Еден пијан свештеник бил запрен од полицаец поради пребрзо возење. Откако помирисал алкохол во џипот и здогледал едно отворено шише вино, полицаецот прашал: „Оче, знам дека е слава, ама да не сте се напиле малку повеќе вино?“ Отецот смирено му одговорил: “Не чедо, само вода пиев“. „Е, зошто тогаш оче, целиот џип ти мириса на вино?“ - продолжил полицаецот, погледнувајќи кон отвореното шише. Отецот погледнал изненадено кон шишето, па восхитено извикал: „Слава ти Боже што пак направи чудо, претворајќи ја водата во македонско вино!“
Ваистина, едно чудо политички чуда се случија во Македонија летото Господово 2008. Првото чудо беше претворањето на Букурешкиот пораз (голата вода) во славна победа (македонско вино). Ем се вративме како победници од Букурешт, ем целото јато на НАТО застана зад Грција! Негираа дека заминале со компромисно име. Негираа дека отишле со лажна надеж дека измамникот Буш ќе не' прошверцува.
Второто чудо беше претворањето на изборниот дебакл во победа за Македонија! Нашите политички чудотворци не' убедуваа дека изборите не се предвремени, туку навремени. Не' убедуваа дека изборите нема да ги забават, туку ќе ги забрзаат евроинтегративните процеси. Потоа се обидоа и да не' убедат дека изборите не биле партиска „касапана“, туку цели „98 или 99 проценти“ фер и слободни.Третото ланско чудо беше претворањето на негативниот извештај на ЕУ во извештај за „остварување“ и „прогрес“. Нашиот политички месија обнароди дека „ги исполнивме осумте одредници онака како што се бараше од нас“, посочувајќи ја Грција како дежурен виновник за сите наши проблеми. Неговите конзервативни апостоли негираа дека катастрофалните избори биле причина за уште едно повторување на годината поради единицата по демократија.
Но, одбранбените механизми може само да ја одложат болката, непријатноста и неизбежното соочување со проблемите. Кога-тогаш со политичките проблеми ќе мора да се соочиме, оти тие нема да снебидат со никакво чудо! Нема туку-така да исчезне условената покана зад која застанаа сите земји-членки на НАТО, па и нашите сојузници САД. Останува проблемот што имаме мал демократски капацитет да организираме слободни и фер избори, што нашите партии немаат елементарна демократска култура на дијалог и комуникација. И оние „репери“ што не ги исполнивме ќе си останат неисполнети, а ќе си добиваме и нови за да ги надоместиме демократските штети што секојдневно ги прават нашите политички чудотворци.
Сепак, најголемото современо чудо не е претворањето на водата во македонско вино. (Според Евангелието на кибернаутите, чудотворецот Чак Норис истото вино го претворил во македонско пиво, по што се' станува возможно, па и решавањето на спорот со Грција). Најголемото македонско чудо е што наместо да се обединиме како европски и граѓански Македонци, почнавме да се делиме како библиски Македонци, антички Македоноиди, како Дарданци или, пак, потомци на „Славе Македонски“ од раниот неолит. Ако Владата успее да го убеди мнозинството дека се потомци на библиските и/или античките Македонци, со тоа само ќе ја докаже тезата на најголемите негирачи на нашата посебност - кои не' негираат како парче глина што секој може да го обликува како ќе посака.
Опијанети од библиското античко-македонско вино, нашите политички чудотворци одамна ја преминаа дозволената брзина, прво на аеродромот, а сега и на автопатот Александар Македонски. Фали уште Аце наш, голем маж, да го зајава Букефал среде Скопје, за Грците да си го докомплетираат хашкото досие за македонското прекршување на Привремената спогодба. Залудно потоа нашите политички „попови“ ќе им објаснуваат на сообраќајците од ЕУ дека не пиеле античко вино, туку само изворска вода, кога веднаш ги издава ем здивот ем мегарската чаша со шеснаесткракото сонце од спотот „Македонија вечна“. Ете уште едно чудо. Досега беше само глупоста вечна. Спотот ја направи и „Македонија вечна“, промовирајќи не како домаќини што ги дочекуваме туристите со замавнат боздоган наместо со лепче и солца.
Џабе изгледа народот вели: „Секое чудо за три дни“. Три дни по три дни, се сторија безмалку три години политичко чудотворење. Ете, и во 2009 најчитана политичка сликовница е „Македонија во земјата на чудата“. По критиките дека агресивните кампањи на Владата негативно влијаат врз слободата на медиумите, Владата ќе го решава проблемот со нова кампања за слободата на медиумите?! „Не станува збор за кампања, туку за презентирање јавна политика“, одрече вицепремиерот, и веднаш се повика на десетици светски кампањи. Баш ме интересира дали ќе се презентира и јавната политика на жигосување на аналитичарите на неповолниот извештај од Брисел, кога премиерот одрече: „во заклучоците нема ниту збор за изборните инциденти“.
Одрекувањето е сила. Себеодрекувањето е моќ. И во претстојнава кампања ќе се изнагледаме многу (себе)одрекувања и многу „преображенија“. Чудата се повторно на цена и на сцена, зашто само чудо може да ја спаси Македонија од сопствените чудотворци. Ако не' убедат дека поранешни министри, актуелни партиски советници, па дури и поранешни претседатели на партии се „натпартиски кандидати“, тогаш може да не' убедат и дека античката „гола вода“ може да се преобрази во „европско“ вино на 99,102 отсто фер и слободни избори.Но, како завршува македонската верзија на почетниот виц? Оптимистите тврдат дека полицаецот не верувал во чуда, па му ја одзел возачката на пијаниот поп. Евроскептиците се убедени дека не се работи за виц, туку за вистинска приказна: пијаниот отец спокојно продолжил да јури со џипот, а полицаецот се просветил откако пивнал од македонското пиво, дал оставка и решил да се замонаши.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
13 коментари:
Cudno batka,ovie tvoite "bugarcinja"uste te nemaat potkrepeno so nivno mislenje,izgleda i za niv ne si interesen poveke,ako za niv navistina ne si vreden za komentar sto ostana za "drugine".......mozes samo da si zamislis,he,he "car" si batka.......
Vaistina nikade gi nema anonimnive da 'kakaat', izglea se zafateni so izbornava kampanja, farbaat tabli "Aleksandar Makedonski" li, ili ja zavrsuvaat preobrazbata vo Makedonoidi mozebi (ko Gregor Samsa nesrekjniot), koj ke znae.
Inaku odlicen tekst, a dali i ponatamu 'cudotvorcite' voda vo vino ke pretvoraat - koj ke go znae. Mozebi policaecot od vicot, ama toj najverojatno dal zavet za molcenje, inspiriran od eden poznat i priznat film. :)
Вода во вино, виното го испивме, сега ќе го измочаме. (извинете на израз)
Пијанката завршува, ќе треба некој да го плати цехот и музикантите. Или, како што велеше покоен Зоран Радмиловиќ во „Радован III“, онака, мавтајќи со крпата по кафеанската маса: Шта су пичке попиле?
Вие губете си го времето коментирајќи а Зарко наместо да ве чита ќе си прави парички со колумниве :) Е Македонче Македонче...
A mozebi ti Anonymous si pravis paricki so komentarive :) e makedonce makedonce...
Сигурно јас анонимно си правам парички со коментариве :)
А ти Жарко покажи доблест и одговори на конструктивната критика.
Се извинувам, ама не гледам на каква тоа „конструктивна критика“ треба да одговорам.
Не тука, на предходната тема. И таму ги игнорираше коментарите...
До кога бе Србите уште ќе ја србизираат нашата Македонија?
До кога фаци како Томиќ, Павловиќ, Куројадовиќ ќе ни солат памет?
ВМРО-ДПМНЕ е на власт или Српскиот Четнички Покрет?
Да им е*ам племето одродено ДПМНЕ-овско, продадени српски лигуши, ја доведоа Македонија како во времето кога бевме Јужна Србија, само некакви „Операции Тријумф“, „Преживеан Србија“, „Жикина династија“ и триста други српски глупости ни даваат по сите национални телевизии и не трујат со српска пропаганда.
Срби ќе ми кажуваат дека сум бил Македоноид?
Има ли памет Грујо или чавки му го испиле мозокот, тапак српски.
п.с. Се извинувам кон авторот на блогот за вулгарностите, но споменатите погоре заслужуваат повеќе од вулгарни зборови.
Жарко, немој да се тревожиш... Човек што тргнал кон својата цел никаде нема да стаса ако се врти по секое кутре што џавка покрај патот. Поздрав.
По повод Граѓанската Иницијатива за Европска Македонија
Вечерта на 10 февруари во скопската Стара чаршија во Детскиот театарски центар се случи нешто невообичаено ретко во македонската демократска историја – дебата потикната од Граѓанската Иницијатива за Европска Македонија.
Сигурно се прашувате зошто овој настан го нареков невообичаено редок, поготово во една, нели демократска земја, каде впрочем дебатата би требало да биде секојдневно основно средство за демократско конструктивно изразување. Точно затоа се случи оваа интерактивна трибина, промовирана од граѓанскиот сектор, а наменета првенствено за граѓаните - за будење на граѓанската свест. Но исто така, иако не се спомна од организаторите, ова беше и добро потсетување на политичарите, на некои од основните принципи на демократијата – дијалогот, дебатата, јавната расправа – со апел за почесто нивно практицирање од страна на тие креатори и спроведувачи на политичкиот живот во државата. Зарем требаше таа вечер стотина граѓани да се соберат и да им покажат ко на мали деца како се приоѓа кон решавање на проблемите во една вистинска демократија. Но таа вечер пред се граѓаните се собраа за да го искажат својот глас за Европска Македонија. Стотина граѓани на кои им се згади од апатијата во која полека, но за жал сигурно тонеме, со веќе се поголема веројатност во неа и да се исподавиме.
Главната цел на оваа Иницијатива е токму излегувањето на македонскиот граѓанин од таа апатија и будењето на граѓанската свест во него. Свест која што во Македонија веќе традиционално бива потискана и придушувана, започнувајќи далеку пред осамостојувањето, преку алатките на левиот тоталитаризам, за да постепено преку транзицијата да преминеме повторно во тивка и бавна, но доволно јасна и забележлива тоталитаристичка машинерија. Таа машинерија која има намена да ги меле индивидуалците и интелектуалците за доручек, за од нив да произведе нова, лесно управлива креатура – групи слепи изманипулирани овци за стрижење. А од каде знаеме и сме сигурни за ова – па мислам дека кога веке би требале да се вртиме кон историјата, тоа треба да го правиме со една единствена цел – за да научиме од неа, за да научиме грешките кои се случиле во минатото (не само кај нас, а и ширум светот) да не се повторат во никој случај и во никакви околности. Кога конечно ќе разбереме дека не смееме да ја злоупотребуваме и силуваме историјата, онаа која што упорно и неуморно не потсетува дека каде и да се појават лидери - квази спасители, во пакет со позадина од непоколебливи едногласни во подршката на лидерот маси народ, таму нешто сериозно смрди, нешто е труло во таа држава. Да, историјата ни покажала дека секојпат тој трулеж преминува во јака смрдеа на тоталитаризам, подржан се разбира од неговиот неразделив партнер – популизмот. А кога тие два високо реактивни елементи ќе се спојат, доведуваат до неизбежна експлозија, во која жртви стануваат дури и околните држави и народи, а што се случува со епицентралниот народ и држава, не би сакале ни да си представиме.
Затоа задачата која си ја постави Граѓанската Иницијатива е прво да ги освести индивидуалците пред да потонат во апатијата и така зашеметени станат лесна храна за мелење. А потоа, од кога би ја избегнале опасната машинерија, освестените граѓани да со сите свои знаења и сили и со помош на демократски средства ја разобличат и на крај и демолираат таа злокобна мелница.
Таа вечер, можеби судбоносна за иднината на Македонија, организаторите и присутните граѓани заклучивме и се согласивме дека иницијативата за Европска Македонија прво ќе мора да ја потикнеме и стартуваме во нас самите, затоа што во демократијата граѓаните се тие што одлучуваат како сакаат да живеат, а политичарите се таму само за да ги спроведат нашите желби, а не обратното. Тоталитарните лесно управливи групирања не се нималку израз на демократијата, а индивидуалците – свесни, информирани, слободни - се креаторите и субјектите на едно развиено демократско општество. За таа цел треба секој од нас пооделно, како индивидуалец да го крене својот глас и да се спротистави јавно и бестрашно на се што се случува против него во оваа држава. Да не се лажеме дека некој друг треба да се бори и застапува за нашите права и слободи.
Но оваа Иницијатива не запира до тука со својата освестувачко-граѓанска мисија. Мотивирани сме да бидеме носителите на тој факел светлина одземен од боговите и да го распространеме меѓу граѓаните со цел за да си го осветлиме и пронајдеме вистинскиот пат кон потопла и посветла иднина за оваа земја. Граѓанската Иницијатива за Европска Македонија нема за цел да биде ко секое македонско чудо за три дена. Затоа продолжува по останатите македонски градови да ги буди сите македонски граѓани, поготово заспаните интелектуалци, од апатијата која се обидува да ни го умртви демократското и слободно битие во нас, а преку тоа да не одалечи и изолира од напредокот и светлата иднина, за на крај да не престори во тоталитарни анемични пиони и марионети.
Разбуди се Македонски Граѓанину, потикни движење во себе и околу себе и придружи ни се на вистинскиот пат, на патот кон Европска Македонија!
Тоа што го започнаа вчера вечер со Граѓанската Иницијатива Жарко, Бранко, Мерсел, Никола, Владимир и Роберто е можеби најпаметното нешто што се случило во оваа заспана држава. Конечно некој нешто презеде во свои раце и застана гордо и без срам зад своето дело!
До сите оние песимисти, неверувачи, агностичари, патетичари и апатичари, земете направете нешто подобро ако знаете, отворени сме за дебата, па ако вреди вашето дело дури и за соработка и помош во неговото исполнување. Но сепак направете нешто, превземете ги работите во ваши раце, освестете се, нели гледате дека лежиме во лајна! Сето она што шестмината интелектуалци го започнаа и го прават со оваа иницијатива е да се разбуди народот конечно веќе еднаш од лајнаријата во која заспал и со секој минат ден се потешко може да се разбуди! Се што се бара од нас е да станеме прво на нозе, да ги истресеме од нас срањата од џваканите со години манипулации и лаги, но потоа и од сиот народ што живее во оваа држава!
И да знаеш Жарко, она што се случи вчера вечер вроди со плод и таму меѓу публиката имаше многу луѓе кои се разбудија и решија да делуваат! И сум длабоко убеден дека тие нема да бидат единствените!
Ја инициравте и разбудивте во мене свеста, ми помогнавте да се разбудам и сега веќе нема запирање - невоздржано и целосно ви се приклучувам на мисијата за граѓанско освестување и делување!
За таа цел се надевам дека ќе сторите се што е возможно од ваша страна за горниот текст да излезе во пишаните медиуми за да се презентира на пошироката јавност Инцијативата што ја покренавте.
Тоа е мојот прв придонес кон оваа цел, и во никој случај нема да биде последен.
Македонија заслужува да се движи напред!
Македонија заслужува подобра и посветла иднина!
Македонија заслужува да биде дел од модерна демократска Европа!
Објави коментар