Оскари

2/26/2007

Пред да започнат „оскарите“, да кажам нешто за моите фаворити (имам гледано помалку од половина од номинираните филмови).

Убедливо, филм на изминатата година - категорија „скапоцен камен“ - Лавиринтот на Фаунот“ (си го стаив дури и на десктоп). За жал, се појавува само во конкуренција на „Најдобар странски филм“. Марче беше у право кога ми препорачуваше да го гледам што побргу. Блескава комбинација на филмска магија и политичка ангажираност. Еве и линк до еден блогерски осврт.

Во категоријата „исклучителни остварувања“ би ги ставил филмовите: „Мали деца“ (откачено), „Бабел“ (конечно Бред Пит у сериозна/споредна улога) и „Добриот Шепард“ (намерно не го преведувам).

Во категоријата „ништо посебно“ - „Ѓаволот носи Прада“, „Кралицата“, „Знамињата на нашите татковци“, „Малата г-ца Сонце“, „Престиж“, „Илузионист“.

Во категоријата „надуван балон“ - ги ставам филмовите „Departed“ (Џеки е просто „дис-кастинг“) и „Во потрага по среќата“ (бљак!).

„Апокалипто“ би го сместил во категоријата „морално разочарување“, а „Борат“ е вон сите категории.

Баш ме интересира што би направил „Борат“ со фалусоидниот „Оскар“, ако случајно му го дадат.

Уште нешто - некни гледав еден филм што не е номиниран за „Оскар“, а има добиено награда „Grand Prix“ на Кан. Филмот на Бруно Димон „Flandres“ е метафора за стравотиите на Ирачката војна. Во филмот окупаторските војници силуваат жени и убиваат недолжни селани. Многу јасно, таков филм нема да биде номиниран за „Оскар“, туку некое римејк-ѓубре како „Departed“.

Што друго да кажам. Ако еден „Оскар“ го симболизира бројот жртви од терористичките напади на 11 септември, тогаш вкупниот број „Оскари“ што ќе бидат доделени вечерва го симболизира бројот на жртви од војната во Ирак.

8 коментари:

нена рече...

со оглед на тоа што еве пред два саата пројде ивентот, ќе дозволиш два-три реда.
добриот шепард у комплет со режисерот/актер (големо изненадување од рацете на дениро) ми беше најголем фаворит годинава- да знаеш дека у план му е трилогија за прапочетоците на циа како таква (моја омилена тема евр).филигрански слоевит филм. да се гледа два-три пати за сите цакици.предвидувам бар два антологиски цитати.
за бабел не се слагам од проста причина што е премногу веќе видена идејата на сценариото- а и кога фаќам нелогичности у фабулата, значи филмот не ме “уловил“.бред е потценет актер, за жал, заради тоа прекрасно лице.
дипартед, очекувано, се сведе на враќање стари долгови. штета на создавачот на “таксист“ и “време на невиност“ да му се даде оскар за филмот со најмногу изговорени“фак“ во историјата на кинематографија.и тоа уште му е и добра страна на филмот.
за панс лабиринт се слагаме. сепак, гледај го победникот во таа категорија, може ќе го смениш ставот ;). што да кажам, паѓам на германски авто-рефлексии (ова авто во национален контекст).
мали деца-топ. сцената со педофилот во колата (и он како лик) ме обори.
литл мис саншајн -онака,фриковски, али сепак,јасна ми е фиксацијата на (особено)американската публика за семејните дисфункционалности.
имам уште пошто ептен ми се свежи впечатоците.али нешто ми кажува дека и ова е премногу ко за коментар. :) сори, не можев да одолеам.

la motta рече...

Лавиринтот е многу добар, ама од тројцата амигоси годинава би го издвоил Children of a Мen иако гледам на оскарите синоќа тапа прошол :), за The Pursuit of Happyness седумнаесет пати бљак, а за Departed сепак не би отишол дo оценката - ѓубре, просто ми узвраќа некои "кримиќ" успомени осамдесетих, a Џеки и ваков "дис-кастинг" ја засенуе младата екипа, Little Children на граница на бљак, разочарење од режисерот на In the Bedroom и онаа првата епизода од Carnivale..Babel, хмм би го исекол и споил јапонскиот дел па да функционира само за себе. Little Miss Sunshine е тоа ми е овогодинешното слатко "sunset-indie" ѓубренце, диптихот на Клинт сеуште не сум го гледал, Flandres e ok aма мојот Димон сепак останува L'humanite.

Das Leben der Anderen ммммм - да “искомбинирам", едноставно блескава политичка магија :)

бтњ, off-oscars, годинава паднав на La Science des rêves.

нена рече...

за мали деца-хммм,за бабел-јапонскиот момент у право си,дури малку ми имаше чангкингекспрес-овска нота, задњиот не сум го фатила уште, али гаел гарсија ми е у срце(уште едно актерски често потценето прекрасно лице).
ах, викам ја некој од вас двајца треба другиот да го предизвика у ринг! :)

la motta рече...

нена, а да ти фрлам тебе ракавица ќе прифатиш еен меч у рингот? :)

Е, да - премногу би било во се да се слагаме - и ич интересно.
Би било навистина изненадувачки ако „Животот на другите“ и мене ми го смени ставот во однос на „Лавиринтот...
Во секој случај фала ви за коментарите, ме инспирате пак да пишувам за филмови :)

saraevcani рече...

Еј сори Жарко што пишувам нешто лично, а не во врска со постот. Ти го праќам коментарот доколку не го видиш кај мене на блог:

Еее драг мој Жарко, ни ЕРМА не е што некогаш била. Сега се спремаме за првиот устен испит (после двата papera) и треба да прочитаме околу 1600 страници. Тоа е и одговорот зашто слабо постираме. Неодамна ти ја читав магистерската, а блогот ти го читам оддамна. Искрено сакав да ти пишам неколку пати, ама не знам што ме спречи, изгледа мрзата. Твојата дешаванка со полицијата и моментот кога си им кажал као јас сум магистер по човекови права, ми е блог реченица на годината. Да има блогерски избори, за најдобар пост, најдобар коментар и слично, ја би те номинирал за најдобра блог реченица :))) Околу посетата во Сараево, не само што примаме на гости бивши ЕРМАШИ него и ги каниме со цело срце, искрено баш би ни било мило да ни дојдеш на гости.

нена рече...

па тоа е и идејата-водиља - по пат на мека пресија блогов да се сврти бар 60 посто кон филмовите! :)
и да се дополнам- на мојот десктоп од филмски свет живееле само броукбек каубоитте! :)
на дениро- а фрлаш? :) ќе се јавам у рингот касније у денот.

Признавам дека со скепса го земав „The Good Shepherd“, и дека ептен пријатно ме изненади.
Првиот впечаток ми е дека не станува за обичен „шпиунски“ филм, туку за вистински предизвик за љубителите на „реалната фикција“.
Инаку, кога човек ќе ја прочита биографијата на реалниот „Мајка“ (James Jesus Angleton), сфаќа дека дел од работите во филмот се мошне ефектно конструирани, иако за нив има интересна подлога (на пр. аферата Golitsyn и Nosenko).
(Ако ја има некој книгата „Spytime: The Undoing of James Jesus Angleton“, нека каже :)
Инаку најбизарно од се ми е значењето на терминот „Angletonian“ - an adjective used to describe something conspiratorial, overly paranoid, bizarre, eerie or arcane.
А како капак на се - „In most conspiracy literature, Angleton is cited as a chief character in the assassination of President John F. Kennedy.“
ти-ну-ни-ну, ти-ну-ни-ну... :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week