Лифт за губилиште?

2/18/2009

„Лифт за губилиште“ (1958) е незаборавен филм-првенец на францускиот режисер Луј Мал, со прекрасната Жана Моро (Флоренс) во главната улога. Има мошне интересна приказна. Согласно со заедничкиот план, љубовникот на Флоренс го убива нејзиниот сопруг во канцеларијата, токму пред почеток на викендот. Ко за беља, веднаш по убиството се заглавува во службениот лифт (снемува струја) и останува безнадежно заробен во него. Убавата Флоренс залудно го чека, талкајќи низ улиците на Париз. Во меѓувреме, еден тинејџерски пар му го краде спортскиот автомобил на љубовникот и, по кратката авантура, убива еден германски турист. По успешното бегство, сите докази посочуваат дека убиството го извршил љубовникот на Флоренс. Бездруго, тој има совршено алиби дека не бил на местото на второто злосторство. Бил заглавен во лифтот. Ама што му вреди - ако успее да го избегне обвинението за злосторството што не го сторил, ќе биде обвинет за другото, уште пострашно злосторство.


На овој филмски класик се потсетив откако ја прочитав изјавата на еден наш претседателски кандидат, дадена за едно радио од дијаспората: „Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност, бидејќи сами знаете кога ќе заглавите во лифт во даден момент почнува ксенофобија, почнува страв и почнува меѓусебно пресметување“.

Несомнено, стравот и опасноста одамна ни се вгнездија во срцата и во главите. Манипулациите со стравовите и опасностите станаа омилена политичка стратегија, како на властодршците, така и на нивните политички опоненти. Народот вели „стравот лозје чува“, ама додека ние се плашиме од се' и сешто, ни го обраа лозјето.

И ксенофобијата ни стана модус вивенди. Можна ли е кај нас љубов кон татковината без изразување отворена омраза против Грците, Бугарите, Србите и сите други клети загрозувачи на нашиот идентитет? А почна и меѓусебното пресметување. Почна да се пресметува секој со секого - па, и претседателските кандидати далеку пред официјалниот почеток на изборната кампања.

На прв поглед, нема ништо неумесно во филмската споредба „од сите страни Ѓорѓи сардисан“. Блокирани сме во еден заглавен лифт, особено по „матот“ во Букурешт. Проблемите почнуваат кога истиот претседателски кандидат ќе изјави: „Која изолација? Изолација има во нивните глави, ментална изолација“. Ем тврди дека сме блокирани во заглавен лифт ем не' убедува дека изолацијата е само „во умот на некои“. Ем тврди дека стоиме во место (блокирани во задушливиот лифт) ем не' убедува дека „Сега работите се движат. Полека, но се движат“. А кој го чувствувал движењето и промените кон подобро? Се разбира, „сите ние што и' мислиме добро на Македонија“. Ако не чувствувате дека блокираниот лифт ни се движи, не и' мислите добро на Македонија?

Ако имате чувство дека сето ова е апсурдно - не берете гајле. Нашите претседателски кандидати се соочуваат со апсурдни проблеми, па затоа нудат и апсурдни решенија. Се чини, професорите прво измислија универзален лек за сите наши политички болки - трагање и обновување на корените. Едниот кандидат не' убедува дека „трагањето по корените секојпат е право на секој народ“, а другиот предупредува дека е опасно едни корени да се промовираат на сметка на другите.

Но, и тој нема ништо против корените, како што видовме на Св. Трифун, кога потенцираше дека е убаво „корените на народот да се обновуваат на ваков начин“. Ако малку ги доближат ставовите, нашите коавтори на учебник се на добар пат да станат и коавтори и на единствена внатрешна стратегија по однос на потрагата по корените. Заедничката стратегија за корените, како народен лек за сите наши болки, не е лошо да ја подарат на најблискиот манастир на МПЦ, за да можат бесплатно да се излекуваат и сите други наши граѓани што страдаат од идентитетска криза.

А кои се симптомите на кризата на идентитетот кај нашите кандидати? Едниот кандидат не знае дали сме Европејци или, пак, допрва ќе стануваме Европејци. На Св. Трифун бевме Европејци кога предложи: „Да им понудиме европско вино, за да разберат дека тие што го прават се Европејци“. Некни, пак, прочитавме дека се' уште не сме Европејци: „едноставно треба да станеме Европејци да ги почитуваме европските вредности... и кога ќе имаме Европејци во Македонија, лесно и Македонија ќе биде европска“.

Вториот европски кандидат до некни не' убедуваше дека со еден член може да ни се избрише идентитетот и дека предлозите на Нимиц содржат „опасна црна дупка, која се заканува да не' проголта нас Македонците како нација“. Сега, пак, не' убедува дека „македонскиот идентитет во преговорите за името на ниеден начин не е загрозен“ и дека „темата околу националниот идентитет е комплетно измислена од изолационистите“. Работава испадна - „тази црна дупка не е дупка“?

Секако, има и трет и четврт македонско-европски кандидат кои немаат никакви проблеми со идентитетот. Третиот бил Лав во хороскоп, со заштитен знак македонско сонце. Да се надеваме дека нема да предложи лекување на идентитетската криза со помош на астролошки третмани. За четвртиот веќе видовме колку успешно го бранеше својот македонски идентитет како „слободен граѓанин во Хрватска“.

Додека нашите претседателски кандидати се расправаат за корените и за идентитетот, ние си остануваме заглавени во македонскиот лифт што ги побива законите на физиката. Ем стои во место ем се движи полека во потрага по корените.

Во заглавениот лифт, надежта последна умира дека македонскиот транзициски филм не е ноар-филм. Што друго ни преостанува освен да се надеваме дека нашиот заглавен лифт не е „лифт за губилиште“?

Којзнае, можеби новиот „лифтбој“ ќе има поголема умешност од претходните. Можеби ќе знае да го притисне вистинското копче што ќе не одглави од стравот, ксенофобијата, сегрегацијата, поделбите. Копчето што ќе го придвижи нашиот лифт кон „Европска Македонија“.

22 коментари:

Војче Алексовски рече...

А што друго да се очекува дека ќе напише човекот што ја застапува тезата дека Грција не е виновна за спорот со името...

PS. Само за господинот Героски еве и име и презиме, ако му значат нешто :)

Сашко рече...

Gospodinot Branko Kostic (za pomladite: clen na predsmrtnoto pretsedatelstvo na SFRJ 1990-91) moze da bide miren, korenjeto i natamu ostanuva bitna tema na politickiot 'diskurs'. :)

Господине Војче, а каде тоа застапувам таква теза?

B so tocka Kostic рече...

Pa vo negovata fantazija, kade drugde. ;)

Анонимен рече...

Pa uste se pravis nedoveten,da ne kazam mutav,pa prasuvas kade toa zastapuvas takva teza,pa vo ista klapa ste site sestorica,celo vreme si kako trubac ili pomoderno kazano glasnogovornik protiv ovaa vlada(abe batka ovoj Gruevski zucku od dziger ima da ti vadi) kako vladava e nesposobna,te ti smeta antickata istorija,te spomenicite,te Hunzite,te ne se sposobni da te vnesat vo taa tvoja eu i nato,te kurac te palac(da mi izvinat citatelite) i nikako da tresnes deka samo zaradi -G R C I J A- i nikoj drug i nivnata sovinisticka politika,sme na opaskata na redot a tuka kolku sto se krivi grcite tolku se krivi i ovie "evropjanive" od EU i toa tvoe NATO,so nivnata podrska kon istite.Se dodeka gi zastapuvas takvite tezi ke bides docekuvan na noz od obicniot covek,zatoa so preporaka - decko prestani da jades burek,da ne recam g...a upsssss.........i ne gledaj mnogu filmcinja.

Karol Józef Wojtyła рече...

Brat Anonimen, izvini sho se mesham, ama go propusti Vatikan! :)

Анонимен рече...

Da be,da be,ete da ne bese ti da mi kazese nemase da znam,ej fala ti druze.......inaku sto se tice mene batka mozes i da mesas,samo da ti ubavo....

Licio Gelli рече...

I Slobodnite zidari, brat Anonimen. :)

Анонимен рече...

A da si pustis pornic,pa da go........ a? sto vikas?

Новица рече...

Надвор од тема, но филмот е одличен.

Jazzerot рече...

A muzikata na Miles Davis, kompletno improvizirana pri gledanje na filmot (bar taka govori legendata), uste podobra. Interesno sho duri i Jugoton go izdade albumot negde pred 1990, prijatno ne iznenadi. :)
Ako ne drugo postov ke me natera da go najdam prvenecot na Louis Malle (da e ziv BitTorrent), da proveram dali ke go projde testot na vremeto i iskustvoto. :)

Ron Jeremy рече...

Pa ti si pornicot be, brat anonimen.

Анонимен рече...

Abe kopuk,malku kasnis ali nema veze ....... zimi sve te procitav kako bukvar,pretpostavuvav sto ke napises....i..i..i... taka da ...dosaden si batka.

Анонимен рече...

Овој коментар го оставива кај Бранко и сега кај Жарко, а жал ми е што не можам да го оствам кај Мерсим, Милчин и Роберт:
Ве следам од самиот почеток, но еве сега првпат коментирам.
Само сакам да Ви кажам дека Ви благодарам, зошто:
НИ ТРЕБА ВОЗДУХ!
Ви благодарам за кислородот што несбично ни го подарувате!

Анонимен рече...

Жарако ,многу си провиден батка.Масава не е повеќе аморфна колку и анкетите да кажуваат спротивно

Gorco рече...

Добра колумна, политички избалансирана ;-)

Македонската историја во последните 18 години може да се опише со терминот "заглавен лифт". Прво Бранко воведуваше смена од комунизам во капитализам и слика дека сака да сме во ЕУ, сега Грујо продолжува со истата слика но пропратена со политика на "корени". Нашите политичари не се неспособни, тие могу добро знаат што сакаат од овој народ и во оваа држава... гласачите се оние кои живеат во земјата на чудата.

Жаре, ти реков дека ќе добиеш улога во Еднооки :)

Ванчо рече...

Зошто сите оние кои очигледно се про-владино, десно-ориентирани, без исклучок, во своите коментари употребуваат вулгарности, веднаш те прогласуваат за предавник и „соросоид“?
Не ги научиле дома, научиле на улица, или научиле во партија?
Или има нешто подлабоко, потсвесно, фројдовско во сето тоа? Знаат дека не се во право, па го покриваат со такви простотилаци, затоа што не наоѓаат „нормални“ аргументи?

Nenad рече...

Ја прочитав колумната и ми се роди следниов коментар:
Да пробам со најпрости зборчиња без “тиндири- миндири“.

-Историјата, империјализмот, национализмот, феудализмот и слични трици кои не тераат кон монархија се вистински обични будалаштини кадешто здравиот разум ги отфрла како вирус.

1.национализмот/патриотизмот е човечки комплекс.
2.историјата ја пишувале луѓето што имале бајонети и кубури.
3.империјализмот е чиста трица која го има само во смешните книжиња по историја.
3. феудализмот да, ама треба да се ноаѓаш на пазар, вака што?
4. и (читај: четврто), кога не можеш да се спротивтсваиш на големите тогаш што правиш? - им се придружуваш. Секоја друга форма е штетна и последиците ќе бидат непроценливи.

ПС
Мислам исто така дека во Надворешната европска и светска политика нема ништо друго освен протоколи: Здаво, како сте? или Здраво повелете седнете, или Здраво дали сакате да соработуваме? и сл.

Само будала мисли дека е обратно.
Здрави и весели!

Мартин рече...

Ваквите сценарија јавно се подготвуваа и се подготвуваат од добропознатите Миленко и кајгана каде дури и администраторот јавно си дозволува да им се заканува со смртни казни на неистомислениците. Нормално ли е еден 35 годишен човек, администратор на кајгана јавно да му се закани на обичен член на форумот со убиство и никој да не реагира? Истите тие на чело со Богдан Илиевски минатата година ги организираа хулиганските протести пред грчката амбасада и манипулираа со малолетни деца, и пак никој не беше казнет, а казнети бевме сите ние со неприемот во НАТО и закочување на преговорите за ЕУ.

Анонимен рече...

Голем срам за демократијата во Македонија која и онака ја нема. Очекувам платените криминалци кои на најпримитивен начин се обиделе да спречат една демократска трибина и јавно искажување на мислење, да бидат најстрого казнети, макар што не верувам дека некој ќе реагира.

Ја поздравувам и ја поддржувам храброста да се борите за слобода на говорот и покрај притисоците кои ги има насекаде, од цензурирање на различни мненија по електронските весници, разни форуми, а ете сега обиди за заплашување и на јавни трибини.

Анонимен рече...

Груевски полека но сигурно ги губи оние што колку толку мислеа дека би можел да направи нешто.
Тоа е голема маса на луѓе кои се на почетокот на незадоволството. Празните мешиња не се полнат со патриотизам тој самиот знае. ПР агенцијата позади него веќе му предочила дека треба малку конкретни дела а не спотчиња и рекламчиња. Кај мене уште малку има кредит ама не за долго. Грујо малку подзамисли се и барем глуми дека си конструктивен, може ќе пројде кај Европа...

Едно превртување на микрофон и сите по дома? :)) Неинтересно ;)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week