Во постот За неморалот во политиката укажав:
„Ако имаше трошка морал, Никола Груевски јавно ќе ги соопштеше посредниците кои му нуделе мито, ќе ги признаеше наместените огласи и конкурси, и ќе иницираше поништување на резултатите од конкурсот на Министерството за култура.“
Читам, Министерството за култура ќе формира нова комисија ... „поради големиот број приговори пристигнати во Министерството во однос на објавената програма за издавачка дејност“.
Иако издавачите продолжија во стар стил - „Едно те исто“, од Министерството за култура дуваат нови охрабрувачки ветришта.
Честитки за одлуката на Министерот!
3 коментари:
PUBLISH OR PERISH!
Сега слушнав на МТВ дека министерот ја донел одлуката по „сугестијата“ на Груевски. Исто така, чув и дека на јавноста не и се познати одбиените кандидати, така што фактички не може се увиди ни како бил направен изборот.
Етна, слоганот на иднината е:
Постирај или исчезни!
„Поради сомнежи за непотизам и за злоупотреба на службена функција, дела на претседателот на Собранието на РМ, Љубиша Георгиевски, на Никола Кљусев, ќе ги нема во програмата за издаваштво за годинава. Државни пари нема да бидат доделени ниту за проекти во кои како автор стои директорот на Македонскиот народен театар, Сашо Миленковски. Вакви мерки најавуваат од Министерството за култура од каде велат дека за проектите на тие автори ќе нема место во новата програма за издаваштво и за драмска дејност зашто деновиве до нив биле испратени многу приговори и обвинувања за партизација и непотизам во врска со годишната програма за поддршка на културата. Ресорниот министер Илиријан Беќири завчера ја распушти Комисијата за издаваштво, објавената програма за издавачка дејност ја прогласи за неважечка, а денеска ќе формира нова.“ (Дневник)
Објави коментар