуваме државата.
Имавме (можеби сѐ уште имаме)неповторлива, историска шанса да седнеме на иста маса со големите европски нации, да одлучуваме заедно со нив (да, се разбира, со консензус), да ги делиме придобивките на европската цивилизација, да си ја сочуваме државата. Тоа е несоборлив факт, на кој сите бевме сведоци во текот на изминатата година дена.
И сега, ти сакаш таа шанса да ја пропуштиме, сакаш да чучиме под маса (каде што сме сега), други да одлучуваат за нашата судбина. И сето тоа заради овие тупави букефалисти, кои смислесно произведуваат криза на идентитетот, кои бришат 20 века историја, за на народот да му раскажат една допадлива приказна, со која се крева рејтингот и се добиваат избори по избори.
И уште сакаш сите ние што ја гледаме таа одвратна, неодговорна манипулација, која буквално ја ништи нашава држава, да молчиме и да ги слушаме идиотските тиради за „антиквизација“ на Македонија.
Извини, ама… неќе моќи! Па добро, на што ти личам јас?! А бре само мојот глас да остане, сам и осамен во овој тажен жабарник, не отстапувам! Ќе ве будам, ќе ве скоривам, заспани мои, упорно и упорно ќе ви кажувам оти сте се збрлавиле од вашите сомнамбулни бладања, кои никој - ама баш никој! - на овој свет не ги разбира. И упорно и упорно ќе сведочам за вистината, дека со таков неодговорен однос во овие пресудни времиња го уривате имиџот на Македонија, ја загрозувате нејзината меѓународна позиција и ја загрозувате нашата држава. Да, таа за која правилно велиш дека мора да ја сочуваме.
А не заборавај, вашиот вожд, вашиот земен бог што ви ги продава тие шарени лаги, не е меѓу луѓето кои ја создаваа оваа држава. Жалам, ама не е! Најзаслужните, меѓу кои овде ќе го спомнам само основачот на ВМРО-ДПМНЕ и човекот кој прв побара оваа држава да стане независна - да, да, Љубчо Георгиевски! - денес одговорно се залагаат Македонија да ја надмине кризата во односите со ЕУ и САД, да прифати компромис и да влезе во друштвото на привилегираните европски нации.
Што е, тие луѓе се будали, а вие се најдовте паметни. Бре!
И замисли, на тие храбри луѓе, кои ја осамостоија Македонија, како и на генерации и генерации Македонци кои ги создаваа темелите на македонската држава од 1945 година наваму (а денес молчеливо очекуваат власта да се однесува барем малку поразумно), грст бездарни Мефистофелеси и штапски глувци денес им држат лекции за патриотизам, за македонизам…
Ајде, ти се молам, до кога ќе се мафтосуваме?! Го почитувам твојот ангажман, твојата желба да направиш нешто добро за твојата земја, но со индигнација одбивам да се повинувам на бедното морализирање и на прозивките кои доаѓаат од неодговорни и некадарни луѓе, кои профитираат од својот лажен патриотизам.
Освен тоа, паѓате на естетика, батки. Се дури ве водат Латаси, Томиќи, Миленковци и слични „гуруи“, не можете да се надевате дека ќе бидете мои достојни противници, макар уште милион пати да ги изговорите вашите лаги дека сум платеник на овој или на оној, вашите патетични клетви, вашите најдолни навреди за моето семејство, вашите цинични потсмеви кои говорат дека немате ни дух ни храброст, а ни елементарна човечност.
ПС. Извини, будна правдо, многу од ова што го изнапишав не се однесува на тебе, но сакав некаде да го кажам… Прости ми, те молам, ако сум неправеден спрема тебе. Не е намерно. Поздрав.
Не ме плаши Груевски и неговата политика. Ме плаши тоа што како единствена алтернатива на груевизмнот се нуди бранковизмот. Иако немам забелешки за текстот на манифестот, напротив, нема да си дозволам да го ставам својот потпис на документ зад кој стои Владимир Милчин. Од принципиелни и хигиенски причини. И покрај тоа што сум „Anonymous“ се грижам за моето анонимно достоинство. Потписот на Милчин значи пред се` поддршка за Бранко Црвенковски, а мојот потпис би значел моја поддршка на Црвенковски. Затоа не, благодарам.
Мојот потпис не е поддршка за никоја личност (вклучително и за таа што ја споменуваш), туку за одредени принципи и вредности, а против тековните политики кои не оддалечуваат од реализацијата на идејата за Европска Македонија.
Крајно време е да расчистиме со контрапродуктивната лажна дилема - „Или си со ве-ме-ро или си со ес-де-ес“.
Хехехе... Героски повторно се заљубил во Љубчо Георгиевски:) Дури го вбројува меѓу меѓу „луѓето кои ја создаваа оваа држава“, „Најзаслужните“, го именува како „човекот кој прв побара оваа држава да стане независна“... Бре, бре, бре, што комплименти ќе беа тоа. А пред само година и нешто, Љубчо беше „предавникот“, „Бугаринот“, „човекот што сака да ја дели Македонија“ итн итн, и тоа повторно според текстовите на нашиот Геро. Кој дури еднаш напиша и дека се осеќал како да му пораснале магарешки уши, затоа што некогаш го бранел и подржувал Љубчо. Па добро, на кој Геро сега да му веруваме?
А во однос на Манифестот, имам слично мислење како претходниот Анонимен - се согласувам со 90% од работите наведени во него, но би го сметал како навреда секое спомнување на моето име во иста раченица со имињата на 90% од потписниците. Иако меѓу нив има двајца-тројца кои искрено ги почитувам (во која група влегува и Жарко), тие сепак ми изгледаат како залутани идеалисти во нешто што на крај ќе прерасне во највулгарна партиска кампања за промоција на „спасителот“ Црвенковски. Затоа - не, благодарам. Nevermore. Во тој лош филм веќе еднаш сме статирале во 2002 година и не би сакале уште еднаш да го гледаме. Не сме сите ко Геровски да шетаме после со по 2 пара магарешки уши:) Особено затоа што знаеме како завршува филмот - со јавни харанги кои делот од еминентните потписници на овој манифест ги спроведува кон сите оние што потпишуваат слични манифести (не помалку европски) против начинот на владеење на БЦ. Епа стварно - Nevermore!!!
Жарко Трајаноски said...
Мојот потпис не е поддршка за никоја личност (вклучително и за таа што ја споменуваш), туку за одредени принципи и вредности(...)
---------
Се мисли на вредностите кои ги застапуваше копотписникот Геровски кога беше главен уредник на Шпиц и кога го користеше весникот за одбрана на газдата на истиот весник од сите напади кон него како и контра напади кон неговите противници, а богами и перење на неговите најблаго кажано сомнителни зделки? Како е тоа поинаку од тоа што го прават сега Латас и компанија?
Основна карактеристика на СОРОСОИДОТ е дека тој нема изградено сопствена свест односно реалноста која тој ја восприема е вештачки всадена .
Едноставно наоѓаш млад човек , обично мазено и пазено дете , кое било изолирано од средината и општествените текови , со малку перење мозок му објаснуваш дека е лидер . Воглавно се луѓе со лабилна свест на кој со малку агресивност можеш да ја обликуваш нивната свест во правец во кој ти се допаѓа .
Тие поради својата младост и неисквареност , а и поради тоа што нивните родители за да ги заштитат од суровата реалност ги држат во ментална изолација стануваат лесна цел на ДОБРО ОБУЧЕНИЕ МИЈАЧИ НА МОЗОК .
Лесно ги регрутираат во некое НВО а потоа ги користат за политичка манипулација .
Објави коментар