Според една дефиниција, реченица е низа на зборови што ги задоволуваат граматичките правила на еден јазик. Дали разбирате што сака да каже претседателскиот кандидат во оваа реченица:
„Меѓутоа нашиот сосед не прифаќа дебата за аргументи, тој настапува од позиција на сила,и става вето, тука е сега ставот на владата кој имајќи увид во тоа сакајќи да ги заштити интересите на сите што живеат во Македонија пројавува став дека ние единствено можеме да разговараме за првен на бившата, онаа референцата што ни ја дадоја ОН, меѓутоа никој нема право нашето име кое е резултат на самоидентификација тоа едноставно не сме ние надлежни него да го менуваме бидејќи тоа ни е некој начин нешто што нашите претци-умрените го оставиле на нас живите да го сочуваме за најродените, не е тоа само име,фирма или назив па да го промениме тоа за нас е многу многу повеличенствено нешто што не одржало во живот и сега ако нашиот идентитет е прашање на живот, каков е тој компромис кога треба вие да бидете полужив, нелогичен е , апсурден е спрема нас ако на тој начин го согледуваме и затоа Владата имајќи ја во предвид сета апсурдност вели Ние ги водиме преговорите, ние сме кооперативни, сакаме да најдеме решение на основа на она што станало со таа Резолуција 817 во ОН да не именуват нешто што нема да биде навредливо како сегашната референца БЈРМ, а со самото прифаќање на таа референца од Грција, таа ни создава нас усвоено право значи во таа референца е содржан зборот Република Македонија а бидејќи бивша југословенска е состојба а не е назив останува единствено за нас дека сме Република Македонија и дека ние на тоа треба да истраеме.“ (Интервју за Радио Илинден)
Еве уште една „јасно срочена мисла“ од истото интервју:
„Вие кога на некој народ ќе му ја пресечете историската линија вие правите злостор, затоа што нема во историјата на еден народ точен почеток, има точен крај, кога згаснувале одредени нации меѓута трагањето по корените секојпат е право на секој народ и тоа го правел секој народ на балканот, единствено нам ни ускратувале да знаеме кои сме, бидејќи ако знаеме кои сме, знаеме и што сме бидејќи тогаш во одредени периоди сме морале да читаме туѓи истории, да учиме од туѓи книги, сега на некого не му годи кога се откриваат работи кои се фасцинантни, тука е болката кај тие што сеуште се обидуваат да ни наметнат ментален монизам, дека само една вистина постои и дека мора таа вистина да е апсолутна и тоа доведува до многу конфузни ситуации денес кога се обидуваат политичарите да им ја земат историјата од историчарите да креираат нивна претставаза тоа што е историја.“
Во моментов не сакам да навлегувам во содржината, имам забелешки само за формата.
Ваквите неписмени реченици создаваат општа конфузија. Транскриптот од интервјуто требало претходно да биде авторизиран, или барем лекториран.
Вака, се добива впечаток дека претседателскиот кандидат е граматички неписмен човек кој не знае литературно да се изрази со јасна реченица, особено кога му се поставуваат судбоносни прашања за иднината на нашата земја.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
5 коментари:
А јас се потресов што ќе правам без Буш, и стравував од досадата што мислев дека следи. Колку грешка сум била. Знаев дека македонското во Бушш кад-тад ќе се покаже и во пракса :)
I po Bush, Bush Makedonski :)
Bushiiiii...
И за Грујо имаше слично нешто пред некој ден, снимка како говори англиски и тоа уште полошо од она како Фуере говори македонски. „Сега одам садам качунки со селани“ (од Еднооки).
Многу Македонци кои мислат дека знаат англиски и ја знаат содржината на тоа што го кажува Грујо, воопшто не забележаа во што е финтата на тоа видео.
Тешко нас со вакви слаткоречиви „сакам кажам не знам речам“ претставници пред светот. Дури и луѓе без предрасуди ќе не сметаат за недоветни.
Abe kopuci,eve vo intervjuto na Sitel vo ja objasna celata rabota,te za ime,te za eu i nato,te za antikata ili "bukefalizacijata"kako sto miliva da trese blogerov, na makedonski bese taka da Zare ne treba poveke da jade go.mna po sela i gradovi so drugite petmina "velicestveni"........ne ste vredni ...
Nishto novo, gospodinot sekogash imal problem so verbalnoto izrazuvanje, jali interpretira opshtestven razvoj spored Habermas, jali pagja vo mitomanski bukefalisticko-trojanski delirium. Sho neznaci deka e glup, naprotiv. Samo lesno se vozbuduva, go ponesue temata, srce kuca tika-tak se pobrzo i pobrzo, jazik se vrzue ... Go razbiram potpolno kutriot, ist sum ko nego (bez bukefalistickiot delirium, razbira se). :)
No kolku i da formata e bitna, sodrzinata vo slucajov e mnogu, mnogu pozagrizuvacka. Ama za toa drugpat, neli.
Објави коментар